нло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 10:52:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нло – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пентагон отвори веб-страница со информации за НЛО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-otvori-veb-stranitsa-so-informatsii-za-nlo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-otvori-veb-stranitsa-so-informatsii-za-nlo/#respond Wed, 06 Sep 2023 10:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=875172

Американското Министерство за одбрана отвори веб-страница со јавно достапни информации за неидентификувани воздушни појави (unidentified anomalous phenomena), попознати како неидентификувани летечки објекти. Предвидено е веб-страницата да функционира како централна база на податоци за информации за решените случаи на НЛО, со објавување на фотографии и видеа веднаш штом ќе бидат декласифицирани. На веб-страницата ќе се објавуваат и различни извештаи и дел од најчесто поставуваните прашања, како и линкови до официјални извештаи, транскрипти, соопштенија за медиумите. Пентагон во април соопшти дека набљудува повеќе од 650 потенцијални случаи на НЛО односно случаи кои не можат да се објаснат со познатите актери и да покажуваат активности што не можат лесно да се разберат. Најчесто пријавени карактеристики на НЛО се: тркалезна форма, со големина од еден до четири метри, транспарентен или сребрен обоен материјал и лет на височина од 3.000 до 9.000 метри. Американските власти не нашле убедливо објаснување за некои случаи на НЛО, додека други се припишуваат на метеоролошки балони, беспилотни летала, но и птици, временски настани или отпад од воздухот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-otvori-veb-stranitsa-so-informatsii-za-nlo/feed/ 0
Тројца американски пилоти ќе сведочат под заклетва дека виделе НЛО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-amerikanski-piloti-ke-svedochat-pod-zakletva-deka-videle-nlo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-amerikanski-piloti-ke-svedochat-pod-zakletva-deka-videle-nlo/#respond Wed, 26 Jul 2023 17:00:53 +0000 https://kurir.mk/?p=860391

Тројца високи ветерани од воздухопловните сили и разузнавачите ќе сведочат под заклетва за нивниот контакт и средба од прва рака со НЛО на првото сослушување од ваков вид во Вашингтон, пренесоа американските медиуми. Потполковник Рајан Грејвс, поранешен пилот на Ф-18 со повеќе од една деценија служба во морнарицата на САД, ќе сведочи дека неговата ескадрила редовно откривала неидентификувани авиони додека бил стациониран во близина на брегот на Вирџинија во 2014 година. Во својата воведна изјава, Грејвс ќе каже дека додека повеќето од авионите биле откриени на радарот, некои од пилотите повремено можеле да ги видат и со свои очи. Потполковникот Грејвс ќе открие дека објектите станале толку вообичаени што со текот на времето, станале јавна тајна меѓу пилотите. Во една таква блиска средба, два млазници биле принудени да направат опасни маневри, за да избегнат да не удрат во нив, односно да не удрат во објект што изгледал како темно сива коцка во чистата сфера. Заедно со сведочењето на Грејвс, Конгресот од прва рака ќе слушне и за извештаите од ветеранот пилот на американската морнарица, командантот Дејвид Фрејвор, кој бил сведок на НЛО во 2004 година. Ветеранот на воздухопловните сили и разузнавањето Дејвид Груш, кој откри за нелегална програма за пронаоѓање НЛО започната во јуни оваа година, исто така ќе сведочи под заклетва. Надзорната комисија на Претставничкиот дом ќе го надгледува сослушувањето кое е закажано за 10 часот по средноевропско време. „Бирократите на Пентагон и Вашингтон ги кријат овие информации со децении, а ние конечно ќе фрлиме малку светлина врз нив“, рече Тим ​​Буршет претставник во комитетот. „Ќе донесеме веродостојни сведоци кои јавно ќе сведочат бидејќи американскиот народ ја заслужува вистината“, додаде тој. Конгресменот за подкастот Event Horizon, месецов рече дека владата се занимаваме со прикривање на ваквите информации од 1947 година, а можеби и од 1897 година. „Вонземјаните можат да патуваат светлосни години или со брзини што кои пркосат на физиката каква што ја знаеме“, рече Буршет во подкастот и додаде дека објектите можат да летаат под вода и да не покажуваат топлински потпис. Објасни дека ако овие вонземски суштества имаат технологија која не е слична на ништо што ја знаеме на Земјата, тогаш би можеле во јаглен. За потсетување, Груш служел 14 години во воздухопловните сили, а за тајната програма дознал од луѓет кои биле вклучени во истата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trojtsa-amerikanski-piloti-ke-svedochat-pod-zakletva-deka-videle-nlo/feed/ 0
Новиот тим на НАСА за изучување на НЛО ја брифира јавноста https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/noviot-tim-na-nasa-za-izuchuvane-na-nlo-ja-brifira-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/noviot-tim-na-nasa-za-izuchuvane-na-nlo-ja-brifira-javnosta/#respond Wed, 31 May 2023 11:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=840808

Тимот на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) кој ги изучува неидентификуваните летачки објекти има закажано брифинг денеска за дискусија со јавноста за видовите податоци што агенцијата може да ги собере и оцени за подобро познавање на НЛО и од каде тие доаѓаат. Тимот, офрмен од НАСА лани, има задача да изучува „неидентификувани аномални феномени“, фраза што американските власти ја употребува за она што е општо познато како НЛО. НАСА изјави дека НАФ се набљудување на случувања во небото кои што од научна гледна точка се идентификуваат како летала или познати природни феномени. Научниците планираат да дадат совети како НАСА може да употребува НАФ аналитички податоци. Тимот планира ова лето да објави извештај за своите наоди. Министерството за одбрана на САД лани во текот на конгресно сослушување, објави видеа од НЛО. Тоа беше прво такво сослушување на Конгресот во повеќе од 50 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/noviot-tim-na-nasa-za-izuchuvane-na-nlo-ja-brifira-javnosta/feed/ 0
Неверојатна глетка на небото над Турција, некои тврдат дека е НЛО (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatna-gletka-na-neboto-nad-turtsija-nekoi-tvrdat-deka-e-nlo-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatna-gletka-na-neboto-nad-turtsija-nekoi-tvrdat-deka-e-nlo-video/#respond Fri, 20 Jan 2023 21:06:06 +0000 https://kurir.mk/?p=789906

Над градот Бурса во Турција вчера бил забележан огромен облак налик на НЛО, кој ги изненади граѓаните кои со своите телефони го снимија реткиот феномен. Речиси кружен облак, кој се појави на изгрејсонце со голема дупка во средината, остана неподвижен на небото речиси еден час. Тоа е природен феномен наречен леќест облак, познат по својот заоблен изглед како чинија и обично се наоѓа на надморска височина помеѓу 2.000 и 5.000 метри над земјата. Очигледно, луѓето биле воодушевени од глетката, особено ако се земе предвид фактот дека видеата за кратко време станаа вирални, а многумина коментираа дека глетката личи на НЛО (неидентификуван летечки објект). Патем, леќестите облаци се стационарни леќести облаци кои се формираат нормално на правецот на ветрот. Кога стабилен влажен воздух се движи нагоре по планина во неколку бранови и ако температурата на горниот бран падне до точка на росење, се формираат леќести облаци. Овие необични облаци многумина ги потсетуваат на вселенски бродови, летечки чинии и други сцени од филмови за вонземјани. Пилотите ги избегнуваат, но туристичките едрилици ги обожаваат, имајќи предвид дека овие облачни формации можат да ги подигнат до големи височини.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neverojatna-gletka-na-neboto-nad-turtsija-nekoi-tvrdat-deka-e-nlo-video/feed/ 0
Американското разузнавање истражува над 500 извештаи за НЛО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskoto-razuznavane-istrazhuva-nad-500-izveshtai-za-nlo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskoto-razuznavane-istrazhuva-nad-500-izveshtai-za-nlo/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=786699

Американското разузнавање истражува повеќе од 500 извештаи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), се вели во извештајот објавен синоќа. Во него се наведува дека иако многу од НЛО се покажало дека се беспилотни летала или балони, природата на стотиците останува непозната. Од последниот извештај на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ДНИ) во јуни 2021 година, во кој се вели дека веќе биле истражени 144 НЛО, пријавени се најмалку 247 неидентификувани воздушни феномени. На таа бројка се додадени 119 случаи на мистериозни видувања на авиони пронајдени во архивите собрани повеќе од дваесет години. Така, вкупниот број на случаи е 510. Повеќето од новите феномени биле забележани од пилоти на американската морнарица и воздухопловни сили, соопшти американското разузнавање. Меѓу нив, речиси 200 имаат сосема банално објаснување. Се покажа дека станува збор за балони, беспилотни летала или загадување на воздухот, птици, временски феномени или пластични кеси што ги пренесува ветрот. Други, пак, немаат објаснување, според некласифицираното резиме на директоратот доставено до Конгресот. Нерешените случаи будно ги следат Пентагон, американските разузнавачки агенции и НАСА. Причината не е стравот од НЛО, туку шпионскиот капацитет на конкурентските земји. „Неидентификуваните воздушни феномени продолжуваат да претставуваат ризик за безбедноста на авијацијата и потенцијална закана за собирање разузнавачки информации“ од непријателските земји, се вели во извештајот. Во јуни, НАСА објави почеток на долгорочно проучување на објекти кои се движат невообичаено или многу брзо во атмосферата за што не може да се најде објаснување. Пентагон создаде канцеларија во ноември 2021 година за да се занимава со собирање и анализа на сите информации за НЛО, со оглед на зголемениот притисок од Конгресот на таа тема.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanskoto-razuznavane-istrazhuva-nad-500-izveshtai-za-nlo/feed/ 0
Снимена необјаснива појава на кинеското небо, тврдат дека е НЛО: Снимката е автентична, а пристигна и стручно толкување (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimena-neobjasniva-pojava-na-kineskoto-nebo-tvrdat-deka-e-nlo-snimkata-e-avtentichna-a-pristigna-i-struchno-tolkuvanje-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimena-neobjasniva-pojava-na-kineskoto-nebo-tvrdat-deka-e-nlo-snimkata-e-avtentichna-a-pristigna-i-struchno-tolkuvanje-video/#respond Thu, 17 Nov 2022 17:05:43 +0000 https://kurir.mk/?p=762541

На Инстаграм се појави видео од Кина на кое се гледа необјаснива појава на небото, слична на НЛО, која ги оставила очевидците без зборови. Очевидци во централната кинеска област Минкуин снимиле видео од објект на небото кој зад себе оставил многу необична трага која наликува на полноглавец. Според Newsflare, снимката била направена во таа област на 12 ноември. Ли Ланг, професор по астрономија во Пекинг, за медиумите изјавил дека најверојатно станува збор за „лансиран вештачки астрономски објект“. Оваа појава секако предизвикала шок кај корисниците на социјалните мрежи. Многумина се прашувале што би можело да биде тоа, а голем број од нив претпоставиле дека се работи за неидентификуван летечки објект.
Без разлика на одговорите, повеќето корисници на Инстаграм се согласиле дека глетката изгледа неверојатно. Меѓутоа, некои биле и премногу љубопитни. „Добро, може ли некој да ми каже што е тоа за да можам да заспијам вечерва?“, гласи еден од коментарите. „Тоа зајдисонце мора да било прекрасно, но ова е шлаг на тортата“, гласи друг коментар. Во меѓувреме, трет корисник вели: „Тоа е лансирање ракета, во последната секунда може да се види одвојувањето на првата фаза и палењето на моторот на втората. Меѓутоа, тоа би можело да биде некаков тест на балистичка ракета“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/snimena-neobjasniva-pojava-na-kineskoto-nebo-tvrdat-deka-e-nlo-snimkata-e-avtentichna-a-pristigna-i-struchno-tolkuvanje-video/feed/ 0
ПЕНТАГОН ПРИЗНА ДЕКА ПОСЕДУВА СНИМКИ ОД НЛО: Нема да ги објавиме, тоа ќе ја загрози националната безбедност https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pentagon-prizna-deka-poseduva-snimki-od-nlo-nema-da-gi-objavime-toa-kje-ja-zagrozi-nacionalnata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pentagon-prizna-deka-poseduva-snimki-od-nlo-nema-da-gi-objavime-toa-kje-ja-zagrozi-nacionalnata-bezbednost/#respond Tue, 13 Sep 2022 18:47:49 +0000 https://kurir.mk/?p=732197

Американската војска соопшти дека има снимки од мистериозни „Неидентификувани воздушни феномени“ (УАП) попознати како НЛО, но не може да ги објави поради загриженост за националната безбедност, тврдејќи дека „чувствителните“ видеа може да ја компромитираат одбраната на Америка, јавува РТ. Вака Командата за поморски воздушни системи ѝ одговорила на организацијата „Black Vault“ која поднесе барање за објавата на материјалите според Законот за слобода на информации во САД. „Работната група за УАП одговори и изјави дека бараните видеа содржат чувствителни информации кои се однесуваат на неидентификувани воздушни феномени (УАП) се класифицирани и се изземени од обелоденување во целост“, се вели во писмото. Се додава и дека ваквата информација „ќе ѝ наштети на националната безбедност“, бидејќи може „да им обезбеди на противниците вредни информации во врска со операциите, ранливостите и/или способностите на Министерството за одбрана и на Морнарицата“. Барањето на „Black Vault“ дојде набргу откако морнарицата објави три некласифицирани видеа на кои се прикажани НЛО-а, признавајќи дека снимката е автентична, дури и ако е необјаснета. Одговорот на морнарицата дојде по повеќе од две години по објавата. Војската тогаш објасни дека иако претходно објавила снимка, тој материјал веќе бил обелоденет до медиумите и бил „обемно дискутиран во јавноста“. „Со оглед на количината на информации во јавниот домен во врска со овие средби, беше можно да се објават досиејата без дополнителна штета на националната безбедност“, се вели во писмото. Чудните глетки снимени на видео од морнари и воздухопловци станаа извор на шпекулации, но владината вселенска агенција НАСА нагласи дека во моментов „нема докази дека УАП се вонземски по потекло“. Сепак, тоа не ја спречи НАСА да се приклучи на ловот на НЛО-а, бидејќи неодамна нарача студија со цел да се демистифицира проблемот, истакнувајќи дека недостатокот на проверливи податоци „го отежнува извлекувањето научни заклучоци за природата на таквите настани“. Одлуката на морнарицата беше обжалена на суд. Тоа значи дека постојат шанси досиејата да бидат објавени. Меѓутоа, ако се земе предвид „штетата на нацоиналната безбедност“ која ја спомнуваат од Пентагон, тогаш ова тешко дека ќе се случи. Јавната дискусија за НЛО почна да расте во 2017 година, кога беше откриено дека Пентагон водел проект познат како Напредна програма за идентификација на воздушни закани (ААТИП), чија задача е да идентификува НЛО-а. Трите протечени видеа, снимени од војската помеѓу 2004 и 2015 година, дополнително го поттикнаа интересот на јавноста за чудните воздушни средби, при што пратениците во Конгресот дури одржаа повеќе сослушувања за ова прашање, во некои случаи носејќи воени службеници да сведочат за НЛО-ата.в]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pentagon-prizna-deka-poseduva-snimki-od-nlo-nema-da-gi-objavime-toa-kje-ja-zagrozi-nacionalnata-bezbednost/feed/ 0
Поранешен претставник на Сенатот: САД прикриваат податоци за НЛО-а https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-pretstavnik-na-senatot-sad-prikrivaat-podatoci-za-nlo-a/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-pretstavnik-na-senatot-sad-prikrivaat-podatoci-za-nlo-a/#respond Tue, 13 Oct 2020 09:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=415628

Хари Рид, поранешен официјален претставник на мнозинството во американскиот Сенат, тврди дека Владата на САД прикрива информации за НЛО-а со години. – Тоа е многу лошо за нашата земја… Повеќето (од случаите) не излегле во јавноста, изјави Рид. Во новиот документарец „Феномен“ на режисерот Џејмс Фокс, се говори за неколкуте случаи кога Морнарицата на САД забележала НЛО-а, коишто неодамна беа потврдени од американските власти. Се разгледува и еден новообјавен извештај на морнарицата од 1967 година, како и други случаи над и вон САД. – Ако сѐ зависеше од претседателот, овие податоци никогаш немаше да бидат објавени, вели Рид во документарниот филм. Според неговото кажување, тој учествувал во изготвувањето на законите околу таа строго доверлива американска владина Програма за НЛО-а. Вели и оти треба да се потрошат и повеќе пари за проучување на овие појави. НЛО-стручњакот Ли Шпигел, поранешен новинар на весникот „Хафпост“, смета дека вистината треба да се прикаже заради безбедноста на сите луѓе и нации на нашата планета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-pretstavnik-na-senatot-sad-prikrivaat-podatoci-za-nlo-a/feed/ 0
Пентагон формира работна група за анализа на појави на НЛО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-formira-rabotna-grupa-za-analiza-na-pojavi-na-nlo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-formira-rabotna-grupa-za-analiza-na-pojavi-na-nlo/#respond Sat, 15 Aug 2020 08:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=390968

Министерството за одбрана на САД одлучи да формира работна група за испитување на појава на неидентификувани летачки објекти (НЛО), се вели во соопштението на Пентагон. Целта е да се подобрат перцепциите за тој проблем и за природата и потеклото на НЛО. Мисијата на работната група е да ги откријат, анализираат оние НЛО што можат потенцијално да претставуваат закана за националната безбедност на САД, се вели во документот. Телевизијата Си-Ен-Ен, повикувајќи се на официјални претставници на министерството, објави дека Пентагон е во процес на формирање таква работна група, при што проектот го предводи првиот заменик секретар за одбрана Дејвид Норкист. Во јуни, Доналд Трамп вети дека ќе размисли за отстранување на тајноста од материјалите за НЛО и особено за т.н. „Инцидент од Розвел“ што се случи на 4 јули 1947 година. На крајот на април годинава Пентагон објави видеа од морнарицата на САД, кои според извештаите на медиумите се снимени „воздушни феномени“ што се карактеризираат како неидентификувани. Тие снимки направени се од американски воени авиони во ноември 2004 и јануари 2015 година. Одамна се криени од министерството, иако нивната автентичност подоцна беше потврдена од морнарицата на САД. Кон крајот на 2017 година, се дозна дека Пентагон има тајна програма за собирање и анализа на податоци за „воздушно-вселенски закани“, за што биле потрошени десетици милиони долари. Првично, таа програма била во одделот за разузнавање на Министерството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pentagon-formira-rabotna-grupa-za-analiza-na-pojavi-na-nlo/feed/ 0
ВИДЕО: Американските власти објавија три снимки од НЛО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-amerikanskite-vlasti-objavija-tri-snimki-od-nlo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-amerikanskite-vlasti-objavija-tri-snimki-od-nlo/#respond Wed, 29 Apr 2020 08:45:29 +0000 https://kurir.mk/?p=339133

Пентагон официјално објави три видеа кои прикажуваат „неидентификувани воздушни појави”. Тие претходно беа објавени и од една приватна фирма. Американската морнарица лани ја потврди автентичноста на видеата. На нив се гледа како непознатите летечки објекти (НЛО-а) се движат, а американските војници зачудено коментираат како тоа движење е невообичаено брзо, но и дека може да станува збор за дронови. – Ги објавуваме снимките сега за да ги расчистиме заблудите околу тоа дали тие се автентични или не, и дали има уште такви. По темелно разгледување, Министерството за одбрана одлучи дека официјално објавување на овие видеа кои не се сметаат за тајни, не открива никакви чувствителности и опасности и не би пречело на каква било наредна истрага за забележување неидентификувани воздушни појави во воениот простор, појасни гласноговорничката на Пентагон, Сју Гоу. Морнарицата сега има формален протокол за пријавување неидентификувани летечки објекти. Луис Елизондо, поранешен разузнавач, во 2017 година, во емисија на Си-ен-ен рече дека има силни докази дека „не сме сами”. Сенаторот Хери Реид, иницијатор на владиниот проект за следење НЛО-а, којшто беше активен 2007 – 2012 година, на Твитер го поздрави потегот на Пентагон, но и рече дека сега „површината на сѐ тоа е само начната“, односно има уште многу такви материјали и истражувачка работа. „САД мора на сериозен научен начин да ги проучити потенцијалните последици коишто би ги имало од сѐ ова по националната безбедност”, додава Реид. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-amerikanskite-vlasti-objavija-tri-snimki-od-nlo/feed/ 0