нишимура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Sep 2023 06:43:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нишимура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Кометата Нишимура вечерва го осветли небото на северната хемисфера на Земјата https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-kometata-nishimura-vecherva-go-osvetli-neboto-na-severnata-hemisfera-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-kometata-nishimura-vecherva-go-osvetli-neboto-na-severnata-hemisfera-na-zemjata/#respond Wed, 13 Sep 2023 06:43:13 +0000 https://kurir.mk/?p=877518

Новооткриената светла комета вечерва на 12 септември ќе го осветли небото на северната хемисфера на Земјата, а потоа околу 17 септември, за да се врати по 400 години, поточно 435 години. Денеска кометата е најблиску до Земјата и ќе прелета покрај неа со брзина од 386.242 километри на час, а можеше да се набљудува веќе на 10 септември, во раните утрински часови, непосредно пред зори. Аматерскиот астроном Хидео Нишимура од јапонскиот град Кагава ја откри оваа комета во август. Тој ги снимал експозициите користејќи стандарден фотоапарат од Канон и телефото леќа, а по обработката на експозициите стана очигледно дека има светлен објект кој брзо минува низ нашиот внатрешен сончев систем. Мајнор планет центер официјално го потврди откритието и ја именуваше кометата Ц/2023 П1 (Нишимура), а буквата „Ц“ означува непериодична комета. Ова значи дека овие типови на комети потекнуваат од Ортовиот облак и можат или да поминат низ Сончевиот систем само еднаш или да имаат орбитални периоди кои се движат од 200 до неколку илјади години пред да се вратат во близина на Сонцето. На 18 септември Нишимура ќе биде најблиску до Сонцето во својата орбита, а доколку може да го издржи зрачењето и не се распадне, ќе направи круг и ќе се врати назад. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/video-kometata-nishimura-vecherva-go-osvetli-neboto-na-severnata-hemisfera-na-zemjata/feed/ 0
Еднаш во 400 години! Подгответе се за кометата „Нишимура“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednash-vo-400-godini-podgotvete-se-za-kometata-nishimura/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednash-vo-400-godini-podgotvete-se-za-kometata-nishimura/#respond Mon, 11 Sep 2023 07:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=876809

Сјајната комета Нишимура, која неодамна е откриена, задутре, на 12 септември, ќе го осветли небото на северната хемисфера, потоа уште еднаш на 17 септември. Нејзиното враќање кон Земјата ќе се случи по четири века. Името го добила по астрономот-аматер Хидео Нишимури од Кагава кој ја открил минатиот месец. Нишимура е „хиперболична комета”, што значи дека има огромна енергија со која успева да помине без да биде заробена во сончевиот систем. Но, како што е веќе кажано, ќе замине доколку не се распадне кога ќе биде блиску до Сонцето. Од НАСА веруваат дека сепак Нишимура ќе го преживее Сонцето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ednash-vo-400-godini-podgotvete-se-za-kometata-nishimura/feed/ 0