нота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 10:54:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нота – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарското МНР со нота ќе бара да им се обезбеди пристап на Бугарите на гробот на Гоце Делчев на 4-ти февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-so-nota-ke-bara-da-im-se-obezbedi-pristap-na-bugarite-na-grobot-na-gotse-delchev-na-4-ti-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-so-nota-ke-bara-da-im-se-obezbedi-pristap-na-bugarite-na-grobot-na-gotse-delchev-na-4-ti-fevruari/#respond Fri, 27 Jan 2023 10:54:32 +0000 https://kurir.mk/?p=792753

Бугарија ќе бара со нота да им се обезбеди пристап на Бугарите што патуваат во Северна Македонија за да се поклонат на споменикот на Гоце Делчев на 4 февруари. На настанот ќе учествуваат и претставници на бугарската амбасада. Ова го соопшти бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, на брифинг на кој извести за сработеното на МНР за време на мандатот на преодната влада, извести „БНТ.бг“. -На социјалните мрежи во Северна Македонија се организираат блокади на патот кон Скопје против бугарските неонацисти. Клучно е да се обезбеди безбедност на Бугарите таму. Обезбедувањето непречено оддавање почит на 4 февруари е елемент на тоа. Сакаме да постигнеме деескалација. Ние не бегаме од таков дијалог. Нашиот премиер ќе има телефонски разговор со македонскиот премиер Ковачевски, а еден од главните елементи ќе биде обезбедувањето на безбедноста на бугарските граѓани воопшто, како и за тоа што ќе се случи на 4 февруари. Ние се залагаме за таква деескалација, не треба да се вратиме на ситуацијата пред една недела бидејќи тоа би било конкретизирање на репресијата, посочи Милков.
Според бугарскиот шеф на дипломатијата, доколку Северна Македонија го попречи пристапот на бугарските граѓани, тоа би било без преседан. „Ако тоа се случи, тоа ќе биде без преседан. Немам информации дека две земји членки ги прогласиле своите граѓани за персона нон грата. Ова ќе биде без преседан и ќе бара одговор без преседан. Андреј Ковачев е известувач за РСМ во ЕП“, потсети тој. Обвини дека Бугарите и луѓето со бугарска самосвест немале доверба во македонските институции, а поплаките што ги поднесуваат не се разгледуваат или ако се разгледаат, добиваат негативен резултат. Инаку, народот се самоорганизира да спречи пристап на Бугари и организирани бугарски групи до гробот на Гоце Делчев. Иницијативата за ноќна стража на гробот на Гоце Делчев се шири низ цела Македонија. Бугарски граѓани на 4 февруари организирано ќе дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев. На социјалните мрежи пак, е објавен повик граѓаните тој ден да ја блокираат патарината Куманово- Скопје со цел нивно спречување. -Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, стои во објавата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarskoto-mnr-so-nota-ke-bara-da-im-se-obezbedi-pristap-na-bugarite-na-grobot-na-gotse-delchev-na-4-ti-fevruari/feed/ 0
Софија со нота до МНР регира за дел од слоганите на протестите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-nota-do-mnr-regira-za-del-od-sloganite-na-protestite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-nota-do-mnr-regira-za-del-od-sloganite-na-protestite-vo-skopje/#respond Tue, 12 Jul 2022 14:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=704003

Софија испрати нота до Министерството за надворешни работи во Скопје поради, како што се наведува, констатираните многубројни слогани и транспаренти, насочени против Бугарија изминатите денови во јавноста на Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија во нотата се изразува „длабока загриженост поради тоа што се случува, а кое се однесува на ширењето на антиевропскиот наратив против воспоставувањето на добрососедските односи меѓу двете земји“. -Особено загрижувачки е тоа што злонамерните дејствија во јавноста ескалираат во момент кога Софија и Скопје активно бараат пат кон конструктивен дијалог и пронаоѓање трајно взаемноприфатливо решение во интерес на европската интеграција на Република Македонија и регионот, се наведува во нотата. Во документот се изразува уверување дека ваквите настани ќе станат дел од минатото, а двете држави ќе успеат да отворат нова страница во односите, заснована на взаемно почитување и искрено пријателство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sofija-so-nota-do-mnr-regira-za-del-od-sloganite-na-protestite-vo-skopje/feed/ 0
МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-nota-do-slovenechko-i-hrvatsko-mnr-za-novi-konvoi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-nota-do-slovenechko-i-hrvatsko-mnr-za-novi-konvoi/#respond Sun, 15 Mar 2020 13:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=316842

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека со сите свои ресурси и напори, преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници. – Испративме и нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници (лесни возила, комбиња, автобуси и камиони) во следните планирани конвои од словенечка и хрватска страна. Во тој контекст, МНР Никола Димитров од утринските часови е во постојана комуникација со Министерството за надворешни работи на Словенија, кризниот штаб и амбасадорот Јазбец, се наведува во соопштението од МНР. Во врска со застојот на македонските автопревозници на италијанско-словенечката граница, од МНР информираат дека вчера е обезбеден конвој за одреден број македонски превозници, кои беа придружувани од словенечката полиција и транзитираа преку словенечка територија на пат кон крајната дестинација – Република Македонија. Од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенечкиот кризен штаб известуваат дека најмалку 3.000 превозници чекаат на граничните премини на италијанско-словенечката граница и уверуваат дека постојано организираат конвои, внимавајќи на правично учество на превозниците од сите држави во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-nota-do-slovenechko-i-hrvatsko-mnr-za-novi-konvoi/feed/ 0