Нонет + – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Jan 2023 09:28:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нонет + – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со концерт на „Нонет +“ започна одбележувањето на 60 години Музичка младина на Македонија https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-kontsert-na-nonet-zapochna-odbelezhuvaneto-na-60-godini-muzichka-mladina-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-kontsert-na-nonet-zapochna-odbelezhuvaneto-na-60-godini-muzichka-mladina-na-makedonija/#respond Sun, 29 Jan 2023 09:28:46 +0000 https://kurir.mk/?p=793325

Со концерт на Камерниот ансамбл „Нонет +“ што синоќа се одржа во Офицерскиот дом во Битола, започна одбележувањето на 60-годишнината од постоењето на Музичката младина на Македонија. Младите музичари Дарко Гроздановски, Памела Велкова, Ивана Здравкова, Тамара Охомуш, Верица Ајтовска, Кристина Стојановска, Анеса Зајази, Магдалена Дрмач и Ивона Давидовска, под диригентство на Ангел Спироски, настапија со композиции од Тавенер, Бибер, Перт и Холст. – Овој настан не навраќа 60 години наназад, каде токму во Битола, млади музичари основаа граѓанска организација која ќе ги застапува нивните идеи и ќе им ги отвора сцените за нивна реализација. Во овие 60 години, Музичка младина на Македонија има околу 10.000 организирани манифестации и концерти, со повеќе од 1.500 уметници како солисти и со над 8.000 учесници и програмски аниматори во различни ансамбли кои ги следеле еден милион посетители. Денес, Музичка младина на Македонија е полноправна членка на Светската федерација на Музичка младина, со развиени форми на меѓународна соработка и можност за учество на млади македонски музичари на околу 200 меѓународни манифестации, истакна Дарко Гроздановски, член на Музичката младина на Македонија. Со концертот на „Нонет +“, сегашните активисти на Музичка младина се заблагодарија на основоположниците на единствената национална невладина организација што работи со млади музичари, како и на сите кои неуморно работеле на нејзиното опстојување и на континуираното следење на културно-уметничките и на музичките текови. Музичка младина на Македонија ќе го одбележува јубилејот во текот на целата година со „Подиум на млади – Млад музички албум“, „Слободна Среда“, „Скопје гради музика“, летен музички камп „Етно Македонија“ и концерти на камерните оркестри „Саша Николовски-Ѓумар“ и „Нонет +“. Вчерашниот концерт беше поддржан од Општина Битола. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/so-kontsert-na-nonet-zapochna-odbelezhuvaneto-na-60-godini-muzichka-mladina-na-makedonija/feed/ 0