нобелова награда за литература – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 11:57:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нобелова награда за литература – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jun-fose-dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-literatura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jun-fose-dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-literatura/#respond Thu, 05 Oct 2023 11:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=885560

Норвешкиот писател Јон Фосе ја доби Нобеловата награда за литература за 2023 година. Шведската кралска академија во соопштението соопшти дека наградата му е доделена на норвешкиот автор за неговите иновативни драми и проза. Овогодишната сезона на доделување Нобелови награди почна во понеделникот со објавување на имињата на лауреатите за медицина. Според традицијата, во вторник беше соопштен добитникот на Нобеловата награда за физика, во среда за хемија, а утре ќе биде објавен и добитникот на престижната награда за мир. Следниот понеделник ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за економија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/jun-fose-dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-literatura/feed/ 0
Петер Хандке, овогодишен лауреат на Нобеловата награда за литература https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peter-handke-ovogodishen-laureat-na-nobelovata-nagrada-za-literatura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peter-handke-ovogodishen-laureat-na-nobelovata-nagrada-za-literatura/#respond Thu, 10 Oct 2019 15:44:11 +0000 https://kurir.mk/?p=250260

Добитник на овогодинешната Нобелова награда за литература е австрискиот книжевник Петар Хандке, додека за минатата година е лауреат е полската писателка Олга Такарчук. Како што е наведено во образложението, Олга Такарчук е наградена за „наративна имагинација која со енциклопедиска страст го претставува преминување на границите како облик на живот“. Питер Хандке е награден за „влијателна работа, преку која со лингвистичка инвентивност ја истражува периферијата и специфичноста на човечкото искуство.“ Одлуката за наградата ја донесе проширениот комитет, составен од четворица членови на Академијата и петмина надворешни експерти, пренесува Хина. Оваа година се доделени две награди затоа што Шведската академија минатата година, првпат во седумдесет години одлучи да го одложи објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за литература поради скандал поврзан со сексуално злоставување.. Наградата се доделува од 1901 година. ссм/]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/peter-handke-ovogodishen-laureat-na-nobelovata-nagrada-za-literatura/feed/ 0
Годинава нема да се доделува без Нобеловата награда за литература https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godinava-nema-da-se-dodeluva-bez-nobelovata-nagrada-za-literatura/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godinava-nema-da-se-dodeluva-bez-nobelovata-nagrada-za-literatura/#respond Fri, 04 May 2018 08:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=49660

Оваа година нема да биде доделена Нобеловата награда за литература, соопшти денеска шведската академија. Академијата соопшти дека ќе го именува лауреатот за 2018 година „паралелно со именувањето на лауреатот за 2019 година". Одлуката е донесена поради „моментално девалвирана академија и намалената јавна доверба во академијата", се вели во соопштението. Академијата соопшти дека од 1901 година во седум прилики „ја задржала" наградата, а последен пат во 1949 година. Во пет наврати, наградата била доделена истовремено со наградата за следната година. Одлуката на академијата доаѓа откако на почетокот на април се појавија длабоки расправии за тоа како да се справат со наводите покренати против членовите на академијата, поетот Катарина Фростенсон и нејзиниот сопруг Жан-Клод Арно. Во ноември, адвокатска фирма беше ангажирана да ги истражи обвинувањата за сексуално вознемирување од 18 жени против Арно. Тој ги негира обвинувањата. За Фростенсон, исто така, се тврди дека ги прекршила правилата за конфликт на интереси на академијата со тоа што не открила дека е ко-сопственик на место кое го води нејзиниот сопруг, кој претходно добил средства од академијата. По неуспешното гласање за исклучување на Фростенсон, неколку членови се повлекоа или формално побараа да поднесат оставка. Осум од 18-те членови повеќе не се активни, меѓу кои и Сара Даниус, прва жена што ја предводела академијата уште од 1786 година. Нобеловата фондација денеска истакна дека ја поддржува одлуката на шведската академија да го одложи именувањето на лауреат за Нобелова награда за литература во 2018 година. „Нивната одлука ја нагласува сериозноста на ситуацијата и ќе помогне да се зачува долгорочниот углед на Нобеловата награда", соопшти фондацијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godinava-nema-da-se-dodeluva-bez-nobelovata-nagrada-za-literatura/feed/ 0