норад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 15 May 2023 07:36:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png норад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американски ловци пресретнале 6 руски бомбардери близу Алјаска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/#respond Mon, 15 May 2023 07:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=834225

Група американски борбени авиони пресретнале шест руски бомбардери во близина на Алјаска, каде што во тек се американски воени вежби за обука, соопшти во неделата Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД). НОРАД соопшти дека во четвртокот откриле, следеле, позитивно идентификувале и пресретнале шест руски авиони кои оперирале во и во близина на зоната за идентификација на воздушната одбрана (АДИЗ) на Алјаска. Меѓу руските авиони имало бомбардери Ту-95, танкери ИЛ-78 и борбени авиони Су-35, пренесуваат медиумите. Заедничката американско-канадска одбранбена команда додаде дека руските летови се случиле во време кога на Алјаска се одвиваат неколку планирани големи воени вежби на САД. Тимот за пресретнување на НОРАД вклучувал ловци F-16, F-22, KC-135 „стратотанкер“ и E-3 „авакс“ авиони. Од НОРАД соопштија дека руските авиони останал во меѓународниот воздушен простор и не навлегле во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор. Во нивното соопштение се додава дека руската активност во северноамериканската АДИЗ се случува редовно и на неа не се гледа како на закана. Според проценките на НОРАД секоја година во АДИЗ се случуваат просечно по шест до седум упади на руски авиони. Инцидентот се случува во време кога тензиите меѓу Вашингтон и Москва остануваат високи откако американското воено надгледувачко беспилотно летало (MQ-9 Reaper) падна во Црното Море на 14 март по средба со руските борбени авиони Су-27 во меѓународниот воздушен простор во близина на територијата за која Русија тврди дека ја анектирала од Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-lovtsi-presretnale-6-ruski-bombarderi-blizu-aljaska/feed/ 0
Американската Северна команда (НОРАД) го следи движењето на Дедо Мраз https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanskata-severna-komanda-norad-go-sledi-dvizenjeto-na-dedo-mraz/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanskata-severna-komanda-norad-go-sledi-dvizenjeto-na-dedo-mraz/#respond Thu, 26 Dec 2019 08:05:09 +0000 https://kurir.mk/?p=282393

Северноамериканската команда за противвоздушна одбрана (НОРАД) внимателно ги следи сите знаци на можно севернокорејско лансирање ракета што официјални претставници на Пјонгјанг ја најавуваат како „божиќен дар“, но во овој период од годината го следи и движењето на легендарниот лик што да децата ширум светот им ги доставува подароците – Дедо Мраз. Заедничката американско-канадска команда со седиште во Колорадо Спрингс, повеќе од 60 години во живо го следи движењето на Дедо Мраз додека кочиите во кои се впрегнати ирваси го обиколува светот и ги доставува подароците. „Примарна мисија на НОРАД е одбраната на Северна Америка од закани, но со гордост ја продолжуваме традицијата на следење на движењето на Дедо Мраз ширум светот“, наведува НОРАД во соопштението. Интернет страницата на НОРАД  www.noradsanta.org на која се бележи и секој чекор на Дедо Мраз секоја година ја следат 15-тина милиони лица од повеќе од 200 земја во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanskata-severna-komanda-norad-go-sledi-dvizenjeto-na-dedo-mraz/feed/ 0