норт дам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Mar 2022 10:04:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png норт дам – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Оловен саркофаг откриен под Нотр Дам https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-oloven-sarkofag-otkrien-pod-notr-dam/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-oloven-sarkofag-otkrien-pod-notr-dam/#respond Wed, 16 Mar 2022 10:04:38 +0000 https://kurir.mk/?p=648110

Археолози открија оловен саркофаг и насликани фрагменти под денешното ниво на подот на катедралата Нотр Дам. Откритието најверојатно нуди нов увид во историјата на ова здание од 13. век, коешто во мигов се реконструира по катастрофалниот пожар од 2019 година. – Во трансептот на катедралата – преграда поставена попречно на надолжните делови што го одвојуваат светилиштето од остатокот од црквата – откриени се фрагменти со извонреден научен квалитет… Истражувањата продолжуваат од 25 март, изјави француската министерката за култура, Розелин Башело. Кристоф Бесние од Националниот археолошки институт на Франција, објасни дека тоа го откриле со мала камера. – Внатре таа детектира остатоци од ткаенина и органска материја, влакна и остатоци од растенија. Фактот што растенијата се сѐ уште таму, укажува дека содржината е многу добро сочувана, појасни тој. Археолозите веруваат дека саркофагот веројатно припаѓал на некој висок големец и потекнува од 14 век, што доколку се потврди, би било спектакуларно откритие. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-oloven-sarkofag-otkrien-pod-notr-dam/feed/ 0
Започна обновата на оргулите во Нотр Дам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-obnovata-na-orgulite-vo-notr-dam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-obnovata-na-orgulite-vo-notr-dam/#respond Tue, 04 Aug 2020 07:26:37 +0000 https://kurir.mk/?p=385735

Во познатата црква Нотр Дам во Париз, вчера почна потфатот за подготовките за обновување и реставрација на симфониските оргули, кои меѓу другото, беа оштетени во пожарот од април минатата година. Оргулите не биле зафатени со пламенот и претрпеле релативно мало оштетување од вода за време на гаснењето на пожарот. Инструментот притоа бил покриен и со доста прашина, а некои делови биле оштетени како резултат на екстремно високите температури во катедралата за време на пожарот. Се очекува чистењето и обновата на скапоцениот инструмент да трае од 2021 до 2024 година, а само расклопувањето на 8.000 цевки и други делови може да трае до крајот на годинава. – Реставрацијата на оргулите ќе биде еден вид „градилиште во градилиштето“… Овој процес е исклучително важен за севкупната обнова на катедралата, рече одговорниот стручњак за реконструкција на Нотр Дам, Жан-Луј Жоржелин. Според него, инструментот би можел да биде подготвен за петгодишнината од пожарот, за кога и францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе бидат завршени сите зафати околу обновата на Нотр Дам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-obnovata-na-orgulite-vo-notr-dam/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Се урна симболот на француската престолнина која го зафати пожар- катедралата Нотр Дам пеплоса! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-se-urna-simbolot-na-francuskata-prestolnina-koja-go-zafati-pozar-katedralata-notr-dam-peplosa-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-se-urna-simbolot-na-francuskata-prestolnina-koja-go-zafati-pozar-katedralata-notr-dam-peplosa-video/#respond Mon, 15 Apr 2019 18:21:35 +0000 https://kurir.mk/?p=186839

Париската црква Нотр-Дам, симбол на француската престолнина, попладнево ја зафати пожар. Пожарникарските екипи се на терен, а засега нема податоци за причините за пожарот. Пожарот на катедралата Нотр Дам се шири брзо, а се урна централната купола. Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го опиша како „страшен оган“ и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги пставија противпожарните екипи со цел да безбедни. Богородичната црква или Нотр Дам е готска катедрала на источната половина на островот Сите на реката Сена во Париз, Франција, со главен влез од западната страна. Ова е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура. Виоле-ле-Дик, еден од најпознатите француски архитекти, ја обновил и сочувал од уривање. Името „Нотр Дам“ на француски значи „Нашата Госпоѓа“ (Богородица или Дева Марија). Ова е една од најубавите готски катедрали во светот, градена низ целиот готски период. Скулптурите и витражите се одликуваат со големо влијание од натурализмот, за разлика од пораната романска архитектура. Богородичната црква е една од првите цркви во светот каде се употребени арбутани (надворешни потпорни арки). Зданието првично не било предвидено да има арбутани околу хорот и бродот. По започнувањето на изградбата, откога потенките ѕидови (популаризирани во готиката) израснале уште повисоко, почнале да се јавуваат пукнатини од напон, како што ѕидовите притискале нанадвор. За да го решат проблемот, архитектите изградиле потпори на ѕидовите однадвор, и подоцнежните доградби продолжиле да се вршат на тој начин. За време на радикалната фаза на Француската револуција (1790-ти г.), катедралата настрадала од сквернавење, кога голем дел од верската иконографија бил оштетен или уништен. Истата била обновена во текот на XIX век, и така катедралата го добила својот поранешен изглед. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-se-urna-simbolot-na-francuskata-prestolnina-koja-go-zafati-pozar-katedralata-notr-dam-peplosa-video/feed/ 0
ВИДЕО: Пожар во познатата катедрала „Нотр Дам“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozar-vo-poznatata-katedrala-notr-dam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozar-vo-poznatata-katedrala-notr-dam/#respond Mon, 15 Apr 2019 17:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=186824

Познатата катедрала во Париз, „Нотр Дам“ или „Богородичната црква“ се запалила, пишуваат француските медиуми. На социјалните мрежи се проширија видео записи и фотографии од инцидентот. Причината за пожарот сѐ уште е непозната. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pozar-vo-poznatata-katedrala-notr-dam/feed/ 0