нов бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 13:37:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов бран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов бран на коронавирусот се шири во САД, но хоспитализациите се намалени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-bran-na-koronavirusot-se-shiri-vo-sad-no-hospitalizaciite-se-namaleni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-bran-na-koronavirusot-se-shiri-vo-sad-no-hospitalizaciite-se-namaleni/#respond Thu, 19 May 2022 13:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=679055

Најновиот бран на Ковид-19 во САД се шири и во други делови на земјата надвор од североистокот во места како средниот Запад, Флорида и Калифорнија, соопшти Волстрит Журнал. Бранот се шири поттикнат од високо заразната варијанта Омикрон. Здравствените официјални лица ги повикаа луѓето да бидат внимателни и да примат засилувачки дози, да се тестираат пред да одат на средби и да носат маски, за да се ограничи ширењето на вирусот. -Мораме да направиме сѐ што можеме да ги спречиме инфекциите. Мораме да се осигураме инфекциите да не станат тешки заболувања, изјави Ашиш Џа, координатор на Белата куќа за Ковид-19. Во текот на седумте изминати денови во просек се забележуваат по 94.000 случаи дневно, се дознава од податоци на Центрите за контрола на заболувањата (ЦДЦ). Според епидемиолозите, вистинскиот број е поголем бидејќи многу луѓе се тестираат во домашни услови или вооопшто не се тестираат. Растот на бројот на нови случаи не укажува на зголемен број тешки заболувања. Просечниот дневен број на хоспитализации во изминатите седум денови достигна 18.500, повеќе од најниското ниво од 10.000 кон средината на април, но многу пониско од рекордот забележан во јануари од 150.000 хоспитализации дневно. Од почетокот на пандемијата во САД досега од Ковид-19 починаа над еден милион луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-bran-na-koronavirusot-se-shiri-vo-sad-no-hospitalizaciite-se-namaleni/feed/ 0
Мицотакис ја отфрли можноста за нов карантин наесен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-ja-otfrli-moznosta-za-nov-karantin-naesen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-ja-otfrli-moznosta-za-nov-karantin-naesen/#respond Thu, 12 Aug 2021 13:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=549755

Можноста за нов целосен карантин во Грција наесен, ја отфрли грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната прес конференција, а паралелно изрази загриженост за намалениот број дневни вакцинации, јави дописничката на МИА од Атина. Иако прес конференцијата беше за пожарите, сепак грчкиот премиер одговори и на прашања поврзани со ситуацијата со пандемијата во земјата. -Нема да одиме на нов локдаун. Нема вакцинираните да платат за невакцинираните. Економијата ќе функционира, опшеството ќе остане отворено, а одговорот на проблемот со мутацијата Делта не е локдаун, туку вакцинацијата, рече грчкиот премиер. За намалениот број дневни вакцинации рече дека е нешто што го загрижува, но додаде дека можеби тоа е поради летните одмори и истакна дека по 20 август кога веќе сите ќе почнат да се враќаат, Владата ќе направи нови напори да ги убеди граѓаните да се вакцинираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/micotakis-ja-otfrli-moznosta-za-nov-karantin-naesen/feed/ 0
НИ ДОАЃААТ НОВИ РЕСТРИКЦИИ: Во земјава присутни два, три соја на вирусот Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagjaat-novi-restrikcii-vo-zemjava-prisutni-dva-tri-soja-na-virusot-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagjaat-novi-restrikcii-vo-zemjava-prisutni-dva-tri-soja-na-virusot-kovid-19/#respond Thu, 15 Jul 2021 05:47:01 +0000 https://kurir.mk/?p=536934

Во земјава се активни 207 случаи на заразени со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека се присутни два, три соја на вирусот, нагласувајќи дека превенцијата и вакцинацијата важат за сите соеви. Имено, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега се вакцинирани 686.788 граѓани со една доза, а ревакцинирани се 252.338 граѓани. – Принципите на превенцијата се истите и без разлика кој сој на вирусот ќе дојде ќе останат исти – маската, дистанцата, дезинфекцијата на рацете и ние не можеме да живееме затворени. Граѓаните мора да го имаат ова на ум и да имаат на ум дека станува збор за нивното здравје и кога е во прашање вакцинацијата, но и кога се во прашање превентивните мерки, нагласи Филипче. Ако е голема гужва во ресторан, посочи, не мора сите да влеземе таму, треба да знаеме низ што поминавме и треба да знаеме дека не може се да ни каже државата што да правиме, ние мора да функционираме, а во исто време да водиме сметка за сопственото здравје и тоа е еден многу битен сегмент што ќе остане да важи следните веројатно години колку што ќе трае пандемијата, а тоа никој не знае во овој момент. – Присутни се два, три соја на вирусот и тоа што е битно дека принципите се исти – вакцинацијата и превенцијата која важи за сите соеви. Вкупниот број на вакцинирани еве и по поединечни групи или вкупно во државата меѓу 70, 80 и 85 проценти би било нешто што значи колективен имунитет, појасни Филипче. Во врска со вакцинацијата на децата, рече дека ќе се види на крајот на неделата каков ќе биде интересот. – Тогаш ќе го имаме пресекот на вкупниот број на пријавени. Таа вакцина не е задолжителна, меѓутоа некои земји дефинитивно тоа го препорачуваат. И мислам дека и тоа е еден сериозен сегмент, голема бројка на млади луѓе кои се трансмитер на вирусот и кои се посебен ризик категорија за есенските месеци. Така што, опцијата е отворена. „Фајзеровата“ вакцина е препорачана и во упатството од 12 до 16 години, што значи дека е сигурна, така што мислам дека е уште еден добар момент, додаде министерот. Тој потенцираше дека граѓаните мора да сфатат дека вакцинацијата е единствениот спас од Ковид-19, најавувајќи дека од есен најверојатно на масовни настани и на отворено и на затворено би се присуствувало само со сертификат за вакцинација против Ковид-19. Околу тоа дали ќе се воведат построги мерки бидејќи се намалува интересот за вакцинација, се појавуваат нови кластери на заболени и не сите здравствени работници се вакцинирани, Филипче рече дека според нивните анализи здравстениот персонал е вакциниран со прилично висок процент, некаде 85 проценти, а се чекаат и анализите со опфатот на вакцинација на вработените во училиштата и градинките. -Тоа како три сегменти кои ни се многу битни за некои процеси да продолжат да се одвиваат нормално и во есенските месеци, градинките и училиштата, и свесни дека можеби и покрај тоа што се што правиме интересот нема да се зголеми, затоа размислуваме за некоја форма на рестрикција во смисла на тоа некои работи да…ние не можеме да воведеме и никаде во светот оваа вакцинација не е задолжителна, затоа мораме да размислуваме за некои алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци, сега во месец јули и во август, кога има многу патувања и фреквенција на луѓето да ставиме акцент на сите овие активности кои ги правиме за да го зголемиме опфатот, рече Филипче. Според министерот, капацитетите за вакцинација се така димензионирани да може да се вакцинираат помеѓу десет и петнаесет илјади граѓани, кога имаше дадено термини. -И гледајќи дека нема повеќе интерес преку системот за закажување, затоа ги отворивме пунктовите да се вакцинираат сите кои ќе покажат интерес. Нашата проценка е дека до крајот на месец јули околу 500 000 илјади луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ревакцинирани, рече Филипче. Сепак, според него, тоа не е доволно бидејќи се јавуваат нови мутации – индискиот е еден од нив, кои се многу преносливи. – Ние ги користиме сите механизми за интензивна кампања. И на терен здравствените домови со здравствените работници, објавите на местата каде ќе се врши теренската вакцинација. Буквално сите луѓе ако покажат интерес на лице место каде што ќе се затекнат, рече Филипче. Според министерот, мора да им се оддаде признание на здравствените работници бидејќи дале се од себе процесот на вакцинација да биде организиран и да се спроведе. Со последните бројки 57 отсто од населението над 70 години имаат примено една доза вакцина, 54 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со една доза вакцина и 49 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со една доза вакцина. Голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица кои сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.840, бројката на оздравени пациенти е 150.146, на починати е 5.487.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ni-doagjaat-novi-restrikcii-vo-zemjava-prisutni-dva-tri-soja-na-virusot-kovid-19/feed/ 0
Поклокар предупреди на опасноста од нов бран на епидемијата со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poklokar-predupredi-na-opasnosta-od-nov-bran-na-epidemijata-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poklokar-predupredi-na-opasnosta-od-nov-bran-na-epidemijata-so-kovid-19/#respond Mon, 28 Jun 2021 15:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=529015

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклокар предупреди на опасноста од нов, четврти бран на епидемијата со Ковид-19, како резултат на падот на стапката на вакцинација во земјата и ширењето на варијантата Делта. -Делта сојот на вирусот претставува голема закана за мирното лето и нормалната есен. Затоа, ние со сигурност се подготвуваме за четвртиот бран на епидемијата. Повеќе не е прашање дали ќе дојде, туку кога тоа ќе биде, изјави Поклукар на прес-конференција. Тој предупреди дека досега има премалку вакцинирани и дека во Европа се шири позаразна варијанта Делта. Иако досега се откриени само дваесет случаи на варијанта на делта во Словенија, се проценува дека станува подоминантен во многу земји, а Поклокар предупредува на ситуацијата во Португалија, Велика Британија и делови од други европски земји. Поклокар потврди дека вакцинацијата на населението е се уште недоволна, бидејќи податоците покажуваат дека досега само третина од вкупното население е заштитено со двете дози. Поклокар најави дека словенечката влада законски ќе обезбеди инвестиции во здравствениот систем од 1,9 милијарди евра во следните десет години со цел да се компензира недоволната инвестиција во персонал, опрема и дигитализација на тој систем. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poklokar-predupredi-na-opasnosta-od-nov-bran-na-epidemijata-so-kovid-19/feed/ 0
Во САД владее страв од нов бран на епидемијата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-vladee-strav-od-nov-bran-na-epidemijata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-vladee-strav-od-nov-bran-na-epidemijata-na-koronavirusot/#respond Tue, 06 Apr 2021 06:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=492872

САД се повеќе се плашат од можен нов бран на епидемијата на коронавирусот, поради зголемениот број на заразени и хоспитализирани во речиси половина сојузни држави од земјата, јави Гласот на Америка (ВОА). Бројот на новоинфицирани се зголемува со интензивирање на кампањата за вакцинација. Во текот на изминатиот викенд, беа дадени повеќе од четири милиони дози за еден ден, што е рекорд досега. Во последните две недели за речиси 20 отсто се зголеми бројот на случаите со Ковид-19, поради што здравствените власти предупредуваат на четврти бран на пандемијата. -Се уште сме на почетокот на овој драстичен раст. Се уште не сме го виделе најлошиот дел”, изјави Мајкл Остерхолм од Центарот за истражување на болести на Универзитетот во Мичиген. Растат, исто така, и бројките за хоспитализации, а експертите посочуваат дека причините за новото зголемување се ширењето на новите видови на коронавирусот, олеснувањата на ограничувањата и почестите патувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-vladee-strav-od-nov-bran-na-epidemijata-na-koronavirusot/feed/ 0
Џонсон: Не знаеме колку е цврста одбраната од новиот бран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ne-znaeme-kolku-e-cvrsta-odbranata-od-noviot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ne-znaeme-kolku-e-cvrsta-odbranata-od-noviot-bran/#respond Mon, 29 Mar 2021 19:18:54 +0000 https://kurir.mk/?p=489429

И покрај евидентниот успех во вакцинацијата Велика Британија се уште не знае колку ќе биде силна нејзината одбрана од следните бранови на коронавирусот, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон. -Спроведувањето на вакцинацијата беше многу импресивно благодарение на сите што имаат удел во тоа, но она што не го знаеме е колку се точни сега нашите тврдини, колку е силна нашата одбрана од вториот бран, предупреди Џонсон на прес-конференција, пренесоа британските медиуми. Британскиот премиер кажа и дека се надева дека Англија нема да мора да воведе нова блокада, под услов јавноста да ги почитува правилата и вакцините против коронавирусот да продолжат да бидат ефикасни. -Се надевам, во моментот не гледам ништо во податоците што би довело до тоа да се отстапи од акцискиот план, но мора да останеме понизни пред природата и мора да бидеме подготвени да сториме се што е потребно за да ја заштитиме британската јавност, рече Џонсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-ne-znaeme-kolku-e-cvrsta-odbranata-od-noviot-bran/feed/ 0
ЦРНА РЕПРИЗА ВО ИТАЛИЈА: За само 24 часа над 20 илјади новозаразени, плоштадите низ целата земја пусти! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crna-repriza-vo-italija-za-samo-24-chasa-nad-20-iljadi-novozarazeni-ploshtadite-niz-celata-zemja-pusti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crna-repriza-vo-italija-za-samo-24-chasa-nad-20-iljadi-novozarazeni-ploshtadite-niz-celata-zemja-pusti-foto/#respond Fri, 05 Mar 2021 10:19:17 +0000 https://kurir.mk/?p=477654

Италија е погодена од третиот бран на пандемија ковид-19: во последните 24 часа, 339 нови жртви на инфекција, а повеќе од 22.000 се новоинфицирани, пренесува агенцијата Анса. Има повеќе од една четвртина од нови случаи во северниот регион на Ломбардија. Центарот на регионот Милано ги засили античките мерки, но според физичарот Џорџо Париси, Ломбардија ги заострила ограничувачките мерки со задоцнување од најмалку седум дена. Медиумите јавуваат дека властите манипулирале со епидемиолошки податоци со цел да го одложат воведувањето на нови ограничувачки мерки. Меѓу заразените со коронавирус има 35 балерини од миланската „Скала“. Епидемиолошката состојба во другите региони, исто така, покажува нагло зголемување на случаите на инфекција, а во Кампанија, Пиемонт и Емилија Ромања, бројот на нови инфекции е над 2.000 за еден ден. Од почетокот на пандемијата „ковид-19“ досега во Италија биле заразени скоро три милиони луѓе, а според проценките, до крајот на оваа недела, бројот на смртни случаи од инфекција ќе надмине сто илјади.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/crna-repriza-vo-italija-za-samo-24-chasa-nad-20-iljadi-novozarazeni-ploshtadite-niz-celata-zemja-pusti-foto/feed/ 0
Ситуацијата во Италија сè повеќе потсетува на почетокот на пандемијата: Од ден на ден се зголемува бројот на градови кои одат во карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/situacijata-vo-italija-se-povekje-potsetuva-na-pochetokot-na-pandemijata-od-den-na-den-se-zgolemuva-brojot-na-gradovi-koi-odat-vo-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/situacijata-vo-italija-se-povekje-potsetuva-na-pochetokot-na-pandemijata-od-den-na-den-se-zgolemuva-brojot-na-gradovi-koi-odat-vo-karantin/#respond Thu, 04 Mar 2021 10:46:04 +0000 https://kurir.mk/?p=477096

Во Италија за еден ден се регистрирани 347 смртни случаи од Ковид-19, и речиси 21.000 новозаразени, а процентот на заразени во однос на бројот на тестирани се зголемува и изнесува 5,8 проценти, јавија локалните медиуми. Гвидо Бертоласо, советник на претседателот на регионот Ломбардија, тврди дека Италија со големи чекори се приближува до нов карантин. Централната власт засега ја отфрла таквата можност и наместо да ја затвори целата национална територија, применува локални мерки. Претседателите на одредени региони сами ги заоструваат антиковид мерките. Болоња и Модена, во регионот Емилија-Ромања, ќе бидат ставени во карантин во следните неколку часа. Според локалните медиуми, ситуацијата во овие градови се повеќе потсетува на почетокот на пандемијата, пред една година, а болничките кревети брзо се полнат со заразени. Директорот на болницата „Санта Орсола“ во Болоња, Андреа Занони, тврди дека сегашните пациенти на одделите за интензивна нега се помлади, луѓе на возраст меѓу 40 и 60 години, за разлика од првиот бран на заразата кога лицата над 80 години биле најмногу загрозени. Весникот „Ил Фато Котидиано“ ги пренесува резултатите од студијата на Универзитетот во Лондон, според која британската мутација на вирусот се шири за 40 до дури 90 проценти побрзо од оригиналниот вирус. Шефицата на одделот за интензивна нега во болоњската болница Даниела Ди Лука тврди дека текот на болеста кај оние кои се заразени со англиската мутација е побрз и оти „состојбата се влошува за неколку дена“. Лекарката апелира до граѓаните да бидат поодговорни, да се придржуваат кон мерките. – Нашите сили се пред крај. Бараме колективот да ни помогне, истакна Ди Лука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/situacijata-vo-italija-se-povekje-potsetuva-na-pochetokot-na-pandemijata-od-den-na-den-se-zgolemuva-brojot-na-gradovi-koi-odat-vo-karantin/feed/ 0
НОВИОТ БРАН СЕ ВРАТИ ВО КИНА: Затворен цел град, се воведуваат нови ограничувања- сите стравуваат за повторување на 2020! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-bran-se-vrati-vo-kina-zatvoren-cel-grad-se-voveduvaat-novi-ogranichuvanja-site-stravuvaat-za-povtoruvanje-na-2020/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-bran-se-vrati-vo-kina-zatvoren-cel-grad-se-voveduvaat-novi-ogranichuvanja-site-stravuvaat-za-povtoruvanje-na-2020/#respond Tue, 12 Jan 2021 14:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=454354

Кинеските власти денеска воведоа нови ограничувања за борба против Ковид-19 во областите околу Пекинг и воведоа затворање за 4,9 милиони жители, бидејќи новите случаи на инфекција ги зголемуваат стравувањата од втор бран во земјата. Бројот на нови случаи во Кина речиси е преполовен од претходниот ден, но локалните власти спроведуваат строги контролни мерки секогаш кога ќе се појават нови случаи за да се спречи  економска парализа како пред една година. Националната здравствена комисија денеска пријави 55 нови случаи на Ковид-19, во однос на 103 од претходниот ден. Провинцијата Хебеи, која го опкружува Пекинг, има 40 од вкупно 42 локално пренесени инфекции. Градот Лангфанг во Хебеи соопшти дека неговите 4,9 милиони жители ќе останат во домашен карантин седум дена и ќе бидат подложени на масовно тестирање за Ковид-19. Вкупниот број потврдени случаи на Ковида-19 регистрирани во континентална Кина сега е 87.591, додека бројот на смртни случаи остана 4.634.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-bran-se-vrati-vo-kina-zatvoren-cel-grad-se-voveduvaat-novi-ogranichuvanja-site-stravuvaat-za-povtoruvanje-na-2020/feed/ 0
Францускиот научен комитет со предупредување за нов бран на Ковид-19 наесен или во зима https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-nauchen-komitet-so-predupreduvanje-za-nov-bran-na-kovid-19-naesen-ili-vo-zima/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-nauchen-komitet-so-predupreduvanje-za-nov-bran-na-kovid-19-naesen-ili-vo-zima/#respond Tue, 04 Aug 2020 10:55:36 +0000 https://kurir.mk/?p=385921

Францускиот научен комитет предупреди денеска дека е „многу веројатно“ појава на уште еден бран на новиот коронавирус наесен или во зима. „Франција ја има ситуацијата под контрола, но неизвесна е, со оглед на зголемената циркулација на вирусот ова лето. Краткорочната иднина на пандемијата е главно во рацете на населението”, се вели во соопштението на научниот комитет објавен на веб-страницата на Министерството за здравство. Тие предупредуваат дека во секој момент Франција би можела да влезе во сценарио што е помалку под контрола, како во Шпанија. „Многу е веројатно дека ќе имаме втор епидемиски бран оваа есен или зима“, нагласуваат научниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskiot-nauchen-komitet-so-predupreduvanje-za-nov-bran-na-kovid-19-naesen-ili-vo-zima/feed/ 0