нов пакет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jul 2022 11:10:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов пакет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК: Не е соодветно да кажуваме дали ќе има нов пакет санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ne-e-soodvetno-da-kazuvame-dali-kje-ima-nov-paket-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ne-e-soodvetno-da-kazuvame-dali-kje-ima-nov-paket-sankcii-protiv-rusija/#respond Fri, 15 Jul 2022 11:10:09 +0000 https://kurir.mk/?p=705663

По денешниот делумен пакет санкции кој забранува увоз на злато од Русија, Европската Комисија повторува дека преговорите за нови пакети се доверливи и нема да се шпекулира јавно, јави дописничката на МИА од Брисел. Санкциите врз увозот на злато од Русија не се сметаат за нов пакет туку за прилагодување на постоечките мерки, новите санкции исто така ги олеснуваат рестрикциите врз одредени производи за да се избегне криза во прехранбениот сектор во Европа. Поради тоа, како што јавуваат некои медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, овие санкции се сметаат за “половина“ пакет. Со ова Европската Унија на маса има шест и пол пакети санкции против Русија. На прашање дали ќе се стави на маса седми пакет со, на пример, забрана за гасот од Русија, Европската Комисија изјави дека овие мерки и преговори се доверливи. -Очигледно е дека нема да коментираме за тоа што ќе биде ставено на маса, особено кога станува збор за санкции, ова е уште поважно кога се санкции против Русија, рече Дана Спинант, портпаролка на Европската Комисија на денешниот редовен брифинг за новинари. Таа истакна дека Европската Комисија “докажа од почетокот на инвазијата на Русија дека сме решени да го ограничиме капацитетот на Русија да нанесува штета врз Украина.“ Сега Комисија е фокусирана на применувањето на досегашните шест пакети санкции, од кои последниот е делумна и постепена забрана за увозот на нафта од Русија. Во однос на економската состојба во Русија и дали земјата ќе се соочи со рецесија, портпаролката Спинант рече дека оваа проценка треба да ја дадат релевантни институции како Меѓународниот монетарен фонд, но додаде дека Брисел е уверен дека европските санкции и нанесуваат економска штета на Москва на краток, среден и долг рок. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-ne-e-soodvetno-da-kazuvame-dali-kje-ima-nov-paket-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
Нов пакет монетарни мерки на Народна банка, основната каматна стапка намалена на 1,5 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-paket-monetarni-merki-na-narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-namalena-na-1-5-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-paket-monetarni-merki-na-narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-namalena-na-1-5-otsto/#respond Wed, 13 May 2020 09:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=345302

Народната банка донесе нов пакет монетарни мерки со кои ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни проени со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. Проширен е и опфатот на инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем. Со релаксирањето на монетарната политика треба да се обезбеди поддршка од банките на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз економијата. Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП) на вчерашната седница ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. – По намалувањето на основната каматна стапка во јануари и март, на оваа седница на Комитетот се донесе одлука за нејзино повторно намалување за 0,25 процентни поени, со што таа ќе изнесува 1,5 проценти. Истовремено, по намалувањето на износот на благајнички записи којшто беше понуден на априлската аукција, на седницата беше одлучено понудата на благајнички записи на аукцијата што ќе се одржи денеска да се намали за нови седум милијарди денари. Заедно со средствата коишто беа ослободени со намалената понуда на благајнички записи на аукцијата во април се ослободуваат вкупно 15 милијарди денари, коишто се очекува да овозможат натамошна поддршка на македонската економија преку поттикнување на кредитната активност на банкарскиот систем, соопшти Народната банка. Оттаму објаснуваат дека одлуката за натамошно монетарно релаксирање се темели на стабилизирањето на очекувањата и довербата на економските субјекти во последниот период, видливо преку подобрените движења на девизниот пазар и кај депозитите во банкарскиот систем. Тие околности, при истовремено комфорно ниво на девизните резерви и умерена инфлација, а при оцена за неповолни ефекти од здравствената криза врз економската активност на краток рок, отвораат простор за натамошна поддршка преку монетарната политика. -Ова релаксирање на монетарната политика се очекува да придонесе за намалување на цената на финансирање преку кредити од банките, како и за обезбедување дополнителна ликвидност во банкарскиот систем, којшто соодветно ќе може банките да ја искористат за поддршка на домашната економија преку зголемување на кредитната активност и ублажување на ефектите од негативниот шок врз домашната економија, информира централната банка. На седницата е одлучено да се направат и дополнителни промени преку коишто од централната банка ќе им се овозможи на банките поголем пристап до ликвидност, доколку во следниот период се појави таква потреба, што индиректно отвора и дополнителен простор за зголемена кредитна поддршка на економијата. Поконкретно, известуваат од банката, со овие промени се прошири опфатот на хартиите од вредност коишто Народната банка може да ги прифати од домашните банки како инструменти за обезбедување денарска ликвидност во банкарскиот систем. Така, при спроведување на монетарните операции за откуп на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа, Народната банка ќе може да ги прифаќа и домашните државни обврзници со најдолга рочност (15 и 30 години), како и еврообврзниците издадени од страна на државата на меѓународните финансиски пазари, коишто се во сопственост на домашните деловни банки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/nov-paket-monetarni-merki-na-narodna-banka-osnovnata-kamatna-stapka-namalena-na-1-5-otsto/feed/ 0