њујорк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 05:58:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png њујорк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп повторно казнет поради коментар пред судот во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/#respond Thu, 26 Oct 2023 05:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=893198

Судијата Артур Енгорон, кој го води граѓанскиот спор против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, го казни со 10.000 долари поради коментарот што го даде пред новинарите неколку часа пред судењето за „личност која е многу пристрасна, а седи до судијата“. Казната дојде откако Трамп беше повикан на клупата за сведоци за да го објасни својот коментар. Трамп и неговите адвокати изјавија дека коментарот се однесува на сведокот Мајкл Коен, а не на службеникот на судот. Претходно, Трамп беше казнет со 5.000 долари на 20 октомври, откако неговата омаловажувачка објава на социјалните мрежи „Вистината за клучниот судски персонал“ остана на неговата веб-страница на кампањата со недели откако судијата нареди да се отстрани. Судијата потоа избегна чинот на Трамп да го смета за непочитување на судот, но го задржа правото да го стори тоа и евентуално да го осуди на затвор доколку повторно ја прекрши ограничената наредба со која се забрануваат лични напади врз судскиот персонал од лица вклучени во случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-povtorno-kaznet-poradi-komentar-pred-sudot-vo-nujork/feed/ 0
Индекс на глобалните финансиски центри: Њујорк е најпогоден град за бизнис https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeks-na-globalnite-finansiski-tsentri-nujork-e-najpogoden-grad-za-biznis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeks-na-globalnite-finansiski-tsentri-nujork-e-najpogoden-grad-za-biznis/#respond Sun, 22 Oct 2023 09:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=891845

Њујорк е прв на листата на светски градови најпогодни за бизнис, а седум европски градови се меѓу првите 20 најдобри финансиски центри, според новото рангирање на Индексот на глобалните финансиски центри (GFCI). Во горниот дел од оваа листа доминираат Соединетите Американски Држави, а Лондон и натаму е лидер во Европа и на второ место во генералниот пласман. Зад него се Сингапур, Хонг Конг и Сан Франциско на третото, четвртото и петтото место, а Женева е единствениот друг европски град, покрај британска престолнина, во првите десет. Женева го зголеми рејтингот за 29 поени и ги прескокна своите финансиски ривали од минатата година, скокајќи од 23-та на десеттата позиција. Аналитичарите велат дека регулаторната средина во Швајцарија и ниското ниво на корупција претставуваат огромни предности за финансиската сила на нејзините градови. Франкфурт, домот на Европската централна банка (ЕЦБ), се искачи од 17. на 14. место на глобално ниво, додека Париз падна од 14. на 15. позиција. Други европски градови во топ 20 се Луксембург на 16-то место, Цирих на 18-то и Амстердам на 19-тото место.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indeks-na-globalnite-finansiski-tsentri-nujork-e-najpogoden-grad-za-biznis/feed/ 0
Прогласена вонредна состојба во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proglasena-vonredna-sostojba-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proglasena-vonredna-sostojba-vo-nujork/#respond Sat, 30 Sep 2023 07:54:15 +0000 https://kurir.mk/?p=883512

Во Њујорк е прогласена вонредна состојба поради силното невреме кое предизвика големи поплави. Многу од градските подземни системи, улици и автопати се поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот пред подоцна повторно да биде отворен. Во некои делови од градот падна дожд до 20 сантиметри. „Ова е опасна, опасна по живот бура“, рече гувернерката Кети Хочул. „Прогласувам вонредна состојба низ Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон поради екстремните врнежи што ги гледаме низ целиот регион“, рече гувернерот Хочул. Таа ги повика луѓето да преземат чекори за да останат безбедни и „никогаш да не се обидуваат да патуваат по поплавените патишта“. Не се пријавени смртни случаи или тешки повреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proglasena-vonredna-sostojba-vo-nujork/feed/ 0
Во Њујорк поради поплавите прогласена вонредна состојба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-poradi-poplavite-proglasena-vonredna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-poradi-poplavite-proglasena-vonredna-sostojba/#respond Fri, 29 Sep 2023 18:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=883426

Во Њујорк денеска е прогласена вонредна состојба откако голем дел од областа беше поплавена поради невремето. Поради надојдената вода затворено е метрото и еден терминал на аеродромот ЛаГвардија, а поголем број од патиштата се под вода. - Оваа бура е опасна по живот. Прогласувам вонредна состојба во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон. Сметајте на ова во следните 20 часа, изјави гувернерката на Њујорк, Кети Хочул. Властите издадоа предупредување за поплави во Менхетен, Бруклин и Квинс. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-poradi-poplavite-proglasena-vonredna-sostojba/feed/ 0
Дрес од МЗТ Скопје Аеродром за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dres-od-mzt-skopje-aerodrom-za-gradonachalnikot-na-nujork-erik-adams/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dres-od-mzt-skopje-aerodrom-za-gradonachalnikot-na-nujork-erik-adams/#respond Fri, 22 Sep 2023 09:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=880636

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски изминатите неколку денови учествуваше на Светскиот самитот кој се организира во рамки на Мрежата на силни градови, каде членува и Општина Аеродром. Во рамки на учеството тој на градоначалникот на Њујорк кој истовремено е домаќин на настанот му врачи дрес од кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Настанот кој е финансиран од страна на Европската унија и Стејт Департментот во Њујорк, на едно место ги собра повеќе од 70 градоначалници на општини и градови. Домаќин на настанот беше градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс кој е голем фан на кошарката. По тој повод од страна на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски му беше врачен дрес од македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром. Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата објава на инстаграм истакна дека дресот на МЗТ Скопје Аеродром треба биде поттик за нови победи и симбол за меѓусебната поддршка и соработка. „Плаво белата боја на македонскиот шампион ќе биде дел од неговата канцеларија и во духот на спортот и спортските успеси на МЗТ, таа нека биде поттик за идни победи и симбол на меѓусебната соработка, поддршка и пријателство“, истакна Муцунски во објавата. Муцунски упати и апел до навивачите и љубителите на спортот во сабота во СРЦ Кале да дадат поддршка за МЗТ Скопје Аеродром во финалето од Суперкупот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dres-od-mzt-skopje-aerodrom-za-gradonachalnikot-na-nujork-erik-adams/feed/ 0
Пожар во зградата на „Тифани“ во Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhar-vo-zgradata-na-tifani-vo-nujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhar-vo-zgradata-na-tifani-vo-nujork/#respond Thu, 29 Jun 2023 17:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=850990

Пожар ја зафати зградата на „Tiffany & Co“ на Петтата авенија на Менхетен, чие реновирање чинеше 500 милиони долари. Засега не се знае што го предизвикало пожарот. Според првичните информации, нема повредени иако дел од вработените се пренесени со амбулантни возила, јавија локалните медиуми. Пожарот е регистриран во 9.38 часот утрото по локално време, во момент кога вработениоте се поготвувале да отворат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozhar-vo-zgradata-na-tifani-vo-nujork/feed/ 0
ЊУЈОРК СЕ ГУШИ ВО ЧАД – големите шумски пожари што беснеат во Канада остави милиони луѓе да се трујат, глетката МОРНИЧАВА (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-se-gushi-vo-chad-golemite-shumski-pozhari-shto-besneat-vo-kanada-ostavi-milioni-luge-da-se-trujat-gletkata-mornichava-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-se-gushi-vo-chad-golemite-shumski-pozhari-shto-besneat-vo-kanada-ostavi-milioni-luge-da-se-trujat-gletkata-mornichava-video/#respond Fri, 09 Jun 2023 10:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=843974

Штетниот за здравје воздух што ги покри градовите и населените места од североистокот на САД се концентрира во централниот атлантски дел на земјата, додека димот од шумските пожари што уште беснеат во Канада натера милиони луѓе да се навикнуваат на магливото небо. Прогнозите се во наредните денови димот да се придвижи на југ. Во градот Њујорк на пример небото е портокалово и не се гладе вообичаниот пејзаж на облакадори, исто толку лошо е и во Филаделфија, Балтимор, Вашингтон, и Ричмонд, Вирџинија. Веќе трет ден по ред квалитетот на воздухот е оценет како штетен за здравје во поголем дел од североистокот а димот не се расејува, наведуваат метереолозите од Националната метереолошка служба на САД. Условите со намалена видливост ги натераа авиокомпаниите да откажат повеќе летовите, а училиштата во Филаделфија и Балтимор да ги откажат сите активности на отворено. Во градот Њујорк пак, училиштата денеска ја оддржуваат наставата далечински. Големата сокер лига (Major League Soccer) или лигата за професионален европски фудбал во САД, неделава откажа повеќе мечеви. Додека некои градови во Пенсилванија вработените во парковите ги испратија дома. Транспортните компании како железничката „Амтрак“ им раздаваат маски на своите вработени. Чадот се чувствува од Масачусетс на север до Северна и Јужна Каролина на југ каде властите исто така повикаа на ограничување на активностите надвор. Прогнозите се дека смогот ќе се придвижи на југ, се очекува нарушен квалитет на воздухот во двете Каролини, делови од Џорџија, Тексас и Оклахома. Лекарите препорачуваат ограничување на надворешните активности, но ако мора да се излезе, да се преземат соодветни мерки за безбедност како носење квалитетни и добро стегнати маски, да се пие многу вода и одложување на работи за два-три дена, ако тоа е возможно. Оние кои одат на работа со кола треба да ја вклучат климата на режим на циркулација на внатрешен воздух. Специјалистите посочуваат дека критична група се повозрасните лица и они кои имаат постоечки заболувања, додека младата популација се смета за поотпорана на смогот. Според AirNow, моментално најмалку 48 милиони луѓе живеат во регионите каде квалитетот на воздухот се оценува за штетен по здравје, а во некои делови на северистокот на САД тој е оценет на ниво 300, или „загаден“. Во еден момент вчера квалитеот на воздухот во Вашингтон стигна до нивото 236, што е мошне штетно по здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-se-gushi-vo-chad-golemite-shumski-pozhari-shto-besneat-vo-kanada-ostavi-milioni-luge-da-se-trujat-gletkata-mornichava-video/feed/ 0
Во Њујорк забранета дискриминација врз основа на висина и тежина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-zabraneta-diskriminatsija-vrz-osnova-na-visina-i-tezhina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-zabraneta-diskriminatsija-vrz-osnova-na-visina-i-tezhina/#respond Sat, 27 May 2023 15:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=839483

Луѓето кои се дебели, високи или ниски, во американскиот град Њујорк ќе бидат заштитени од дискриминација врз основа на тие карактеристики според законот кој синоќа го потпиша градоначалникот Ерик Адамс - мерка за која неговите поддржувачи се надеваат дека ќе биде спроведена и во други градови. Законот, презентиран од градскиот советник Шон Абреу, забранува дискриминација врз основа на висина и тежина на работното место и во пристапот до јавното и приватното сместување. - Не треба да е важно колку сте високи или тешки. Кога барате работа или сте надвор во градот или се обидувате да добиете некој вид сместување или стан за изнајмување, не треба да постои поинаков третман, рече Адамс. Законот стапува во сила за шест месеци и ги надополнува веќе постоечките мерки за заштита од дискриминација врз основа на раса, религија, боја на кожа, национално потекло и пол, меѓу другото.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nujork-zabraneta-diskriminatsija-vrz-osnova-na-visina-i-tezhina/feed/ 0
Њујорк тоне под тежината на огромните облакодери https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nujork-tone-pod-tezhinata-na-ogromnite-oblakoderi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nujork-tone-pod-tezhinata-na-ogromnite-oblakoderi/#respond Fri, 19 May 2023 12:42:53 +0000 https://kurir.mk/?p=836437

Тонењето е мало, 1-2 мм годишно, но сепак е пат надолу што ја зголемува опасноста од поплави Њујорк делумно тоне поради извонредната тежина на неговите вртоглави згради, влошувајќи ја заканата од поплави што ја изложуваат метрополата од зголемените мориња, покажа новото истражување. Големото јаболко можеби е градот кој никогаш не спие, но тој е град кој секако тоне, спуштајќи се за приближно 1-2 мм секоја година во просек, при што некои области на Њујорк паѓаат со двојно повеќе, според истражувачите. Ова тонење го влошува влијанието на покачувањето на нивото на морето кое се забрзува со околу двојно повеќе од глобалниот просек, бидејќи глечерите во светот се топат и морската вода се шири поради глобалното загревање. Водата што го опкружува Њујорк се зголеми за околу 22 сантиметри, од 1950 година, а големите поплави од бури би можеле да бидат до четири пати почести отколку сега до крајот на векот поради комбинацијата на пораст на морското ниво и урагани. „Длабоко концентрирана популација од 8,4 милиони луѓе се соочува со различни степени на опасност од поплави во Њујорк“, напишаа истражувачите во новата студија, објавена во списанието Earth’s Future. Авторите додадоа дека ризиците со кои се соочува Њујорк ќе бидат споделени и со многу други крајбрежни градови ширум светот додека се продлабочува климатската криза. „Комбинацијата на тектонско и антропогено слегнување, покачувањето на нивото на морето и зголемениот интензитет на ураганите подразбираат забрзан проблем долж крајбрежните и речните области“, напишаа тие. Овој тренд се зголемува со огромниот дел од изградената инфраструктура во Њујорк. Истражувачите пресметале дека градбите на Мехетен, кои ги вклучуваат познатите Емпајер стејт билдинг и Крајслер билдинг, тежат вкупно 760милиони тони, што е приближно еднакво на тежината на 140 милиони слонови. Оваа огромна тежина го турка надолу купот од различни материјали пронајдени во теренот во Њујорк. Додека многу од најголемите згради се поставени на цврста основа, како што е шкрилецот, има мешавина од други песоци и глини над кои се гради, што придонесува за ефектот на тонење што природно се случува долж поголемиот дел од источниот брег на САД како што земјата реагира на повлекувањето на огромните глечери по крајот на последното ледено доба. „Не е нешто за веднаш да се паничи, но постои овој тековен процес што го зголемува ризикот од поплави“, рече Том Парсонс, геофизичар во Геолошкиот институт на САД, кој го предводеше новото истражување. „Колку е помека почвата, толку поголема е компресија од зградите. Не беше грешка да се градат толку големи згради во Њујорк, но само треба да имаме на ум секој пат кога ќе изградите нешто таму, ќе притискате малку повеќе во земјата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nujork-tone-pod-tezhinata-na-ogromnite-oblakoderi/feed/ 0
Њујорк тоне, овие области се загрозени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tone-ovie-oblasti-se-zagrozeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tone-ovie-oblasti-se-zagrozeni/#respond Thu, 18 May 2023 11:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=835885

Новото истражување на Американскиот геолошки институт покажа дека Њујорк просечно тоне од еден до два милиметри годишно поради тежината на облакодерите и другите згради, а некои делови тонат многу побрзо. На прв поглед ова не е загрижувачко, но експертите ги загрижува фактот што овој процес го прави „Големото јаболко“ исклучително ранливо на природни катастрофи, пишува New York Post. Еден од нив е водачот на истражувањето и геолог Том Парсонс од Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави, кој вели дека студијата покажала дека областа на Долниот Менхетен, како и Бруклин и Квинс, се особено загрозени. Тој и неговите колеги ја пресметале кумулативната маса на повеќе од милион згради и процениле дека е околу 764.000.000 тони, а потоа ја поделиле целата површина на области од 100 квадратни метри за да го пресметаат притисокот врз основата на секоја зона. Потоа ги споредиле нивните пресметки со сателитски снимки кои можат да ги мерат промените во висината на површината на земјата, по што ги мапирале отчитувањата преку нивните проценки низ градот за да го споредат нивниот модел со податоците од реалниот свет. Градот со околу 8,4 милиони жители се соочува со опасност од поплави бидејќи во таа област ризикот од покачување на нивото на морето е три до четири пати поголем од светскиот просек долж брегот на Атлантикот на Северна Америка, се наведува во извештајот на експертите. Ситуацијата може да се влоши со урагани и бури кои стануваат се почести и пожестоки, истакна Парсонс, потсетувајќи на жртвите и големата штета предизвикана од двата урагани, Сенди (2012) и Ајда (2021). Емисијата на штетни гасови има ефект на „намалување на природната бариера на ветерот долж источниот брег на САД, што значи почести урагани со висок интензитет во наредните децении“. -Комбинацијата на тектонско и антропогено слегнување, порастот на морското ниво и зголемениот интензитет на ураганите укажуваат на растечки проблем долж крајбрежните и речните области“, вели Парсонс, посочувајќи на „повторната изложеност на темелите на зградите на солена вода што може да го кородира челикот за зајакнување и хемиски да ослабне предизвикувајќи и структурно слабеење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nujork-tone-ovie-oblasti-se-zagrozeni/feed/ 0