ниски температури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Mar 2023 09:03:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ниски температури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Можни штети кај расцветаните кајсии, сливи и бадеми од ниските утрински температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhni-shteti-kaj-rastsvetanite-kajsii-slivi-i-bademi-od-niskite-utrinski-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhni-shteti-kaj-rastsvetanite-kajsii-slivi-i-bademi-od-niskite-utrinski-temperaturi/#respond Mon, 20 Mar 2023 09:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=814034

Разладувањето на атмосферата минатата недела со пониски утрински температури, како и со врнежи од дожд и снег на повисоките места, го успори или одржа на исто ниво пролетното будење на овошките. Тоа, според агрометеоролозите, е добро во овој период од годината. Во повисоките региони каде вегетацијата не е почната, добро е што овошките ќе се задржат подолго време во мирување кое, колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да има поуспешна реколта. -Ако ниските минимални утрински температури паднат под -5 степени, може да предизвикаат штети во регионите каде се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии. Тие температуи се всушност пониски од издржливоста на овошките во оваа фаза. Појавата и јачината на мразот, пак, не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот и конфигурацијата на земјиштето, објаснуваат агрометеоролозите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozhni-shteti-kaj-rastsvetanite-kajsii-slivi-i-bademi-od-niskite-utrinski-temperaturi/feed/ 0
ВИСТИНСКАТА ЗИМА НИ ДОАЃА ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА: Најавени ниски температури до -11 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinskata-zima-ni-doagja-vo-narednite-dva-dena-najaveni-niski-temperaturi-do-11/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinskata-zima-ni-doagja-vo-narednite-dva-dena-najaveni-niski-temperaturi-do-11/#respond Tue, 21 Dec 2021 11:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=611141

Ниски утрински температури се очекуваат утре и задутре. Наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утре утринските температури ќе се спуштат до -13 степен, а во четврток до -11 степен. Синоптичарите за утре најавуваат стабилно и суво време кое ќе се задржи и во текот на следните денови до петок кога веќе по одделни котлини ќе има магла, а од недела попладне се очекува повремен локален дожд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vistinskata-zima-ni-doagja-vo-narednite-dva-dena-najaveni-niski-temperaturi-do-11/feed/ 0
Штети кај овошките во Тиквешко поради ниските температури https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shteti-kaj-ovoshkite-vo-tikveshko-poradi-niskite-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shteti-kaj-ovoshkite-vo-tikveshko-poradi-niskite-temperaturi/#respond Fri, 09 Apr 2021 09:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=494712

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко, за МИА потврдија од подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, во Кавадарци и Неготино. Оттаму појаснија дека утринава температурата паднала околу минус пет степени и дека првичните согледувања се дека штети има кај овошките на пониските места, покрај Вардар и Црна Река. -Дополнителните проверки на терен ќе ја дадат вистинската состојба околу тоа кои микролокации претрпеле штети и колкав е процентот на мрзнење од ниска пролетна утринска температура, рече Драган Николов, советник во кавадаречката подрачна единица. Тој нагласи дека некои од овоштарите, во обид да го спасат годинашниов род, палеле огнови од органски отпад околу овошните насади, со цел да спречат мрзнење на папките кај овошните дрвца. Но, за разлика од организираноста во овој поглед во други држави, овде се уште се работело за изолирани случаи и не многу раширена пракса за заштита. Николов додаде дека увидот на лице место ќе покаже исто така дали има штети и кај некои од винските сорти грозје, како ,,смедеревка” и ,,шардоне”, кои порано ја почнале вегетацијата. Тој им препорача на лозарите кои имаат вакви и слични сорти, вообичаено подоцна да ја вршат резидбата, за да ги избегнат штетите од доцните пролетни мразеви. Раководителот на подрачната единица во Неготино, Ѓорѓи Ајтов исто така рече дека теренската анализа ќе го покаже степенот на оштетеност кај овошките, како последица на ниските пролетни утрински температури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shteti-kaj-ovoshkite-vo-tikveshko-poradi-niskite-temperaturi/feed/ 0
Ектремно ниските температури нанесоа големи штети во пчеларството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ektremno-niskite-temperaturi-nanesoa-golemi-shteti-vo-pchelarstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ektremno-niskite-temperaturi-nanesoa-golemi-shteti-vo-pchelarstvoto/#respond Sun, 28 Feb 2021 15:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=475127

Екстремно ниските температури што ја зафатија земјава пред две седмици, направија големи штети на пчеларите во одредени региони во Кичевско. Ниските температури кои се спуштија и до -18 степени, крајно неповолно се одразија врз состојбата во пчеларниците. Претседателот на земјоделско здружение „Виножито“, Коста Галиманоски, вели дека последните десетина дена поголем број пчелари од југоситочниот регион на кичевијата се пожалија на големо угинување на пчели предизвикано од поларните студови. Најголеми штети претрпеа пчеларите во Староец, Карбуница, Лисичани, Ижишта, Речани, Орланци и Ореовец. -Штетите се најголеми кај пчеларниците што имаа постари матици, кои не можеа да го прошират пчелното семејство на повеќе рамки. И покрај целосниот помор на пчели кај поединци, има сопственици кои претрпеа делумни штети, но за сите нив ова е непланиран губиток и уште една сиромашна година со мали или никакви приноси на мед. Пчеларите има за што да бидат разочарани, бидејќи по релативно топлата зима, пчелните семејства беа во добра кондиција и се очекуваше една од побогатите години и со поголеми приноси на мед, рече Галиманоски. (МИА(]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ektremno-niskite-temperaturi-nanesoa-golemi-shteti-vo-pchelarstvoto/feed/ 0
МЗ со препорака за утрешниот ден за кој се најавени пониски температури од жолтата фаза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-preporaka-za-utreshniot-den-za-koj-se-najaveni-poniski-temperaturi-od-zoltata-faza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-preporaka-za-utreshniot-den-za-koj-se-najaveni-poniski-temperaturi-od-zoltata-faza/#respond Mon, 15 Feb 2021 15:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=469122

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на утрешниот ден (16.02.2021, вторник) целата територија на државата ќе биде зафатена со пониски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза. На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини. Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-so-preporaka-za-utreshniot-den-za-koj-se-najaveni-poniski-temperaturi-od-zoltata-faza/feed/ 0
НАЈНИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗИМАВА- Управата за хидрометереолошки работи со предупредување, еве до колку ќе достигнат температурите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najniski-temperaturi-zimava-upravata-za-hidrometereoloshki-raboti-so-predupreduvanje-eve-do-kolku-kje-dostignat-temperaturite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najniski-temperaturi-zimava-upravata-za-hidrometereoloshki-raboti-so-predupreduvanje-eve-do-kolku-kje-dostignat-temperaturite/#respond Mon, 15 Feb 2021 11:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=468943

Минималните температури во текот на претстојнава ноќ и утре изутрина ќе достигнат од -18 до -7 степени, додека во текот на денот ќе достигнат од -7 до пет степени, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. До сабота во земјата ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во сабота преку денот и во текот на ноќта кон недела времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег во повисоките места и на планините. Врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Времето до крајот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерен повремено засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до еден степен. Снег има на повеќе места во земјата и тоа најмногу 55 на Попова Шапка, 40 во Маврови Анови, 38 во Крушево, 32 во Битола, Пожаране и Тополчани, 30 во Дебар, 25 во Тетово и Претор, 24 во Прилеп, 23 во Штип и Демир Капија, 22 во Берово и Ѓуриште, 18 во Охрид, 15 во Скопје-Петровец и Крива Паланка, 10 во Струмица, 9 во Куманово, 8 во Виница, 6 во Скопје-Зајев Рид. Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнаа во Виница девет литри на метар квадратен, како и и во Демир Капија и Маврово седум. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najniski-temperaturi-zimava-upravata-za-hidrometereoloshki-raboti-so-predupreduvanje-eve-do-kolku-kje-dostignat-temperaturite/feed/ 0
Портокалов метеоаларм во БиХ поради ниските температури https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portokalov-meteoalarm-vo-bih-poradi-niskite-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portokalov-meteoalarm-vo-bih-poradi-niskite-temperaturi/#respond Mon, 15 Feb 2021 07:10:04 +0000 https://kurir.mk/?p=468765

Во Босна и Херцеговина денеска беше вклучен жолто-портокалов метеоаларм поради многу ниски температури, јавија сараевски медиуми. Хидрометеоролошки институт предупреди на ниски температури, во Фоча и Вишеград беше вклучен портокалов метеоаларм, а температурите може да достигнат до минус 15 степени. Жолтиот метеоаларм е вклучен за Сараево, Мостар, Требиње, Ливно, Бихаќ, Бања Лука и Приједор, каде што температурите може да бидат до минус девет степени. Утрово во 7.00 часот најстудено беше на Бјелашница – минус 17 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/portokalov-meteoalarm-vo-bih-poradi-niskite-temperaturi/feed/ 0
Утрово најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-najstudeno-vo-bitola-najmnogu-sneg-vo-mavrovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-najstudeno-vo-bitola-najmnogu-sneg-vo-mavrovo/#respond Tue, 15 Jan 2019 07:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=152261

Во Македонија утринава освен во Гевгелија и во Дојран е студено со температури под нулата. Најстудено е во Битола каде во седум часот се измерени -12 степени. Во Петровец кај Скопје измерени се -11 степени, во Лазарополе -9, во Крива Паланка, Маврово, Штип и Демир Капија -8, во Тетово, Куманово и Берово -7, во Прилеп и Охрид -6, во Пожаране и Струмица -4, а во Претор и Зајчев Рид во Скопје -1 степен. Во најјужните градови Гевгелија и Дојран измерени се два степена. Најмногу снег досега има во Маврово – 70 сантиметри, а најмалку во Крива Паланка само еден сантиметар. На Попова Шапка се измерени 14 сантиметри снег, а во Берово осум сантиметри. Управата за хидрометеоролошки работи најавува стабилно време до петок, а за време на викендот зголемена облачност со локални слаби врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините претежно во западните делови. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Дневната температура од четврток позначително ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utrovo-najstudeno-vo-bitola-najmnogu-sneg-vo-mavrovo/feed/ 0
Препораки до одгледувачите на животни при ниски температури https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-do-odgleduvachite-na-zivotni-pri-niski-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-do-odgleduvachite-na-zivotni-pri-niski-temperaturi/#respond Thu, 10 Jan 2019 10:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=150479

Навремено да се обезбедат вода и храна за животните во количества доволни за задоволување на потребите на сите животни на одгледувалиштето во траење од најмалку две недели, им препорачува Агенција за храна и ветеринарство на одгледувачите на животни поради ниските температури и снегот. Храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот и категоријата на животни кои се чуваат на одгледувалиштето. На животните не треба да им се дава смрзната храна, а препорачливо е да се зголеми вообичаената дневна доза на храна која им се дава на животните, особено кај гравидните животни за да можат да ја одржуваат телеснаta температура. -Животните не можат, а не треба своите потреби за вода да ги обезбедуваат преку лижење мраз или снег, затоа треба да се обезбеди свежа вода за пиење, која е на соодветна температура. За таа цел препорачливо е одгледувачите (одгледувалишта со автоматски/статичен систем за напојување) навремено да се снабдат со доволен број на корита, кофи и слично за, доколку има потреба, да ги употребат за напојување на животните При појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и снег животните треба да се држат затворени во објектите/шталите, или да им се обезбеди соодветно засолниште. Во овој случај треба да се внимава на хигиената во објектите, редовно да се чисти ѓубрето и да се заменува валканата простирка со нова, наведува АХВ. Доколку не постои можност веднаш да се засолнат животните, привремено може да се употребат ќебиња или друг вид прекривки за нив, при што треба да се внимава прекривките во секое време да бидат суви, Треба да се следи здравствената состојба на животните и почесто од вообичаено да се посетуваат и набљудуваат. Животните кои даваат млеко треба да се измолзуваат редовно во вообичаените интервали. Кругот во одгледувалиштето и пристапните патишта треба редовно да се чистат од снегот или мразот, Особено внимание треба да им се посвети на помалите, младите категории и болните и повредени животни, а одгледувачите треба да се во комуникација со ветеринар за дополнителен совет или за интервенции доколку е потребно. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-do-odgleduvachite-na-zivotni-pri-niski-temperaturi/feed/ 0
Екстремно ниските температури штетно ќе влијаат врз овошните насади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-niskite-temperaturi-shtetno-kje-vlijaat-vrz-ovoshnite-nasadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-niskite-temperaturi-shtetno-kje-vlijaat-vrz-ovoshnite-nasadi/#respond Mon, 07 Jan 2019 12:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=149397

Екстремно ниските температури што го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион може штетно да се одрази по овошните насади сметаа агрономите. Според Неџбедин Мемедов, од Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството во Делчево, штетата врз овошките ќе биде помала доколку температурите се движат во рамки на минус 15 степени Целзиусови. -Доколку ниските температури продолжат, а според метеоролозите се најавува остра зима, повеќе со голомразица, сигурно дека ќе се одрази штетно на овошките. Затоа треба да се врши контрола на самите насади. Доколку се задржат овие температури повеќе од месец дена и истите се движат до минус 20 степен, сигурно ќе се одрази штетно врз овошните насади, вели Мемедов. Додава дека во тој случај доаѓа до измрзнување на овошките.< -Тоа најмногу ќе се покаже со сокодвижењето на пролет кога ќе дојде до дехидрација на цели стебла. Затоа за да нема вакви состојби, претходно ова може да се ублажи со солидна исхрана на овошките што треба да е подготвена во текот на есента со употреба на арско ѓубриво и минимална резидба. Но, резидба никако не треба да се прави кога температурата е екстремно ниска, туку треба да се следи временската состојба и спрема тоа да се постапува соодветно, вели агрономот Мемедов. Засега студот не се очекува да предизвика проблеми кај житните култури. Како што велат агрономите на есенските житни посеви евентуална снежна покривка им е повеќе од потребна. Снег според прогнозите може да се очекува кон крајот на неделата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-niskite-temperaturi-shtetno-kje-vlijaat-vrz-ovoshnite-nasadi/feed/ 0