Нивес Тигањ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Nov 2022 14:51:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нивес Тигањ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Амбасадорката на Хрватска во посета на Битола, оствари средба со градоначалникот Коњановски https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ambasadorkata-na-hrvatska-vo-poseta-na-bitola-ostvari-sredba-so-gradonachalnikot-konjanovski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ambasadorkata-na-hrvatska-vo-poseta-na-bitola-ostvari-sredba-so-gradonachalnikot-konjanovski/#respond Wed, 23 Nov 2022 14:51:32 +0000 https://kurir.mk/?p=765493

Амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ, денес ја посети општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски.

Од страна на градоначалникот, пред амбасадорката беа претставени клучните приоритети на чија реализација е насочена општината, посебно во делот на подобрување на инфраструктурата во општината, подобрување на квалитетот на животната средина, но и културниот, туристичкиот и економскиот напредок на Битола.

За време на состанокот, беа разгледани можностите за продлабочување на соработката, особено преку можноста за збратимување на Битола и Осиек, а беше искажан и интерес за повторно ставање во функција на конзуларното претставништво во Битола, со именување на почесен конзул, што дополнително позитивно ќе влијае на реализација на заеднички активности.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ambasadorkata-na-hrvatska-vo-poseta-na-bitola-ostvari-sredba-so-gradonachalnikot-konjanovski/feed/ 0
Хрватската амбасадорка Тигањ: Неопходен е политички консензус за уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatskata-ambasadorka-tiganj-neophoden-e-politichki-konsenzus-za-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatskata-ambasadorka-tiganj-neophoden-e-politichki-konsenzus-za-ustavnite-izmeni/#respond Fri, 28 Oct 2022 11:58:08 +0000 https://kurir.mk/?p=751794

Хрватска е силен и искрен поддржувач на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и за тој процес е потребен внатрешен политички консензус, посочи амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ по средбата со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари. – Од нашето искуство знам дека е многу важно и неопходно е да се постигне внатрешен политички консензус околу уставните измени како дел од преговарачкиот процес, рече Тигањ, во одговорот на новинарско прашање во врска претстојниот преговарачки процес. Таа нагласи дека Хрватска е една земјите членки на ЕУ кои важат за најсилен поддржувач во процесот на евроинтеграциите, прва започнала со пренесување на искуствата и техничката поддршка. Амбасадорката Тигањ посочи дека во моментов се спроведуваат 15 твининг проекти со кои се зајакнува капацитетот на државните институции во тек на преговарачкиот процес. Поранешниот главен хрватски преговарач, посочи, сега е ангажиран во земјава како советник. На средбата со градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари се разговарало за идната соработка. – Веќе поведовме иницијатива за соработка помеѓу гостиварската болница и клинички центри во Хрватска. Предвидено е хрватски експерти и лекари да вршат размена на знаења и вештини со нивните колеги во Гостивар, рече Тигањ. Градоначалникот Таравари искажа задоволство од посетата и можноста за продлабочување на соработката, потсетувајќи дека Гостивар е збратимен со општината Света Недела и дека има голем број гостиварци кои живеат и работат во Хрватска.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatskata-ambasadorka-tiganj-neophoden-e-politichki-konsenzus-za-ustavnite-izmeni/feed/ 0
Се огласи хрватската амбасадорка – семејството на Тот е во шок, тешко е да се каже како ќе постапат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-hrvatskata-ambasadorka-semejstvoto-na-tot-e-vo-shok-teshko-e-da-se-kaze-kako-kje-postapat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-hrvatskata-ambasadorka-semejstvoto-na-tot-e-vo-shok-teshko-e-da-se-kaze-kako-kje-postapat/#respond Tue, 12 Apr 2022 07:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=661698

Амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ ја коментираше смртта на 27-годишниот хрватски ракометар Денис Тот. „Семејството е во шок, си заминаа од Скопје. Во овој момент е тешко да се каже какви мерки ќе преземат и како ќе постапат. Им ја пруживме сета човечка поддршка и конзуларна помош, а ќе видиме кога ќе дојдат резултатите од истрагата“, изјави амбасадорката Тигањ за РТЛ. Во болницата се’ уште трае инспекцискиот надзор за смртта на ракометарот. Индекс. хр потсетува дека првично беше објавено оти кај Тот немало видливи повреди. „Поради овие контрадикторни информации кои првично ги пласираа болницата и полицијата дека на телото на починатиот Денис немало траги на насилство, а по обдукцијата која даде различни резултати, министерот за здравство покрена истрага. Државното правобранителство го оквалификува кривичното дело убиство“, рече Тигањ. Хрватскиот ракометар Денис Тот почина минатата недела откако три лица го нападнаа пред ноќниот клуб „Привилиџ“ во Скопје. По кратката вербална расправија, тројцата го нападнале Тот и му задале повеќе тупаници и клоци. Тот паднал од ударите и со задниот дел од главата удрил во асфалтот при што изгубил свест. Осомничените продолжиле да го удираат по главата, а потоа без да му помогнат избегале. Лице вработено во ноќен клуб повикало брза помош, по што Тот бил донесен во клиниката Марија Тереза ​​каде починал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-hrvatskata-ambasadorka-semejstvoto-na-tot-e-vo-shok-teshko-e-da-se-kaze-kako-kje-postapat/feed/ 0
Хрватската амбасадорка Тигањ за Курир: Будно го следиме случајот со Денис Тот, очекуваме правдата да биде задоволена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatskata-ambasadorka-tiganj-za-kurir-budno-go-sledime-sluchajot-so-denis-tot-ochekuvame-pravdata-da-bide-zadovolena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatskata-ambasadorka-tiganj-za-kurir-budno-go-sledime-sluchajot-so-denis-tot-ochekuvame-pravdata-da-bide-zadovolena/#respond Mon, 11 Apr 2022 10:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=661191

Амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ во телефонска изјава за Курир вели дека будно ги следат случувањата поврзани со смртта на хрватскиот државјанин, ракометарот Денис Тот. -Случајот е трагичен, за семејството пред се, за нас како Амбасада и држава. Страшно е. Секој збор е излишен. Ги контактиравме сите институции, Клиничкиот центар, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и се информиравме за настанот. По обдукцијата бевме известени за резултатите од истата. На семејството Тот кое беше тука им ја пруживме сета човечка и професионална помош која можевме како амбасада да ја обезбедиме, вели амбасадорката Тигањ за Курир. По однос на низата шпекулации кои се појавија во јавноста во врска со целиот случај, амбасадорката истакнува дека истите не ги коментираат и се водат исклучиво од податоците кои ги добиваат од релевантните институции. -Видовме што покажа истрагата. Будно ја следиме ситуацијата и развојот на настаните. Секако дека очекуваме правдата по судски пат да биде задоволена, додава Тигањ за Курир. Семејството Тот со посмртните останки на Денис се врати во Хрватска каде утре попладне ќе биде погребот на момчето во неговото родно Ѓаково. Од она што досега официјално од институциите е познато, осомничени за сторено кривично дело Убиство се три лица. Две од нив се приведени и одреден им е притвор, додека по првоосомничениот за делото полицијата се уште трага. Од Институтот за судска медицина и геонтологија по извршената обдукција врз починатото лице и според првичните наоди информираа дека иако нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот настанати од нанесените удари. -Кривично правниот настан се случил на 7 овој месец, во раните утрински часови, пред ноќен клуб во Скопје кога осомничените по кратка вербална расправија, го нападнале сега починатиот хрватски државјанин и му задале повеќе удари со боксови и клоци. Од ударите сега починатиот паднал и со задниот дел од главата удрил во асфалт и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле со дејствија на удирање по главата, а потоа, без да му укажат помош, заминале од местото на настанот. Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што сега починатиот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“. Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, лицето имало престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал, информираа од Обвинителството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrvatskata-ambasadorka-tiganj-za-kurir-budno-go-sledime-sluchajot-so-denis-tot-ochekuvame-pravdata-da-bide-zadovolena/feed/ 0
Средба на Џафери со хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-hrvatskata-ambasadorka-vo-makedonija-nives-tiganj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-hrvatskata-ambasadorka-vo-makedonija-nives-tiganj/#respond Wed, 10 Feb 2021 11:49:11 +0000 https://kurir.mk/?p=466758

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ. Претседателот Џафери ја запозна амбасадорката со тековните активности на Собранието, претстојниот попис на населението, важните закони како дел од европската агенда на земјата, како и за инклузивната соработка на сите пратенички групи и претставници на политички партии застапени во Собранието кои остануваат посветени на процесот “Жан Моне”. Претседателот на Собранието особено ја потенцираше важноста од меѓусебната билатерална соработка и продолжување на истата на највисоко ниво и на ниво на пратеничките групи за соработка, штом тоа ќе го дозволат здравствените услови. Упати благодарност за силната и континуирана поддршка што највисоките државни институции ја даваат на Република Северна Македонија на планот на европската интеграција на земјата и изрази очекување дека како НАТО сојузници ќе имаме плодна и континуирана соработка. Претседателот Џафери уште еднаш изрази жалење поради катастрофалниот земјотрес што го погоди градот Петриња и пошироката околина на само неколку дена пред крајот на и онака тешката 2020 година во која целиот свет се соочи и се уште се справува со пандемијата на COVID-19. Амбасадорката Тигањ го поздрави функционирањето на Собранието на планот на донесување на солидни реформски закони кои се во интерес на сите граѓани, при што ја повтори безрезервната хрватска поддршка на планот на нашите евроинтеграции и очекувањата за отворање на првата меѓувладина конференција до крајот на оваа година. Информираше дека Република Хрватска е лидер во регионот по твининг-проектите и со задоволство го најави 14.Твининг проект со Република Македонија во правосудството, поконкретно во областа на заштитата на личните податоци. Понуди експертска помош на владино и парламентарно ниво во процесот на отворањето на поглавјата, со експерти кои ќе можат многу да помогнат во градењето на капацитетите за преговори со Европската унија. Амбасадорката изрази благодарност за пријателскиот однос и поддршка во тешките моменти за хрватската држава и го реафирмираше многудеценсикото пријателство меѓу Република Македонија и Република Хрватска. Соговорниците ја реафирмираа важноста од континуиран политички дијалог во насока на јакнење на севкупната билатерална соработка меѓу двете држави и особено унапредување на меѓупарламентарната соработка и споделување на заедничките искуства од надворешната политика и парламентарната дипломатија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-dzaferi-so-hrvatskata-ambasadorka-vo-makedonija-nives-tiganj/feed/ 0