нормала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Dec 2020 08:52:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нормала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гејтс: Нема целосно враќање во нормала до 2022 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gejts-nema-celosno-vrakjanje-vo-normala-do-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gejts-nema-celosno-vrakjanje-vo-normala-do-2022-godina/#respond Mon, 14 Dec 2020 08:52:50 +0000 https://kurir.mk/?p=442920

Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс верува дека враќањето во нормала за САД и натаму е подалечно од она што луѓето го очекуваат и покрај тоа што вакцината е дистрибуирана оваа недела. Гејтс, кој донираше милиони за вакцината, вели дека до летото 2021 САД „би требало да бидат многу поблиску до нормалното од сега“, но како што вели тој за Би-Би-Си, целосното враќање во нормала веројатно ќе биде моќно дури по 2022 година. Милијардерот вели дека постои ризик од враќање на вирусот ако не им се помогне на другите земји да се ослободат од болеста. Гејтс смета дека големите јавни собирања и натаму треба да останат забранети, а истакнал и дека „за жал голем дел од рестораните и баровите во САД треба да останат затворени за да се сузбие ширењето на коронавирусот.“ Тој вели дека рестораните и баровите треба да бидат затворени во следните четири до шест месеци. Вистинското враќање во нормална, смета Гејтс, е можно по 12 до 18 месеци ако се направи се што е потребно за да се сузбие ширењето на вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gejts-nema-celosno-vrakjanje-vo-normala-do-2022-godina/feed/ 0
Фаучи: Со вакцинација животот во САД може да се врати во нормала до следното лето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-so-vakcinacija-zivotot-vo-sad-moze-da-se-vrati-vo-normala-do-slednoto-leto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-so-vakcinacija-zivotot-vo-sad-moze-da-se-vrati-vo-normala-do-slednoto-leto/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:07:54 +0000 https://kurir.mk/?p=441894

Животот во САД може да се врати во нормала следното лето или на почетокот на есента, под услов сите да добијат вакцина за коронавирус, изјави водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи. -Се ќе зависи од тоа колку луѓето ќе сакаат да се вакцинираат, изјави Фаучи за Си-Ен-Ен. Тој додаде дека „доколку САД имаат јасна програма за вакцинација, во која сите брзо ќе бидат вакцинирани, тогаш животот може да се врати во некоја форма на нормалност во текот на летото, а сиурно до есен“. Советодавното тело на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) даде препорака да се одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ во САД за итни потреби, а ФДА се очекува во следните неколку дена и официјално да ја одобри вакцината. -Моја желба, но и проекција, е доколку вакцинираме голем процент луѓе до есента, дека ќе бидеме навистина смирени во врска со прашањето за одењето на децата на училиште. Ова е нешто што се надевам и верувам дека ќе се случи, но повторувам, само доколку сите се вакцинираат, додаде Фаучи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fauchi-so-vakcinacija-zivotot-vo-sad-moze-da-se-vrati-vo-normala-do-slednoto-leto/feed/ 0
Животот во Белгија постепено се враќа во нормала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zivotot-vo-belgija-postepeno-se-vrakja-vo-normala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zivotot-vo-belgija-postepeno-se-vrakja-vo-normala/#respond Mon, 18 May 2020 11:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=347338

Од денеска во Белгија учениците можат повторно да се вратат во училиште, се отвораат фризерски салони, музеи, зоолошки градини, помали пазари на отворено, а спортските клубови започнуваат со тренинзи. Сето ова е дел од „втората фаза“ на отворањето на земјата по ограничувањата воведени во средината на март поради пандемијата на Ковид-19. Белгискиот центар за јавно здравје наведува дека постепеното укинување на рестриктивните мерки, покрај одржувањето на мерките на физичка оддалеченост и заштита, довело до тоа, граѓаните да се повеќе во контакт едни со други, што го зголемува ризикот од повторно ширење на новиот коронавирус. – Резултатите ќе ги имаме за неколку дена. Постои ризик за втор бран, но не мора да значи дека ќе има, изјави вирологот Стивен ван Гут и додаде дека бројот на починати лица од Ковид-19 во последните недели е опаднат за осум проценти дневно, а бројот на новозаразени за седум проценти. Од белгискиот Центар за јавно здравје ги повикуваат граѓаните да го искористат намалувањето на рестриктивните мерки и убавото време и да поминат што е можно повеќе време надвор. – Сега има можност повторно да се вежба надвор, што е добро и за телото и за менталното здравје, истакнаа белгиските експерти За 8 јуни е најавена нова фаза на олеснување на рестриктивните мерки во Белгија, кога се очекува понатамошно отворање на земјата во однос на спортски натпревари и туризам, додека ресторани, кафулиња, како и големи културни и спортски настани, остануваат затворени и забранети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zivotot-vo-belgija-postepeno-se-vrakja-vo-normala/feed/ 0
Џонсон: Велика Британија до јули ќе се врати во состојба блиска до нормалната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-do-juli-kje-se-vrati-vo-sostojba-bliska-do-normalnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-do-juli-kje-se-vrati-vo-sostojba-bliska-do-normalnata/#respond Sun, 17 May 2020 08:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=346858

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака земјата во јули да се врати на состојба „блиска до нормалната“ и најави дека со издвоени 93 милиони фунти или околу 104 милиони евра ќе го забраза отворањето Центар за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот. Обраќајќи им се на 100-тина ториевски пратеници преку видео-врска, Џонсон кажа дека ќе преземе „бавни чекори“ за олеснување на мерките, но само доколку Британците се придржуваат до актуелните мерки за карантин. Џонсон оцени дека епидемијата го покажала најдоброто кај луѓето и посочи дека упорноста на јавноста и здравиот разум ќе и овозможат на земјата да напредува во надминувањето на мерките за карантин кон „нормалноста што многу ни недостасува“. Тој, исто така, изјави дека Истражувачкиот центар во Оксфордшир ќе биде отворен една година порано, во обид брзо да се пронајде вакцината против коронавирусот, пренесува „Дејли Меил“. Би-Би-Си, исто така, соопшти дека Џонсон признал дека е фрустриран од „комплексното “ ублажување на мерките за карантин во Велика Британија. Еден од пратениците, кој учествуваше во видео повикот со премиерот, за британски „Сан“ изјави дека Џонсон им кажал дека е одлучен земјата да ја врати блиску до нормалата пред крајот на јули. „Но, беше и јасен дека се ќе зависи од тоа дали земјата ќе ги исполни условите утврдени за борба против вирусот“, рече неименуваниот пратеник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-velika-britanija-do-juli-kje-se-vrati-vo-sostojba-bliska-do-normalnata/feed/ 0
Трамп: Со вакцина или беа неа, ние се враќаме во нормала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-so-vakcina-ili-bea-nea-nie-se-vrakjame-vo-normala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-so-vakcina-ili-bea-nea-nie-se-vrakjame-vo-normala/#respond Sat, 16 May 2020 06:56:08 +0000 https://kurir.mk/?p=346507

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се прават сите напори да се најде вакцина против коронавирусот до крајот на годинава, но рече дека САД ќе се вратат во нормала со или без вакцината. -Сакам да бидам јасен, тоа е многу важно. Со вакцина или не, ние се враќаме. И ние почнуваме, рече Трамп пренесен од Си-Ен-Ен. Говорејќи во Белата куќа на настан на кој голем број службеници на администрацијата носеа маски, но не и самиот, Трамп изрази надеж дека вакцината ќе биде достапна пред крајот на годината, пренесуваат британските медиуми. Претседателот на САД рече дека неговата администрација ќе мобилизира сили за дистрибуција на вакцината откако таа ќе се добие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-so-vakcina-ili-bea-nea-nie-se-vrakjame-vo-normala/feed/ 0
Пецас: Грција постепено ќе се враќа во нормала https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-grcija-postepeno-kje-se-vrakja-vo-normala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-grcija-postepeno-kje-se-vrakja-vo-normala/#respond Mon, 27 Apr 2020 12:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=338037

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите најави дека утре попладне грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ги соопшти „филозофијата и последователните фази од планот за префрлање во нова нормала“, јави дописничката на МИА од Атина. Тој наведе дека постепеното укинување на рестриктивните мерки во Грција ќе почне од фризерските салони и продавниците, а потоа, во следните неколку фази, со временско растојание меѓу нив, ќе следат отворања на образовните институции, на големите компании, угостителските објекти, како и црквите, а во друга фаза ќе следи отворање на хотелите што работат во текот на целата година, а откако ќе се реши прашањето со транспортот, ќе се отворат и сезонските туристички објекти од крајот на јуни или почетокот на јули. Покажавме дека Грците, во тешките моменти се обединети, успеваме. И исто толку обединети ќе се движиме постепено кон „новата нормала“. Овој процес ќе се одвива со план, постепено и организирано. По завршувањето на рестриктивните мерки што се во сила до 4 мај, планот на Владата ќе започне да се шири во засебни, насочени фази, последователно во мај и јуни. Правило ќе биде да постои временска разлика меѓу фазите на укинување на рестриктивните мерки за да постои можност континуирано да се проценува развојот на пандемијата, рече Пецас. Тој додаде дека намерата на Владата е да се укине и обврската на граѓаните при секое излегување да мора да пратат смс порака или да имаат соодветна потврда со нив. Дополнително, рече дека ќе се разгледа и можноста да се дозволи патување од една во друга периферија, но и тоа ќе оди постепено, за да се избегне ненадеен масовен излез од урбаните средини. Портпаролот на грчката Влада објасни дека развојот на фазите и постепеното олабавување на мерките ќе зависи од состојбата на здравјето на населението, а при секое отворање ќе важат посебни правила и услови. На пример црквите, почетно, ќе се отворат за индивидуални молитви, а подоцна, во следната фаза и под конкретни правила и заштитни мерки, литургиите ќе бидат отворени за сите верници. Пецас дополнително објасни дека манифестациите за одбележувањето на Денот на трудот – 1 мај, ќе се префрлат во првата сабота по укинувањето на рестриктивните мерки и секако со почитување на правилата за држење растојание. По обраќањето на Мицотакис и соопштувањето на планот утре попладне, ќе следи и детална презентација на аспектите на планот од надлежните министри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pecas-grcija-postepeno-kje-se-vrakja-vo-normala/feed/ 0