Нобеловата награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Oct 2022 10:17:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нобеловата награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Добитник на Нобеловата награда за медицина е шведскиот генетичар Пабо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-medicina-e-shvedskiot-genetichar-pabo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-medicina-e-shvedskiot-genetichar-pabo/#respond Mon, 03 Oct 2022 10:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=740343

Добитник на Нобеловата награда за медицина годинава е шведскиот генетичар Сванте Пабо, за откритија во областа на изумрените хоминински геноми и човечката еволуција. Со своето пионерско истражување Пабо постигна нешто навидум невозможно: секвенционирање на геномот на неандерталецот. Тој го направи и сензационалното откритие на непознатиот Денисов хоминин. Пабо, исто така открил дека се случил трансфер на гени од овие сега изумрени хоминини до Хомо сапиенс по миграцијата од Африка пред околу 70.000 години. Древниот на гени до денешниот човек има физиолошка важност на пример, влијае на тоа како нашиот имунолошки систем реагира на инфекции. Неговото истражување создаде целосно нова научна дисциплина – палеогеномика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dobitnik-na-nobelovata-nagrada-za-medicina-e-shvedskiot-genetichar-pabo/feed/ 0
Американците Милгром и Вилсон добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/#respond Mon, 12 Oct 2020 11:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=415294

Американските економисти Пол Милгром и Роберт Вилсон се добитници на Нобеловата награда за економија за 2020 година за унапредување на теоријата на аукции и иновација на нови формати на аукции, соопшти денеска шведската Кралска академија на науките. – Новиот формат на аукции е убав пример како со истражување на основите може дополнително да се креираат изуми кои им користат на општеството, се наведува во соопштението на Академијата. Нобеловата награда за економија е во вредност од 10 милиони шведски круни (1,14 милиони долари) и не е една од петте изворни награди востановени во 1895 година од пронаоѓачот на динамитот Алфред Нобел. Нобелова награда за економија првпат е доделена во 1969 година. Минатата недела во Стокхолм беа објавени лауреатите на Нобеловата награда за медицина,физика,хемија и литература, а во Осло беше објавен добитикот на Нобеловата награда за мир. Нобеловата награда за медицина ја добија двајца американски .добитници се Британецот Мајкл Хотон и Американците Харви Алтер и Чарлс Рајс. Роџер Пенроуз, Рајнхард Генцел и Андреа Гез се добитници на Нобеловата награда за физика за 2020 година за откривање на црните дупки. Французинката Еманнуел Шарпантије и Американката Џенифер А. Даудна се лауерати на Нобеловата награда за хемија за развој на методата за модифицирање на геномот. Нобеловата награда за литература оваа година ја доби американската поетеса Луиз Глик, а Нобеловата награда за мир ја доби Светската програма за храна на Обединети нации за напорите во борбата против гладта и недостигот на храна ширум светот. Наградите традиционално се врачуваат на 10 декември, денот кога почина Нобел (1833-1896), но церемонијата во Стокхолм е откажана поради пандемијата со Ковид-19, а во Осло ќе биде одржана церемонија во помала сала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikancite-milgrom-i-vilson-dobitnici-na-nobelovata-nagrada-za-ekonomija-za-2020-godina/feed/ 0
Нобеловата награда за мир за 2020. ја доби Агенцијата за храна на ОН – „Ова е момент на гордост“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nobelovata-nagrada-za-mir-za-2020-ja-dobi-agencijata-za-hrana-na-on-ova-e-moment-na-gordost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nobelovata-nagrada-za-mir-za-2020-ja-dobi-agencijata-za-hrana-na-on-ova-e-moment-na-gordost/#respond Fri, 09 Oct 2020 10:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=414320

Агенцијата за храна и лекови на Обединетите нации (СФП) (Светска програма за храна) ја доби годинашната Нобелова награда за мир поради глобалната борба против гладот, соопшти денеска Нобеловиот комитет. Наградата од 1,1 милион долари ќе му биде доделена на претставник на лауреатот на свеченост на 10 декември во Осло. Во трката за оваа престижна награда годинава имаше 318 кандидати, од кои 211 индивидуалци и 107 организации. -Ова е момент на гордост за Светската програма за храна (СФП), изјави Томсон Фири, портпарол на агенцијата на ОН, откако организацијата беше прогласена за добитник на Нобеловата награда за мир во 2020 година. „Оваа година ние ги надминавме повиците да одговориме на обврските“, бидејќи СФП ја одржуваше меѓународната помош и покрај пандемиските карантини и транспорни блокади, изјави Фири на брифинг со новинарите во Женева, пренесе ДПА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nobelovata-nagrada-za-mir-za-2020-ja-dobi-agencijata-za-hrana-na-on-ova-e-moment-na-gordost/feed/ 0
Комитет: Нобеловата награда не може да биде одземена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-nobelovata-nagrada-ne-moze-da-bide-odzemena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-nobelovata-nagrada-ne-moze-da-bide-odzemena/#respond Sat, 12 Oct 2019 09:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=250720

Нобеловата награда не може да се одземе бидејќи статутите на Нобеловата фондација не ја споменуваат таквата можност, соопшти Комитетот за литература на Кралската шведска академија на науките. Откако голем број лица и организации ја осудија одлуката на Комитетот за доделување на Нобелова награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке, од Нобеловата фондација порачаа дека Нобеловата награда не може да биде отповикана. „Нобеловата награда не може да се одземе. Статутите на Нобеловата фондација не ја спомнуваат таквата можност. Ниту еден одбор за доделување на наградите во Стокхолм или Осло никогаш не размислувал за одземање на наградата откако ќе биде доделена“, изјави за Анадолија Микаел Остлунд, портпарол на Нобеловата фондацијата. Поради радикалните идеолошки погледи и десничарската ангажираност на австрискиот писател Питер Хандке, вчера беше покрената петиција за повлекување на одлуката нему да му се додели Нобеловата награда за литература за 2019 година. Откако беше соопштено дека Хандке е овогодинешниот лауреат, кој во 90-те години беше силен поддржувач на политиката на Слободан Милошевиќ, во јавноста се јавија жестоги негодувања и критики. На платформата Change.org покрената е петиција на овој нобеловец да му се одземе престижната награда, а како причина се посочува дека тој сесрдно го поддржувал Милошевиќ, кој „беше одговорен за неправедна смрт на стотици илјади недолжни луѓе и десетици илјади силувани жени и мажи“. Одлуката за доделување на Нобеловата награда за литература да му се додели на Хандке ја критикуваше и американскиот ПЕН Центар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komitet-nobelovata-nagrada-ne-moze-da-bide-odzemena/feed/ 0