нов директор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 11:49:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов директор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќамил Ковачи нов директор на ЈП Улици и патишта https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kamil-kovachi-nov-direktor-na-jp-ulitsi-i-patishta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kamil-kovachi-nov-direktor-na-jp-ulitsi-i-patishta/#respond Fri, 30 Jun 2023 11:49:51 +0000 https://kurir.mk/?p=851200

Саит Саит денеска е разрешен од директорската функција на Јавното претпријатие Улици и патишта и за в.д директор е поставен Ќамил Ковачи, соопшти прес-службата на Град Скопје. -Ковачи на позицијата доаѓа од местото секретар на општина Сарај, а има искуство во раководење со јавни претпријатија како долгогодишен директор на Јавното комунално претпријатие Сарај, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kamil-kovachi-nov-direktor-na-jp-ulitsi-i-patishta/feed/ 0
Новиот директор на Железници е искусен долгогодишен келнер – ВМРО-ДПМНЕ прашува кое образование го има завршено? (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-direktor-na-zheleznitsi-e-iskusen-dolgogodishen-kelner-vmro-dpmne-prashuva-koe-obrazovanie-go-ima-zavrsheno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-direktor-na-zheleznitsi-e-iskusen-dolgogodishen-kelner-vmro-dpmne-prashuva-koe-obrazovanie-go-ima-zavrsheno-foto/#respond Mon, 03 Apr 2023 09:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=819381

  „ПОВТОРНО ШТРАЈК НА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЖЕЛЕЗНИЦИ! КОЈ Е ЗУЉХАЈРАТ ДЕМИРИ, НОВИОТ ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ? Од пред некое време МЖ Транспорт АД Скопје има нов генерален директор. Како што влегуваат и излегуваат помалите албански партии во Влада, така им се дава местото директор на МЖ Транспорт АД. Очигледно дека оваа позиција е резервирана за нив, со цел нови партиски вработувања со кои се надеваат дека ќе го подигнат нивниот партиски рејтинг. Колку што можевме да изброиме ова е 7-ми по ред директор, во изминативе 7 години. Значи секоја година претпријатието си добива нов директор. Секој од нив, освен што го задолжува претпријатието и што вработува партиски несоодветни кадри, апсолутно ништо не прави. Ете тоа е концептот на СДСМ и ДУИ за железниците во Македонија. Поради штрајк на вработените веќе 4 дена возовите не возат, а никој мува не го лази. Ниту новиот директор излегол да објасни што се случува, ниту пак министерот Бочварски се засекирал. Се наближува 9 април јубилејот од 150 години железници во Македонија, а возови по пругите нема. Кога сме кај новиот директор Зуљхајрат Демири, трагајќи по неговата професионалната биографија која патем ја нема на официјалната веб страна на МЖ Транспорт, на социјалната мрежа фејсбук може да се најдат фотографии од 2017 год. по кои може да се заклучи дека бил ангажиран светот на угостителството“, стои во постот на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека во недостаток на информации за неговата стручна способност се прашуваме кое образование, кои обуки, која стручна подготовка ја завршил и со што заслужил Зуљхајрат Демири да биде директор на Македонски Железници Транспорт? „Поради ваквиот однос кон железниците во Македонија имаме целосен распад на железничкиот систем. Затоа се потребни избори и промена на оваа расипничка антимакедонска и антиевропска власт“, велат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-direktor-na-zheleznitsi-e-iskusen-dolgogodishen-kelner-vmro-dpmne-prashuva-koe-obrazovanie-go-ima-zavrsheno-foto/feed/ 0
Ковачевски најави дека ќе има нов директор на ДСЗИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-najavi-deka-kje-ima-nov-direktor-na-dszi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-najavi-deka-kje-ima-nov-direktor-na-dszi/#respond Fri, 26 Aug 2022 12:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=724350

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека ќе има нов директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и тоа ќе биде направено најмногу во текот на наредните 14 дена. Одговарајќи на новинарско прашање зошто се уште не е сменета д-р Иринка Сотирова Бухова од функцијата директор на ДСЗИ, информира дека треба да има процес на селекција на кандидат за оваа позиција, кој треба да исполнува одредни услови, како академски, така и професионални критериуми за да може да може да биде именуван/а. -Штом ќе заврши тој процес, тогаш ќе биде именуван нов директор. Не се работи за никакво одложување, туку само за селекција на кандидат кој ќе биде именуван, нагласи Ковачевски. Премиерот Ковачевски рече дека вчера не требало никој да биде разрешен бидејќи не се разгледувала таква точка на владината седница. – Вчера се разговараше за кризна состојба во енегетиката, потсети Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-najavi-deka-kje-ima-nov-direktor-na-dszi/feed/ 0
„Паниката од новиот директор на паркинзи е паника за одговорноста која следи за криминалното работење на СДСМ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panikata-od-noviot-direktor-na-parkinzi-e-panika-za-odgovornosta-koja-sledi-za-kriminalnoto-rabotenje-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panikata-od-noviot-direktor-na-parkinzi-e-panika-za-odgovornosta-koja-sledi-za-kriminalnoto-rabotenje-na-sdsm/#respond Fri, 14 Jan 2022 12:18:16 +0000 https://kurir.mk/?p=619341

Бојан Христовски е кадарот кој ќе внесе ред и закон во децениското безредие и беззаконие во ЈП „Градски паркинг“. Токму поради тоа е стравот на СДСМ, затоа што нивните криминогени кадри ќе се соочат со законот и одговорност, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека токму нивната власт и лакомоста на Шилегов од претпријатие во добивка го претворија во претпријатие загубар. -Затоа што популарна е практиката на врски и протекции во паркирањето, како и сомнежите за издавање на фиктивни фискални сметки кои наместо во касата на паркинзи завршувале во приватни џебови. И токму затоа паниката од новиот директор на паркинзи е паника за одговорноста која следи за криминалното работење на СДСМ, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/panikata-od-noviot-direktor-na-parkinzi-e-panika-za-odgovornosta-koja-sledi-za-kriminalnoto-rabotenje-na-sdsm/feed/ 0
Хармоникаш поставен за директор на РЕК Битола (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/harmonikash-postaven-za-direktor-na-rek-bitola-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/harmonikash-postaven-za-direktor-na-rek-bitola-foto/#respond Wed, 24 Nov 2021 11:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=599270

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј. Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, човек кој што е поставен како вработен во РЕК Битола пред 2-3 год. Пред неколку месеци Матевски е поставен за директор на Термоелектраната во кој период се случија и најголемите хаварии и дебакли. Претходно истиот Матевски работел како продавач на мастики Airwaves по продавниците низ Битола. Несомнено, ова е уште повеќе деградирачки за РЕК Битола со фактот дека Пеце им своја група со која свири по свадби. Денес во РЕК Битола луѓето се исмејуваат со назначувањето на новиот директор и не им се верува дека покрај сите компетентни луѓе за таква позиција Управниот одбор се одлучил за Пеце да стане директор на РЕК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/harmonikash-postaven-za-direktor-na-rek-bitola-foto/feed/ 0
СТО на 15 февруари ќе го избира новиот директор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-na-15-fevruari-kje-go-izbira-noviot-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-na-15-fevruari-kje-go-izbira-noviot-direktor/#respond Wed, 10 Feb 2021 08:23:49 +0000 https://kurir.mk/?p=466629

Светска трговска организација (СТО) соопшти дека на 15 февруари ќе го избере новиот генерален директор и членовите на главните тела надлежни за донесување на одлуки. Експертите предвидуваат дека на водечката функција во СТО ќе биде именувана поранешната министерка за финансии на Нигерија, Нгози Окоњо-Ивеал. Доколку биде постигнат консензус Окоњо-Ивеал ќе биде прва жена и прва Африканка директорка на СТО. СТО во која членуваат 164 земји, остана без директор откако Бразилецот, Роберто Азеведо поднесе оставка од функцијата една година пред истекот на мандатот и ја напушти должноста на почетокот од август 2020 година. Наследникот на Азеведо ќе се соочи со предизвиците – реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Коивд-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-na-15-fevruari-kje-go-izbira-noviot-direktor/feed/ 0