нов селектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Aug 2023 07:40:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов селектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Mилевски сепак е пред отказ: Црногорец ќе ја води Македонија?! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-sepak-e-pred-otkaz-tsrnogorets-ke-ja-vodi-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-sepak-e-pred-otkaz-tsrnogorets-ke-ja-vodi-makedonija/#respond Thu, 10 Aug 2023 07:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=865298

Поранешниот тренер на Црвена ѕвезда, Миодраг Божовиќ Гроф наскоро ќе биде назначен за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација. Според „24sedam“, искусниот стратег ќе ја преземе репрезентацијата на поранешната југословенска република во обид да ја однесе на ЕУРО. - Гроф нема да има лесна задача на овој пат. Македонците се во група со два големи фаворити Англија и Италија и Украина која чека шанса да дојде до едно од двете места кои водат на континенталниот шампионат. Да потсетиме, Македонците освоија три бода во првите три квалификациски натпревари, со почетен триумф против Малта (2:1), и болен пораз (2:3) од Украина на домашен терен по водството од 2:0 на полувремето, како и убедлив неуспех против Англија (0:7). Овие резултати очигледно ги принудија челниците на националниот сојуз на Северна Македонија да му се заблагодарат на досегашниот селектор Благој Милевски за соработката и да го заменат со познато тренерско име, стои во цитатот. Педесет и петгодишниот црногорски фудбалски стручњак остави најголема трага во својата тренерска кариера во Русија, а меѓу два престоја таму мина две сезони на клупата на Црвена ѕвезда со која освои една шампионска титула.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/milevski-sepak-e-pred-otkaz-tsrnogorets-ke-ja-vodi-makedonija/feed/ 0
Лев, Покетино и Вилаш-Боаш кандидати за селектор на белгиската репрезентација https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lev-poketino-i-vilash-boash-kandidati-za-selektor-na-belgiskata-reprezentatsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lev-poketino-i-vilash-boash-kandidati-za-selektor-na-belgiskata-reprezentatsija/#respond Thu, 26 Jan 2023 15:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=792386

Три светски познати фудбалски имиња се кандидатите за функцијата селектор на белгиската репрезентација. Белгиската фудбалска асоцијација денеска и утре ќе одржи состаноци на кои ќе се разговара за имињата на потенцијалните кандидати за функцијата селектор на националниот тим. Некои од нив се веќе познати. Така, според „Хет Ниусблад“, тамошната федерација ги разгледува опциите со назначувањето на Јоаким Лев, Маурицио Покетино или Андре Вилаш-Боаш. Никој од нив сега нема ангажман. Франк Веркаутерен може да стане технички директор на репрезентација, а за оваа позиција конкурира и поранешниот дефанзивец на Барселона, Томас Вермален.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lev-poketino-i-vilash-boash-kandidati-za-selektor-na-belgiskata-reprezentatsija/feed/ 0
Штефан Кунц и официјално нов селектор на Турција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shtefan-kunc-i-oficijalno-nov-selektor-na-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shtefan-kunc-i-oficijalno-nov-selektor-na-turcija/#respond Sun, 19 Sep 2021 18:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=565521

Досегашниот предводник на германската фудбалска репрезентација до 21 година Штефан Кунц денеска официјално е назначен за нов селектор на Турција. Кунц (58) на турската клупа седнува на местото на Шенол Ѓунеш, кој претходно овој месец замина од должноста по поразот од 6-1 од Холандија во мундијалските квалификации. Поранешниот напаѓач на германската репрезентација, Кунц, дел од својата фудбалска кариера помина во Турција, настапувајќи за екипата на Бешикташ, а со селекцијата до 21 година на Германија освои две европски титули како тренер (2017, 2021). Турција во квалификациите за пласман на Светското првенство идната година во Катар е третопласирана во групата Г со 11 бодови, два помалку од Холандија и Норвешка, против која Кунц ќе дебитира на селекторската позиција на 8 октомври. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shtefan-kunc-i-oficijalno-nov-selektor-na-turcija/feed/ 0
Македонските кошаркари од идната недела со нов селектор https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-od-idnata-nedela-so-nov-selektor/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-od-idnata-nedela-so-nov-selektor/#respond Fri, 16 Apr 2021 16:14:57 +0000 https://kurir.mk/?p=498239

Смена на селекторското место најави денеска Македонската кошаркарска федерација, закажувајќи прес – конференција за почетокот на идната недела на која ќе се обелодени името на новиот предводник на националниот тим. -На прес-конференција на 19 април на терасата на хотелот „Солун-СПА Супериор“ ќе биде претставен новиот селектор на машката сениорска репрезентација, се наведува во краткото соопштение на Кошаркарската федерација до медиумите. Новиот селектор ќе дојде на местото на Александар Тодоров, кој седна на клупата на крајот од декември 2019 година и имаше неуспешен квалификациски циклус за пласман на Европското првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/makedonskite-kosharkari-od-idnata-nedela-so-nov-selektor/feed/ 0