Њу Џерси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Sep 2023 07:45:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Њу Џерси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-vo-poseta-na-nu-dhersi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-vo-poseta-na-nu-dhersi/#respond Fri, 22 Sep 2023 07:45:16 +0000 https://kurir.mk/?p=880583

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера го посетил Њу Џерси, во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави оо повод учеството на Генерално собрание на Обединетите нации. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, Пендаровски го посетил училиштето за деца со попреченост „Џеси Џеј Каплан“, каде што се запознале со организацијата, методите и работењето на училиштето во кое се комбинирани високообразовни стандарди, медицински сестри и терапии, со цел учениците со попреченост целосно да ги остварат своите потенцијали. -На средбата со раководството на училиштето беше разговарано за важноста од инклузивното образование, состојбата и можностите во однос на обезбедување соодветни и стимулативни средини за образование на децата со попреченост, соопшти Кабинетот на Пендаровски. Шефот на државата во Њу Џерси ја посетил и компанијата „Фаст Пек Трејдинг“ во сопственост на Иванчо Ивановски, при што бил запознат со функционирањето и развојот на компаниите, соработката што ја остваруваат и условите за работа во американското општество. -Претседателот Пендаровски оствари средба со истакнати припадници на бизнис-заедницата и македонската дијаспора од Њу Џерси, како и средба со македонски професионалци од Њујорк, на коишто беше запознаен со нивните тековни активности и учеството во општествениот, економскиот, културниот и политичкиот живот на САД. Во разговорите со нив, претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава е горда на успесите на македонската заедница во САД. Тој посочи дека како етаблирани членови на американското општество, претставниците на македонската дијаспора, имаат значајна улога во унапредувањето на севкупните билатерални односи, застапување на интересите и афирмација на нашата држава, се наведува во соопштението. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretsedatelot-pendarovski-vo-poseta-na-nu-dhersi/feed/ 0
ФОТО: Семејство во шок – Метеорит им паднал во куќата, го пробил покривот и завршил во спалната соба https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-semejstvo-vo-shok-meteorit-im-padnal-vo-kukata-go-probil-pokrivot-i-zavrshil-vo-spalnata-soba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-semejstvo-vo-shok-meteorit-im-padnal-vo-kukata-go-probil-pokrivot-i-zavrshil-vo-spalnata-soba/#respond Tue, 16 May 2023 09:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=834711

Семејство од Њу Џерси вели дека е во шок откако метеорит им го пробил покривот. Кристин Лојд вели дека метеоритот завршил на подот од семејната куќа на нејзиниот татко во градот Хоупвел. Метеоритот го пробил покривот, поминал низ таванот и завршил на подот. Но, тоа не било крајот на неговата траекторија, додава тој, бидејќи метеоритот се одбил и повторно удрил во таванот, завршувајќи на второто место на подот. Парчето кое „патувало“ низ нивниот семеен дом е со големина од 10 до 15 сантиметри. Факултетот за наука на Универзитетот во Њу Џерси потврди дека делот дошол од вселената. -Возбудени сме што можеме да потврдиме дека објектот е вистински хондрит метеорит, рече шефот на одделот за физика Нејт Меги. Семејството вели дека во моментот на ударот во куќата немало никој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-semejstvo-vo-shok-meteorit-im-padnal-vo-kukata-go-probil-pokrivot-i-zavrshil-vo-spalnata-soba/feed/ 0
Во Њу Џерси почина двегодишно девојче во вжештена кола, заклучено било повеќе од 7 часа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-dzersi-pochina-dvegodishno-devojche-vo-vzeshtena-kola-zaklucheno-bilo-povekje-od-7-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-dzersi-pochina-dvegodishno-devojche-vo-vzeshtena-kola-zaklucheno-bilo-povekje-od-7-chasa/#respond Thu, 01 Sep 2022 20:12:20 +0000 https://kurir.mk/?p=727451

Двегодишно девојче било пронајдено мртво на задното седиште во автомобил во Њу Џерси. Информациите се дека било заклучено во возилото повеќе од седум часа во екстремно топол ден. Полицијата го пронашла девојчето во вторникот околу 14 часот, таа била во автомобил паркиран пред дом во округот Френклин. Полицајците ја отвориле вратата од автомобилот и внатре пронашле дете кое не давало знаци на живот, објави NBC. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nju-dzersi-pochina-dvegodishno-devojche-vo-vzeshtena-kola-zaklucheno-bilo-povekje-od-7-chasa/feed/ 0
Пожар во фабрика во Њу Џерси се приближува до складиште за хемикалии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-fabrika-vo-nju-dzersi-se-priblizuva-do-skladishte-za-hemikalii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-fabrika-vo-nju-dzersi-se-priblizuva-do-skladishte-za-hemikalii/#respond Sat, 15 Jan 2022 09:12:44 +0000 https://kurir.mk/?p=619565

Пожар во близина на хемиска фабрика во Пасаик, во американската држава Њу Џерси, синоќа се прошири на неколку згради и се заканува да стигне до складиште за хемикалии, соопштија официјални лица. Градоначалникот на Пасаик, Хектор Лора, во видеото објавено на Фејсбук им порача на жителите да се оддалечат од таа населба и да ги затворат прозорците. Тој рече дека пожарникарите се уште ја проценуваат ситуацијата и додаде дека засега нема информации за жртви. Шефот на пожарникарите на тоа место Патрик Трентакост изјави дека зградата била празна кога избувнал пожарот, пренесуваат американски медиуми. – Имало хлор во дел од зградата и сега се чини дека е под контрола, рече тој кратко по полноќ по локално време (6.00 часот во сабота по средноевропско време). Шефот на пожарникарите изјави и дека најголемиот дел од зградата каде што избувнал пожарот се урнал. Водата од блиската река се користи за помош на пожарникарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozar-vo-fabrika-vo-nju-dzersi-se-priblizuva-do-skladishte-za-hemikalii/feed/ 0
ВОА: Резултатите од изборите во Вирџинија и Њу Џерси се лош знак за Бајден пред изборите за Конгресот на САД во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voa-rezultatite-od-izborite-vo-virdzinija-i-nju-dzersi-se-losh-znak-za-bajden-pred-izborite-za-kongresot-na-sad-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voa-rezultatite-od-izborite-vo-virdzinija-i-nju-dzersi-se-losh-znak-za-bajden-pred-izborite-za-kongresot-na-sad-vo-2022-godina/#respond Thu, 04 Nov 2021 12:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=590774

Републиканците победија во трката за гувернер на Вирџинија, додека во Њу Џерси загубија „за влакно“ и тоа не е добар знак за актуелниот претседател Џо Бајден пред конгресните избори во 2022 година, наведува Гласот на Америка. Републиканецот Глен Јангкин го победи поранешниот демократски гувернер на Вирџинија, Тери Мекаулиф. Јангкин доволно се огради од поранешниот претседател Доналд Трамп за да ги придобие умерените гласачи, кои гласаа за Бајден на последните претседателски избори. Во Њу Џерси, актуелниот демократски гувернер Фил Марфи во тесна трка го победи републиканецот Џек Катарели, иако во таа земја има дури милион повеќе регистрирани демократски гласачи од републиканците, јавија американските медиуми. И двајцата републиканци добија многу гласови во предградијата, од неопределените гласачи, на кои не им се допаѓаше политиката на Трамп. Од друга страна, Бајден лесно ги освои и Вирџинија и Њу Џерси на претседателските избори, а овој развој на настаните може да го загрози демократското мнозинство во Конгресот кога целиот Претставнички дом и третина од Сенатот ќе бидат избрани во 2022 година. Доколку републиканците добијат мнозинство само во еден од двата дома на Конгресот, тие ќе можат да го блокираат усвојувањето на законите на Бајден. Исто така, поразот на демократите во Вирџинија му дава шанса на Трамп да го критикува Бајден и повторно да ја почне изборната трка во 2024 година. Бајден, чиј рејтинг минатата недела беше најнизок откако стана претседател, не ја презеде директно одговорноста за изборниот пораз. -Луѓето се вознемирени и несигурни за многу работи, од Ковид-19, преку училиште, до работа, па дури и колку чини галон бензин. Доколку Конгресот ја усвои мојата иницијатива „Повторно да изградиме подобро“(Build Back Better), ќе бидам во позиција да поправам многу нешта и тоа многу брзо, рече американскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voa-rezultatite-od-izborite-vo-virdzinija-i-nju-dzersi-se-losh-znak-za-bajden-pred-izborite-za-kongresot-na-sad-vo-2022-godina/feed/ 0
ВИДЕО: Њујорк и Њу Џерси погодени од дожд кој може да падне еднаш во 500 години, градови поплавени, најмалку 22 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-njujork-i-nju-dzersi-pogodeni-od-dozd-koj-moze-da-padne-ednash-vo-500-godini-gradovi-poplaveni-najmalku-22-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-njujork-i-nju-dzersi-pogodeni-od-dozd-koj-moze-da-padne-ednash-vo-500-godini-gradovi-poplaveni-najmalku-22-zaginati/#respond Fri, 03 Sep 2021 05:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=558604

Најмалку 22 лица загинаа во поплавите како резултат на рекордните врнежи во североисточниот дел на САД. Сепак, тој број се уште не е потврден. Американските медиуми објавуваат бројки кои се движат меѓу 11 и 22. Според официјалните информации, само во Њујорк загинале девет лица. Двегодишно дете е меѓу загинатите во Њујорк и Њу Џерси. Тело на 19-годишно момче е пронајдено во поплавен стан во Мериленд. Имено, остатоците од ураганот Ида, кој изминатиот викенд ја опустоши американската држава Луизијана, донесе рекордни количества дожд и огромни поплави. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио одржа прес-конференција на која истакна дека „цената што ја платија некои њујорчани е страшна и трагична“. – Некои семејства сега тагуваат. Треба да бидеме тука за нив, за сите граѓани кои сега се борат со последиците од оваа катастрофална бура. Луѓето минуваат низ пекол. Потребна им е помош, нагласи Де Бласио. Си Би Ес објави снимка која се прошири низ социјалните мрежи, прикажувајќи возачи во потопени автомобили во Њујорк. Лицето кое снима вели дека возачите „врескале и барале помош“. Новинарката Кристи Илето, на Твитер објави фотографија направена вчера изутрина во поплавениот центар во Филаделфија. Предупредувања за поплави се издадени за подрачјата на шест други американски држави (Конектикат, Мејн, Масачусетс, Њу Хемпшир, Род Ајленд и Вермонт). Предупредување за голем дел од овие шест држави издаде Метеоролошката служба на САД, во кое се наведува дека нивото на водата на некои реки и потоци продолжува да расте и е многу веројатно тие да се излеат од своите корита. Нивото на водата на реката Шујлкил во државата Пенсилванија, во близина на Филаделфија, расте незапирливо. Таа достигна три метри, а според временската прогноза, може да се зголеми уште еден метар. Итните служби во градот Бриџпорт, на околу 30 километри од Филаделфија, ги спасуваат луѓето од поплавените куќи со чамци. Објавени се снимки и од метро станиците во Њујорк, каде водата незапирливо продира. Забраната за патување, која беше воведена во Њујорк по рекордното количсетво дожд, е укината. Но, властите продолжуваат да ги повикуваат луѓето да останат дома додека итните служби работат на чистење и проценка на штетата направена на патиштата. Повеќе од 100.000 домаќинства во трите држави во североисточниот дел на САД (Њујорк, Њу Џерси и Конектикат), кои беа најтешко погодени од бурата, останаа без електрична енергија. Поради огромното количество врнежи во Њујорк и Њу Џерси, прогласена е вонредна состојба. Мерењата во Централ Парк во Њујорк покажаа дека дождот соборил историски рекорди. На мерната станица во Централ Парк, измерена е висина на водата од неверојатни 217 сантиметри. Претходниот рекорд изнесуваше 117 сантиметри и регистриран е во 1927 година. Нивото на водата во Централ Парк се мери од 1869 година. Шефицата на Федералната агенција за управување со вонредни ситуации, Дин Крисвел, истакна дека разговарала со американскиот претседател Џо Бајден за штетата која е причинета откако остатоците од ураганот Ида предизвикаа огромни поплави во североисточниот дел на САД. – Очекувавме значително количество дожд кој го донесе Ида додека се движеше североисточно од државата, но не знаевме точно каде ќе падне. Мислевме дека може да биде во Тенеси или Западна Вирџинија, но додека Ида се движише кон исток, видовме дека најмногу дожд падна во Мериленд, Пенсилванија, Њујорк и Њу Џерси, изјави Крисвел, додавајќи дека се очекуваат повеќе проблеми. Гувернерката на Њујорк, Кети Хохул, рече дека градот е парализиран од невиденото количество дожд. Таа ги повика граѓаните да останат дома и да ја проверат состојбата на нивните најблиски. – Ова беше апсолутно неверојатно, луѓето се шокирани. Граѓаните кои мислеа дека ќе можат безбедно да се спуштат во своите подруми или ќе седнат во метрото беа изненадени. Оваа бура без преседан промени се. Њјорк е буквално парализиран, нагласи Хохул за Си Ен Ен. Фил Марфи, гувернер на Њу Џерси, рече дека ноќта кога наврнаа историските количества дожд била „пеколна“, додавајќи дека проблемите во таа федерална држава се уште не се завршени. – Добиваме извештаи за торнада, опасни поплави и за жал, загуби на живот. Ги молиме луѓето да останат дома, да се држат подалеку од патиштата, бидејќи сe уште има многу дрвја на патиштата, додаде тој. Марфи истакна дека „Њу Џерси е држава која веројатно е најизложена на климатските промени во САД со оглед на тоа што имаме толку голема густина на населеност“. Си Ен Ен објави дека 132,5 милијарди литри вода паднале во пет главни области во Њујорк во период од пет часа. – Тоа е еквивалентно на околу 50.000 олимписки базени, изјави метеорологот Педрам Јавахери. Толку многу врнежи во краток временски период би биле проблематични насекаде во светот, но кога ќе падне таков дожд во урбана област како Њујорк, тогаш проблемите стануваат многу поголеми. Според американската Агенција за океани и атмосфера (NOAA), станува збор за дожд што може да падне еднаш во 500 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-njujork-i-nju-dzersi-pogodeni-od-dozd-koj-moze-da-padne-ednash-vo-500-godini-gradovi-poplaveni-najmalku-22-zaginati/feed/ 0
Официјално гувернерот на Њу Џерси потпиша закон за легализирање на канабисот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-guvernerot-na-nju-dzersi-potpisha-zakon-za-legaliziranje-na-kanabisot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-guvernerot-na-nju-dzersi-potpisha-zakon-za-legaliziranje-na-kanabisot/#respond Tue, 23 Feb 2021 11:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=472723

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи потпиша закон со кој се легализира канабисот за возрасни, се декриминализира поседувањето до 170 грама дрога и се менуваат реформите во кривичната правда што ќе го промени начинот на комуникација на полициските службеници со малолетни престапници. На тој начин, Њу Џерси стана 15-та американска федерална држава што го легализира канабисот за рекреативна употреба, пренесува американскиот „Политико“. Пред три месеци, 67 проценти од гласачите го поддржаа уставниот амандман според кој жителите на Њу Џерси над 21 година можат да продаваат и да користат канабис. – Не постои никој кој ги поддржа овие напори, а кој не би признал дека овој процес траеше многу подолго отколку што се очекуваше, но секако е подобро да се прават работите како што треба, а не брзо, рече Марфи на прес-конференција.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oficijalno-guvernerot-na-nju-dzersi-potpisha-zakon-za-legaliziranje-na-kanabisot/feed/ 0
Торонто ја разгледува можноста во новата сезона да биде домаќин во Њу Џерси https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/toronto-ja-razgleduva-moznosta-vo-novata-sezona-da-bide-domakjin-vo-nju-dzersi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/toronto-ja-razgleduva-moznosta-vo-novata-sezona-da-bide-domakjin-vo-nju-dzersi/#respond Sun, 01 Nov 2020 08:52:17 +0000 https://kurir.mk/?p=423203

Раководството на канадскиот НБА-лигаш Торонто репторс, размислува следната сезона да биде домаќин во Њу Џерси, пишува „The New York Daily News“. Веќе биле остварени разговори со операторите на „Пруденшал центар“ во Њујорк, за можноста Репторс домашните натпревари да ги игра во таа арена. Шампионот од 2019 година, сака да ја одигра претстојната сезона во еден од американските градови, поради ограничувања на движење предизвикани од коронавирусот. Клубот веќе преговарал со арените во Тампа-беј или Нешвил. Исто така беше објавено дека Канаѓаните можат привремено да се преселат во Луисвил или Канзас Сити. Останува да се почека на конечната одлука каде ќе игра Торонто како домаќин претстојната сезона.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/toronto-ja-razgleduva-moznosta-vo-novata-sezona-da-bide-domakjin-vo-nju-dzersi/feed/ 0
Масовна евакуација во САД: Бројот на мртви не е познат, Трамп итно оди на терен (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovna-evakuacija-vo-sad-brojot-na-mrtvi-ne-e-poznat-tramp-itno-odi-na-teren-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovna-evakuacija-vo-sad-brojot-na-mrtvi-ne-e-poznat-tramp-itno-odi-na-teren-foto-video/#respond Sun, 13 Sep 2020 07:48:52 +0000 https://kurir.mk/?p=402531

За само неколку дена, илјадници домови во Орегон, најновиот епицентар на големиот пожар во државите на Западниот брег, беа уништени, при што загинаа најмалку 25 лица и изгоре подрачје со големина на Њу Џерси. Пожарите што горат на западниот брег на САД принудија десетици илјади жители на американската сојузна држава Орегон да ги напуштат своите домови, а вкупно половина милион се под наредба за евакуација. За само неколку дена, илјадници домови во Орегон, најновиот епицентар на големиот пожар во државите на Западниот брег, беа уништени, при што загинаа најмалку 25 лица и изгоре подрачје со големина на Њу Џерси. Најмалку осум лица починаа во Орегон, а гувернерката Кејт Браун предупреди дека бројот на жртви може да биде далеку поголем, имајќи предвид дека десетици луѓе се водат како исчезнати во три окрузи. Во Калифорнија, Орегон и Вашингтон горат пожари, кои беа предизвикани за време на прославата на Денот на трудот, а квалитетот на воздухот значително се влоши поради пепелта. На пожарникарите во Калифорнија и Орегон сепак би можело да им помогнат нешто подобрите временски услови – послаби ветрови и зголемена влажност на воздухот. – Ова е климатска вонредна состојба што сега се случува. Совршена бура, рече гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. Во таа земја, 68 илјади луѓе мораа да бидат евакуирани, а повеќе од 3.900 куќи и други згради беа изгорени во изминатите три недели, колку што траат пожарите. Десетици илјади пожарникари се обидуваат да изгаснат 28 големи пожари низ Калифорнија. Белата куќа, во меѓувреме, објави дека претседателот Доналд Трамп утре ќе ја посети Калифорнија и ќе се сретне со локални и федерални претставници. По неколку дена екстремно високи температури и силни ветрови, на пожарникарите малку надеж им даде поблагиот ветер од Пацификот, па се надеваат дека ќе можат да контролираат дел од пожарот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masovna-evakuacija-vo-sad-brojot-na-mrtvi-ne-e-poznat-tramp-itno-odi-na-teren-foto-video/feed/ 0
Марфи: Националната гарда на Њу Џерси излегува на улиците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marfi-nacionalnata-garda-na-nju-dzersi-izleguva-na-ulicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marfi-nacionalnata-garda-na-nju-dzersi-izleguva-na-ulicite/#respond Tue, 17 Mar 2020 06:48:08 +0000 https://kurir.mk/?p=317552

Гувернерот на сојузната американска држава Њу Џерси, Фил Марфи, ги повика граѓаните да останат во своите домови по 20 часот, потпиша извршна наредба со која го ограничува делувањето на одредени фирми и ги мобилизира припадниците на Националната гарда за да помогнат во спроведувањето на мерките за спречување на ширењето на коорнавирусот. -Силно се обесхрабруваат сите движења што не се неопходни и не се итни, почнувајќи од вечерва, од 20 часот до 5 часот наутро, секој ден. Оваа наредба ќе остане во сила во блиска иднина. Сакаме сите да бидат во своите домови, а не надвор, рече Марфи. Тој нагласи дека тоа не значи експлицитно воведување полициски час, пренесе Си-Ен-Ен. -Ова не е полициски час, но силно се препорачува и воедно и патувањата силно се обесхрабруваат. Но, не морате да бидете на улиците, не треба да бидете на улиците, порача Марфи. Тој потпиша извршна наредба со која се пропишува прекинот на работата по 20 часот на сите малопродажни, рекреативни и забавни компании. Марфи, исто така, ги мобилизира припадниците на Националната гарда на Њу Џерси „за да помогне во нашите напори на сите начини што се неопходни“]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/marfi-nacionalnata-garda-na-nju-dzersi-izleguva-na-ulicite/feed/ 0