ноа година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Dec 2022 14:22:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ноа година – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јаневски: Град Скопје не е доволно конкурентен поради немање јасна програма за дочек на Новата година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/#respond Thu, 22 Dec 2022 14:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=779166

Поради недостатокот на јасна програма за пречек на Новата година Градот Скопје не е доволно конкурентен со останатите метрополи и поголеми градови во регионот, оцени денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски. -Во 2022 година недостасуваат организираните тури, но и поголема не само промоција на Скопје како главен град, туку како бизнис центар кој треба да функционира во текот на 12 месеци. Има и недостаток на манифестации и на јасна програма за пречек на Новата година и кои ѕвезди ќе настапат. Поради тоа нашите туроператори беа оневозможени да го промовираат и да го стават Скопје во нашата програма за пречек на 2023 година, рече Јаневски во одговор на прашање на денешната прес-конференција. Нагласи дека доколку се направи компарација со Ниш може да се согледа дека Ниш уште во ноември знаеше кој ќе биде на плоштадот за Нова година, која е програмата и, како што посочи, уште на крајот на ноември беа распродадени комплетните сместувачки капацитети. -Голем бројна домашни туристи ќе останеа во главниот град и во другите наши туристички центри доколку ги имавме програмите за пречек на 2023 година. На ваков начин ќе имаме одлив на домашни туристи и многу помал број на странски туристи за пречекот на Новата година, потенцира Јаневски. Укажа дека Охрид има посолидна програма за пречекот на Новата 2023 година затоа што е веќе објавена на нивниот сајт и туристите можат да видат што и како ги очекува за новогодишната ноќ. -Во иднина очекувам многу порано да ги знаеме ѕвездите кои ќе настапуваат, многу појасно да бидат третирани, а туристичките сектори во локалниот економски развој да имаат презентации пред туроператорите што нуди градот за новогодишните празници. Ги охрабрувам се повеќе и повеќе да создаваат манифестации кои ќе третираат регионални и европски сегменти на туристичка понуда. Ако Скопје го има Скопскиот маратон треба да имаме ефект од тоа во туристичката индустрија и секоја година да расте и да стане брендирана манифестација. Тоа исто треба да се случува и со останатите спортски манифестации и настани од културен карактер, потенцира Јаневски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janevski-grad-skopje-ne-e-dovolno-konkurenten-poradi-nemanje-jasna-programa-za-dochek-na-novata-godina/feed/ 0