Нордвинд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Jun 2021 10:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нордвинд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска директна авиолинија Скопје – Москва https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-direktna-aviolinija-skopje-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-direktna-aviolinija-skopje-moskva/#respond Fri, 04 Jun 2021 10:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=518935

Со пристигнување на авионот на „Нордвинд“ денеска попладне на Меѓународниот аеродром Скопје, и официјално ќе биде означено воспоставувањето на директната авиолинија Москва – Скопје. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне во 17 часот и 10 минути. Отворањето на директната авиолинија ќе го одбележат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, амбасадорот на Руската федерација, Сергеј Баздникин и генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак кои по пристигнувањето на авионот од Москва на Меѓународниот аеродром Скопје ќе дадат изјави за медиумите. Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба. Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска меѓу двете земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-direktna-aviolinija-skopje-moskva/feed/ 0
Се одложува почетокот на летовите Москва – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozuva-pochetokot-na-letovite-moskva-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozuva-pochetokot-na-letovite-moskva-skopje/#respond Tue, 18 May 2021 10:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=511819

Нордвинд ерлајнс го одложува почетокот на летовите Москва – Скопје кои беа најавени како нова рута во летниот распоред на летови на авиокомпанијата. Како што Нордвинд претходно најави, летовите требаше да почнат на 21-ви мај, но, поради епидемиолошката состојба, авиокомпанијата е принудена да ги одложи директните закажани летови, стои во нивното известување. Како што информираат од Нордвинд, информации за отворањето на летовите Москва - Скопје ќе бидат дадени од страна на авиокомпанијата дополнително. Претходно, Нордвинд објави отворање на нова редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, еднаш неделно, почнувајќи од 21-ви мај, со што рутата беше и соодветно испланирана во летниот ред на летање на ТАВ Македонија за Меѓународниот Аеродром Скопје, со термин секој петок попладне, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-odlozuva-pochetokot-na-letovite-moskva-skopje/feed/ 0
НА 21 МАЈ: Почнува редовната авиолинија меѓу Скопје и Москва, еве колку трае летот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-maj-pochnuva-redovnata-aviolinija-megju-skopje-i-moskva-eve-kolku-trae-letot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-maj-pochnuva-redovnata-aviolinija-megju-skopje-i-moskva-eve-kolku-trae-letot/#respond Wed, 05 May 2021 08:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=505726

Руската авиокомпанија Нордвинд ерлајнс од 21 месецов ќе почне со летови од московскиот Меѓународен Аеродром Шереметјево до Меѓународниот Аеродром Скопје, воспоставувајќи нова редовна директна авиолинија помеѓу Скопје и Москва, најави денеска ТАВ Македонија. Во рамки на летниот распоред на летање, потенцираат, Нордвинд одлучи да го прошири опсегот на директни редовни летови, со додавање на нова авиолинија до македонскиот главен град Скопје. Првиот лет на Нордвинд од Москва до Скопје е закажан за петок, 21-ви мај 2021 година, со време на поаѓање од Меѓународниот Аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот Аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот е 3 часа и 25 минути. -Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини, вели во пишана изјава генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак. -Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Базата на Нордвинд е Меѓународниот Аеродром Шереметјево во Москва. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во планираниот одмор, наведуваат од ТАВ Македонија. Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите се достапни на веб-страницата на Нордвинд: https://nordwindairlines.ru/ru -Од Нордвинд објаснуваат дека сите нивни патници можат да користат дополнителни услуги за удобен лет, како што се избор на седиште во авионот, избор на оброк, земање дополнителен багаж, нова услуга – дополнително место во близина, како и други услуги преку Интернет, стои во соопштението од аеродормскиот концесионер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-21-maj-pochnuva-redovnata-aviolinija-megju-skopje-i-moskva-eve-kolku-trae-letot/feed/ 0