Нотис Митаракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 13:18:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нотис Митаракис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерот за заштита на граѓаните на Грција надлежен за полицијата си поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerot-za-zashtita-na-graganite-na-grtsija-nadlezhen-za-politsijata-si-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerot-za-zashtita-na-graganite-na-grtsija-nadlezhen-za-politsijata-si-podnese-ostavka/#respond Fri, 28 Jul 2023 13:18:24 +0000 https://kurir.mk/?p=861158

Од лични причини, министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Нотис Митаракис денеска си поднесе оставка, која била прифатена од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, на местото на Митаракис доаѓа досегашниот алтернативен министер за образование, религија и спорт, надлежен за спорт и поранешен владин портпарол Јанис Иконому. На местото на Иконому, пак, поставен е Јанис Вруцис кој во минатото беше и министер за труд и социјални прашања. Митаракис, кој денеска си поднесе оставка, во конкретното Министерство беше само еден месец со оглед на тоа што новата грчка Влада положи свечена заклетва на 27 јуни. Во претходната Влада на Нова демократија, Митаракис беше министер за миграција и азил. Весникот „Катимерини“ во денешното печатено издание објави коментар во кој се упатува критики до Митаракис дека додека земјата се соочува со големи пожари и сериозна криза, министерот за заштита на граѓаните вчера заминал на одмор на островот од кој потекнува.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ministerot-za-zashtita-na-graganite-na-grtsija-nadlezhen-za-politsijata-si-podnese-ostavka/feed/ 0
Митаракис бара ЕК итно да интервенира за релокација на спасените 400 мигранти јужно од Крит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-bara-ek-itno-da-intervenira-za-relokacija-na-spasenite-400-migranti-juzno-od-krit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-bara-ek-itno-da-intervenira-za-relokacija-na-spasenite-400-migranti-juzno-od-krit/#respond Wed, 23 Nov 2022 06:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=765052

Бараме од Комисијата веднаш да преземе и да координира иницијатива за релокација на мигрантите, пишува министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во писмата испратени до потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, и комесарката за внатрешни прашања на ЕУ Илва Јохансон во однос на спасените околу 400 мигранти во близина на Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Митаракис вели дека ваква иницијатива од ЕУ би била „одговор на операцијата за потрага и спасување со што ќе се осигури дека одговорноста за спасување животи во море е правично поделена меѓу земјите- членки, како што беше случај со другите спасувачки акции во Средоземното Море“. Во писмото, грчкиот министер објаснува дека вчера, околу еден часот по полноќ бродот испратил сигнал за помош преку бројот 112 за итни случаи додека пловел на околу 15 наутички милји јужно од Крит, а во спроведената акција, сите мигранти биле безбедно префрлени на пристаништето на Крит. -Бродот, рибарски брод долг 30 метри, пловел на отворено море, во рамките на грчкиот регион за потрага и спасување. Според досега достапните информации, на бродот има околу 400 мигранти. Бродот бил надгледуван од крајбрежната стража бидејќи пловел со екстремно мала брзина, но на почетокот не побарал помош. Сигналот за помош дошол откако во бродот почнало да навлегува во вода. Сè уште нема информации за знамето или пристаништето на потекло, пишува Митаракис. Истакнува дека Грција постојано го посочува новиот начин на работа на криумчарите кои користат поголеми пловни објекти и се обидуваат да стигнат во Европа, но и дека е потребно колективно дејствување, а не да се очекува од земјите што се во првите редови „да сносат сè поголем товар непропорционален со нивните соодветни капацитети“. -Европа мора да докаже дека е во позиција да обезбеди непосредна и опиплива солидарност, во многу побрзи временски рамки и во поголем број од оние на кои сме сведоци досега, истакнува грчкиот министер во писмото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-bara-ek-itno-da-intervenira-za-relokacija-na-spasenite-400-migranti-juzno-od-krit/feed/ 0
Митаракис: Случајот со спасените 92 мигранти е соодветна можност одново да се разгледа ставот на Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-sluchajot-so-spasenite-92-migranti-e-soodvetna-moznost-odnovo-da-se-razgleda-stavot-na-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-sluchajot-so-spasenite-92-migranti-e-soodvetna-moznost-odnovo-da-se-razgleda-stavot-na-turcija/#respond Thu, 20 Oct 2022 12:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=748434

Случајот со групата 92 мигранти кои минатата седмица беа пронајдени голи во близина на Еврос на границата со Турција и спасени од грчките власти, според министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис е соодветна можност одново да се разгледа ставот на Турција во мигрантското прашање, бидејќи потребно е да постои „правилна соработка на Европската унија со Турција“, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, Митаракис објасни дека спасените мигранти се сместени во центарот за регистрација и идентификација кај Еврос, а во продолжение ќе бидат разгледани нивните барања за меѓународна заштита. Оние кои имаат право на заштита, ќе добијат азил, а во спротивно, ќе бидат депортирани од Грција. Порача дека Турција треба да ги почитува обврските и да соработува со ЕУ во мигрантското прашање. -Турција има две основни обврски врз основа на Заедничката декларација со ЕУ од 2016. Од една страна, да ги ограничи мигрантските бранови, а од друга страна, да прифаќа враќање на мигранти. Првата обврска, понекогаш ја спроведува, а понекогаш не, како на пример кога дозволува турските рибарски чамци да ги придружуваат чамците со мигранти во тешки услови, како што се случи на пример во бродоломот кај Лезбос, рече Митаракис. Додаде дека минатата година околу 12.000 мигранти од Турција се упатиле кон Италија, што „значи дека 90 отсто од брановите од Турција се префрлија кон Италија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-sluchajot-so-spasenite-92-migranti-e-soodvetna-moznost-odnovo-da-se-razgleda-stavot-na-turcija/feed/ 0
Митаракис: Има зголемен притисок на границите од мигрантските бранови, но истовремено и мал број пристигнувања https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-ima-zgolemen-pritisok-na-granicite-od-migrantskite-branovi-no-istovremeno-i-mal-broj-pristignuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-ima-zgolemen-pritisok-na-granicite-od-migrantskite-branovi-no-istovremeno-i-mal-broj-pristignuvanja/#respond Thu, 13 Oct 2022 18:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=744979

Постои зголемен притисок, но истовремено гледаме и мали број пристигнувања на мигранти, односно, заштита на границите успеа да ја заштити земјата и да немаме зголемени мигрантски бранови како во 2015, 2016, 2019 година, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Митаракис истакна дека оваа година се очекува да има втор најнизок бран бегалци и мигранти во земјата во изминатите десет години, а нивните проценки се дека ќе има околу 14.000 нови пристигнувања како на островите, така и на копнената граница со Турција, кај Еврос. За евентуална провокација од Турција, посочи дека се особено внимателни, но и подготвени за можен зголемен притисок на границите. -Мислам дека по успешниот одговор на Грција во февруари и март 2020 година на обидот за масовна инструментација, мислам дека е јасно дека нашата земја знае и може да се справи со вакви инциденти. Па така, нема да кажам дека се плашам или не се плашам од дополнителен притисок на границата, туку ќе ви кажам дека сме целосно подготвени за тоа, истакна министерот за миграција и азил на Грција. Паралелно, говорејќи за Турција, истакна дека би требало повторно да го прочита Лозанскиот договор и „да види колку одредби од Договорот самата не ги спроведува“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-ima-zgolemen-pritisok-na-granicite-od-migrantskite-branovi-no-istovremeno-i-mal-broj-pristignuvanja/feed/ 0
Митаракис за балканската рута на мигрантите: Грција спречува нелегални заминувања од земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-za-balkanskata-ruta-na-migrantite-grcija-sprechuva-nelegalni-zaminuvanja-od-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-za-balkanskata-ruta-na-migrantite-grcija-sprechuva-nelegalni-zaminuvanja-od-zemjata/#respond Mon, 26 Sep 2022 14:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=737605

Грција спречува нелегални заминувања од земјата и ги апси мрежите на криумчари кои нелегално пренесуваат баратели на азил кон други земји, рече министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на балканската рута за мигрантите. Митаракис посочи дека сите земји имаат обврска да ги спречат нелегалните напуштања, а и самата Грција го прави тоа. -Грција спречува нелегални заминувања од нашата земја и повремено апси мрежи кои учествуваат во нелегално пренесување баратели на азил од Грција кон Европската унија и сметам дека сите имаме одговорност да го правиме тоа. Сите треба да спречуваме нелегални заминувања од земјата и да ги скршиме синџирите на нелегалните криумчари. Истото го прави Грција во однос на балканската рута, а полицијата систематски апси, објасни Митаракис. Министерот за миграција и азил на денешната прес-конференција повтори дека Грција има граници и не дозволува нелегален влез и истакна дека земјата „ефикасно ги брани и копнените и морските граници“. -Криумчарите континуирано се обидуваат да најдат нови начини, кога се соочуваат со проблем на една рута, бараат алтернатива и затоа наша обврска и наша цел е да ги чуваме и копнените и морските граници. Исто има случаи кога брановите се префрлаат на други региони, како на пример гледаме зголемени притисоци врз Бугарија, а и Кипар и понатаму има голем притисок, рече Митаракис. Тој додаде дека криумчарите бараат алтернативни рути, преку Италија, избегнувајќи ја Грција и објасни дека земјата од 2015 година стана влезна точка. Токму таа година, во Грција нелегално влегле 874.735 мигранти, а од почетокот на годинава, заклучно со септември, во земјата пристигнале 10.270 лица, бројка поголема од онаа во 2021 година, кога биле регистрирани 8.745 пристигнувања, што е и најмал број во последните десет години. Посочи дека во последните години повеќе баратели на азил си заминале од Грција, во споредба со оние што дошле. Според Митаракис, во овој момент во Грција има 18.587 баратели на азил, од нив 17,3 отсто се од Авганистан, 14,1 процент од Сирија, 12,3 отсто од Пакистан. За случајот со 38-те мигранти кои беа заглавени на островче во реката Еврос на копнената граница меѓу Грција и Турција, а на средината на август спасени од грчка страна, Митаракис демантираше дека постоело мртво петгодишно девојче, наспроти тврдењата од тој период. Тој објасни дека по спроведената истрага, според анализираните податоци и фотографии, дел од групата биле четири, а не пет деца и сите биле спасени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-za-balkanskata-ruta-na-migrantite-grcija-sprechuva-nelegalni-zaminuvanja-od-zemjata/feed/ 0
Митаракис: Очекуваме ЕУ да стори повеќе за имплементација на заедничката изјава ЕУ – Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-ochekuvame-eu-da-stori-povekje-za-implementacija-na-zaednichkata-izjava-eu-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-ochekuvame-eu-da-stori-povekje-za-implementacija-na-zaednichkata-izjava-eu-turcija/#respond Fri, 08 Oct 2021 13:15:26 +0000 https://kurir.mk/?p=575478

Очекуваме Европската унија да направи повеќе за спроведување на Заедничката изјава ЕУ – Турција. Секој чамец што заминува од турскиот брег е кршење на Заедничката декларација, рече министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, пред почетокот на Советот на министрите за правда и внатрешни прашања на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Митаракис додаде дека „исто така, е неуспех на Заедничката декларација, кога секое лице за кое се смета дека не ги исполнува критериумите за меѓународна заштита не може да се врати во Турција“. Тој истакна дека Европската Унија се соочува со мигрантски притисок на внатрешните и надворешните граници и „ова ја прави уште поактуелна дискусијата за нов договор“ за миграцијата, но и дека треба да се најде европско решение. – Мигрантскиот притисок не е предизвик само за земјите во првите редови, туку и за Унијата во целина. Треба да обезбедиме еднаква и праведна поделба на товарот меѓу земјите членки. Но, не смееме да влеземе во фаза на неактивност, чекајќи го новиот договор. Треба да очекуваме Европската унија да направи многу повеќе за прашањето на надворешната димензија, во заштитата на европските граници и враќањето на оние кои не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита, нагласи Митаракис. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-ochekuvame-eu-da-stori-povekje-za-implementacija-na-zaednichkata-izjava-eu-turcija/feed/ 0
Митаракис: Турција и невладини организации помагаат при нелегално пристигнување на Сомалијци во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-turcija-i-nevladini-organizacii-pomagaat-pri-nelegalno-pristignuvanje-na-somalijci-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-turcija-i-nevladini-organizacii-pomagaat-pri-nelegalno-pristignuvanje-na-somalijci-vo-grcija/#respond Tue, 08 Dec 2020 15:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=440531

Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, на прес-конференција со странските дописници во Грција презентираше податоци и сведоштва, според кои, како што рече, Турција, но и одредени невладини организации, го олеснуваат нелегалното патување на сомалиски државјани од турското крајбрежје во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Рече дека од 1 ноември на Лезбос пристигнале 214 мигранти, од кои 142 биле од Сомалија, нешто што било причина властите да го истражат случајот. – Сега имаме кредибилни информации за нарачан и намерен собир на мигранти од Сомалија, од криумчари, што преку Грција ги испраќаат во Европа. Во моментов има меѓу две и три илјади мигранти на турскиот западен брег. Но, ако овие луѓе преминат, тогаш може да се очекуваат повеќе пристигнувања. Според сведоштвата, овие луѓе летаат од Могадишу до Истанбул користејќи билети и визи, платени од невладини организации, рече Митаракис, додавајќи дека пристигнувањата во Турција, во суштина се легални, но со цел, потоа, нелегално да пристигнат во Европа. Митаракис објасни дека Сомалијците, кога ќе пристигнат во Турција, на криумчарите им плаќаат од 500 до 800 евра за да стигнат до турското крајбрежје, а оттаму и до Грција, додека пак полицијата во Турција, во случај да уапси сомалиски државјанин веднаш го ослободува. Од Турција за Грција, според Митаракис, мигрантите добиваат инструкции од невладини организации. Овие тврдења, министерот за миграција и азил на Грција ги поткрепи со снимени сведоштва на Сомалијци. -Турските криумчари нè информираа дека штом ќе пристигнеме во Митилини, ќе ни помогне невладина организација што се вика „Aegean Boat Report “. Требаше да им испратиме фотографии и видеа преку „Whatsapp“ или „Facebook“, а потоа „ Aegean Boat Report “ ќе го извести УНХЦР, вели еден од Сомалијците, во видеото презентирано на денешната прес-конференција. Митаракис истакна дека овие луѓе не се во опасност во Турција и треба таму да добијат азил и додаде дека е загрижувачко тоа што „се чини дека Турција го олеснува доаѓањето на овие мигранти, со доброволно обезбедување визи за патување“. – Треба да бидеме јасни. Грција нема да биде порта кон Европа за мрежи на нелегално криумчарење, порача министерот за миграција и азил на Грција. На прес-конференцијата со странските дописници во Грција, презентираше и видео, за кое рече дека „илустрира како турската крајбрежна служба не успева да ги запре илегалните премини и дејствува агресивно против грчката крајбрежна служба, додека се обидува да ги изврши своите должности за заштита на границите на Европската унија“. Митаракис истакна дека овде не станува збор за тензија меѓу Грција и Турција, „не станува збор за геополитика, туку за нелегална трговија со луѓе во Европската унија“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitarakis-turcija-i-nevladini-organizacii-pomagaat-pri-nelegalno-pristignuvanje-na-somalijci-vo-grcija/feed/ 0