нов состав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Jan 2023 19:27:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов состав – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Конституиран нов состав на Општински Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konstituiran-nov-sostav-na-opshtinski-sovet-za-bezbednost-vo-soobrakajot-na-patishtata-vo-kavadartsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konstituiran-nov-sostav-na-opshtinski-sovet-za-bezbednost-vo-soobrakajot-na-patishtata-vo-kavadartsi/#respond Tue, 31 Jan 2023 19:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=794403

Конституиран е новиот состав на Општински Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Кавадарци, информираа вечерва од ова локално тело што се грижи за сообраќајната безбедност на територијата на кавадаречка општина. – Активностите се во согласност со решение, донесено од Советот на Општина Кавадарци, на седницата од 22 декември минатата година, за именување на членови на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. За претседател е именуван Диме Крстев, за секерeтар, Македонка Илиевска и за членови Горан Ристиќ, Диме Мукаетов, Љупчо Лазов, Мишко Николовски, Миле Камчев, Драган Рамов и Ефремчо Николов, соопштија од сообраќајно – безбедносниот субјект на локално ниво. Притоа нагласија дека според програмата, целта на овој Совет е преземање превентивни мерки и активности во град Кавадарци. Едукација и предавање во градинките, основните и средните училишта и одржување натпревари од областа на сообраќајот во градинките: „Весел детски семафор”, „Зимски квиз натпревар”, „Детски семафор” и сообраќајно – техничка култура на младите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/konstituiran-nov-sostav-na-opshtinski-sovet-za-bezbednost-vo-soobrakajot-na-patishtata-vo-kavadartsi/feed/ 0
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ го избра новиот и проширен состав на Извршниот комитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-go-izbra-noviot-i-proshiren-sostav-na-izvrshniot-komitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-go-izbra-noviot-i-proshiren-sostav-na-izvrshniot-komitet/#respond Mon, 31 Jan 2022 17:54:12 +0000 https://kurir.mk/?p=625128

Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги објави имињата на новите потпретседатели на партијата. ВМРО-ДПМНЕ добива двајца нови потпретседатели. Тоа е Тимчо Муцунски, кој е универзитетски професор на равниот факулет Јустинијан Први, и градоначалник на Општина Аеродром кој издвојуваше убедлива победа уште во првиот круг. Муцунски дел од соето образование го има стекнато во САД и Канада, и беше Заменик министер за информатичко општество и администрација и Национален Координатор на Стратегијата за реформа на јавната администрација. Муцунски беше и пратеник во собранието на Македонија, како и секретар за меѓународна сработка на ВМРО-ДПМНЕ. Нов потпретседател е и Гордана Димитриевска Кочовска која е магистер по економски науки на УКИМ. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ. Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. Борци против оваа неправедна власт и сметам дека ова е добар тим кој опфаќа повеќе области, релативно млади луѓе со богато искуство зад себе. Генерален секретар продолжува да биде Горгија Сајкоски, доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието. Неговата задача е организацијата на партијата и подготовка за предвремените парламентарни избори. Нов член на Извршниот комитет е аналитичарот и долгогодишен граѓански активист Сашо Клековски. Неговото искуство е дваесетгодишна работа на раководни позиции во граѓанскиот сектор. Тој е прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Од 1998 до 2008 година е застапник на Македонската развојна фондација за претпријатија. Тој е прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската Унија и Република Македонија за периодот 2009-2010 година. Нова членка на Извршниот комитет е и Маја Кадиевска-Војновиќ поранешна вице гувернерка на Народна Банка на Македонија и професор на Американ Колеџ. Била дел и од Дирекцијата за монетарна политика и истражувања. Беше претседател на Комисијата за решавање по жалби од областа на пазарот на хартии од вредност како и експерт за анализи за макроекономските текови на државата. Во овој состав на Извршниот комитет вегува и угледниот доцент доктор Ристо Симеонов. Специјалист по детска хирургија, доктор кој ја изврши првата трансплатација на бубрег кај дете во Македонија. Тој е и Претседател на Здружение на детски хирурзи на Македонија и член на европско и светско Здружение на детски хирурзи. Нов член на Изврниот комитет е и доктор Мевмет Џафери од Маврово Ростуше. Тој е угледен доктор од оваа општина и активист на ВМРО-ДПМНЕ. Хуманист и професионалец во својата област. Воедно во проширувањето на Извршниот комитет се водеше сметка да се даде шанса и на кадри од партијата кои ќе бидат новата сила која донесе свежина и надоградба на нашата битка за промени. Нови членови на Извршниот комитет се и пратениците Ели Панова која доаѓа од Струмица и Миле Лефков од Кочани. Двајцата се со завршен правен факултет, доста активни пратеници во овој парламентарен состав и со минат труд во ВМРО-ДПМНЕ. Нов член на Извршниот комитет е и Луке Галески, актуелен директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕод септември минатата година. Тој има завршено Правен факултет Јутинијан Први, спцецијализирал и е со повеќе годишно искуство од мас медиуми и корпоративни комуникации, а претходно работел и како советник во владата и беше дел од мојот кабинет како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е актуелен советник на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје. Од вечерва нов член на извршниот комитет е и актерот Зоран Љутков, кој е од Велес каде е и претседател на советот на општината. Работи како актер во Драмскиот театар и има зад себе повеќе препознатливи и успешни телевизиски и театарски улоги и признанија. Нов член на Извршниот комитет е и Марија Митева, актуелна портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа е и секретар за меѓународна соработка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, инаку магистер по деловно право.Воедно членови на Извршниот комитет остануваат да бидат и досегашните..-пратениците со сериозно политичко искуство Антонио Милошоски, Дафина Стојановска, како и пратеникот Драган Ковачки кој е и полковник во Армијата на Македонија. Членка на Извршниот комитет продолжува да биде пратеничката Рашела Мизрахи, докторот Олга Лозановска од Битола. Во Извршиот комитет останува и професор доктор Трајко Славески кој е и претседател на советот на град Скопје, како и човекот со богато искуство зад себе Влатко Ѓорчев, градоначалникот на Охрид доктор Кирил Пецаков како и докторот Марија Андоновска, која е и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот Скопје. По функција членови на највисокото извршно тело се и претседателот на УМС Сергеј Попов, претседателката на УЖ Жаклина Пешевска, и првиот човек на Унијата на ветерани Мане Јаковлевски. Нов секретар за меѓнародна соработка е Стефан Андоновски, кој е и актуеен советник во градот Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-go-izbra-noviot-i-proshiren-sostav-na-izvrshniot-komitet/feed/ 0
Собранието ќе гласа за новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-glasa-za-noviot-sostav-na-komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-glasa-za-noviot-sostav-na-komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/#respond Tue, 12 Jan 2021 10:14:39 +0000 https://kurir.mk/?p=454172

Собранието во рамки на денешната 31. седница треба да го избере составот на членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. За членови на Комисијата се предложени Игор Јадровски, дипломиран правник од Скопје, Неда Чаловска Димовска, дипломиран правник од Скопје, Лимко Бејзароски, политиколог и доктор по историски науки од с. Пласница, Ирфан Деари, лекар специјалист од с. Боговиње, кои се со мандат од пет години, додека Кире Василев политиколог од Битола, Исмаил Камбери, магистер по правни науки, и Весна Бендевска, психолог од Битола, се предложени за мандат од три години. Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на седница на 5 јануари годинава ја утврди предлог листата на кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На денешната 31. седница Собранието исто така треба да го избере новиот состав на Државната изборна комисија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-glasa-za-noviot-sostav-na-komisijata-za-sprechuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija/feed/ 0
Избран составот на ДИК, утврдена потребата за носење на законите договорени на лидерската средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbran-sostavot-na-dik-utvrdena-potrebata-za-nosenje-na-zakonite-dogovoreni-na-liderskata-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbran-sostavot-na-dik-utvrdena-potrebata-za-nosenje-na-zakonite-dogovoreni-na-liderskata-sredba/#respond Wed, 25 Jul 2018 16:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=81043

Собранието на Република Македонија со 100 гласа „за“ ги избра претседателот, потпретседателот и членови на Државната изборна комисија (ДИК). Оливер Дерковски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за претседател на ДИК, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК. Привремениот состав на ДИК е избран со двотретинско мнозинство, и за него гласаа и владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што претходно беа договорени. Со изборот на ДИК, која е со привремен мандат, се создаваат услови за организирање и реализација на претстојниот есенски референдум за името. Собранието на 56. седница ја усвои потребата за носење на измените и дополнувањата на Изборниот законик, на Законот за Владата на Република Македонија и на Законот за финансирање на политичките партии, сите по скратена постапка. Претседателот на Собранието Талат Џафери ги повика матичните комисии да ги разгледаат и да се изјаснат по овие закони, по што за нив ќе се гласа на 56. пленарна седница, која треба да продолжи во 19:00 часот. Расправа немаше ниту за изборот на членови на ДИК, ниту за утврдување на потребата за измените на трите закони. Собранието избра членови на ДИК и ја започна постапката за носење на овие три закони по договорот постигнат од парламентарните партии, а претходно и на лидерската средба во понеделникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbran-sostavot-na-dik-utvrdena-potrebata-za-nosenje-na-zakonite-dogovoreni-na-liderskata-sredba/feed/ 0