нобелова награда за мир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 12:41:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нобелова награда за мир – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Добитничката на Нобеловата награда за мир отслужува 12-годишна затворска казна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnichkata-na-nobelovata-nagrada-za-mir-otsluzhuva-12-godishna-zatvorska-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnichkata-na-nobelovata-nagrada-za-mir-otsluzhuva-12-godishna-zatvorska-kazna/#respond Fri, 06 Oct 2023 12:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=886094

Иранката Наргес Мохамади, која отслужува 12-годишна затворска казна е добитничка на Нобеловата награда за мир за 2023 година. Одборот за наградата го повика Иран да ja ослободи Мохамади, еден од водечките активисти за правата на жените и за укинување на смртната казна во Иран. - Норвешкиот Нобелов комитет одлучи да ја додели Нобеловата награда за мир за 2023 година на Наргес Мохамади за нејзината борба против угнетувањето на жените во Иран и нејзината борба за промовирање на човековите права и слобода за сите. Наградата, исто така, им оддава признание на стотиците илјади луѓе кои протестираа против дискриминацијата и угнетувањето на жените во Иран. Само со прифаќање на еднакви права за сите светот може да постигне братство меѓу народите што (основачот на наградата) Алфред Нобел се обиде да го промовира, истакна директорката на норвешкиот Нобелов комитет Берит Реис-Андерсен. Мохамади во моментов отслужува повеќекратни казни во затворот Евин во Техеран со вкупна должина од 12 години затвор. Неколку пати беше осудувана поради кампањата против смртната казна, а неколку пати беше и затворена во самица. Мохамади моментално отслужува казна од 10 години и 9 месеци под обвинение за дела против националната безбедност и пропаганда против државата. Таа беше осудена и на 154 удари со камшик, но оваа казна најверојатно до сега не е извршена. Нејзе и е забрането да ја напушта државата. Таа е заменик-директорка на невладината организација Центар за заштита на човековите права, основана од Ширин Ебади, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2003 година. Мохамади е 19-та жена што ја освоила наградата стара 122 години и прва откако Марија Реса од Филипини ја освои наградата во 2021 година заедно со Русинот Дмитри Муратов. Нобеловата награда за мир, вредна 11 милиони шведски круни (околу 950.000 евра), ќе биде врачена во Осло на 10 декември, на годишнината од смртта на шведскиот индустријалец Нобел, кој ја основал наградата во 1895 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnichkata-na-nobelovata-nagrada-za-mir-otsluzhuva-12-godishna-zatvorska-kazna/feed/ 0
Биле номинирани Хитлер и Сталин, ја добивале и затвореници: Досега непознати факти за Нобеловата награда за мир https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bile-nominirani-hitler-i-stalin-ja-dobivale-i-zatvorenici-dosega-nepoznati-fakti-za-nobelovata-nagrada-za-mir/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bile-nominirani-hitler-i-stalin-ja-dobivale-i-zatvorenici-dosega-nepoznati-fakti-za-nobelovata-nagrada-za-mir/#respond Fri, 07 Oct 2022 14:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=742531

Нобеловата награда за мир им се доделува на поединци или организации кои „најмногу придонеле или најсилно се заложиле за братството на народите, за распуштање или намалување на постојаните армии и за спроведување и промовирање на мировните конференции“. Годинава добитници на оваа престижна награда се белорускиот активист за човекови права Алес Бјалјацки, руската организација за човекови права Меморијал и украинската организација за човекови права Центар за граѓански слободи. Досега со Нобелова награда за мир добиле 110 лица и 27 организации. Нобеловата награда за мир првпат е врачена во 1901 година, а добитници се основачот на Црвениот крст, Анри Динан и основачот на француското мировно друштво Фредерик Паси. Но, за време на Прва и Втора светска војна, како и во годините кога се забележани поголеми конфликт, Нобеловиот комитет одлучил да не се доделува наградата за мир. Така во 1914, 1915, 1916, 1918, 1923, 1924, 1928, 1932, 1939, 1940, 1941, 1942, 1943, 1948, 1955, 1956, 1966, 1967 и во 1972 година не е доделена Нобеловата награда за мир. Комитетот е составен од пет членови именувани од норвешкиот Парламент, чиј мандат е шест години. Тие се независни од Парламентот. Законодавци, академици, поранешни лауреати за мир, директори на мировни истражувачки институти и актуелни и некогашни членови на Нобеловиот комитет се меѓу оние кои имаат право да предложат кандидати. Нобеловата награда за мир досега трипати ја има добиено Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1917, во 1944 и во 1963 година, додека Канцеларијата на Високиот комесаријат на Обединетите Нации за бегалци ја доби двапати, во 1954 и во 1981 година. Најмладиот лауреат за мир е Малала Јусафзаи, која имаше 17 години кога беше наградена во 2014 година. Најстариот е Џозеф Ротблат, награден на 87-годишна возраст во 1995 година. Во 1973 година добитници на Нобеловата награда за мир се виетнамскиот и американскиот политичар, Ле Дук То и Хенри Кисинџер за постигнатиот мировен договор, со кој заврши војната во Виетнам. Покрај овогодишниот белорускиот активист Бјалјацки, уште тројца лауреати биле во затвор кога добија награди. Германскиот пацифист и новинар Карл фон Осиецки во 1935, мјанмарската опозиционерка Аунг Сан Су Чи во 1991 и кинескиот активист Лиу Ксиаобо во 2010 година. Досега само една Нобелова награда за мир е доделена постхумно, на Даг Хамарскјолд во 1961 година. Од 1974 година одлучено е наградата да не се доделува постхумно, освен доколку смртта се случи по нејзиното објавување. Имињата на номинираните за Нобелова награда за мир може да не бидат објавени 50 години. Сега е познато дека Јосиф Сталин бил номиниран двапати, а Адолф Хитлер бил номиниран во 1939 година. Махатма Ганди бил номиниран во 1937, 1938, 1939, 1947 и во 1948 година, непосредно пред неговиот атентат. Во 2016 година имало рекордни 376 номинации за 228 лица и 148 организации. Додека годинава имаше 343 номинации. Лауреатите добиваат пари, а годинава наградата е во вредност од вкупно 10 милиони круни (900.000 американски долари).  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/bile-nominirani-hitler-i-stalin-ja-dobivale-i-zatvorenici-dosega-nepoznati-fakti-za-nobelovata-nagrada-za-mir/feed/ 0
Норвешкиот Нобелов комитет ја повика Белорусија да го ослободи годинешниот лауреат Бељацки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkiot-nobelov-komitet-ja-povika-belorusija-da-go-oslobodi-godineshniot-laureat-beljacki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkiot-nobelov-komitet-ja-povika-belorusija-da-go-oslobodi-godineshniot-laureat-beljacki/#respond Fri, 07 Oct 2022 12:11:19 +0000 https://kurir.mk/?p=742424

Норвешкиот Нобелов комитет денеска ја повика Белорусија да го ослободи затворениот активист за човекови права Алеш Бељацки, годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир што ја дели со руска и украинска невладина организација со иста ориентација. „Нашата порака е дека ги повикуваме властите во Белорусија да го ослободат Бељацки и се надеваме дека тоа ќе се случи и оти тој ќе дојде во Осло за да добие признание“, изјави претседателката на Комитетот Берит Реис-Андерсен. „Но, во Белорусија има илјадници политички затвореници и се плашам дека мојата желба не е реална“, додаде таа. Норвешкиот Нобелов комитет Нобеловата награда за мир оваа година им ја додели на Бељацки, на руската организација за човекови права „Меморијал“ и на украинската организација „Центар за граѓански слободи“. Шеесетгодишниот Алеш Бељацки е основач на Центарот за човекови права „Весна“ во Белорусија, основан во 1996 година како одговор на бруталното задушување на уличните протести во земјата од страна на Александар Лукашенко. Тој беше во затвор од 2011 до 2014 година за даночно затајување. Повторно беше уапсен во 2020 година по масовните протести одржани поради, како што тврдеа опозицијата и независните набљудувачи, наместените избори што го одржаа Лукашенко на власт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/norveshkiot-nobelov-komitet-ja-povika-belorusija-da-go-oslobodi-godineshniot-laureat-beljacki/feed/ 0
Објавени добитниците на Нобеловата награда за мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-dobitnicite-na-nobelovata-nagrada-za-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-dobitnicite-na-nobelovata-nagrada-za-mir/#respond Fri, 07 Oct 2022 09:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=742300

Белорускиот активист Алес Бјалиатски, руската група за човекови права Меморијал и украинската организација Центар за граѓански слободи се добитници на Нобеловата награда за мир за 2022 година за нивните напори да документираат кршење на човековите права, објави норвешкиот Нобелов комитет. Нобеловата награда за мир од 1901 година секоја година се доделува во Осло, а ја доделува Шведската кралска академија. Одборот кој одлучува на кого ќе му биде врачена оваа награда е составен од пет членови, кои ги бира норвешкиот парламент на секои шест години. Иако никаде не е одредено дека членовите мора да бидат Норвешани до денес сите членови на комитетот биле норвешки државјани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/objaveni-dobitnicite-na-nobelovata-nagrada-za-mir/feed/ 0
Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-go-nominira-zelenski-za-nobelova-nagrada-za-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-go-nominira-zelenski-za-nobelova-nagrada-za-mir/#respond Fri, 18 Mar 2022 06:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=649186

Голем број европски политичари предложија Володимир Зеленски да биде номиниран и да ја добие Нобеловата награда за мир за 2022 година, се наведува во нивното писмо објавено на специјалната веб-страница nobelprizeforukraine. Актуелни и поранешни политичари, европратеници, го повикаа норвешкиот Нобелов комитет да ја преиспита процедурата за номинирање за Нобеловата награда за мир за 2022 година и да го продолжи рокот за пријавување за да има време на лустата да се додаде и Володомир Зеленски. Прес-службата на Норвешкиот Нобелов комитет објави дека оваа година за Нобеловата награда за мир се номинирани 251 поединец и 92 организации. Рускиот новинар и главен уредник на „Новаја газета“ Дмитриј Муратов и филипинската новинарка Марија Реса ја добија Нобеловата награда за мир за 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskiot-parlament-go-nominira-zelenski-za-nobelova-nagrada-za-mir/feed/ 0
Зеленски номиниран за Нобеловата награда за мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-nominiran-za-nobelovata-nagrada-za-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-nominiran-za-nobelovata-nagrada-za-mir/#respond Thu, 17 Mar 2022 18:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=649076

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е номиниран за Нобеловата награда за мир. Ова го соопшти Врховната Рада, пренесуваат медиумите. -Храбрите Украинци се борат за зачувување на демократијата и самоуправата. Од пркосот на демократски избраниот украински претседател Володимир Зеленски до човек со солзи во очите кој се збогува од своето семејство за да се бори за својата земја, луѓето ширум Украина се креваат да се спротивстават на силите на авторитаризмот. Нашите зборови на сочувство и поддршка тешко можат да ги оправдаат жртвите што ги прават за принципите на човековите права и мирот, се вели во заедничкото писмо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-nominiran-za-nobelovata-nagrada-za-mir/feed/ 0
Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-kandidaturi-za-nobelovata-nagrada-za-mir-vo-uslovi-na-vojna-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-kandidaturi-za-nobelovata-nagrada-za-mir-vo-uslovi-na-vojna-vo-ukraina/#respond Wed, 02 Mar 2022 07:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=639081

Во услови кога војната во Украина е главна тема на вестите во светот оваа година се поднесени дури 343 кандидатури за Нобеловата награда за мир. Норвешкиот Нобелов институт соопшти дека станува збор за 251 кандидати поединци и 92 организации. Рекордна по бројот беше 2016 година кога за наградата беа поднесени 376 кандидатури. Руската воена интервенција во Украина сепак би можел да влијае врз списокот кандидати оттаму што петтемина членови на Одборот за доделување на наградата имаат право да предложат свој кандидат што би можело да се случи веќе в понеделник за кога е закажана нивната прва работна средба. Иако Институтот не ги открива кандидатите, некои од нив веќе се познати поради тоа што нивниот идентитет можат да го објават приватните или правните лица што ги поднеле кандидатурите за нив. Веќе за наградата се предложени демократски активисти од Мијанмар, белоруската опозициска лидерка, Светлана Тихановскаја, папата Франциск и некои од активистите за борба против климатските промени, како младата Грета Тунберг и славниот Дејвид Атенборо. Застапникот на норвешката популистичка десница во саботата истакна иако најверојатно е веќе доцна, за годинешната кандидатура сакале да го предложат украинскиот претседател Володимир Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-300-kandidaturi-za-nobelovata-nagrada-za-mir-vo-uslovi-na-vojna-vo-ukraina/feed/ 0
ФОТО: Се омажи најмладата добитничка на Нобелова награда Малала Јусафзаи, на 15 години преживеа и ат*нтат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-se-omazi-najmladata-dobitnichka-na-nobelova-nagrada-malala-jusafzai-na-15-godini-prezivea-i-at-ntat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-se-omazi-najmladata-dobitnichka-na-nobelova-nagrada-malala-jusafzai-na-15-godini-prezivea-i-at-ntat/#respond Wed, 10 Nov 2021 07:45:15 +0000 https://kurir.mk/?p=593436

Добитничката на Нобеловата награда за мир и активистка за човековите права, Малала Јусафзаи (24) објави дека се омажила за партнерот Асер Малик на скромна церемонија во Бирмингем. -Денес е посебен ден во мојот живот. Асер и јас се обврзавме да бидеме партнери до крајот на животот. Возбудени сме што заедно ќе чекориме по патот кој е пред нас, напиша Јусафзаи. Малала на 17 години стана најмладиот добитник на Нобелова награда од било која област, кога во 2014 година за подели наградата за мир до индиската активистка за правата на децата Кајлаш Сатирахи. Јусафзаи е позната како борец за правото на образование и правата на жените, особено во деловите каде талибанците забраниле девојчињата да одат на училиште. На 9 октомври 2012 година над неа е извршен атентат, кога напаѓачот влегол во училишниот автобус додека се враќала од училиште и ја застрелал со два куршуми во главата и вратот. Одговорноста за нападот ја превземаа талибанците. По атентатот таа била во критична состојба, но откако малку и се подобрила здравствената состојба била пренесена во Бирмингем на понатамошно лекување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-se-omazi-najmladata-dobitnichka-na-nobelova-nagrada-malala-jusafzai-na-15-godini-prezivea-i-at-ntat/feed/ 0
Доделувањето на Нобеловата награда за мир ќе биде со лично присуство во Осло https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeluvanjeto-na-nobelovata-nagrada-za-mir-kje-bide-so-lichno-prisustvo-vo-oslo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeluvanjeto-na-nobelovata-nagrada-za-mir-kje-bide-so-lichno-prisustvo-vo-oslo/#respond Wed, 27 Oct 2021 05:55:20 +0000 https://kurir.mk/?p=586143

Церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир годинава ќе се одржи во живо, во декември, во потесен круг лица на Осло, објави вчера Нобеловиот комитет. „На свеченоста ќе бидат присутни двајцата годинашни добитници на Нобеловата награда за мир, Марија Реса и Дмитриј Муратов, како и претставник на минатогодишниот лауреат – Светската програма за храна“, напиша во пораката испратена по електронска пошта, Олав Њолстад, секретар на норвешкиот Нобелов комитет, пренесоа француските медиуми. Новинарите Марија Реса и Дмитриј Муратов, храбри борци за слобода на говорот, се годинешни добитници на Нобеловата награда за мир. Муратов (59) е главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“ и првиот Русин што ја доби наградата по поранешниот советски лидер Михаил Горбачов, кој помогна да се отвори овој весник со парите што ги доби токму од Нобеловата награда за мир во 1990 година. Реса (58) со уште три новинарки во 2012 година го основаше филипинскиот портал за истражувачки вести „Рапер“, фокусирајќи ја својата работа на следењето на контроверзната и насилна војна против дрогата што ја почна филипинскиот претседател Родриго Дутерте. Втората церемонија ќе се одржи истиот ден во Стокхолм за добитниците на другите Нобелови награди, за медицина, физика, хемија, литература и економија. Нобеловата фондација наведува дека поради пандемијата оваа награда ќе им биде доделена на добитниците во нивните земји. -Добитниците ќе ги примат одликувањето и дипломата во своите земји поради неизвесноста во врска со пандемијата и меѓународните летови, изјави директорот на Фондацијата, Видар Хелгесен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dodeluvanjeto-na-nobelovata-nagrada-za-mir-kje-bide-so-lichno-prisustvo-vo-oslo/feed/ 0
Во Осло денеска ќе биде соопштено името на добитникот на Нобеловата награда за мир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-oslo-deneska-kje-bide-soopshteno-imeto-na-dobitnikot-na-nobelovata-nagrada-za-mir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-oslo-deneska-kje-bide-soopshteno-imeto-na-dobitnikot-na-nobelovata-nagrada-za-mir/#respond Fri, 08 Oct 2021 05:55:27 +0000 https://kurir.mk/?p=575134

Комитетот за мир, специјално избран од норвешкиот парламент, денеска во Осло ќе го објави името на добитникот на Нобеловата награда за мир. Наградата лани и беше доделена на Светската програма за храна на ОН. На 1 март, Нобеловата фондација објави дека вкупно 329 кандидати биле номинирани за годинашната Нобелова награда за мир. Норвешкиот комитет за мир нема навика да ги открива имињата на кандидатите на медиумите или на самите кандидати. Наградата за мир се доделува во Осло, за разлика од другите Нобелови награди што се доделуваат во Стокхолм, и традиционално се доделува на 10 декември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-oslo-deneska-kje-bide-soopshteno-imeto-na-dobitnikot-na-nobelovata-nagrada-za-mir/feed/ 0