нов старт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 17:35:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов старт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Договорот „Нов СТАРТ“ ја ограничува количината на вооружувањето и обезбедува меѓусебна контрола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dogovorot-nov-start-ja-ogranichuva-kolichinata-na-vooruzhuvaneto-i-obezbeduva-megusebna-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dogovorot-nov-start-ja-ogranichuva-kolichinata-na-vooruzhuvaneto-i-obezbeduva-megusebna-kontrola/#respond Tue, 21 Feb 2023 17:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=803294

Договорот „Нов СТАРТ“, чие прекинување на учеството од страна на Русија денеска го најави претседателот на таа држава Владимир Путин, се однесува на намалување и контрола на стратешкото нуклеарно вооружување. Договорот ги обврзува Москва и Вашингтон на максимум 1.550 стратешки нуклеарни боеви глави на распоредени интерконтинентални балистички ракети или распоредени балистички ракети на подморниците, максимално 700 распоредени ICBM, SBLM и распоредени тешки бомбардери и 800 распоредени и нераспоредени ICBM лансери и SLBM лансери и тешки бомбардери опремени за нуклеарно вооружување. Според тој договор, секоја страна може да спроведе до 18 инспекции на локации за нуклеарно оружје годишно за да се увери дека другата страна го почитува договорот, иако и двете страни се согласиле да ја паузираат таа одредба во март 2020 година поради пандемијата на коронавирус, пренесува порталот „Washington Examiner“. Двете страни требаше да се сретнат минатиот ноември во Египет за да започнат разговори за продолжување на инспекциите, но руската страна тоа го одложи. „Се разбира, настаните што се случуваат во и околу Украина во овој случај имаат влијание врз тоа. Контролата на вооружувањето и дијалогот во оваа сфера не можат да не трпат поради тоа што се случува, а пошироката слика, која е доста комплицирана и во голема мера вознемирувачка, ја одигра својата улога“, изјави тогаш рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Порталот потсетува дека тогашните претседатели на САД и Русија, Барак Обама и Дмитриј Медведев, во 2010 година потпишаа договор за управување со нивниот нуклеарен арсенал, и дека се согласиле да го продолжат на уште пет години неколку дена пред истекот во февруари 2021 година. Рускиот претседател Владимир Путин денеска најави дека ќе го прекине учеството на Русија во договорот „Нов СТАРТ“. „Повторувам, не се повлекуваме, само го прекинуваме своето учество“, рече Путин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dogovorot-nov-start-ja-ogranichuva-kolichinata-na-vooruzhuvaneto-i-obezbeduva-megusebna-kontrola/feed/ 0
Руско-американска средба во Каиро за Нов СТАРТ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-amerikanska-sredba-vo-kairo-za-nov-start/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-amerikanska-sredba-vo-kairo-za-nov-start/#respond Fri, 11 Nov 2022 15:31:16 +0000 https://kurir.mk/?p=759349

САД и Русија наскоро ќе одржат состанок во Каиро на кој ќе разговараат за новиот договор за нуклеарно оружје СТАРТ, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Американскиот Стејт департмент во вторникот соопшти дека двете земји наскоро ќе се состанат за да разговараат за продолжување на инспекциите според договорот, кој беше суспендиран од пред руските сили да ја нападнат Украина. Изјавата на Рјабков е прва потврда дека разговорите ќе се одржат во Египет. Рускиот дипломат рече дека тоа ќе се случи кон крајот на ноември или почетокот на декември, пренесоа руски медиуми. Нов СТАРТ, кој стапи во сила во 2011 година, поставува ограничувања на бројот на стратешки нуклеарни боеви глави со кои САД и Русија можат да располагаат, како и распоредување на надземни и подводни ракети и бомбардери, способни да ги носат. Москва во август годинава ја прекина соработката за инспекции, обвинувајќи ги ограничувањата за патување наметнати на Русија од Вашингтон и неговите сојузници поради нејзината инвазија врз Украина, но додаде дека сепак е посветена на почитување на одредбите од договорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusko-amerikanska-sredba-vo-kairo-za-nov-start/feed/ 0
Русија ги поздрави најавите од САД за продолжување на американско-рускиот договор за контрола на нуклеарното оружје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-pozdravi-najavite-od-sad-za-prodolzuvanje-na-amerikansko-ruskiot-dogovor-za-kontrola-na-nuklearnoto-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-pozdravi-najavite-od-sad-za-prodolzuvanje-na-amerikansko-ruskiot-dogovor-za-kontrola-na-nuklearnoto-oruzje/#respond Fri, 22 Jan 2021 10:55:05 +0000 https://kurir.mk/?p=458477

Кремљ денеска ги поздрави намерите на новиот американски претседател Џо Бајден за продолжување на американско-рускиот договор за контрола на нуклеарното оружје, Нов СТАРТ, но додаде дека Москва сака да види конкретни предлози од Вашингтон. Белата куќа вчера објави дека Бајден ќе побара петгодишно продолжување на сегашниот договор за контрола на оружјето што го имаат двете земји, што истекува на почетокот на февруари, и е една од првите важни надворешно-политички одлуки на новата американска администрација. Портпаролот на Кремљ,Дмитриј Песков рече дека е важно да се видат сите детали на американскиот предлог, бидејќи претходната администрација се обиде да обврзе со нови услови за секое обновување, што Москва одбиваше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-pozdravi-najavite-od-sad-za-prodolzuvanje-na-amerikansko-ruskiot-dogovor-za-kontrola-na-nuklearnoto-oruzje/feed/ 0