носач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Jun 2023 10:27:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png носач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Моќниот американски носач на авиони „Џералд Форд“ вплови во Сплит (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mokniot-amerikanski-nosach-na-avioni-dherald-ford-vplovi-vo-split-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mokniot-amerikanski-nosach-na-avioni-dherald-ford-vplovi-vo-split-video/#respond Mon, 26 Jun 2023 10:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=849689

Најмодерниот носач на авиони на нуклеарен погон „USS Gerald R. Ford“ утрово вплови во Сплит. Огромниот брод го привлече вниманието на бројни жители на Сплит и туристи, пренесуваат хрватските медиуми. Посетата на Сплит е потврда за унапредување на односите меѓу САД и Хрватска, бидејќи двете земји работат заедно за стабилен, безбеден и просперитетен регион, соопштија од амбасадата на САД во Хрватска. Бродот е долг дури 337 метри, може да носи до 75 авиони и над 4.000 членови на екипажот, се напојува од два нуклеарни реактори, што му овозможува да плови со брзина до 56 километри на час, може да плови околу 20 години без полнење гориво, опремен е со двопојасен најнапреден радар, а вреди 13 милијарди долари. Разурнувачот се упати кон Европа во октомври минатата година, неговата прва мисија, за да се приклучи на вежбите на северноамериканските и европските сојузници. Минатиот месец тој заплови во Норвешка, во Осло, поради што соседна Русија се налути и го критикуваше чинот како нелогична и штетна демонстрација на сила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mokniot-amerikanski-nosach-na-avioni-dherald-ford-vplovi-vo-split-video/feed/ 0
Американски носач на авиони на нуклеарен погон вплови во Сплит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-nosach-na-avioni-na-nuklearen-pogon-vplovi-vo-split/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-nosach-na-avioni-na-nuklearen-pogon-vplovi-vo-split/#respond Thu, 03 Nov 2022 12:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=755190

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон USS George H.W. Bush (CVN 77) изутринава вплови во сплитското пристаниште. Станува збор за најмладиот американски носач на авиони и еден од најголемите воени бродови на светот. Хрватската Влада кон крајот на октомври даде дозвола за неговото впловување. Бродот е од класата Nimitz и долг е 333 метри. Неговата максимална брзина надминува 30 јазли, а се напојува од два нуклеарни реакторa. Може да плови повеќе од 20 години без дополнување гориво. Капацитетот на бродот е 3.532 членови на eкипаж и може да носи 90 авиони и хеликоптери. Бродот е изграден во 2009 година, а цената за изградбата беше 6,2 милијарди долари. Тој кон крајот на октомври ја предводеше големата воена бежба на НАТО на подрачјето на Медитеранот. Вежбата вклучуваше над 80 авиони, 14 бродови и околу 6.000 припадници од 24 држави сојузници и партнери на НАТО, а меѓу нив и Финска и Шведска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amerikanski-nosach-na-avioni-na-nuklearen-pogon-vplovi-vo-split/feed/ 0
САД во Европа го испраќа најсовремениот носач на авиони, „Џералд Форд“ заплови кон стариот континент (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-evropa-go-isprakja-najsovremeniot-nosach-na-avioni-dzerald-ford-zaplovi-kon-stariot-kontinent-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-evropa-go-isprakja-najsovremeniot-nosach-na-avioni-dzerald-ford-zaplovi-kon-stariot-kontinent-foto-video/#respond Fri, 07 Oct 2022 09:20:18 +0000 https://kurir.mk/?p=742294

Најновиот и најнапреден американски носач на авиони УСС Џералд Форд тргна на своето прво патување од Норфок, Вирџинија. Една од првите негови задачи е вежба со сојузниците во Европа. Форд е првиот американски носач на авиони дизајниран во „повеќе од 40 години“. Изградбата на огромниот брод почна во ноември 2009 година. Ова е првиот носач од класата Форд. Американската морнарица почна изградба на уште два носачи од таа класа, УСС Кенеди и УСС Ентерпрајз. Овој носач на авиони има нова напредна технологија. Бродот троши речиси три пати поголемо количество електрична енергија во споредба со носачите од класата Нимиц и користи електромагнетски систем за лансирање на авионите. Овој систем користи електрична енергија за лансирање на авионите од палубата наместо претходниот систем на парен катапулт. Системот помалку ги оптоварува авионите и ќе овозможи пократко време меѓу лансирањата, кажа функционер на американската морнарица. Носачот има и значително понапреден радарски систем. Како што соопшти морнарицата, носачот ќе дејствува главно во Атлантскиот Океан и Средоземното Море, барем во следните медеци. фото: EPA-EFE]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-evropa-go-isprakja-najsovremeniot-nosach-na-avioni-dzerald-ford-zaplovi-kon-stariot-kontinent-foto-video/feed/ 0
Два кинески носачи на авиони одат кон Тајванскиот теснец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-kineski-nosachi-na-avioni-odat-kon-tajvanskiot-tesnec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-kineski-nosachi-na-avioni-odat-kon-tajvanskiot-tesnec/#respond Wed, 03 Aug 2022 16:39:49 +0000 https://kurir.mk/?p=713623

Дописникот на Би-би-си од Тајван, Руперт Винфилд Хејс, јави дека, според достапните информации, два кинески носачи на авиони заедно со придружните бродови тргнале кон Тајванскиот теснец. Пекинг по посетата на шефицата на долниот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси најави големи вежби во шест поморски зони околу Тајван во кои ќе спроведе маневри со боева муниција, што има потенцијал да прерасне во сериозна криза, јавува Би-би-си. Пекинг, потсетува Винфилд Хејс, истото го направи во 1996 година кога ситуацијата прерасна во таканаречената „Криза во Тајванскиот теснец“. Но тогаш зоните на кинеските воени вежби беа надвор од територијални води на Тајван. Овој пат шесте зони навлегуваат во тајванските води, што е без преседан, наведува дописникот на британскиот сервис. Ако Кина навистина влезе со своите воени бродови или авиони во тие области, тоа технички ќе значи инвазија. Со тоа влоговите уште повеќе растат бидејќи Тајван би можел да се почувствува приморан да ги брани своите територијални води. Тензиите се поопасни поради тоа што американскиот носач на авиони УСС Роналд Реган со својата борбена група е во блиското Филипинско Море. Американскиот претседател Бил Клинтон во 1996 испрати две борбени групи на носачи на авиони во близина на Тајван, за на Кина да ѝ даде до знаење дека САД се спремни на интервенција ако Кина го нападне островот. Но, воената ситуација сега е многу поинаква од таа во 1996. Кина сега има три носачи на авиони од кои два, како што јавува Би-би-си, се упатени кон Тајванскиот теснец. фото:EPA-EFE ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-kineski-nosachi-na-avioni-odat-kon-tajvanskiot-tesnec/feed/ 0
Кина со трет носач на авиони од свое производство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-tret-nosach-na-avioni-od-svoe-proizvodstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-tret-nosach-na-avioni-od-svoe-proizvodstvo/#respond Fri, 17 Jun 2022 08:51:12 +0000 https://kurir.mk/?p=692059

Кина денеска го стави во употреба третиот носач на авиони – Фуџијан, воен брод целосно дизајниран и направен во земјата, што претставува уште еден чекор кон модернизација на кинеската војска. Носачот на авиони е опремен со електромагнетен катапулт за лансирање на авиони, со писта со целосна должина, јавија кинески медиуми. Фуџијан, покрај носачите на авиони Лиаонинг и Шандонг, е трет и најголем таков брод во кинеската морнарица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-so-tret-nosach-na-avioni-od-svoe-proizvodstvo/feed/ 0
Расте бројот на заразени морнари на носачот Теодор Рузвелт https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zarazeni-mornari-na-nosachot-teodor-ruzvelt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zarazeni-mornari-na-nosachot-teodor-ruzvelt/#respond Sat, 04 Apr 2020 20:14:53 +0000 https://kurir.mk/?p=327439

Бројот на морнари на американскиот носач на авиони Теодор Рузвелт, кои се позитивни на коронавирусот за 24 часа се зголеми за 13 на 155 инфицирани, соопшти денеска американската морнарица. Досега се тестирани околу 44 проценти од речиси 5.000 членови на екипажот, а 1.548 морнари се симнаа од бродот чиј капетан Брет Крозие неодамна предупреди на коронавирусот поради што беше сменет. Ниту еден од заразените морнари не е хоспитализиран, соопшти морнарицата. Капетанот Брет Крозие беше разрешен откако во јавност излезе неговото писмо до претпоставените во кое бара од морнарицата да преземе поинтензивни активности за сузбивање на ширењето на вирусот на бродот кој носи нуклеарно оружје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zarazeni-mornari-na-nosachot-teodor-ruzvelt/feed/ 0