Нина Ангеловска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 06:07:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нина Ангеловска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се омажи поранешната министерка – на свадбата Заев и Филипче, невестата блесна во бело, а младоженецот смени две одела (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazhi-poraneshnata-ministerka-na-svadbata-zaev-i-filipche-nevestata-blesna-vo-belo-a-mladozhenetsot-smeni-dve-odela-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazhi-poraneshnata-ministerka-na-svadbata-zaev-i-filipche-nevestata-blesna-vo-belo-a-mladozhenetsot-smeni-dve-odela-foto/#respond Mon, 03 Jul 2023 06:07:42 +0000 https://kurir.mk/?p=851910

Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, се омажи со доктор Виктор Станков, а свадбената веселба ја направија во познат скопски ресторан. За свадбениот ден Нина избра елегантна бела венчаница, додека Виктор носеше бел смокинг. Парот се венчал во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини и пријатели пред црквата. Меѓу гостите беа и поранешните премиер Зоран Заев и министер за здравство, Венко Филипче. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-omazhi-poraneshnata-ministerka-na-svadbata-zaev-i-filipche-nevestata-blesna-vo-belo-a-mladozhenetsot-smeni-dve-odela-foto/feed/ 0
Беше една од најмладите министерки во Македонија – се сврши на Велигден со својот избраник (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/beshe-edna-od-najmladite-ministerki-vo-makedonija-se-svrshi-na-veligden-so-svojot-izbranik-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/beshe-edna-od-najmladite-ministerki-vo-makedonija-se-svrshi-na-veligden-so-svojot-izbranik-foto/#respond Sun, 16 Apr 2023 19:05:57 +0000 https://kurir.mk/?p=824527

Екс министерката за финансии, Нина Ангеловска се вери со својот избраник Виктор Станков, син на Оливер Станков, професор на Клиниката за урологија. Во 2019 година Ангеловска стана министер за финансии. Таа беше еден од најмладите македонски министри за финансии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/beshe-edna-od-najmladite-ministerki-vo-makedonija-se-svrshi-na-veligden-so-svojot-izbranik-foto/feed/ 0
Оштетени штедачи: Нина Ангеловска си ги спаси своите пари, ги остави тие на министерството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-nina-angelovska-si-gi-spasi-svoite-pari-gi-ostavi-tie-na-ministerstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-nina-angelovska-si-gi-spasi-svoite-pari-gi-ostavi-tie-na-ministerstvoto/#respond Thu, 14 Jan 2021 08:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=455096

Нина Ангеловска, претходната министерка за финансии, ги повлекла своите лични пари од Еуростандард банка пред нејзиното затворање, но ги оставила депозитите на Министерството за финансии во висина од речиси 40 илјади евра, кои се сега дел од стечајната маса на пропаднатата банка со голема веројатност никогаш и да не се вратат поради огромниот грабеж на депозити што е направен во банката, реагираат Оштетените штедачи од Еуростандард банка. – Овој чин покажува дека, иако неодговорно и несовесно, Нина Ангеловска се грижела само и исклучиво за својот личен интерес, но не и за јавниот интерес за којшто таа била поставена и одговорна да се грижи, а за што била и скапо платена од наши пари. Антикорупциската комисија испита и потврди дека Нина Ангеловска знаела за очекуваното затворање на Еуростандард банка и врз основа на нејзиното учество во Комитетот за финансиска стабилност. Со повлекување на нејзиниот личен депозит од Еуростандард банка непосредно пред нејзниното затворање, таа ја искористила службената положба како висок владин функционер за остварување на лична корист и се поставила во привилегирана и фаворизирана положба во однос на другите доверители кои ги загубија своите пари во банката. Во рамките на своите надлежности, Антикорупциската комисија констатираше само судир на интереси преку крајно непрофесионално и неетичко однесување на министерката Ангеловска – велат оштетените штедачи. Според нив, од сето ова, наместо да има одговорност, Владата ја награди Нина Ангеловска со место член во Одборот на директори на Македонски телеком. Тие велат дека и покрај ваквиот недоличен, арогантен и искривен однос, сепак веруваат дека неодамна поднесената кривична пријава за несовесно работење на Нина Ангеловска во службата ќе го види светлото на денот и во некое догледно време ќе има можност да се докаже нејзината кривична одговорност низ транспарентна судска постапка. – Во март 1997 година пропадна штедилницата „ТАТ“. Тогашниот премиер Бранко Црвенковски од собраниската говорница декларативно објави војна против „октоподот“, алудирајќи на организираниот криминал. Во тоа време се зборуваше и дека еден ден пред затворање на штедилницата, некој висок владин функционер, таканаречен „министерот во тренерки“, бил виден како излегува од штедилницата со полни црни вреќи доцна во ноќта. И во случајот со пропаѓањето на Еуростандард банка има вклучено висок владин функционер, но за разлика од случајот со ТАТ, овојпат идентитетот на министерот е добро познат – велат тие. Аферата ТАТ остана длабоко врежана во сеќавањата на граѓаните во земјава. Резултираше и со многу трагедии. Статистиката вели дека повеќе од сто битолчани банкротирани во пирамидалната афера со штедилницата се самоубиле во следните десет години. И тогаш беа украдени 120 милиони германски марки или 60 милиони евра. Партијата на тогашниот премиер, СДСМ, претрпе тежок пораз на парламентарните избори во 1998 година, а голем дел од причината за тоа се припишува токму и на аферата ТАТ. – Дали сегашната Влада и надлежите државни институции ќе ја откријат вистината за пропаѓањето на Еуростандард банка, ќе ги казнат сите инволвирани лица и ќе ни помогнат да ни се вратат нашите украдени пари во целост или пак ќе чекаат да дојдат избори оставајќи на времето да повторно се случат трагедии – прашуваат оштетените штедачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-nina-angelovska-si-gi-spasi-svoite-pari-gi-ostavi-tie-na-ministerstvoto/feed/ 0
Оштетените штедачи: Дали извлекувањето на парите од Еуростандард Банка е награда за Ангеловска за влез во бордот на МТ? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-dali-izvlekuvanjeto-na-parite-od-eurostandard-banka-e-nagrada-za-angelovska-za-vlez-vo-bordot-na-mt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-dali-izvlekuvanjeto-na-parite-od-eurostandard-banka-e-nagrada-za-angelovska-za-vlez-vo-bordot-na-mt/#respond Wed, 04 Nov 2020 08:33:18 +0000 https://kurir.mk/?p=424662

Оние депоненти во Еуростандард Банка што добиле инсајдерска информација за намерата на Народна Банка да прогласи стечај во Еуростандард Банка, меѓу кои е и претходната министерка за финансии Нина Ангеловска како функционер на високо одговорна позиција во државата, ги извлекле своите пари пред затворањето на шалтерите на банката, велат од Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи на ЕСБ. Од Здружението бараат Антикорупциска комисија го испита случајот со Ангеловска и ја утврди нејзината професионална и морална одговорност. -Како член на Комитетот за финансиска стабилност таа знаела дека банката ќе се затвори и ги подигнала своите депозити од банката непосредно пред нејзиното затворање. На тој начин таа имала предност и била во повластена позиција да ги извади своите депозити од банката пред другите депоненти кои ги загубија своите пари. Вакви и слични случаи во други земји каде владеат правото и правдата имаат многу повисока одговорност споредено со нашата земја во којашто, по се изгледа, ваков настан кога висок партиски службеник и владин функционер, министер за финансии, го прави тоа се третира како сосема нормална појава. Дали оваа постапка на Нина Ангеловска како висок партиски службеник со проблематичен професионален и морален кредибилитет е награда од власта за сега предложеното место во одборот на директори на Македонски телеком? Освен што не е реагирано со време за спречување на криминалот во Еуростандард Банка од страна на Народната Банка, дополнителна тежина, гнев и горчина кај оштетените депоненти се и дузината јавни изјави за стабилноста на банкарскиот систем и сигурноста на депозитите на граѓаните и фирмите давани од страна на оваа високо поставена државна институција која го контролира и регулира банкарскиот систем, а посебно интервјуто на гувернерката Анита Ангеловска Бежоска дадено во мај оваа година, на коешто таа изјавува: „Билансите на банките се навистина здрави, се здраво јадро во моментов во нашата економија и нетреба да постои никаква грижа кај граѓаните за нивните депозити“. Каков заклучок носи оваа нејзина изјава како прв човек на Народната Банка, институцијата која гарантира за безбедноста и сигурноста на нашите депозити?, прашуваат оштетените штедачи. Тие посочуваат дека депонентите во банката, физички и правни лица, останаа во неверување дека се измамени, излажани и доведени во заблуда од ваквите изјави на Народната Банка на чело со гувернерката дека банкарскиот систем е стабилен и дека депозитите во банките се сигурни. -Зошто вакви лажни изјави давани свесно непосредно пред пропаѓањето на Еуростандард Банка? Дали е тоа одговорно однесување на една високо поставена државна институција и првиот човек во неа во една демократска и правна држава за каква што тврдиме дека сме? Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска ќе мора да одговори на овие и на други прашања пред оштетените граѓани и фирми депоненти на Еуростандард Банка а истовремено и пред целата македонска јавност за време на јавната надзорна расправа во Собранието која се очекува да се одржи наредната недела. Одговорност мора да има и парите да ни се вратат, се наведува во соопштението на оштетените штедачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-dali-izvlekuvanjeto-na-parite-od-eurostandard-banka-e-nagrada-za-angelovska-za-vlez-vo-bordot-na-mt/feed/ 0
Владата препорача Садула Дураку и Нина Ангеловска да бидат во одборот на директори на „Телеком“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preporacha-sadula-duraku-i-nina-angelovska-da-bidat-vo-odborot-na-direktori-na-telekom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preporacha-sadula-duraku-i-nina-angelovska-da-bidat-vo-odborot-na-direktori-na-telekom/#respond Tue, 03 Nov 2020 20:11:43 +0000 https://kurir.mk/?p=424503

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Собранието на акционерите на „Македонски телеком“ да ги отповика од должноста членовите на одборот на директори: Сашо Велевски од позицијата неизвршен член, Замир Мехмети од позицијата неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска од позицијата неизвршен независен член, Мирослав Вуиќ од позицијата неизвршен член и Сашо Симјановски од неизвршен член на одборот на директори, се наведува во владиното соопштение. Во него се додава и дека дел од препораката е за членови на одборот на директори да бидат избрани: – Шкодране Зенуни-Дарлишта – неизвршен член – Бардул Насуфи – неизвршен член – Зоран Китанов – извршен член – Нина Ангеловска – неизвршен независен член – Садула Дураку – неизвршен независен член – Аќиф Мехдиу – неизвршен член]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-preporacha-sadula-duraku-i-nina-angelovska-da-bidat-vo-odborot-na-direktori-na-telekom/feed/ 0
„Атиџе, жената што не престави на Оскарите, да ви гледа на кафе, на рандом ескурзии… лешинари“ – Ина МногуФина со остри критики кон Нина Групер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-zenata-shto-ne-prestavi-na-oskarite-da-vi-gleda-na-kafe-na-random-eskurzii-leshinari-ina-mnogufina-so-ostri-kritiki-kon-nina-gruper/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-zenata-shto-ne-prestavi-na-oskarite-da-vi-gleda-na-kafe-na-random-eskurzii-leshinari-ina-mnogufina-so-ostri-kritiki-kon-nina-gruper/#respond Thu, 17 Sep 2020 09:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=404465

Двете познати дами во македонската јавност, од кои едната иако тотално анонима, сепак сите ја знаат, а другата иако сите ја знаат нејзината фирма, од анонимноста излезе кога од нигде-никаде ја избраа за министерка за финансии, во сега веќе бившата министерска постава на владата на Заев! Ина „Многуфина“ VS Нина – „Групер“… Дежурната критичарка на социјалните мрежи на состојбите во државата и аномалиите на системот, на својата многу посетувана и исклучително читана Фејсбук страница, ја подбра бившата министерка, сега одново онлајн бизнисменка. Имено, додека оскаровската хероина Атиџе Муратова јавно преку медиумите се обрати за помош и заштита на најзиниот спокој и животот од нападите, малтретирањата и заканите на нејзиниот најблизок роднина, во Македонија однеодамна почнаа да се организира туристичка тура наречена „На патот на Атиџе Муратова“. Во прашање е организирана пешачка тура до домот на Атиџе Муратова, ѕвездата од филмот ,,Медена земја”, од селото Дорфулија, до селото Бекрилија, каде пчеларката ги пречекува гостите со кафе, а се реализира преку туристичката агенција ,,Enjoy Balkans”. Во изјавите за еден од македонските портали, преставник на организаторот изјави дека замислата да се организираат туристички тури до домот на Атиџе била негова, со цел да се промовираат убавините во овој дел на земјава, но и да и се помогне финансиски на Муратова. Навидум ем убава, ем хумана идеја, со можност на спој на убавото и корисното. Арно ама, во целата приказна има нешто што не штима…. Никому, освен на Нина… „Групер“ секако. Имено, туристичко – пешачката тура може да се реализира, односно да се плати и преку онлајн платформата на екс – министерката, каде целиот пакет аранжман ќе го добиете со 17% попуст, па наместо 2299 ден. преку „Групер“ ќе платите само 1899 ден. за вашето авантуристичко задоволство. Од нив секако, процентот заработка на Нина, останува деловна тајна. И можеби не е ништо чудно ниту спорно, ако во ОПИС-от на турата не го има она што острото око на Ина „Многуфина“ го забележа, а звучи понижувачки и изгледа омаложувачки. Особено за жената преку чии плеќи поединци се китеа со туѓо оскаровско перје, за денес вака срамно да ја третираат. Ина „Многуфина“ не им премолче, па ја подбра и Нина и организаторот, кој за порталот „Фокус“ тврди: -Можам да кажам дека речиси 90 проценти од заработката одат кај Муратова, јас работам без некој посебен финансиски бенефит, желба ми беше да придонесам за запознавање на природните убавини во овој регион, да се запознаат учесниците во турата со традицијата која владее овде, со секојдневниот живот на мештаните, да се запознаат со Атиџе. Нина „Групер“ ја премолче критиката и засега е без јавен коментар, а турата се’ уште си оди… Како „домашен десерт со медот на Атиџе“, што би рекла екс – министерката и газдарица на „Групер“. Атиџе белким го добива својот дел иако можеби и не е најдостоинствено оскаровската хероина секому да мора да му гледа на кафе за да корка леб. Организаторот вели дека работи речиси „гратис“, па тогаш дали на оние, каде што завршуваат останатите пари, им е упатено она: „…Лешинари“, од „Ина „Многуфина“?!]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/atidze-zenata-shto-ne-prestavi-na-oskarite-da-vi-gleda-na-kafe-na-random-eskurzii-leshinari-ina-mnogufina-so-ostri-kritiki-kon-nina-gruper/feed/ 0
Додека фирмите на Зоран Заев и Нина Ангеловска земаа државна помош, над една третина од фирмите имаат блокирани сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-firmite-na-zoran-zaev-i-nina-angelovska-zemaa-drzavna-pomosh-nad-edna-tretina-od-firmite-imaat-blokirani-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-firmite-na-zoran-zaev-i-nina-angelovska-zemaa-drzavna-pomosh-nad-edna-tretina-od-firmite-imaat-blokirani-smetki/#respond Thu, 10 Sep 2020 11:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=401567

Додека фирмите на примиерот Зоран Заев и на поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска, во ек на економска криза земаа помош од државни пари, повеќе од една третина од фирмите во земјава се со блокирани сметки. Според последниот извештај на Народната банка во месец јуни блокирани биле сметките на 25.603 правни лица, односно речиси 34% од вкупниот број активни фирми во земјава. Експертите и бизнис заедницата велат дека КОВИД-19 кризата само дополнително ја влошила состојбата со ликвидноста на фирмите. „Тоа е една компилација од проблеми или начин на функционирање. Во последно време кризата го донесе своето, многу компании се затворија и имаат намера да затвараат“, рече деновиве Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерацијата на Македонија. Во април месец годинава, кога работниците на фабриката за производство на предиво и волница „Тетекс Јарн Лимитед Втор“ по врот пат протесираа барајќи исплата на платите за февруари и март раководството на фирмата им рече дека нема да им ги исплати платите поради тоа што фирмата има блокирани сметки. Сега се поставува прашањето, на колку лица, вработени во овие фирми, во време на криза не им е исплатена или им доцни платата? Да не заборавиме дека владата имаше пакет анти кризни мерки кои, меѓу другото, беа насочени кон македонските фирми. Експертите велат, за да се реши ова потребни се повеќе пари, кои што македонските компании во овој момент сè уште ги немаат. За таа цел владата треба да размисли за дополнителни пакети мерки за поддршка. „За таа цел можеби треба да размисли и Владата за дополнителни пакети мерки не само за поддршка, туку и за своја активност, сè со цел за отварање на други економски пазари, затоа што факт е дека ликвидноста на домашниот пазар е недоволна и предизвикува сериозни финансиски контракции кај економските оператори. Значи, ова е проблем кој бара структурни и системски мерки за да тече полесно бизнисот, а за тоа требаат повеќе пари, кои што македонските компании во овој момент сè уште ги немаат”, вели Зоран Ивановски, универзитетски професор. Но, дали парите од пакетот мерки за поддршка на спопанството стигнаа до фирмите кои имаа потреба од финансиски средтва за да можат да ја пребродат економската кризата? Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, реагираа дека приватните компании на Зоран Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата. Од таму посочуваа дека фирмата на Заеви, Еленица, која инаку е профитабилна фирма, добила финансиски средства државна помош во вредност од над 800 илјади денари, додека пак фирмата на Ангеловска „Вебспот“ земала помош од антикризните мерки во вредност од 600.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-firmite-na-zoran-zaev-i-nina-angelovska-zemaa-drzavna-pomosh-nad-edna-tretina-od-firmite-imaat-blokirani-smetki/feed/ 0
Стоилковски: ЈО да се стави над партискиот интерес на Заев и Ангеловска, веднаш да се вратат парите кои што ги земале за семејните компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-jo-da-se-stavi-nad-partiskiot-interes-na-zaev-i-angelovska-vednash-da-se-vratat-parite-koi-shto-gi-zemale-za-semejnite-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-jo-da-se-stavi-nad-partiskiot-interes-na-zaev-i-angelovska-vednash-da-se-vratat-parite-koi-shto-gi-zemale-za-semejnite-kompanii/#respond Tue, 01 Sep 2020 10:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=397730

-ЈО мора да се охрабри и да се стави над партискиот интерес на Зоран Заев. Зоран Заев, од позиција на премиер, и Нина Ангеловска од позиција на министер за финансии исплатиле антикризна помош за своите компании.Имено Зоран Заев дал над 800 илјади денари државна антикризна помош за семејната компанија која врти милиони - Еленица, додека Нина Ангеловска си дала парична помош за својата фирма за интернет трговија Вебспот во висина од над половина милион денари. И двајцата од позиција на функционери во владата, дале на свои приватни фирми пари од државниот Буџет, соопшти денес за медиумите Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев е повторно премиер, а Нина Ангеловска не се најде на листата на министри, но тоа не ја аболицира од одговорност за сторените неправилности за време на вршењето на функцијата. Имаме основано сомнение дека во случајот е извршено кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик со што е сторена штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, што се казнува со казна затвор од најмалку 4 години, истакна тој. Стоилковски изјави дека го повикува ЈО да го истражи случајот и во најбрз можен рок да изврши дејствија во насока на враќање на парите кај граѓаните, бидејќи недозволиво е да се мешаат јавниот и приватниот интерес и премиерот и министерот за финансии да си делат пари од буџетот со кој треба да управуваат, во интерес на целата држава и народ. -Ниту Зоран Заев, ниту Нина Ангеловска не смеат да ги користат парите на граѓаните за помагање на фирмите во кои тие или членови на нивното потесно семејство се сопственици. Оттука ги повикуваме Зоран Заев и Нина Ангеловска во најбрз можен рок да ги вратат парите, и да не чекаат евентуална судска постапка, со што штета врз буџетот би била уште поголема, а ЈО го повикуваме да отвори постапка со цел казнување на ова недозволиво работење на штета на народот, додаде тој. -Почитувани, бидејќи ЈО и досега не реагираше по допрен глас по сите оние пресови и изјави дадени пред зградата на ЈО затоа сега по оваа прес конференција, овој текст што го прочитав ќе го доставам до Јавниот обвинител ако не слуша барем може да прочита за што се работи и да има допрен глас за да поведе постапка, заклучи Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-jo-da-se-stavi-nad-partiskiot-interes-na-zaev-i-angelovska-vednash-da-se-vratat-parite-koi-shto-gi-zemale-za-semejnite-kompanii/feed/ 0
Стоилковски: Приватните компании на Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-privatnite-kompanii-na-zaevi-i-nina-angelovska-zemale-drzavna-antikrizna-pomosh-dodeka-stotici-kompanii-redat-kluch-na-vrata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-privatnite-kompanii-na-zaevi-i-nina-angelovska-zemale-drzavna-antikrizna-pomosh-dodeka-stotici-kompanii-redat-kluch-na-vrata/#respond Mon, 31 Aug 2020 09:56:59 +0000 https://kurir.mk/?p=397165

Наум Стоилковски денеска за медиумите даде изјава во која кажува дека среде епидемија луѓе трпат, енергенсите поскапуваат, економијата тоне, додека министерот за финансии си ги спасува парите од банка во пропаст и зема пари од буџет за својата фирма. Во продолжение интегрален текст од изјава за медиуми „Владата на Зоран Заев должи одговор пред јавноста за сите сомневања за незаконитости врзани со довчерашната министерка за финансии Нина Ангеловска.Приватните компании на Заеви и Нина Ангеловска земале државна антикризна помош додека стотици компании редат клуч на врата. Заев треба да одговори на кој начин неговата довчерашна министерка искористила над пола милион денари државна помош за нејзината приватна фирма додека стотици други имаат клуч на врата. И фирмата на Заеви, Еленица доби државна помош од над 800 илјади денари. Дали парите за државна антикризна помош се наменети за полнење на приватните џебови за политичари на власта. Нина Ангеловска ја нема во составот на владата, но тоа не значи дека може да избега од одговорност. Зад Нина Ангеловска и Зоран Заев како нејзин шеф остануваат една пропадната банка и афера од 200 милиони евра, зголемен долг од 1 милијарда евра и 40 илјади невработени. Тоа е наследство на Зоран Заев. Илјадници пензионери ќе останат без пензии, илјадници други без своите заштеди во Еуростандард банка, а Нина Ангеловска од позиција министер за финансии си ги извлече своите 250.000 евра пред да пропадне банката! Огромен скандал, огромна афера. Пропаѓа банка на која должник и се струмички фирми блиски до Заев, министер, односно Ангеловска си ги вади стотиците илјади евра, среде афера тешка 200 милиони евра! И додека економијата тоне  селективноста на власта за делење помош го предизвикува тоа, министер за финансии Нина Ангеловска три месеци од државната каса си дели плати на своја фирма! Бесрамно си додели државна помош на својата фирма од буџетот со кој треба да управува. Среде епидемија луѓе трпат, енергенсите поскапуваат, економијата тоне, ама министерот за финансии си ги спаси парите од банка во пропаст и зема пари од буџет за својата фирма! Дали владата на Зоран Заев ќе побара истрага од институциите за кривична одговорност за Нина Ангеловска за можни злоупотреби својата положба во два наврати? или ќе премолчи и ќе го крие скандалот чекајќи да помине, заради струмичките фирми кои влечеле кредити без покритие од банката но и заради помошта за плати земена за фирмите на фамилијата Заеви?! Почитувани, министрите на Заев се негова слика и прилика- криминал, лаги и злоупотреби! Тоа мора да застане, државата тоне во долгови заради нивните злоупотреби. Одговорност мора да има!“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-privatnite-kompanii-na-zaevi-i-nina-angelovska-zemale-drzavna-antikrizna-pomosh-dodeka-stotici-kompanii-redat-kluch-na-vrata/feed/ 0
Стоилковски: Нина Ангеловска сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nina-angelovska-sama-na-svoja-firma-si-isplatila-drzavna-pomosh-za-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nina-angelovska-sama-na-svoja-firma-si-isplatila-drzavna-pomosh-za-plati/#respond Sun, 30 Aug 2020 10:01:54 +0000 https://kurir.mk/?p=396781

Министерката на Заев, Нина Ангеловска си ги спаси парите од Еуростандард банка, а земала и државна антикризна помош за својата компанија, ова денеска преку прес-конференција за медиумите го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај, фирмите крахираат заради селективноста на државата во давањето на помош, а министерката за финансии Нина Ангеловска, во три наврати си исплатила државна помош за својата фирма Вебспот, фирма регистрирана за интернет трговија. Постојат сериозни сомневања дека Ангеловска повторно ја злоупотребила својата позиција и од државниот буџет, за кој што беше задолжена да го управува, сама на своја фирма си исплатила државна помош за плати во време на епидемијата. Фирмата Вебспот во сопственост на Нина Ангеловска на 08.07.2020 година земала 210.909 денари, на 12.06.2020 земала 224.750 денари и на 19.05.2020 земала 224.750 денари, од помошта од антикризните мерки за време на епидемијата од Ковид-19. Односно вкупно околу 600.000 денари, вели Стоилковски. Тој додава дека ја повикуваме ДКСК да отвори предмет по овој случај. Антикорупционерите мора да покажат храброст, без разлика дали постои притисок врз нив или не постои притисок врз нив. Одговорност за Нина Ангеловска мора да има. -Институциите мора да реагираат зошто ова е начинот како се трошеле парите една милијарда евра пари кои граѓаните ќе треба да ги враќаат со години. Ова е втора злоупотреба во низа на Нина Ангеловска, откако јавноста дозна дека навреме ги извадила своите 250.000 евра од пропаднатата банка Еуростандард банка, афера тешка 200 милиони евра; банка зад која стојат непокриени кредити исплаќани кон струмички фирми блиски до Зоран Заев. Законите мора да почнат да важат за сите. Одговорност мора да има, рече Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nina-angelovska-sama-na-svoja-firma-si-isplatila-drzavna-pomosh-za-plati/feed/ 0