нов клинички центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Apr 2022 10:16:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов клинички центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Д-р Симеонов: Потребен е нов клинички центар со соодветна инфраструктура, достапен за граѓаните и финансиски оправдан во интерес на буџетот на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-simeonov-potreben-e-nov-klinichki-centar-so-soodvetna-infrastruktura-dostapen-za-gragjanite-i-finansiski-opravdan-vo-interes-na-budzetot-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-simeonov-potreben-e-nov-klinichki-centar-so-soodvetna-infrastruktura-dostapen-za-gragjanite-i-finansiski-opravdan-vo-interes-na-budzetot-na-drzavata/#respond Sun, 03 Apr 2022 10:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=657677

На денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Д-р Ристо Симеонов кој што ја истакна потребата од нов клинички центар на соодветна локација, со соодветна инфраструктура, достапен за пациентите и финансиски оправдан во интерес на буџетот на државата. - Се согласувам дека има потреба од нов клинички центар, меѓутоа тој да биде на соодветна локација, со соодветна инфраструктура достапен за пациентите за медицинскиот персонал, достапен за амбулантните возила, пред се финансиски оправдан, во интерес на пациентите и во интерес на буџетот на државата. Лично мислење мое е дека соодветно место за нов клинички центар е просторот кај сегашната 8 ми Септември болница каде што веќе има постоечка инфраструктура, болничка инфраструктура, каде што постои пет центар кој што може да се надополни со онколошки центар и нуклеарна медицина, просторот кај поранешната кардиохирургија кај Филип Втори може да биде современ ургентен хируршки центар со операциони сали, ќе ги има сите клиники што ги има сегашниот клинички центар, на местото на сегашниот клинички центар во ред е да останат одредени клиники, институти, медицинскиот факултет, студентите заслужуваат современ студентски кампус каде што е сега клиничкиот центар, модерен тренинг центар за студенти и специјализанти и сето тоа може финансиски да биде оправдано со многу и помалку средства од предвидените 500 милиони евра за клинички центар за кои што нема основни податоци ниту инфраструктура само за пример клиничкиот центар во Белград во вредност од 260 милиони евра за популација на градот од 1,4 милиони односно 7 милиони на држава Србија, нагласи Симеонов. Д-р Ристо Симеонов при своето обраќање ги истакна и проблемите во здравството со кои се соочува Македонија како и лошото менаџирање на здравствениот систем и лошата организација од страна на здравствените власти. - Проблемот во здравството е организацијата, менаџирање со здравствениот систем, едукација и стварање на квалитетен кадар. Во зависност од потребите на здравствениот систем треба да се направи прераспределба на кадар онаму каде што има недостаток, затоа има недостаток на гинеколози, педијатри анестезиолози, во болници низ Македонија и не треба да се централизира сите доктори специјалисти да работат во Скопје, треба да се направи прераспределба на кадар онаму каде што има недостаток, заклучи Симеонов. Д-р Ристо Симеонов при своето обраќање истакна дека во јавното здравство има исто така квалитетни доктори како и во приватното меѓутоа проблемот е организацијата, менаџирањето, едукацијата и системот на награди. - Јас сум доктор во приватно здравство, меѓутоа свесно тврдам дека квалитетни доктори има и во јавното здравство. Во јавното здравство проблемот е организација на системот менаџирање едукација и награда. Тие доктори во јавно здравство кои што двојат од останатите треба да им се најде модул како да бидат наградени. Еден од начините е да му се даде право на пациентот на здравствен систем меѓутоа сето тоа регулирано преку фондот за здравствено осигурување. Тоа е конкурентност, која ќе роди со квалитет. Системот на награда треба да се одбере соодветен модел без притоа да се наштети на некој а да се награди другиот. Постојат такви модели на пример во Словенија конкретно за хирургија, наградата е според бројот на поминати часови во операциона сала, нагласи Симеонов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-simeonov-potreben-e-nov-klinichki-centar-so-soodvetna-infrastruktura-dostapen-za-gragjanite-i-finansiski-opravdan-vo-interes-na-budzetot-na-drzavata/feed/ 0
Чибишев: Новиот клинички центар стана трагедија во македонското здравство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-noviot-klinichki-centar-stana-tragedija-vo-makedonskoto-zdravstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-noviot-klinichki-centar-stana-tragedija-vo-makedonskoto-zdravstvo/#respond Thu, 23 Dec 2021 18:37:59 +0000 https://kurir.mk/?p=612259

Во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Телевизија Алфа, гостуваше доктор Андон Чибишев, каде што во однос на изградбата на нов клинички центар, Чибишев истакна дека него му е многу тешко да зборува за изградбата на новиот клинички центар, затоа што тој проект нов клинички центар, стана трагедија на македонското здравство. - Ние во 2017-та имавме проект готов, завршен со поминати сите ревизии, обезбедени средства од европски банки и институции и ревизија направено од европски институции и потребно беше да се продолжи со градба на тој проект, посочи Чибишев. Тој додаде дека ако стариот проект чинеше околу 120 милиони евра што власта се откажа, овој нов проект чинеше 500 милиони евра. Сега овие 500 милиони евра се на ливада каде што немаме ништо решено во однос на инфраструктура, комуникација, инсталација и не сум сигурен дека и имотно правно е решено. - Клиничкиот центар во 2017-та година чинеше со се опрема околу 120 милиони евра, и со тоа ќе добиевме една нова зграда клинички центар на веќе постоечката локација. Таа идеја беше отфрлена со образложение дека нема сообраќајно решение со што Чибишев не се сложува, рече Чибишев Тој посочи дека сега во моментов ние планираме нов клинички центар во Скопје, а клиничка болница во Штип која е веќе напредната во изградбата веќе четири години и повеќе ништо не се работи. - Навистина тешко ми е да зборувам за нов клинички центар, каде што поминаа 5 години и имаме ниту една лопата фрлена, ниту една цигла ставено во новиот клинички центар и не гледам дека во догледно време нешто сериозно околу тој проект да се решава, заклучи Чибишев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-noviot-klinichki-centar-stana-tragedija-vo-makedonskoto-zdravstvo/feed/ 0
ПАРАДОКС: Србија добива модерни клинички центри, Македонија чека додека Заев и Филипче договараат скапи бизнис зделки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paradoks-srbija-dobiva-moderni-klinichki-centri-makedonija-cheka-dodeka-zaev-i-filipche-dogovaraat-skapi-biznis-zdelki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paradoks-srbija-dobiva-moderni-klinichki-centri-makedonija-cheka-dodeka-zaev-i-filipche-dogovaraat-skapi-biznis-zdelki/#respond Wed, 02 Jun 2021 08:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=517987

За само неколку месеци или во септември годинава во Белград ќе биде отворен новиот клинички центар кој ќе биде најголем во државата со вкупно 432 болнички соби и 1.000 кревети. Претседателот Александар Вучиќ неодамна изјави дека оваа инвестиција ќе чини околу 125 милиони евра и ќе се гради во две фази, првата фаза ќе чини 69 милиони евра, додека другата 43 милиони евра. Дополнително, во Србија беше отворен клинички центар во Ниш. Изграден е на 45.000 метри квадратни и најмодерно опремен со опрема вредна 50 милиони евра. Хиподромот во Ниш овозможува ефикасно и брзо згрижување на пациентите. Парадоксално за македонската јавност е тоа што за исти ваков клинички центар македонската влада ќе плати четири пати повисока цена. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение до јавноста велат дека најкорумпираната Влада во Европа предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство Венко Филипче сакаат да направат нов криминал сега со наводна градба на нов клинички центар. И тој клинички центар би чинел повеќе од половина милијарда евра или Заев и Филипче планираат нова народна пљачка. „За разлика од кај нас, во Србија клинички центар се гради за 4 пати помала сума во вредност од 125 милиони евра. А, според карактеристиките станува збор за ист клинички центар. Разликата е во тоа што тој се прави за четири пати помала сума и со детален проект, а Македонија ист таков би чинел четири пати повеќе или повеќе од половина милијарда евра и со физибилити студија од само 30 страни. Според физибилити студијата спроведена од Заев, Филипче и екипата, во цената од половина милијарда евра за новиот клинички центар не се вклучени изградбата на пристапните патишта, снабдувањето со струја, довод и одвод на вода, канализација како и телекомуникациската мрежа. Значи пљачката овде во Македонија ќе биде уште поголема. Во Србија наскоро или во септември, октомври ќе има нов клинички со 1.000 болнички кревети, работен врз основа на детален проект и кој ќе чини 125 милиони евра“, потенцираат од партијата. Од таму додаваат дека во Македонија има само физибилити студија oд 30 страни која е параван за уште една пљачка на Заев и Филипче. -ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка! Четири години власт на Заев. Четири години украден живот. Доста е, порачуваат од партијата. Инаку српскиот министер за здравство Златибор Лончар неодамна најави дека во Ниш ќе се гради уште една болница која ќе стане градски медицински центар. Тој освен тоа најави и поликлиника во градот како и психијатриска болница како и решавање на паркинг просторите во сите болници во земјата. За разлика од српскиот министер за здравство како и целата влада, во Македонија клинички центар веќе немаме со години наназад, а освен тоа ниту во еден друг град е предвидено такво нешто. За жал и новиот клинички центар во Штип се уште не е во функција поради неспособноста на властите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paradoks-srbija-dobiva-moderni-klinichki-centri-makedonija-cheka-dodeka-zaev-i-filipche-dogovaraat-skapi-biznis-zdelki/feed/ 0
Новиот клинички центар во Белград ќе чини четири пати помалку од македонскиот: 400 соби и 1.000 кревети изграден за само 125 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-klinichki-centar-vo-belgrad-kje-chini-chetiri-pati-pomalku-od-makedonskiot-400-sobi-i-1-000-kreveti-izgraden-za-samo-125-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-klinichki-centar-vo-belgrad-kje-chini-chetiri-pati-pomalku-od-makedonskiot-400-sobi-i-1-000-kreveti-izgraden-za-samo-125-milioni-evra/#respond Tue, 01 Jun 2021 09:44:07 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517564

За само неколку месеци или во септември годинава во Белград ќе биде отворен новиот клинички центар кој ќе биде најголем во државата со вкупно 432 болнички соби и 1.000 кревети. Претседателот Александар Вучиќ неодамна изјави дека оваа инвестиција ќе чини околу 125 милиони евра и ќе се гради во две фази, првата фаза ќе чини 69 милиони евра, додека другата 43 милиони евра. Парадоксално за македонската јавност е тоа што за исти ваков клинички центар македонската влада ќе плати четири пати повисока цена. Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста велат дека најкорумпираната влада во Европа, предводена од Зоран Заев и неговиот министер за здравство, Венко Филипче сакаат да градат клинички центар што ќе чини повеќе од половина милијарда евра. Тоа е четири пати повисока цена од оној што во моментов се гради во Србија. -Овој што се гради во Србија и е идентичен со планот за клинички на ВМРО-ДПМНЕ и предвидува 1.000 болнички кревети, 400 болнички соби, и други неопходни работи за современ медицински центар и чини верувале или не 125 милиони евра. Тоа е четири пати пониска цена од она што сака најкорумпираната влада во Европа, владата на Заев да го потроши за клинички. Ова што го планираат Заев и Филипче е само пљачка на народот. Ова што го планираат Заев и Филипче е уште еден криминал во низата на Заев и Филипче, велат од партијата. Од таму додаваат дека тие трчајќи по провизии и заборавајќи на граѓаните и нивното здравје го оставија на страна проектот на ВМРО-ДПМНЕ за клинички, а ако продолжеа со истиот сега ќе беше готов. -Заев и Филипче не прават ништо друго освен што го ставаат на коцка здравјето, но и животот на граѓаните. Четири години украден живот. Доста е! ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка на народот!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-klinichki-centar-vo-belgrad-kje-chini-chetiri-pati-pomalku-od-makedonskiot-400-sobi-i-1-000-kreveti-izgraden-za-samo-125-milioni-evra/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Клептоманите Заев и Филипче направија скандал од 4000 вакцини, колку ли ќе украдат од новиот клинички центар од пола милијарда евра? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kleptomanite-zaev-i-filipche-napravija-skandal-od-4000-vakcini-kolku-li-kje-ukradat-od-noviot-klinichki-centar-od-pola-milijarda-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kleptomanite-zaev-i-filipche-napravija-skandal-od-4000-vakcini-kolku-li-kje-ukradat-od-noviot-klinichki-centar-od-pola-milijarda-evra/#respond Mon, 22 Feb 2021 07:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=472085

Во Собранието влезе контроверзен предлог закон за проект на нов клинички центар истиот по проценките на Заев и Филипче би чинел од 500 до 700 милиони евра. Ако почнат кој знае до каде ќе стигнат до милијарда? А кој знае колку ли ќе украдат?, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Клептоманите Заев и Филипче направија скандал од 4000 вакцини, колку ли ќе украдат од новиот клинички центар од пола милијарда евра? Владата сега во овој период кога се зголемува бројката на заразени, се поприсутен е британскиит сој, наместо анализа за што и како понатаму, прави план или е во криминален поход за реализација наводно на нов клинички центар. Ова е само популизам пред избори. Ова не е закон, ова е план за кражба за кој сакаат легитимитет од Собранието. На сите им е јасно дека не направија ништо од 2017 година, освен што сопреа еден готов проект од владата на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ не поддржува вакви активности, не поддржува криминал, лажење на народот!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kleptomanite-zaev-i-filipche-napravija-skandal-od-4000-vakcini-kolku-li-kje-ukradat-od-noviot-klinichki-centar-od-pola-milijarda-evra/feed/ 0
Јанушев од Илинден: Конечно ќе изградиме нов клинички центар во Скопје, 8-ми септември ќе биде дополнителен клинички центар и клинички болници во Штип и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-od-ilinden-konechno-kje-izgradime-nov-klinichki-centar-vo-skopje-8-mi-septemvri-kje-bide-dopolnitelen-klinichki-centar-i-klinichki-bolnici-vo-shtip-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-od-ilinden-konechno-kje-izgradime-nov-klinichki-centar-vo-skopje-8-mi-septemvri-kje-bide-dopolnitelen-klinichki-centar-i-klinichki-bolnici-vo-shtip-i-tetovo/#respond Sat, 04 Jul 2020 18:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=369046

Носителот на листата за пратеници од ИЕ 3 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес се обрати пред граѓаните на Општина Илинден. СДСМ, Заев и Николовски се нервозни затоа што знаат дека губат, и знаат дека за 10 дена нема да може повеќе да си ја спасат сопствената кожа. Сакам да споделам со вас со кави удбашки финти се уште се служат. Вчера бев во посета на Македонска Каменица. Имавме прекрасен прием од луѓето поддршка од секој граѓанин. Посетивме локално кафуле каде разговаравме со младите за проектите што сакаме да ги правиме во наредните 4 години. Попладнево пред да дојдеме овде ми се јавни сопственикот на кафулето дека веднаш по нас дошла инспекција. Тоа ни е реалноста, пренесе Јанушев. Но народот доаѓа по своето. Исправи се Македонија, обновата доаѓа. СДСМ, Заев, Љупчо и сите останати од криминалната банда се прочитана прикаска. Нивниот крај доаѓа за 10 дена. Обновата значи повеќе за секого. Доста ни е од се што гледавме во минатите години. Ајде да го донесеме законот за потекло на имот на политичарите. Да видиме кој после 15 јули ќе остане на политичката сцена. Ние не се плашиме, знаеме што сме правиле, и што правиме. Ќе го донесеме тој закон и ќе видиме кој после 15 јули ќе биде на политичката сцена. Да видиме дали ќе ги имаме Зоран Заев, Лупчо Николовски, Оливер Спасовски и останатите. Нема! Ќе ги пратиме во политичката историја. На темната страна од политичката историја. И нема да чекаме година две или три, тоа ќе го направиме во првите 6 месеци, расчистување со целиот криминал и корупцијата. Знаеме како, имаме кадри. Имаме способни луѓе. Ќе треба многу труд и работа, не се плашиме сме работеле и ќе работиме, порача Јанушев. Во следните 4 години се обврзуваме, земаме аманет пред сите вас дека ќе работиме напорно. Затоа внимателно се работеше со наши експерти со луѓе од партиските комисии и со луѓе што сакаа да дадат помош, со луѓе од странство. Се што ставивме во програмата ќе го исполниме. Повеќе за земјоделците не само 160 милиони евра субвенции секоја година, туку и нивно навремена исплата, истакна Игор Јанушев. Јанушев најави дека следуваат огромни реформи буквално во секое поле. Во образованието ветуваме два ипол пати поголеми плати за наставниците и професорите. Во здравството зголемување на платите на медицинскиот персонали и лекарите и конечно ќе го изградиме клиничкиот центар. Да го имаме 8-ми септември како клинички центар и уште два нови клинички центри во Штип и Тетово. Оваа пандемија ни покажа колку многу зависиме од лекарите и медицинскиот персонал. Да им се заблагодариме за се што направија за нас. На 15 јули рано од сабајле на демократски начин да излеземе и да кажеме доста е на сите штетни политики, доста е за сите политичари кои ја урнисуваа државата, да ги пратиме на темната страна на историјата. На 15 јули гласајте за број 14 за 14 пратенички места во изборната единица три, побара Јанушев од гласачите од Илинден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-od-ilinden-konechno-kje-izgradime-nov-klinichki-centar-vo-skopje-8-mi-septemvri-kje-bide-dopolnitelen-klinichki-centar-i-klinichki-bolnici-vo-shtip-i-tetovo/feed/ 0
Новиот Клинички центар се сели на нова локација, во Злокуќани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-klinichki-centar-se-seli-na-nova-lokacija-vo-zlokukjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-klinichki-centar-se-seli-na-nova-lokacija-vo-zlokukjani/#respond Fri, 09 Mar 2018 11:37:56 +0000 http://kurir.mk/?p=28610

Новиот Клинички центар ќе се гради на нова локација, а не на местото на сегашниот, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Покрај новиот Клинички центар, на новата локација во Злокуќани во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Тоа, како што посочи, ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Одлуката за дислокација, наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Сегашната локација е загушена, не е можно сообраќајно решение и не обезбедува пристап за граѓаните до соодветна здравствена заштита. Филипче посочи дека постојат одредени финансиски обврски согласно претходно потпишаниот договор за изградба на Клиничкиот центар, но оти Владата ќе се обиде да се договори ново решение и да не се плаќаат пенали. Изградбата на новиот Клинички центар се очекува да почне за година и пол, а да трае четири до пет години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-klinichki-centar-se-seli-na-nova-lokacija-vo-zlokukjani/feed/ 0