нов ковид центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 Mar 2021 11:18:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов ковид центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 600 пациенти се лекуваат само во Скопје – во изминатите 24 часа се хоспитализирани повторно голем број на заразени граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-600-pacienti-se-lekuvaat-samo-vo-skopje-vo-izminatite-24-chasa-se-hospitalizirani-povtorno-golem-broj-na-zarazeni-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-600-pacienti-se-lekuvaat-samo-vo-skopje-vo-izminatite-24-chasa-se-hospitalizirani-povtorno-golem-broj-na-zarazeni-gragjani/#respond Fri, 26 Mar 2021 11:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=488091

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 621 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 35 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 20 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови болни и двајца пациенти биле примени на Клиниката да Детска хирургија. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 46 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 298 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки. Вкупно 621 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-600-pacienti-se-lekuvaat-samo-vo-skopje-vo-izminatite-24-chasa-se-hospitalizirani-povtorno-golem-broj-na-zarazeni-gragjani/feed/ 0
Трауматологија нов ковид центар? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/traumatologija-nov-kovid-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/traumatologija-nov-kovid-centar/#respond Sat, 12 Dec 2020 12:14:51 +0000 https://kurir.mk/?p=442370

Клиниката за трауматологија ќе биде нов ковид центар, велат наши извори. Ова им било соопштено на вработените на Трауматологија без некои дополнителни детали. За ова нема информација ниту од министерството за здравство. Претходно во рамки на клиниките во кампусот Мајка Тереза и сите интерни клиники станаа ковид центри, или станува збор за Пулмологија, Нефрологија, Неврологија, Очно и слично. -Едноставно само ни соопштија дека и нашата клиника ќе стане ковод центар. Не ни дадоа никакви детали, вели вработен на Клиниката за трауматологија. Коментарите на вработените во клиниките, но и на пациентите кои ги затекнавме денес на Клинички Скопје се дека лицата кои имаат друга мака се заборавени. И не само што имаат друга мака, туку се итни случаи. -Мајка ми треба да прави операција. Падна и има скршеница на ногата за која проценија дека мора да се оперира во спротивно ќе има компликации. И како да ја оставам да се оперира кога сите на кои наидов чекајќи преглед раскажуваат како секој што влегува на клиника на пример да се оперира излегол позитивен на корона. Иако пред секоја интервенција се прави корона тест и пациентите влегуваат со негативен корона тест, по зафатот и по доаѓањето дома по неколку дена имаат симптоми и излегуваат позитивни на тестот, сведочи девојка која ја носела својата мајка на преглед. Таа додадава, дека и по консултација со матичната го добила истиот одговор. -Матичната ми вели, ако скршеницата е таква да мора операција, правете, но да знаеш дека многумина пациенти ми се жалат дека потоа добиваат симптоми и на тестовите по интервенција излегуваат позитивни, вели девојката загрижено. Инаку Трауматологија е дел од Клиниката позната како ТОАРИЛУЦ или Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, лекување и ургентен центар. Оваа Клиника располага со 145 регистрирани болнички кревети од кои на Трауматологија има 37 болнички постели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/traumatologija-nov-kovid-centar/feed/ 0