НОБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Oct 2023 09:04:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png НОБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Изведба на балетот „Есмералда“ во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-baletot-esmeralda-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-baletot-esmeralda-vo-nob/#respond Wed, 18 Oct 2023 09:04:48 +0000 https://kurir.mk/?p=890217

Во Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Есмералда“, од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква" од Виктор Иго, ќе биде под диригентство на Бисера Чадловска. Кореограф е реномираниот Михаил Крапивин од Русија, сценографијата и костимографијата се на Живојин Трајановиќ и Љупка Ристовска, додека концерт-мајстор е Климент Тодороски. Во насловната улога ќе настапи примабалерината Мими Поп Алексова-Атанасовска, улогата на Феб ќе ја одигра Балаж Лочеи од Унгарија, улогата на Флер де Лис и е доверена на Христина Наќевска, додека во улогата на Гудула ќе настапи Марија Јосифовска Ристовска која оваа година одбележува 25 години уметничка дејност. Клод Фроло ќе биде Мирослав Митрашиновиќ, а Квазимодо Ендру Кук од Англија. Ќе настапат балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/izvedba-na-baletot-esmeralda-vo-nob/feed/ 0
Музичко-сценски спектакл „Фолклорно-класична симбиоза“ на НОБ и „Танец“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzichko-stsenski-spektakl-folklorno-klasichna-simbioza-na-nob-i-tanets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzichko-stsenski-spektakl-folklorno-klasichna-simbioza-na-nob-i-tanets/#respond Wed, 27 Sep 2023 06:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=882110

На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се одржи „Фолклорно-класична симбиоза“, музичко-сценски спектакл на НУ Национална опера и балет и НУ „Танец“. За прв пат во македонската понова историја, Националната опера и балет и „Танец“ ќе прозвучат заедно, со повеќе од 130 учесници на сцена, во заедничка изведба на симфонизираните антологиски кореографии „Осоговка“, „Малешевка“, „Жетварка“, „Пиринско пролетно цвеќе“, „Водарки“, како и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на „Танец“. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Настапува оркестарот, хорот и играорниот кор на НУ Танец, како и оркестарот и хорот на НУ Национална опера и балет. -Фолклорно-класична симбиоза е замислен како музичка фузија на две различни традиции - класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на „Танец“). Македонската јавност и македонската музичка култура во целост ќе добијат уште едно комплексно дело со врвен уметнички израз, кое на достоинствен начин го чува и унапредува македонското музичко творештво, се наведува во соопштението од Национална опера и бале]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzichko-stsenski-spektakl-folklorno-klasichna-simbioza-na-nob-i-tanets/feed/ 0
„Норма“ на сцената на НОБ со првенката Ѓиновска-Илкова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/norma-na-scenata-na-nob-so-prvenkata-gjinovska-ilkova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/norma-na-scenata-na-nob-so-prvenkata-gjinovska-ilkova/#respond Fri, 21 Oct 2022 05:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=748708

На сцената на Националната опера и балет вечер во 20:00 часот ќе биде изведена „Норма“, ремек-делото на Винченцо Белини, која се смета за една од водечките белканто опери во светската оперска литература. „Норма“ е трагична опера во два чина, која најмногу се поврзува со магичната арија-молитва на Норма „Casta Diva“. Трогателна приказна за друидската свештеничка и нејзината саможртва во име на љубовта. Операта е под диригенство на Иван Еминовиќ, режијата е на Ренато Бонајуто (Италија), сценограф и костимограф е Флавио Арбети (Италија), коавтор на костимите Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ. Во насловната улога ќе настапи Весна Ѓиновска-Илкова, во улогата на Полионе Зоран Сотиров, Адалџиза ќе ја донесе на сцената Сандра Митровска, во улогата на Оровезо е Владимир Саздовски, во улогата на Клотилде ќе настапи Соња Пендовска Мадевска, а како Флавио Дејан Стоев, Деца: Василиј и Стефан Дашиќ. Настапуваат хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/norma-na-scenata-na-nob-so-prvenkata-gjinovska-ilkova/feed/ 0
Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на НОБ гостува во Софија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskata-pretstava-gospogjicite-od-avinjon-na-nob-gostuva-vo-sofija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskata-pretstava-gospogjicite-od-avinjon-na-nob-gostuva-vo-sofija/#respond Fri, 08 Jul 2022 06:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=702028

Националната опера и балет денеска гостува со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ на Софискиот фестивал на музички театар. Режисер е Олга Панго – примабалерина, кореограф и директор на Балетот на НОБ, јавува дописникот на МИА од Софија. Претставата ќе биде изведена во Паркот на Воената академија во Софија, а доколку времето е лошо, ќе се игра на сцената на Музичкиот театар. Во рамките на фестивалот, на голема сцена во Музичкиот театар, Олга Панго ќе зборува за тенденциите на современиот танц во класичниот балет. Таа ќе го сподели своето искуство за кореографијата во мјузиклите и за потребата од нови движења во современите балетски и танцови претстави. Со претставниците на Националната опера и балет, Панго претходно ќе го посети Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија и ќе има средба со неговиот директор Сашко Насев, кој ќе ги запознае со односи меѓу двете земји во областа на културата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/baletskata-pretstava-gospogjicite-od-avinjon-na-nob-gostuva-vo-sofija/feed/ 0
„Травијата“ од Џузепе Верди вечер во Националната опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/travijata-od-dzuzepe-verdi-vecher-vo-nacionalnata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/travijata-od-dzuzepe-verdi-vecher-vo-nacionalnata-opera-i-balet/#respond Fri, 17 Dec 2021 07:19:06 +0000 https://kurir.mk/?p=609568

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена операта „Травијата“ од Џузепе Верди под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Верена Штојбер (Германија). Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон: Марјан Јованоски. Во останатите улоги ќе настапат Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски и Диме Петров. Сценографухаијата и костимографијата е на Софија Шнајдер од Германија, а кореограф е Саша Евтимова. Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/travijata-od-dzuzepe-verdi-vecher-vo-nacionalnata-opera-i-balet/feed/ 0
Концерт на солистите на Националната опера и балет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-solistite-na-nacionalnata-opera-i-balet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-solistite-na-nacionalnata-opera-i-balet/#respond Mon, 25 Oct 2021 05:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=584806

По повод Светскиот ден на операта вечер со почеток во 20 часот во Националната опера и балет, ќе се одржи концерт на солистите на Националната опера и балет. На концертот ќе настапат солистите Марјан Јованоски (баритон) и Владимир Саздовски (бас). Додека, гостин ќе биде Сандра Митровска (сопран); Пијано придружба Елена Сиљаноска. На програмата се арии и дуети од оперите на П. И. Чајковски, Џ. Верди, У. Џордано, А. Дворжак и П. Маскањи]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncert-na-solistite-na-nacionalnata-opera-i-balet/feed/ 0
Со концерт на оркестарот на НОБ ќе биде отворено „Скопско лето“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-orkestarot-na-nob-kje-bide-otvoreno-skopsko-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-orkestarot-na-nob-kje-bide-otvoreno-skopsko-leto/#respond Mon, 21 Jun 2021 05:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=525877

Со концерт на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови, вечер во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021“. Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ. Од НОБ информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во ограничен број, посочуваат од Национална опера и балет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/so-koncert-na-orkestarot-na-nob-kje-bide-otvoreno-skopsko-leto/feed/ 0
Гала оперски концерт во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gala-operski-koncert-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gala-operski-koncert-vo-nob/#respond Fri, 19 Feb 2021 06:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=470795

Нацоналната опера и балет вечер од 20 часот ќе одржи гала оперски концерт, на кој ќе бидат изведени дела на Штраус, Моцарт, Росини, Верди, Чајковски, Бизе, Доницети, Пучини и Лехар. На програмата се арии од најпознатите опери, како „Лилјакот“, „Тоска“, „Кармен“, „Моќта на судбината“ „Макбет“, „Евгениј Онегин“… Ќе настапат баритоните Ристе Велков и Драган Ампов и сопранистките Билјана Јосифов, Злата Тошевска и Ана Ројдева, во придружба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентство на Иван Еминовиќ. Настанот ќе се одржи со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на оперскиот концерт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/gala-operski-koncert-vo-nob/feed/ 0
Концертна изведба на „Травијата“ во НОБ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertna-izvedba-na-travijata-vo-nob/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertna-izvedba-na-travijata-vo-nob/#respond Wed, 16 Dec 2020 06:21:01 +0000 https://kurir.mk/?p=443753

Во Националната опера и балет вечер концертно ќе биде изведена Вердиевата „Травијата“. Диригент е Иван Еминовиќ. „Травијата“ концертно ќе биде изведена и на 18 декември. Со врвна солистичка екипа во улогата на Виолета Валери настапуваат Нада Талевска Спасовска (16.12) и Ана Дурловски (18.12), Алфред Жермон е Благој Нацоски, Жорж Жермон е Ристе Велков (16.12) и Борис Трајанов (18.12), Александра Василевска Лазаревски (16.12), Марика Поповиќ (18.12), Дејан Стоев, Драган Ампов, Борко Биџовски, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Од НОБ посочуваат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/koncertna-izvedba-na-travijata-vo-nob/feed/ 0
Директорка и примабалерина позитивни на коронавирус, 80 вработени во НОБ се во изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorka-i-primabalerina-pozitivni-na-koronavirus-80-vraboteni-vo-nob-se-vo-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorka-i-primabalerina-pozitivni-na-koronavirus-80-vraboteni-vo-nob-se-vo-izolacija/#respond Wed, 14 Oct 2020 14:55:52 +0000 https://kurir.mk/?p=416417

Уметничката директорка на Балетот Олга Панго и примабалерината Александра Мијалкова се позитивни на ковид-19, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на Националната опера и балет (НОБ) Васо Ристов. Поради контактите со нив, деновиве ќе се тестираат и уметничката директорка на Операта, Бисера Чадловска како и уште двајца колеги од маркетинг и од техничка служба, а откажан е најавениот гала-балетски концерт за на 30 октомври. -Директорката Панго ни изјави дека и таа и примабалерината се тестирале самоиницијативно и во приватни лаборатории откако два дена имале температура од 37.2 степени. Панго вели дека за време на пробите во салите и низ цел театар се почитувани сите заштитни мерки против зараза од ковид-19 и сите постојано носеле маски. Откако ги добила резултатите, Панго на нејзина инцијатива, без да биде исконтактирана од здравствените служби, ги испратила во самоизолација сите 80 колеги кои биле вклучени во пробите за концертот, пишува порталот. „Добри сме и јас и примабалерината Мијалкова. Не знам од каде сме заразени, на работните места се почитуваа сите протоколи“, вели Панго. Панго и Ристов потенцираат дека за осум месеци ова е прв случај на ковид-19 во најголемата културна институција во земјата, а досега имаа и премиера на Охридско лето и уште неколку настани во Скопје. Генералниот директор Ристов додава дека Оркестарот продолжува со тековни проби деновиве, а дополнително ќе се објави нов термин за концертот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorka-i-primabalerina-pozitivni-na-koronavirus-80-vraboteni-vo-nob-se-vo-izolacija/feed/ 0