ниски примања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 May 2022 10:20:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ниски примања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предвидени 15 милиони денари за ваучери за одмор на вработени со ниски примања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvideni-15-milioni-denari-za-vaucheri-za-odmor-na-vraboteni-so-niski-primanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvideni-15-milioni-denari-za-vaucheri-za-odmor-na-vraboteni-so-niski-primanja/#respond Sun, 22 May 2022 10:26:52 +0000 https://kurir.mk/?p=680094

Со ребалансот на буџетот предвидени се 15 милиони денари за доделување ваучери за вработени со ниски примања за одмор во домашните туристички капацитети, информира денеска од Охрид министерот за економија Крешник Бектеши. Пред средбата со стопанственици и трговци од охридско-струшкиот регион, одговарајќи на новинарски прашања посочи дека тоа е една од владините мерки за поддршка на домашниот туризам, неизоставајќи ги ниту мерките на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за привлекување странски гости. – Тоа е е една од мерките, кои се реализираат од страна на Владата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски примања, а во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има и многу мерки за поттикнување на странски туристи. Во туризмот има и други мерки во делот на подобрување на инфрастрултурата, услугите што ги дааат хотлеиерите и угостителите, со цел подобра понудата во Охрид и Струга не само за домашните, туку и за странските туристи, изјави Бектеши. Бројот на доделени ваучери, нагласи, зависи од апликациите, односно колку члено семејство аплицира. – Во зависност од апикациите генерално секоја година имаме од 1.500 до 2.000 вачучери. Во зависност од членовите семејството, зависи и висината на ваучерот, претходните години беше до 220 евра, појасни Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predvideni-15-milioni-denari-za-vaucheri-za-odmor-na-vraboteni-so-niski-primanja/feed/ 0
Објавен јавен повик за организаран одмор на работници со ниски приходи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-javen-povik-za-organizaran-odmor-na-rabotnici-so-niski-prihodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-javen-povik-za-organizaran-odmor-na-rabotnici-so-niski-prihodi/#respond Tue, 08 Jun 2021 09:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=520409

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за реализација на мерката – организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 30.000 денари. Според јавниот повик, кој денеска е објавен на веб-страната на Министерството за економија, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари. Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да можат да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во земјава, кои претходно се пријавени во Министерство за економија. -Со оглед на зголемениот интерес на граѓаните, и оваа година ќе продолжиме со мерката преку која на работниците со ниски примања им се овозможува користење на годишен одмор. Владата преку програмата на Министерството за економија, во 2017 година почна да ја спроведува оваа мерка со цел да даде поддршка на домашниот туризам, но во исто време на семејствата со ниски месечни примања да користат одмор во туристичките центри во земјата, се вели во соопштението од Министерството за економија. Јавниот повик ќе трае до 30 јуни и до овој рок сите граѓани кои ги исполнуваат условите, односно немаат приходи повисоки од 30.000 денари ќе може да се пријават и да добијат ваучер. Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб-страната на Министерство за економија -Оваа мерка има за цел да им овозможи на семејствата со ниски приходи, со поддршка на државата да го искористат правото на годишен одмор и истовремено да им се даде поддршка на хотелиерите и угостителите да работат со исполнети капацитети и надвор од туристичката сезона, со што го стимулираме развојот на домашниот туризам, информираат од Министерството за економија. Потврдата за користење на средства за организиран одмор се издава по принципот „прв дојден прв услужен“. Потврдата за користење на средства за организиран одмор може да се користи само од работникот на кого му е издадена заедно со членовите на неговото потесно семејство кои се наведени во барањето. Јавниот повик и конкретните документи кои треба да се достават може да ги најдете на веб-страната на Министерството за економија на следниот линк: https://www.economy.gov.mk/doc/2974]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-javen-povik-za-organizaran-odmor-na-rabotnici-so-niski-prihodi/feed/ 0
Славески: ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди помош од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-kje-gi-realizirame-vo-celost-kapitalnite-inevsticii-i-vo-prvite-100-dena-kje-obezbedime-ednokratna-parichna-pomosh-za-licata-so-niski-primanja-nevrabotenite-i-onie-koi-izgubile-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-kje-gi-realizirame-vo-celost-kapitalnite-inevsticii-i-vo-prvite-100-dena-kje-obezbedime-ednokratna-parichna-pomosh-za-licata-so-niski-primanja-nevrabotenite-i-onie-koi-izgubile-rabota/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:44:25 +0000 https://kurir.mk/?p=365676

Денес ќе презентирам дел од преодната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ за справување со здравствено-економската криза, кој се однесува на мерки поврзани со консолидирање на јавните финансии и финансиско консолидирање на земјата, како и мерки кои се однесуваат на финансиска поддршка за граѓаните кои на некој начин се погодени од кризата, истакна на денешната прес кон-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески. Во продолжение интегрално целата прес-конференција на Славески: Во изминатите неколку месеци бевме сведоци на низок капацитет на Владата во менаџирањето со јавните финанасии за што говори податокот дека во првите 5 месеци од годината имаме буџетски дефицит од 307 милиони евра, од кој само во мај буџетскиот дефицит изнесува 110 милиони евра. Според проекциите на МФ годинава ќе ја завршиме со буџетски дефицит од 750 милиони евра што ќе го приближи јавниот долг на Република Македонија до 60% од БДП на земјата. Она што е позагрижувачки е тоа што најголем дел од овие трошења се за непродуктивни цели, а многу помалку за справување со кризата. Поради сето ова е потребна сериозна консолидација на јавните финансии што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи веднаш по формирањето на новата Влада: - За таа цел ќе подготвиме итен ребаланс на буџетот со кој ќе се изврши целосно кратење на сите непродуктивни и неприоритетни трошоци кои не се во насока на справување со кризата и немаат дополнителна додадена вредност за економијата; - Ќе се подготвиме план за реализација на сите планирани капитални инвестиции за 2020 година со цел стимулирање на домашната економија преку поддршка на градежниот сектор и сродни на него сектори; - Дополнително, во буџетот за 2021 година ќе бидат планирани капитални инвестиции во износ поголем од 3,5% од БДП. Исто така, ќе се разгледа можноста за натамошно одложување на кредитните обврски за оние граѓани кои сè уште ги чувствуваат ефектите од кризата и евентуално олеснување на кредитните услови за нив. Државата ќе ја разгледа можноста за покривање на дел од трошоците за камата за најзагрозените граѓани до крајот на 2020 година. Дополнително, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди сериозна поддршка за сите граѓани кои на некој начин се погодени од оваа економска криза. Мерката која се однесува на еднократна парична помош за една ограничена категорија на граѓани преку платежни картички е проблематична од повеќе аспекти. Прво, временскиот момент за нејзино имплементирање непосредно пред избори го поставува прашањето за намерите – дали истата е креирана вистински да се помогне на нашите граѓани или да се манипулира предизборно со нив. Второ, таа е технички проблематична за што потврда се негативните реакции на голем број граѓани за нефункционалноста и неприменливоста на системот. Трето, дискутабилно е селектирањето и ограничувањето на потенцијалните корисници на еднократната помош. ВМРО-ДПМНЕ смета дека поддршката треба да биде многу посеопфатна, со оглед на фактот што речиси сите граѓани во Македонија се економски и финансиски погодени од кризата. За таа цел, мерката ќе биде проширена и поедноставена со цел поголем број граѓани да добијат парична помош од државата за полесно справување со кризата. Во таа насока, предвидуваме: - Обезбедување дополнителна еднократна парична помош во висина од 100 евра за сите вработени лица во државата чии примања не надминуваат 15.000 денари. - Обезбедување еднократна парична помош во висина од 150 евра за сите невработени лица кои не добиле помош со мерката за национални платежни картички. - Обезбедување еднократна парична помош во висина од 200 евра за сите лица кои ги изгубиле своите работни места поради кризата. Со овие мерки вистински ќе им помогнеме на нашите граѓани, но истовремено ќе им помогнеме на домашното стопанство и на туризмот со поттикнување на домашната потрошувачка, што, пак, ќе има дополнителни мултипликативни ефекти за националната економија. Дополнително, ќе обезбедиме помош и поддршка за граѓаните во форма на поволни (бескаматни) кредити и грантови за сопствениците на приватни куќи и станови за поставување нови енергетски ефикасни фасади, прозорци, изолација на покрив и под, со цел намалување на потрошувачката на енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/slaveski-kje-gi-realizirame-vo-celost-kapitalnite-inevsticii-i-vo-prvite-100-dena-kje-obezbedime-ednokratna-parichna-pomosh-za-licata-so-niski-primanja-nevrabotenite-i-onie-koi-izgubile-rabota/feed/ 0