носење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 May 2021 06:17:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png носење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маските остануваат, можнo олабавување на мерките и свадби од 1ви јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maskite-ostanuvaat-mozno-olabavuvanje-na-merkite-i-svadbi-od-1vi-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maskite-ostanuvaat-mozno-olabavuvanje-na-merkite-i-svadbi-od-1vi-juni/#respond Thu, 20 May 2021 06:16:56 +0000 https://kurir.mk/?p=512712

Бројот на новозаболени се намалува, намален број има регистрирано и кај приемите на болни во болниците, но имаме зголемен интерес за вакцинација и мерки кои остануваат да важат до 1 јуни. За ослободување од маските е рано, но може да се очекува организирање свадби и прослави во угостителските објекти само на отворено со протоколи, како и патувања во странство со најавата за издавање ковид пасоши од следната недела. -Бројот на новодијагностицирани случаи со коронавирусот навистина е мал и тоа се чувствува по притисокот во болниците. Огромен број на ковид-центри се вратени во нормална работа, целата хируршка клиника, добар дел од интерните клиники. Во нормална функција е вратен и Центарот за рехабилитација во Козле и Детската болница во Козле, а веројатно до крајот на оваа недела во нормала ќе се врати целата зграда на интерните клиники, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче пред Арена А1 СЦ „Борис Трајковски“, кој додаде дека капацитетот на исполнетост во болниците во земјава е меѓу 20 и 30 отсто. Бројот на новозаразени во вчерашното деноноќие е 87 заразени од направени 2953 тестирања. Починале 17 пациенти на возраст од 47 до 82 години, а оздравени биле 197. Вкупната бројка пак на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава заклучно со вчера е 422 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите. Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 10 до 16 мај 2021, покажува при зголемен број тестирања од 6,3 отсто и тестирани вкупно 16773 материјали во лабораториите регистрирани се 674 нови позитивни случаи во земјата со намалување од 48,3 посто во однос на минатата недела. Министерот Филипче се надева дека бројките ќе продолжат да се намалуваат и оти потоа ќе може да се размислува и зборува за олабавување на мерките, кои според заклучок на Комисијата за заразни блолести активните мерки остануваат во сила до 1 јуни. -Маските треба да продолжат да се носат и понатаму и сè уште е рано да се тргнат како мерка. Угостителските објекти да продолжат да работат само надвор, а по подолго време треба да се дозволат свадби со протоколи во однос на пополнетост на капацитети во надворешни услови, а не и внатре. Евентуално може да се излезе во пресрет на барање за зголемување на бројот на посетители на една маса, истакна министерот, кој додаде дека ако и понатаму продолжат да се намалуваат бројките на заразени со коронавирусот, разумно и има логика да се ипмлементира од почетокот на јуни, но, како што рече, не може да тврди дека ќе биде така бидејќи за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести. Според Филипче, сите други протоколи во однос на организација на настани се многу соодветни и треба да продолжат и понатаму да се спроведуваат. Најави и дека од идната недела во државава ќе се издаваат ковид сертификати со кои ќе може да се патува во европските држави. – Ние следната недела ќе го издадеме и т.н. грин пас. Тоа ќе е оној електронски кју-ар код што ќе има податоци за вакцината, за ПЦР-тест и евентуално за антитела, па кој било од трите параметри, за да може патникот да ги има со себе ако се патува во која било европска земја, рече Филипче и наведе дека во пресрет на летната туристичка сезона, амбасадорите на 27-те земји на ЕУ ја одобрија препораката предложена од Европската комисија, а која не е обврзувачка за земјите членки. Вакцинацијата во земјава се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.793 граѓани. Министерот оцени дека согласно најавените пратки и количини се прават распоредите за имунизацијата која се одвива добро. -Досега се вакцинирани под 200 000 граѓани од кои 30 000 се ревакцинирани и се аплицирани близу 220.000 дози. Сега се вакцинираат сите граѓаните кои се пријавени на системот и сајтот вакцинација.мк над 40 години и дополнително над 65 години од пријавените после 1 мај. Вакцините се дистрибуираат согласно бројот на пријавени граѓани. Тече и вакцинацијата на пациенти на дијализа и со трансплантација, а понатаму и согласно одлуките на Комитетот за имуизација и националната група ќе се прават распоредите и за следната недела, појасни Филипче. Според него за оваа и за наредната недела има сосема доволен број вакцини да се задржи сегашното темпо за вакцинација, а можно е следната недела бројката на дневно ниво да се големи заради тоа што доаѓаат на ред ревакцините. Најави пристигнување нови 500 илјади вакцини од „Синовак“ на почеток на следниот месец и 100 илјади вакцини на Фајзер преку Ковакс системот, а сè уште нема динамика на пристигнување на вакцините од овој производител преку директниот договор. Посочи и дека има некои најави и за пристигнување повторно преку претставници од Руската амбасада за руската вакцина до крајот на мај, како и на оние по 10 илјади вакцини на Фајзер преку нашиот директен договор и ситемот Солидарност од ЕУ секој понеделник до крајот на мај. Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин. Со последните бројки 43 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Од МЗ велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, односно во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид. Од почетокот на епидемијата во земјава вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица достигна 154 891, а направени се вкупно 763 451 тестирања. Оздравени се 146 499 пациенти, починати 5249, а активни случаи има 3143.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maskite-ostanuvaat-mozno-olabavuvanje-na-merkite-i-svadbi-od-1vi-juni/feed/ 0
Париз: Забрането собирање на повеќе од 10 луѓе, задолжително е носење маска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-zabraneto-sobiranje-na-povekje-od-10-lugje-zadolzitelno-e-nosenje-maska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-zabraneto-sobiranje-na-povekje-od-10-lugje-zadolzitelno-e-nosenje-maska/#respond Sat, 15 Aug 2020 08:27:52 +0000 https://kurir.mk/?p=390970

Во Париз е забрането е да се собираат повеќе од 10 лица ако не можат да се почитуваат епидемиолошките мерки, соопшти париската полиција. Задолжителното носење заштитна маска, кое веќе е на сила на повеќе места во главниот град на Франција, е продолжено утрово во 08,00 часот на дел од Елисејските полиња и на централниот дел на градот каде се наоѓа музејот Лувр. „Ако епидемиолошката состојба се влоши повторно, носењето маска би можело да биде задолжително низ целиот главен град“, додаде полицијата. Маските се задолжителни од понеделник во некои делови на Париз, вклучително и на шеталиштата по должината на реката Сена. Француската Влада вчера ги прогласи Париз и Марсеј и околината на тие градови за зони со висок ризик за инфекција со коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-zabraneto-sobiranje-na-povekje-od-10-lugje-zadolzitelno-e-nosenje-maska/feed/ 0
Во изминатото деноноќие 415 лица не ја почитувале мерката за носење на маска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izminatoto-denonokjie-415-lica-ne-ja-pochituvale-merkata-za-nosenje-na-maska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izminatoto-denonokjie-415-lica-ne-ja-pochituvale-merkata-za-nosenje-na-maska/#respond Wed, 08 Jul 2020 07:11:39 +0000 https://kurir.mk/?p=371399

Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата од Covid19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата. Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 27741 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 415 прекршоци во изминатото деноноќие, објави на својата Фејсбук страница министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 90 контроли во објекти при што е евидентиран 1 објект кој не ги почитувал одлуките на владата. На територијата на целата држава на вкупно 250 лице им се издадени решенија за изолација, а 3 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки. Во оваа прилика уште еднаш апелирам до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-izminatoto-denonokjie-415-lica-ne-ja-pochituvale-merkata-za-nosenje-na-maska/feed/ 0
Носењето заштитна опрема на носот и устата е задолжително, забрането е групирање на повеќе од две лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/#respond Tue, 28 Apr 2020 14:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=338770

Владата денеска соопшти дека остануваат да важат мерките за лична заштита, односно задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично. Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри. За непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема, од 30-ти април предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност. Владата информира дека на сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица. Овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час. – Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми, соопшти владината прес служба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nosenjeto-zashtitna-oprema-na-nosot-i-ustata-e-zadolzitelno-zabraneto-e-grupiranje-na-povekje-od-dve-lica/feed/ 0