њу делхи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 12:03:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png њу делхи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Њу Делхи повторно ќе бидат отворени училиштата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-delhi-povtorno-kje-bidat-otvoreni-uchilishtata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-delhi-povtorno-kje-bidat-otvoreni-uchilishtata/#respond Mon, 07 Nov 2022 12:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=756848

Основните училишта во главниот град на Индија, Њу Делхи во текот на неделата повторно ќе бидат отворени откако денеска нивото на загадување на воздухот од категорија „тешко“ се намали на „многу лошо“. Индексот на квалитетот на воздухот на речиси сите мерни станици во Њу Делхи денеска беше помеѓу 300 и 400 или во категоријата „многу лошо“. Централната и државната Влада минатата недела наредија затворање на основните училишта, ги забранија дизел возилата што превезуваат несуштинска стока и ги запреа повеќето градежни активности и активности за уривање во Њу Делхи поради високото ниво на загаденост на воздухот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-delhi-povtorno-kje-bidat-otvoreni-uchilishtata/feed/ 0
Загадувањето во Њу Делхи зема „замав“: Нови одлуки од утре, училиштата се затвораат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagaduvanjeto-vo-nju-delhi-zema-zamav-novi-odluki-od-utre-uchilishtata-se-zatvoraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagaduvanjeto-vo-nju-delhi-zema-zamav-novi-odluki-od-utre-uchilishtata-se-zatvoraat/#respond Fri, 04 Nov 2022 08:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=755580

Основните училишта во Њу Делхи од утре ќе бидат затворени, а се разгледува и ограничување на патниот сообраќај, бидејќи во главниот град на Индија и понатаму е високо нивото на загадување на воздухот, соопштија денеска властите. - Од утре ги затвораме сите основни училишта во Њу Делхи. Ги укинуваме и училишните активности на отворено, соопштија од надлежното Министерство на прес-конференција, додавајќи дека поради загадувањето се разгледува и ограничување на сообраќајот на патиштата. Одлуката следува откако загрижени родители и еколози на социјалните мрежи ги повикаа властите да размислат за влијанието на загадувањето врз децата.(МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagaduvanjeto-vo-nju-delhi-zema-zamav-novi-odluki-od-utre-uchilishtata-se-zatvoraat/feed/ 0
Трет ден гори огромна депонија во Њу Делхи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-den-gori-ogromna-deponija-vo-nju-delhi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-den-gori-ogromna-deponija-vo-nju-delhi/#respond Thu, 28 Apr 2022 09:25:33 +0000 https://kurir.mk/?p=669090

Индиските пожарникари се уште се борат со огнот што избувна пред три дена на огромна депонија во Њу Делхи. Отпадот што гори е висок 60 метри, а густиот чад дополнително го влошува атмосферското загадување. Њу Делхи со над 20 милиони жители има потреба од современа инфраструктура за отстранување на секојдневните 12.000 тони отпад. Гаснењето на пожарот е отежнато и поради високите температури на воздухот. Индиските метеоролозите за денеска предвидуваат температурата на воздухот во Њу Делхи да се искачи и до 46 степени Целзиусови. Властите им препорачаа на чувствителните лица да останат во своите домови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tret-den-gori-ogromna-deponija-vo-nju-delhi/feed/ 0
Њу Делхи повторно ги затвори училиштата поради загадениот воздух, се повеќе деца во болници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nju-delhi-povtorno-gi-zatvori-uchilishtata-poradi-zagadeniot-vozduh-se-povekje-deca-vo-bolnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nju-delhi-povtorno-gi-zatvori-uchilishtata-poradi-zagadeniot-vozduh-se-povekje-deca-vo-bolnici/#respond Thu, 02 Dec 2021 15:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=603162

Индискиот главен град Њу Делхи нареди затворање на училиштата и колеџите од утре до натамошно известување поради загадувањето на воздухот, откако Врховниот суд ги критикуваше градските власти за повторно отворање, иако ситуацијата не е подобрена. Градските власти минатата недела одлучија повторно да ги отворат училиштата и факултетите откако ги затворија речиси 15 дена поради загадениот воздух. Врховниот суд денеска ја критикуваше одлуката и ја разгледува жалбата за неспособноста на Владата да го намали загадувањето на воздухот. Останува во сила забраната за градежни работи и влез на дизел камиони со несуштинска стока, изјави градскиот министер за животна средина Гопал Раи. Раи ги повика граѓаните да користат јавен превоз. Властите во Делхи ангажираа уште 700 автобуси на гас за таа цел. Поради лошиот квалитет на воздухот, се повеќе деца со проблеми со дишењето се во болница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nju-delhi-povtorno-gi-zatvori-uchilishtata-poradi-zagadeniot-vozduh-se-povekje-deca-vo-bolnici/feed/ 0
Училиштата и факултетите во Њу Делхи затворени поради аерозагадување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-i-fakultetite-vo-nju-delhi-zatvoreni-poradi-aerozagaduvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-i-fakultetite-vo-nju-delhi-zatvoreni-poradi-aerozagaduvanje/#respond Wed, 17 Nov 2021 10:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=596456

Властите во главниот град на Индија, Њу Делхи ги затворија училиштата и факултетите на неодредено време поради се поголемото загадување на воздухот. Градежните работи исто така се забранети до 21 ноември, но направен е исклучок за проекти кои се однесуваат на транспортот. Само пет од 11 електрани на јаглен во градот имаат дозвола за работа. Концентрацијата на ПМ 2,5 - ситните честички кои се таложат во белите дробови во Делхи е далеку над безбедносната граница на Светската здравствена организација. Во неколку делови од градот во вторникот се забележани бројки близу или над 400 што влегува во категоријата тешко загадување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uchilishtata-i-fakultetite-vo-nju-delhi-zatvoreni-poradi-aerozagaduvanje/feed/ 0
Во околината на Њу Делхи затворени 11 електрани на јаглен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-okolinata-na-nju-delhi-zatvoreni-11-elektrani-na-jaglen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-okolinata-na-nju-delhi-zatvoreni-11-elektrani-na-jaglen/#respond Wed, 17 Nov 2021 08:39:40 +0000 https://kurir.mk/?p=596410

Индија привремено затвори пет од вкупно 11 електрани на јаглен околу главниот град Њу Делхи, како дел од борбата против загадувањето на воздухот. Затворањето на електраните на јаглен е преземен по наредбата на Комисијата за управување со квалитетот на воздухот на федералното Министерство за животна средина. Комисијата за управување со квалитетот на воздухот, исто така, го забрани возењето камиони што превезуваат несуштинска стока и запре градежни работи во Њу Делхи и соседните градови. Во наредбата се предупредува дека постои недвосмислена потреба дополнително да не се влошува квалитетот на воздухот. Нивото на загаденост овој месец достигна сериозни размери, индексот на загаденост во Њу Делхи е дури 499 на скала од 500, што е предупредување дека и здравите луѓе се изложени на ризик од развој на респираторни заболувања. Нивото на мали честички ПМ2,5, кои можат да го загрозат респираторниот систем и да ја блокираат работата на белите дробови, во Њу Делхи е далеку повисоко од безбедносните упатства на Светската здравствена организација (СЗО). Поради загадениот воздух од понеделникот затворени се сите училиштата во Њу Делхи на една недела, со цел да се заштитат децата од загадениот воздух. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-okolinata-na-nju-delhi-zatvoreni-11-elektrani-na-jaglen/feed/ 0
Истражување: Речиси 24 отсто од жителите на Њу Делхи заразени со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-rechisi-24-otsto-od-zitelite-na-nju-delhi-zarazeni-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-rechisi-24-otsto-od-zitelite-na-nju-delhi-zarazeni-so-koronavirus/#respond Wed, 22 Jul 2020 13:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=379724

Речиси секој четврти жител на индиската престолнина Њу Делхи веројатно бил заразен со коронавирус, покажуваат резултатите од серолошки тестови (тестови за антитела). Индискиот национален центар за контрола и спречување болести тестирал примероци од крв од 21.387 жители на Делхи. Откриено е дека дури 23,48 отсто од нив имаат антитела на Ковид-19, што укажува дека во минатото биле изложени на коронавирус, јави Си-Ен-Ен. Според најновите податоци, досега во Њу Делхи се пријавени 125.096 случаи на заразени со вирусот, што е помалку од 1 отсто од нејзината популација. Со околу 16,78 милиони луѓе кои живеат во Њу Делхи, според серолошките тестови, од коронавирусот се заразени околу четири милиони. Њу Делхи е најтешко погодениот град од коронавирус во Индија, иако пандемијата се шири многу брзо и во другите делови на земјата. Во последните 24 часа, во Индија се пријавени 37.724 нови случаи на заразени со коронавирус. Индија, со повеќе од 1,19 милиони случаи, е трета земја во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/istrazuvanje-rechisi-24-otsto-od-zitelite-na-nju-delhi-zarazeni-so-koronavirus/feed/ 0
Во Њу Делхи за првпат после 49 дена, помалку од 1.000 новозаразени со коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-delhi-za-prvpat-posle-49-dena-pomalku-od-1-000-novozarazeni-so-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-delhi-za-prvpat-posle-49-dena-pomalku-od-1-000-novozarazeni-so-koronavirusot/#respond Tue, 21 Jul 2020 11:44:51 +0000 https://kurir.mk/?p=379158

Во Њу Делхи денеска за првпат после 49 дена се регистрирани помалку од 1.000 новозаразени со коронавирусот, додека многу индиски држави во последните денови воведуваат мерки за борба против вирусот. Индија минатата недела стана трета земја, по САД и Бразил, која надмина еден милион луѓе заразени со вирусот. Сепак, експертите веруваат дека ова е многу помал број од реалниот број на заразени бидејќи во Индија нема доволно тестови за Ковид-19. Во Индија до сега од Ковид-19 починале повеќе од 28.000 луѓе. Денеска се регистрирани 954 случаи на зараза во Њу Делхи. Ова е прв пат после 49 дена бројот на заразени да не надминува 1.000. Во индискиот главен град дневно се заразуваа и до 4.000 луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-delhi-za-prvpat-posle-49-dena-pomalku-od-1-000-novozarazeni-so-koronavirusot/feed/ 0
Рекорден пораст на новозаразени со Ковид-19 во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-porast-na-novozarazeni-so-kovid-19-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-porast-na-novozarazeni-so-kovid-19-vo-indija/#respond Sun, 12 Jul 2020 11:42:58 +0000 https://kurir.mk/?p=374504

Во Индија во последните 24 часа регистрирани се рекордни 28.637 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на заболени достигна 849.553. Ова влошување на епидемиолошката состојба ги натера властите да најават воведување на карантински мерки во траење од една недела во градот Бангалор во јужниот дел на земјата. Во текот на вчерашниот ден, потврдени се уште 551 смртен случај, вкупно 22.674 од почетокот на пандемијата, соопшти Министерството за здравство на Индија. Според податоци на универзитетот Џонс Хопкинс, Индија сега е пред Русија според бројот на заразени во светот, зад САД и Бразил.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekorden-porast-na-novozarazeni-so-kovid-19-vo-indija/feed/ 0
Њу Делхи ново жариште на Ковид-19 во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nju-delhi-novo-zarishte-na-kovid-19-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nju-delhi-novo-zarishte-na-kovid-19-vo-indija/#respond Wed, 24 Jun 2020 12:32:25 +0000 https://kurir.mk/?p=362070

Во главиот град на Индија, Њу Делхи регистрирани се речиси 4.000 новозаболени лица со Ковид-19, што е рекорден пораст од почетокот на пандемијата. Њу Делхи сега е на второ место по бројот на заразени лица со новиот коронавирус во Индија со повеќе од 66.000 случаи, веднаш зад Мумбај, каде се инфицирани околу 68.000 луѓеод почетокот на пандемијата. Локалните власти во Њу Делхи најавија дека ќе се тестира секое домаќинство во градот, со цел да се сузбие ширењето на заразата. Во Индија минатиот месец беа укинати карантинските мерки и оттогаш бројот на заразени расте со голема брзина. Од почетокот на епидемијата во Индија, Ковид-19 е потврден кај повеќе од 456.000 лица, од кои 14.500 починаа од последици од вирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nju-delhi-novo-zarishte-na-kovid-19-vo-indija/feed/ 0