нов претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Sep 2021 17:41:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Драма во албанскиот парламент: Избран нов претседател – опозицијата кинеше гласачки ливчиња, Рама ги собираше (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-albanskiot-parlament-izbran-nov-pretsedatel-opozicijata-kineshe-glasachki-livchinja-rama-gi-sobirashe-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-albanskiot-parlament-izbran-nov-pretsedatel-opozicijata-kineshe-glasachki-livchinja-rama-gi-sobirashe-foto/#respond Fri, 10 Sep 2021 17:41:30 +0000 https://kurir.mk/?p=562146

На продолжението на првата седница на албанскиот парламент, доцна попладнево беа верификувани мандати на 140-те пратеници, меѓу нив и на Сали Бериша, кој откако дадоа заклетва, ја напушти собраниската сала. Седницата продолжи со изборот на претседател. Предлогот за Линдита Никола го дадоа 16 пратенички од социјалиситичката партија и лидерот Еди Рама. На тајното гласање учествуваа 137 пратеници. За Никола гласаа 79 пратеници додека четворица беа против. – Ја прифаќам функцијата со голема одговорност и ќе го направам најдобро што можам, создавајќи простор прво за опозицијата, да ги искажат своите мислења, но почитувајќи сè што овој храм заслужува според Деловникот. Денеска, она што можам да го кажам е фактот дека со цело знаење и срце со голема одговорност ќе се потрудам да ги исполнам очекувањата што ги имате при овој избор. Бог да ја благослови Албанија и Албанците, рече Никола. Опозицискте пратеници ја напуштија седницата кога Никола го почна обраќањето, откако најпрво почнаа со удирање по собранските клупи за да го спречат нејзиното обраќање. Линдита Никола (56) е родена во Тирана, во 1989 година, дипломирала на Природно математичкиот факултет во Тирана, отсек математика, каде 2010 година магистрирала јавна администрација, насока Централна власт. Се усовршувала на повеќе унверзитети, во и надвор од земјата. Со политиката се занимава од 2003 година, од кога била избрана на повеќе функции меѓу кои и пратеник а во еден период раководеше со министертвото за образование. Линдита е сопруга на за Проф. д-р Лигор Никола, актуелен декан на факултетот за математичко инжињерство и физика во Тирана, со кого имаат една ќерка. Лигор е Македонец, родум од село Врница, област Голо Брдо. Како македонска снаа одлично зборува македонски јазик. На тајното гласање се создаде тензична стуација во собраниската сала, откако опозициските пратеници од кои лидерот Љуљзим Баша побара да не ја гласаат Никола, почнаа да ги кинат гласачките ливчиња и да ги фрлаат на подот до гласачаката кутија. Тоа го стои и самиот Баша. Дел од опозициските пратеници гласачките ливчиња не ги искинаа туку само ги фрлија на подот. Гласаа и гласачкото ливче го ставија во кутија лидерката на опозициското движење за социјалистичка интеграција Моника Круемади и тројцата пратеници од нејзината партија, кои потоа јавно кажаа дека гласале против, додека Вангел Дуле, лидер на партијата на Грците, која беше дел од опозициската изборна коалиција, гласал „за“, како и уште еден опозициски пратеник. Она што беше воочливо е моментот кога Еди Рама отиде да гласа почна да ги собира искинатите ливчиња и да ги става во кеса. Во новиот, собрански состав од вкупно 140 пратеници, Социјалистичката партија (ПС) има 74, изборната коалиција предводена од Демократската партија (ПД) 59, Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) четири и Социјалдемократската партија, блиска на социјалистите, три пратенички места. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/drama-vo-albanskiot-parlament-izbran-nov-pretsedatel-opozicijata-kineshe-glasachki-livchinja-rama-gi-sobirashe-foto/feed/ 0
Кипарските Турци избираат нов претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiparskite-turci-izbiraat-nov-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiparskite-turci-izbiraat-nov-pretsedatel/#respond Sun, 11 Oct 2020 09:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=415001

Кипарските Турци денеска избираат нов претседател чија главна задача во наредниот период ќе биде да ги надмине длабоките политички поделби со кипарските Грци, отворајќи го патот за договор за завршување на 46-годишната поделба на островот и смирување на тензиите. Изборите се одржуваат во време на обвинувања дека Турција отворено се обидува да го насочи електоратот од 200.000 гласачи кон десничарскиот кандидат Ерсин Татар. Татар се залага за целосно усогласување на политиката на кипарските Турци со политиката на Анкара и решение за две држави како алтернатива на долгогодишниот федерален модел за поделен медитерански остров. Според предвидувањата на аналитичарите за 11-те претседателски кандидати, главната трка ќе се води меѓу левичарскиот актуелен претседател, Мустафа Акинчи, лидерот на левиот центар на ЦТП, Туфан Ерхурман и десничарот Татар. Доколку ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство, вториот круг од изборите е закажан веќе следната недела. Првиот голем тест за победникот најверојатно ќе биде состанокот на кој домаќин ќе биде генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а на кој ќе треба да присуствуваат двете кипарски страни со тројцата гаранти, Грција, Турција и Велика Британија, за да се искористи шансата за продолжување на замрзнатите мировни разговори. Кипар е поделен од 1974 година по турската воена интервенција, како одговор на грчкиот државен удар на југот. Последните мировни разговори со посредство на Обединетите нации пропаднаа во 2017 година и оттогаш нема никаков напредок во разговорите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiparskite-turci-izbiraat-nov-pretsedatel/feed/ 0
Каталонија гласа за избор на нов претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-glasa-za-izbor-na-nov-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-glasa-za-izbor-na-nov-pretsedatel/#respond Thu, 22 Mar 2018 07:29:00 +0000 http://kurir.mk/?p=32016

Претседателот на каталонскиот Парламент Рожер Торент соопшти синоќа дека денеска ќе биде одржано гласање за избор на нов претседател на таа шпанска покраина. Најголема поддршка има Жорди Турул, поранешен лидер на каталонското претседателство. Турул е трет кандидат предложен за таа функција по неуспешните обиди да се избере повторно сменетиот лидер Карлес Пуџдемон кој сега е во егзил. Турул е предложен како нов кандиат за претседател на таа шпанска покраина откако сепаратистичкиот кандидат Жорди Санчез се откажа од кандидатура. Сепаратистичките партии претходно го предложија Санчез, кој е во затвор, за нов претседател, но шпанскиот Врховен суд му забрани да присуствува на гласањето и неговиот избор го направи речиси невозможен. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katalonija-glasa-za-izbor-na-nov-pretsedatel/feed/ 0