ниво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 09:34:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ниво – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нивото на водата по експлозијата на браната Нова Какховка кренато за пет метри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-po-eksplozijata-na-branata-nova-kakhovka-krenato-za-pet-metri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-po-eksplozijata-na-branata-nova-kakhovka-krenato-za-pet-metri/#respond Tue, 06 Jun 2023 09:34:53 +0000 https://kurir.mk/?p=842654

Нивото на водата околу браната Нова Какховка во јужна Украина, која беше разнесена во текот на ноќта, се зголеми за пет метри, а неколку острови се веќе целосно поплавени, јавуваат руските медиуми, повикувајќи се на локалните власти. Засега, 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужната украинска област Херсон се во опасност од поплави по експлозија на браната, изјави денеска прорускиот гувернер на регионот. Проруски функционер во градот Нова Каховка рече дека жителите на околу 300 куќи биле евакуирани откако била пробиена блиската брана. Градоначалникот Владимир Леонтев за руската државна телевизија изјави дека штетата на браната е резултат на низа украински удари. Хидроцентралата Каховка е „целосно уништена“ и не може да се обнови по детонацијата во машинската просторија, соопшти денеска државната хидроцентрала на Украина. Руската државна нуклеарна компанија Росатом објави дека нема закана за нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа на територијата окупирана од Русија, откако беше пробиена блиската брана. Директорот на централата Запорожје, која Русија ја држи од март 2022 година, на Телеграм напиша дека нема ризик за безбедноста на објектот. Браната висока 30 метри и долга 3,2 километри е изградена во 1956 година на реката Дњепар, како дел од хидроцентралата Какховка. Содржи резервоар што го снабдува со вода полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, и нуклеарната централа Запорожје, што, исто така, е под руска контрола. Украинската војска соопшти дека руските сили ја урнале браната, додека руски извори ја обвинуваат Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-po-eksplozijata-na-branata-nova-kakhovka-krenato-za-pet-metri/feed/ 0
Нивото на водата се зголеми за пет метри по експлозијата на браната Каховка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/#respond Tue, 06 Jun 2023 07:49:10 +0000 https://kurir.mk/?p=842604

Нивото на водата околу браната Нова Каховка во јужна Украина, која беше разнесена во текот на ноќта, се зголеми за пет метри, а неколку острови низводно веќе се целосно поплавени, јави руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на локалните власти. Засега 22.000 луѓе кои живеат во 14 населени места во јужна украинска област Херсон се во опасност од поплави по експлозија на брана, изјави во вторникот прорускиот гувернер на регионот, пренесува руската новинска агенција РИА. Украинскиот премиер Денис Шмихал одделно изјави дека до 80 населени места се изложени на опасност од поплави откако браната беше оштетена. Проруски функционер во градот Нова Каховка изјави дека жителите на околу 300 куќи биле евакуирани откако била пробиена браната во близина. ТАСС го цитира и рускиот градоначалник на Нова Каховка, Владимир Леонтјев, кој рекол дека дел од градот е исклучен од снабдувањето со електрична енергија поради безбедносни причини. Руски функционер во украинскиот град Новаја Каховка во вторникот изјави дека најверојатно ќе биде невозможно да се поправи браната, откако експлозија предизвика дупка во структурата. Во коментар за руската државна телевизија, Владимир Леонтјев рече дека оштетувањето на браната е резултат на серија украински удари, пренесува британската агенција Reuters. Хидроцентралата Каховка е „целосно уништена“ и не може да се обнови по детонација во машинската просторија, соопшти во вторникот украинската државна компанија за управување со хидроцентралите. Руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во вторникот соопшти дека нема закана за нуклеарната централа Запорожје на територијата која од ланскиот февруари е под контрола на Русија, откако беше пробиена блиската брана. Директорот на нуклеарната централа Запорожје, одделно рече дека нема ризик за безбедноста на објектот во изјавата на Телеграм. Ниту еден метар не треба да им се остави затоа што секој метар го користат за терор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-se-zgolemi-za-pet-metri-po-eksplozijata-na-branata-kahovka/feed/ 0
Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeno-nivoto-na-rekite-ezerata-vo-ramki-na-prosekot-za-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeno-nivoto-na-rekite-ezerata-vo-ramki-na-prosekot-za-juni/#respond Mon, 05 Jun 2023 09:16:31 +0000 https://kurir.mk/?p=842165

Зголемено ниво на реките во однос на просекот за јуни се бележи денеска на реката Вардар кај Велес и кај Демир Капија, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска Бања, на Струмица кај Сушево, на Црна Река кај Новаци, како и на Сатеска кај Ботун. Податоците на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека единствено минимално намалување на водостојот има на реката Лепенец. Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeno-nivoto-na-rekite-ezerata-vo-ramki-na-prosekot-za-juni/feed/ 0
Водостоите на реките пониски од вчерашните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-poniski-od-vcherashnite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-poniski-od-vcherashnite/#respond Tue, 23 May 2023 08:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=837787

Водостоите на поголем дел од реките во земјава се повисоки од просекот за мај, но речиси кај сите има намалување на нивото во споредба со вчерашното. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најголемо намалување на водостојот во споредба со вчерашниот од 34 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Велес. Зголемување на нивото во споредба со вчера од еден сантиметар единствено има реката Црн Дрим на мерното место кај Ложани, а исто ниво со вчерашното има само Брегалница кај Берово. Водостоите, пак, на трите природни езера во земјава се исти како вчера. При тоа, единствено нивото на Дојранското Езеро е за 1,91 метар повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината, додека водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните и тоа за 17 сантиметри кај Охридското, односно за 1,93 метри кај Преспанското Езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodostoite-na-rekite-poniski-od-vcherashnite/feed/ 0
Нивото на водата на Рајна е под критичното ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-na-rajna-e-pod-kritichnoto-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-na-rajna-e-pod-kritichnoto-nivo/#respond Sat, 13 Aug 2022 14:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=718041

Нивото на водата на Рајна кај Кауб во Германија, која е референтна точка за проценка на пловидбата, во петокот падна под 40 сантиметри, што се смета за минимум за голем дел од речниот транспорт. Можноста за делумно прекинување на пловидбата по таа река е нова причина за загриженост за германската индустрија, веќе погодена од гасната криза и растот на цените на енергијата поради војната во Украина. На мерното место лоцирано на околу 30 километри јужно од Кобленц, на почетокот на вечерта беше измерен водостој од 38 сантиметри, а се очекува до понеделник да продолжи да паѓа до 35 сантиметри, според податоците и очекувањата на сојузните власти за водни патишта. Ако падне под 40 сантиметри, „нашите бродови веќе нема да можат да пловат без опасност и од безбедносни причини ќе мораме во голема мера да ја запреме пловидбата по Горна и Средна Рајна“, предупреди во петокот транспортната компанија Контарго, додавајќи дека наскоро не се очекува подобрување. Рајна стана поважна во последниве месеци бидејќи Германија се обидува повеќе да се префрли на јаглен за да ја намали својата зависност од рускиот гас. За време на сушата во 2018 година, нивото на водата на Рајна кај Кауб во октомври падна на 25 сантиметри, што го чинеше германскиот БДП таа година 0,2 отсто, според Deutsche Bank Research.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nivoto-na-vodata-na-rajna-e-pod-kritichnoto-nivo/feed/ 0
Закана за двата најголеми града во Нов Зеланд: Нивото на морето се зголемува двојно побрзо од очекуваното https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-dvata-najgolemi-grada-vo-nov-zeland-nivoto-na-moreto-se-zgolemuva-dvojno-pobrzo-od-ochekuvanoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-dvata-najgolemi-grada-vo-nov-zeland-nivoto-na-moreto-se-zgolemuva-dvojno-pobrzo-od-ochekuvanoto/#respond Mon, 02 May 2022 09:23:26 +0000 https://kurir.mk/?p=670650

Нивото на морето во близина на Нов Зеланд во некои делови се зголемува двојно побрзо од очекуваното, што им се заканува на двата најголеми града во државата. Тоа се нагласува во студија чиии резултати се објавени денеска. Податоците собрани долж брегот на земјата покажаа дека некои области веќе тонат три до четири милиметри годишно. Проекциите се резултат на обемната петгодишна истражувачка програма наречена „NZ SeaRise“. Програмата е финансирана од владата и имплементирана од десетици новозеландски и меѓународни научници. Според експертите, властите имаат помалку време од оч екуваното да планираат како да се прилагодат на последиците од климатските промени, особено на преселувањето на жителите кои живеат покрај брегот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zakana-za-dvata-najgolemi-grada-vo-nov-zeland-nivoto-na-moreto-se-zgolemuva-dvojno-pobrzo-od-ochekuvanoto/feed/ 0
Зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, растат нивоата на реките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-ohridskoto-i-prespanskoto-ezero-rastat-nivoata-na-rekite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-ohridskoto-i-prespanskoto-ezero-rastat-nivoata-na-rekite/#respond Mon, 29 Nov 2021 10:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=601366

За по еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера. Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просекот за ноември. Кај Охридското Езеро нивото е за 13 сантиметри пониско од просечното и е три сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), додека кај Преспанското Езеро е за 1,64 метри пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е 14 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просечниот. Водостоите,пак, на реките во земјава се во рамките на просекот и кај сите се бележи осетно зголемување во споредба со вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-vodostojot-na-ohridskoto-i-prespanskoto-ezero-rastat-nivoata-na-rekite/feed/ 0
Нивото на Црн Дрим пониско од јунскиот просек https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-crn-drim-ponisko-od-junskiot-prosek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-crn-drim-ponisko-od-junskiot-prosek/#respond Fri, 11 Jun 2021 08:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=521896

За 64 саниметри е пониско нивото на Црн Дрим од јунскиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Според податоците на УХРМ, повисок водостој во однос на просекот за јуни има Вардар и тоа за 21 саниметар кај Јегуновце и за 11 саниметри кај Демир Капија. Зголемен е водостојот и на реката Струмица за 20 сантиметри и на Пчиња за 15 сантиметри. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-crn-drim-ponisko-od-junskiot-prosek/feed/ 0
Нивото на поголем дел од реките под просекот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-pogolem-del-od-rekite-pod-prosekot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-pogolem-del-od-rekite-pod-prosekot/#respond Mon, 19 Apr 2021 09:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=499188

Нивото на најголем дел од реките во земјава денеска е под просекот за месец април. Измереното ново на реката Вардар кај Јегоновце изнесува 101 сантиметар, а априлскит просек е 122 сантиметри. Нивото на Вардар на мерно место кај Скопје е 104 сантиметри, што е за десеттина сантиметри под априлскиот просек кој изнесува 115 сантиметри, а на мерното место кај Демир Капија се измерени 154 сантиметри, што е за триесеттина сантиметри пониско од просекот за април кој изнесува 188 сантиметри. Намалување на нивото на водата бележи и реката Црн Дрим кај мерно место во Ложани и изнесува 58 сантиметри. На ова мерно место просекот во април изнесува 148 сантиметри. Што се однесува на нивоата на водата во езерата во земјава, отстапување од априлскиот просек се бележи кај Преспанското Езеро со 842,62 мнм, а просекот за овој месец е 844,13 мнм. Ниво повисоко од просечното има Дојранското Езеро со 147,15 мнм, а просекот за април е 144,31 мнм. Охридското Езеро е во рамки на априлскиот просек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-pogolem-del-od-rekite-pod-prosekot/feed/ 0
Нивото на Охридско езеро со значителен раст https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-ohridsko-ezero-so-znachitelen-rast/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-ohridsko-ezero-so-znachitelen-rast/#respond Thu, 28 Jan 2021 14:16:31 +0000 https://kurir.mk/?p=461074

Врнежните од дожд изминатиот период значајно ја подобрија хидролошката состојба во охридскиот регион. Нивото на Охридското Езеро постојано расте, така што според денешните мерења се наоѓа на 693.30 метри надоморска височина, што е на 20 сантиметри над минимално дозволената кота од 693.10 метри, односно осум сантиметри под просекот за месец јануари. Температурата на езерската вода измерена утрово е шест степени Целзиусови или еден степен под месечниот просек. Неповолната хидролошка состојба предизвикана пред се од долготрајни сушни денови и мошне малку врнежи есента придонесоа на крајот на ноември нивото на езерото да стигне дури до 693,09 м.н.в. или сантиметар под дозволениот минимум. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-ohridsko-ezero-so-znachitelen-rast/feed/ 0