нон пејпер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jun 2022 14:14:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нон пејпер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрија и го престави на Србија нон-пејперот за процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-i-go-prestavi-na-srbija-non-pejperot-za-procesot-na-proshiruvanje-na-eu-kon-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-i-go-prestavi-na-srbija-non-pejperot-za-procesot-na-proshiruvanje-na-eu-kon-zapaden-balkan/#respond Mon, 13 Jun 2022 13:30:44 +0000 https://kurir.mk/?p=690219

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград разговараше со австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Александар Шаленберг за билатералната и економската соработка, европската интеграција на Србија, геополитичките прашања и мирот и стабилноста на Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. -Шаленберг му го претстави на Вучиќ нон-пејперот кој Австрија неодамна го проследи до земјите-членки на ЕУ со желба да го направи процесот на проширување на ЕУ многу поопиплив, но и да создаде можност земјите-кандидатки постепено да се интегрираат во политиките на Европската унија од кои сите ќе имаат корист, се наведува во соопштението на прес службата на српскиот претседател. Претходно Шаленберг на прес конференцијата со шефот на дипломатијата Никола Селаковиќ кажа повеќе во врска со австрискиот нон пејпер. -Нашиот предлог е земјите од регионот чекор по чекор од една област во друга, без разлика дали е енергетика, сообраќај или нешто друго, да ги третираме како полноправни членки. Европската перспектива не е еднонасочна улица. Се соочуваме со радикален потрес на нашиот безбедносен систем во Европа. Никој не може да се надева дека ќе биде само посматрач од страна, подвлече тој. Тој објасни дека предлогот на таа земја претставен во „нон-пејперот“ нема никаква врска со војната во Украина, туку се работи за добро познатиот став на Австрија, дека европската перспектива на земјите кандидати мора да биде поконкретна. -Важно е да се нагласи една работа, идејата што ја презентиравме во „нон-пејперот“, тој австриски предлог нема никаква врска со рускиот напад врз Украина. Тоа се идеи што делумно ги изнесувам долго време, рече Шаленберг. Како што појасни, станува збор за идејата наместо да се размислува „во шаблони“, што подразбира дека постои целосен пристап, а пред тоа преговори, додека измеѓу постои само економски простор, не може да се продолжи исклучиво со тоа. Тој рече дека процесот на евроинтеграции е премногу бирократски и мора да се најде начин луѓето во ЕУ, но и во земјите кандидати да имаат чувство дека членството во Унијата е нешто за што сериозно се размислува и дека веќе има конкретни резултати. -Се работи на тоа да се започне дебата. Австрија е толку тесно поврзана со регионот што наш суштински, личен и геостратешки интерес е овој регион да се развива во насока на просперитет. А тоа ќе биде можно само во ЕУ, рече Шаленберг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-i-go-prestavi-na-srbija-non-pejperot-za-procesot-na-proshiruvanje-na-eu-kon-zapaden-balkan/feed/ 0
Австрија со нон-пејпер за постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avstrija-so-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avstrija-so-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/#respond Fri, 03 Jun 2022 18:39:53 +0000 https://kurir.mk/?p=686396

Австрија до земјите членки на Европската Унија проследила таканаречен „нон пејпер“ кон крајот на мај, во кој се залага за нов пристап кон државите од Западен Балкан, со што би се овозможила „постепена интеграција во ЕУ“. Како што јави Радио Слободна Европа, којашто имала увид во овој документ, во него се наведува дека Австрија смета оти кризата што настана поради руската инвазија врз Украина може да предизвика колатерална штета врз стабилноста на Западен Балкан. Како последица на тоа, Австрија смета дека со тоа конфликтот би можел да се пресели на границите на ЕУ, па и во неа. – Мораме да размислуваме преку веќе постојните инструменти за проширување и соседство да го искористиме неискористениот потенцијал. На патот кон полноправно членство, треба да создадеме можност овие земји постепено да се интегрираат, се вели во документот. Во него се наведува дека полната примена на методологијата претставува еден аспект, но, овој инструмент не дава задоволувачки и неопходни одговори на сегашната ситуација. – Сегашните процедури за проширување во последниве години не дадоа значајни резултати. Тие пред се доведоа до фрустрација и меѓусебно оттуѓување во регионот и ЕУ. Мораме да го премостиме сегашниот ќорсокак, гледајќи на сите опции со отворен ум, се подвлекува во австрискиот документ. Во него се додава дека Австрија предлага првиот чекор да биде партнерите од Западен Балкан да бидат повикувани редовно на неформалните состаноци на Советот на ЕУ на кои се расправа за заедничките интереси. Во продожение е наведено дека Самит на ЕУ за Западен Балкан треба да се одржува секоја година, и што е можно побрзо да им се одобри статус на набљудувач за земјите од регионот и другите институции на ЕУ. Австрија во документот предлага и на земјите од Западен Балкан да им се понуди прогресивна интеграција на заедничкиот пазар, инклузија во трговските и даночните политики, како и учество во агенциите на ЕУ и заедничката климатска и енергетска политика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/avstrija-so-non-pejper-za-postepena-integracija-na-zapaden-balkan-vo-eu/feed/ 0
Вучиќ: „Нон-пејперот“ го составил некој „многу паметен“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-non-pejperot-go-sostavil-nekoj-mnogu-pameten/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-non-pejperot-go-sostavil-nekoj-mnogu-pameten/#respond Tue, 27 Apr 2021 11:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=502752

За српскиот претседател Александар Вучиќ во таканаречениот „нон-пејпер“ за Косово, што го објави приштинскиот весник „Коха диторе“, има „многу работи“ што би ги посакале Србите, но и дел за признавањето на Косово, за кое тој смета дека е „страшно за Србите“. Вучиќ оцени дека „нон-пејперот“ го составил „некој многу паметен“. – Гледам дека сите негираат, но овој вториов ми создаде повеќе грижи од првиот нон-пејпер затоа што ова е напишано и измислено од некој многу паметен. Напишано е од некој што е фантастичен познавач и тоа се околу 50 луѓе во светот…Се сомневам на една личност стои зад тоа. Станува збор за фантастично паметна жена, рече Вучиќ. Тој додаде дека само ќе ги анализира политичките мотиви на таквиот текст, имајќи предвид дека, како што рече, дијалогот со претставниците на Приштина започнува „дури“ на 11 мај.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-non-pejperot-go-sostavil-nekoj-mnogu-pameten/feed/ 0
Мицкоски: Јанша ми кажа за нонпејперот дека е измислена комуњарска работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-jansha-mi-kaza-za-nonpejperot-deka-e-izmislena-komunjarska-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-jansha-mi-kaza-za-nonpejperot-deka-e-izmislena-komunjarska-rabota/#respond Mon, 19 Apr 2021 19:51:32 +0000 https://kurir.mk/?p=499515

Она што мене ми беше кажано во однос на Македонија и регионот е дека интерес на Словенија од прв момент па до денеска е да го види регионот во обединета Европа, и многу внимателно треба да се однесуваме со ова прашање бидејќи кога знаеме дека за два месеци господинот Јанша ќе го преземе претседателствувањето со ЕУ, Словенија е следна по Португалија, и тоа е клучен период, рече Христијан Мицкоски вечерва во интервју во Клан телевизија. Мицкоски вели дека на Македонија и е потребна интеграција, ние треба да го искористиме периодот на претседателствувањето на Словенија, затоа што можеби ќе немаме подобра шанса да направиме напредок. - Таков нонпејпер лично Јанша ми кажа дека не постои и ќе цитирам „тоа е комуњарска пропаганда“, за ова тема тука би застанал и мислам дека нема потреба понатаму да навлегуваме, посочи тој. Мицкоски вели дека истите кои не убедуваа дека имаме имотен лист, сега не плашат и ни велат дека постои опција за поделби. - Ние нема да прифатиме такво нешто овие 25 илјади квадратни километри си се наши и треба да си ги чуваме, колку повеќе заедно работиме без оглед на нашите различности толку помалку ќе можат ваквите пропаганди од надвор да влијаат на нас, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-jansha-mi-kaza-za-nonpejperot-deka-e-izmislena-komunjarska-rabota/feed/ 0
Бугарија нон пејперот на Заев не го есапи за сериозен документ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-non-pejperot-na-zaev-ne-go-esapi-za-seriozen-dokument/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-non-pejperot-na-zaev-ne-go-esapi-za-seriozen-dokument/#respond Wed, 23 Dec 2020 15:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=447304

Две недели Бугарија не и дава одговор на македонската влада за нон пејперот кој специјалниот претставник Владо Бучковски го предаде при неговата прва официјална посета на Софија со новата функција. Потврдата за тоа ја даде министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој вчера за медиумите рече дека додека нема одговор треба тука да се седне и да се разговара за понатамошната динамика, но за немањето одговор вели дека се уште се разгледува. -Немаме добиено одговор на нашиот последен предлог како да се надмине прашањето. Сѐ уште го разгледуваат и ќе добиеме одговор, така што на првиот одговор ние веќе ќе одговориме со следен чекор како понатаму, изјави вчера Османи за македонскиот медиуми. Но, дали Бугарија го разгледува или го чува во фиока, не знаеме. Нон пејпер во преговори на две држави помеѓу кои нема согласност по одредено прашање се предава да предизвика дебата или реакција за истото. Нон пејперот за кој македонската јавност не знаеше, се дозна дека бил предаден од страна на Бучковски за врееме на неговата посета на 9 и 10 декември, со дел да ги омекне бугарските позиции. Во тоа време владата предводена од премиерот Зоран Заев очекуваше дека ќе успее да ја убеди Бугарија да не става вето на последниот самит за ЕУ и со тоа уште оваа година да се одржи првата меѓувладина конференција. Сепак, наместо тоа добивме нова блокада и повторно останавме без датум за почеток на преговори. Од бугарската страна ниту тогаш, а ниту сега како што гледаме, немаат одговор за нон пејперот. Додека владата во тајност го напиша и предаде овој документ со надеж дека успее да издејствува одреден успех, гледаме дека од бугарска страна и не му даваат значење. Уште од самиот почеток јасно е дека Бугарија ја препозна попусливоста и аматерската преговарачка политика на тимот на премиерот Зоран Заев, па оттаму и нивните максималистички барања во процесот и недавањето одговор за нон пејперот за кој и самите тие видоа дека е подготвен набрзина и во тајност без посебна и заедничка стратегија. Во меѓувреме додека владата очекуваше одговор на нон пејперот, од бугарска страна по однос на преговорите видовме дополнителни навреди кон Македонија и повторување на бугарските позиции. Министерката за надворешни работи на Бугарија, во интервју за телевизија та„БТВ“, рече дека не сите земји-членки на ЕУ ја поддржуваат Македонија да ги почне преговорите. -Не сите ја поддржуваат Македонија, да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членка на ЕУ. Кога ќе почнат преговорите, тогаш, изјави Захариева. Бугарскиот вицепремиер и министер за надворешни Каракачанов, пак, рече дека македонскиот идентитет не постоел пред 1944 година и дека ние не треба да касаме на раката која не храни, алудирајќи на тоа дека Бугарија нас ни помага, а ние им враќаме со лошо. - Не можеш да ја касаш раката која те поддржува и која ти е подадена со една братска добронамерност, во буквална смисла. Братска, затоа што ние сме еден народ и говориме ист јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, кој што бил многу древен, секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија, знае дека таков идентитет, македонски, посебен од бугарскиот, пред 1944-та година не постои,  изјавил Каракачанов за бугарските медиуми. Според последниве изјави на бугарскиот државен врв можеме да забележиме дека тие не само што не го коментираат нон пејперот, туку и се задржуваат на своите позиции со континуиран тон на изразување по однос на Македонија. Така што голема е веројатноста дека нон пејперот не e ни отворен, а камо ли погледнат. Но, и доколку истиот е разгледан, лесно може да заклучиме дека е фрлен настрана и не е земен предвид, а затоа потврда ни даваат овие изјави од бугарските претставници кои се потполно исти како и досегашните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarija-non-pejperot-na-zaev-ne-go-esapi-za-seriozen-dokument/feed/ 0
„Што содржи нон пејперот, кој му го предаде Бучковски на Борисов, и низ која институција во државата е одобрен?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzi-non-pejperot-koj-mu-go-predade-na-buchkovski-i-niz-koja-institucija-vo-drzavata-e-odobren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzi-non-pejperot-koj-mu-go-predade-na-buchkovski-i-niz-koja-institucija-vo-drzavata-e-odobren/#respond Fri, 11 Dec 2020 08:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=441863

Вчера беше соопштено дека Бучковски му предал нон пејпер на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Прашањето кое ја засега јавноста е што содржи нон пејперот и низ која институција во државата е одобрен? Дали за тој нон пејпер Заев ја информирал Владата или претседателот на државата? Какви се тие гаранции кои Заев му ги дава на Бојко и што содржат?, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. -Овие прашања заслужуваат одговор, особено ако се знае дека Зоран Заев ја понижи Македонија и македонскиот народ, тргувајќи со идентитетот, историјата и јазикот. Залудни се неговите изблици на лажен патриотизам, сега кога Македонија го доби ветото, бидејќи само пред неколку недели велеше дека е блиску до договор со Бугарија во кој гледаме дека на маса била придавката “македонски“. Ако тоа не е продавање на идентитетот, тогаш не знаеме што е. Како да го верува човек кога пред извесно време убедуваше дека сме еден народ со Бугарија, дека фашистичката окупација била администрација, дека имаме заедничка историја, дека Гоце Делчев не се борел само за Македонија, дека јазикот ни бил ист и слични други анационални и предавнички позиции, велат од партијата. Прашуваат како да верува разумен човек во изјавите на Заев, кога веќе еднаш го излажа народот кога се колнеше во децата и жицата дека нема да го менува уставното име на Република Македонија? -Неговата анационална генеза и неговото патолошко лажење си имаат историјат. Постојат информации кои Заев не ги демантира, дека ветувањата кон Бугарија за сите нивни негаторски позиции ги давал неколку години наназад, но само реакцијата на народот, експертите и јавноста го спречија да го постигне тоа кое што како концесии го давал кон Бугарија. Затоа оставка на Заев е единственото нешто кое што може да се случи. Тој, неговите концесии и свитканата кичма веќе се кочница на македонскиот пат кон Европа. Доволно се порази, неуспеси и понижувања. Оставка на Заев слобода на народот, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-sodrzi-non-pejperot-koj-mu-go-predade-na-buchkovski-i-niz-koja-institucija-vo-drzavata-e-odobren/feed/ 0
Каракачанов и даде ултиматум на Владата на Заев да се откаже од историјата и јазикот- што крие тајниот нон-пејпер од Берлин? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-i-dade-ultimatum-na-vladata-na-zaev-da-se-otkaze-od-istorijata-i-jazikot-shto-krie-tajniot-non-pejper-od-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-i-dade-ultimatum-na-vladata-na-zaev-da-se-otkaze-od-istorijata-i-jazikot-shto-krie-tajniot-non-pejper-od-berlin/#respond Wed, 11 Nov 2020 10:29:42 +0000 https://kurir.mk/?p=427812

Додека целата јавност со денови се прашува што содржи нон-пејперот кој го потпишаа Никола Димитров, Бујар Османи и Екатерина Захариева на неодамнешната средба во Берлин, Зоран Заев молчи, но не негира, додека странските новинари откриваат секакви детали. Имено во текстот кој го објавува австрискиот новинар Кристијан Фердинанд Вершуц, меѓу другото стои и дека: „Бугарија сега се заканува дека ќе го блокира почетокот на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија !! Софија го оправдува ова историски; ова вклучува дека Скопје треба да препознае дека корените на македонскиот јазик се бугарски дијалект; Покрај тоа, Северна Македонија треба да признае еден од своите херои како Бугарин и исто така да отстрани таблети во кои Бугарија се нарекува окупаторска моќ во Втората светска војна. Минатата недела во Берлин се одржа состанок со кој претседаваше Ангела Меркел, на кој присуствуваа бугарскиот министер за надворешни работи и двајца министри од Скопје. Овој нон-пејпер беше договорен, чиј текст сега го објавувам исклучиво. Како и да е, Софија потоа се врати на својата блокаторска позиција. Трудот може да се цитира и дистрибуира повикувајќи се на мене како извор“.
#EU #Deutschland #Bulgarien #Nordmazedonien Bulgarien droht nun mit der Blockade der Aufnahme von... Posted by Christian Ferdinand Wehrschütz on Monday, November 9, 2020
  И додека јавноста се прашува дали македонската влада ги пречекори црвените линии и дали го прекршила ветувањето дека јазикот и историјата нема да бидат тема на преговорите, бугарскиот министер и вицепремиер Красимир Каракачанов вели дека Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја, дури и даде и ултиматум на македонската влада и на Заев да се откажат од историјата и јазикот. „Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја“, вели Каракачанов. Тој додава дека македонските колеги сфатиле дека нема кој да ги притиска за да го променат својот став. „Нема кој да изврши притисок врз нас. Нема да дозволиме фалсификување на бугарската историја. Бугарија е суверена и достоинствена земја“, повтори вицепремиерот неколку пати. Инаку вчера и ВМРО-ДПМНЕ ја праша власта што содржи нон-пејперот? Срамно е ова потценување на интелегенцијата на граѓаните кој што во моментов им го сервира Владата на СДСМ, ова вчера преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев, Димитров и Пендаровски молчат веќе цела една недела дали и што договарале во Берлин. Странски медиуми и новинари веќе објавуваат дека Заев, Пендаровски и Димитров договориле нон-пејпер во Берлин, а тука во Република Македонија молчи цела Влада и буквално за ништо не ја информира јавноста. Се обидуваат повторно на најподмолен начин СДСМ и целата свита околу Заев, да ги изиграат граѓаните и да ги доведат пред свршен чин во овие преговори. Што е договорено и што прифатиле и што пишува во тој нон-пејпер кој го има Владата? Дали Заев има намера да објави за каков нон-пејпер станува збор и кога ќе им соопшти на граѓаните и медиумите што содржи во него и каква е содржината?, прашува Арсовски.
Тој додава дека меѓународната политика на Заев и останатите кои ја водеа доживеа тотално фијаско. -Лажните ветувања и пазарџиското однесување, за жал класично несериозно и неопростливо однесување на Заев и СДСМ на меѓународен план, ги доведе Република Македонија и граѓаните до ќорсокак, од каде излезот е или асимилација и негација или недобивање на датум за преговори и блокада. Јасно е дека Заев се што може ќе направи да остане што повеќе во фотелјата за да може неговото семејство што повеќе пари да украде од граѓаните и од државата. За жал, додека тие крадат, граѓаните и државата страдаат. Потребно е веднаш да се повлече Заев и сите околу него од Владата и да се формира Влада за национален спас, која ќе има јасна стратегија и визија да ја извади Република Македонија од овој ќорсокак во кој ја внесоа Заев, Димитров, Пендаровски, Шеќеринска и останатите, заклучи Арсовски.
Инаку текстот од нон-пејперот кој го потпишале Димитров, Османи и Захариева го објави и австрискиот новинар, а можете да го прочитате во продолжение: „1. БГР, МКД и Гермнаскот Европско Претседателство ( ДЕУ ) ја истакнуваат нивната заедничка посветеност на перспективата на ЕУ од Западен Балкан и на кредибилна политика на проширување на ЕУ, како и за интензивирање на регионалната соработка, сето тоа е клучно за стабилноста на регионот. 2. Во овој дух, БГР ја потврдува својата подготвеност да се согласи на рамката за преговори ЕУ – МКД и да ја одржи првата меѓувладина конференција во декември 2020 година за време на германското претседателство со Советот на Европската унија. 3. По повод првата меѓувладина конференција, МКД ќе објави официјално пред земјите-членки на ЕУ и институциите дека краткиот облик на нејзиното државно име – Северна Македонија – се однесува само на политичкиот субјект „Република Северна Македонија“. 4. БГР го задржува правото, во еднострана изјава да приложи кон рамката за преговори, и да изјави дека кога се повикува на македонски јазик, го разбира македонскиот јазик во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Претседателството на ДЕУ ќе побара од Советот официјално да ја забележи позицијата на БГР дека кога се однесува на македонскиот јазик, тоа треба да се разгледа во согласност со Уставот на Република Северна Македонија. МКД е подготвена официјално да објави дека македонскиот јазик е кодиран во 1945 година. 5. БГР и МКД ја потврдуваат нивната подготвеност да ја интензивираат нивната блиска билатерална соработка врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со посебен фокус на работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што треба да биде интензивирани и направени потранспарентни, вклучително и со објавување на постигнатите резултати. ДЕУ изјавува подготвеност да ја поддржи работата на Комисијата со споделување на најдобрите практики за методите на работа. 6. БГР и МКД официјално ќе го потврдат членот 11 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, вклучително и малцински прашања и повторно ќе се обврзат да преземат ефикасни мерки за спречување на ненамерна пропаганда од институции и агенции и да ги обесхрабрат активностите на приватните субјекти при поттикнување на насилство, омраза и други слични активности што можат да бидат штетни за нивните односи. 7. БГР, МКД и ДЕУ ја нагласуваат важноста на поврзаноста и инфраструктурата, особено железничката и патната врска што се одвива од Драч преку Скопје до Софија и Варна. Тие ќе поддржат приоритет на Коридорот VIII во рамките на Економскиот и инвестициски план на Комисијата на ЕУ за Западен Балкан. 8. БГР и МКД се согласуваат за важноста за поттикнување на добрососедските односи на сите нивоа, вклучително и преку размена на млади, и размислуваат да започнат заеднички проект за размена на млади, додека заеднички ќе ги испитаат понатамошните можни области за соработка за поттикнување на меѓусебното разбирање и интензивирање на билатералните контакти, вклучително и проекти за размена на медиуми и збратимување на градови. 9. БГР, МКД и ДЕУ остануваат загрижени за тешката состојба предизвикана од пандемијата, нагласуваат дека тесната соработка меѓу соседите во рамките на ЕУ и на ЕУ со земјите од Западен Балкан е клучна за заедничко надминување на кризата што го доведува во опасност нашиот просперитет, социјална кохезија и стабилност.“ Нашите дополнителни информации го велат и ова: – Ниту едно од Бугарските барања не е признаено ниту пак уважено. Нема т.н.член .35 ( поглавје ) како дел од преговарачката рамка, што било одбиено од страна на Германија. Исто така било отвфрелно и од Германија но и од Македонија дека не постојат никакви бугарски корени на македонскиот идентитет и јазик. Македонија останува посветена на договорот од 2017, регионалната соработка, истовремено потврдуваме немешање во внатрешни работи на Бугарија, нашиот идентитет е целосно заштитен, употребата на Македонскиот јазик е чист и безисловен во во преговарачката рамка. Нашиот извор од Македонска страна вели дека „Бугарија е изолиранана во целост во своите барања и се однесува и неодговорно. Имаат право да имаат унилатерална изјава, ама без да го кршат консензусот во ЕУ. Таков став и се очекуваше ако се следат изјавите на нивните претставници последните203 месеци, кои беа далеку од добрососедски и проевроспки велио нашиот извор од нашата делегација„ Дополнително изворот вели:во преговарацка рамка да стои чисто македонски јазик, без фусноти, објаснувања и астерикси – немаме проблем на ЕУ да го користиме кратко име, зошто и долгото име со Република пред Северна Македонија се во целост истозначни, и дека литературниот Македонски јазик е кодификуван во далечната 1945 год. – нема никакви ниту ќе има разговори и компромиси поврзани со идентитет и јазик. Тие прашања се затворени по Преспа, и зацементирани во ОН. – сите во ЕУ, ГЕР претседателство и ЕУ институции, се принципиелни и го почитуваат нашето право на само-определување. Бугарија е крајно неразумна и изолирана и работи на штета на сите, на себе, на нас но и на цела ЕУ“ Дали навистина оваа влада предводена од Заев се откажала од македонското малцинство во Бугарија, од јазикот и историјата во овој нон-пејпер и дали доколку не се случи истото Бугарија ќе не блокира постојано останува времето да покаже.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-i-dade-ultimatum-na-vladata-na-zaev-da-se-otkaze-od-istorijata-i-jazikot-shto-krie-tajniot-non-pejper-od-berlin/feed/ 0