нов мандатар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Dec 2021 20:29:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов мандатар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски нов мандатар на идната Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-nov-mandatar-na-idnata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-nov-mandatar-na-idnata-vlada/#respond Mon, 27 Dec 2021 20:29:22 +0000 https://kurir.mk/?p=613827

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на социјалните мрежа Фејсбук ја информираше јавноста дека на вечераниот ЦО на СДСМ ја добил довербата да биде мандатар на идната Влада. - За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата. Продолжуваме со седницата на ЦО за избор на ново раководство, како и нови членови на Централен и Извршен одбор на СДСМ. СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отоврена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности, пишува Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-nov-mandatar-na-idnata-vlada/feed/ 0
Тачи повторно побара од Курти име на мандатар за идната влада на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-povtorno-pobara-od-kurti-ime-na-mandatar-za-idnata-vlada-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-povtorno-pobara-od-kurti-ime-na-mandatar-za-idnata-vlada-na-kosovo/#respond Fri, 10 Apr 2020 13:37:27 +0000 https://kurir.mk/?p=330264

Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати денеска на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер, Албин Курти, со барање да го предложи новиот кандидат или кандидатка за премиер, откако на 25 март Собранието му изгласа недоверба на неговиот кабинет, јави дописникот на МИА од Приштина. Во денешното писмо, второ по она од 2 април, Тачи го „потсетува“ Курти дека, согласно Уставот и соодветните законски акти, ВВ како партија која победи на изборите од 6 октомври 2019 година, „има право да предложи кандидат/ка за формирање на Владата“. Претседателот на државата наведува дека, по изгласувањето недоверба на Владата на Курти, извршил консултации со сите парламентарни политички партии, со цел да оцени дали е во нивен интерес формирање на нова влада, или пак распуштање на Собранието. – Во тој правец (…) ви ја дадов можноста како Движење Самоопределување да предложите кадидат/ка за премиер. Граѓаните на Косово и политичките партии претставени во Собранието со право чекаат функционализирање на новата Влада и очекуваат од мене да го декретирам предложениот кандидат/кандидатка за премиер, се вели во писмото на Тачи. Тој напоменува дека неговиот уставен мандат го обврзува да го гарантира „демократското функционирање на институциите на Република Косово, вклучително обезбедувањето на именувањето на кандидат или кандидатка за премиер за формирање на Владата на Република Косово“. – Како претседател јас ќе го преземам ова дејство, следејќи ги уставните чекори, со цел граѓаните на Република Косово што поскоро да имаат нова Влада, му напиша Тачи на Курти. Одговарајќи на првото писмо на Тачи, од 2 април, Курти порача дека негов приоритет моментно е борбата против епидемијата на Ковид-19, додека за формирање на нова влада, според негово толкување на Уставот, потребно е да се оди на нови парламентарни избори, кои би се одржале по надминувањето на здравствената криза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-povtorno-pobara-od-kurti-ime-na-mandatar-za-idnata-vlada-na-kosovo/feed/ 0