нов тест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 May 2020 20:25:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов тест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД одобрија нов тест за антитела на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-nov-test-za-antitela-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-nov-test-za-antitela-na-koronavirusot/#respond Sun, 10 May 2020 20:25:28 +0000 https://kurir.mk/?p=344309

Агенцијата за храна и лекови (FDA) при американското министерство за здравство и социјални служби го одобри, како приоритетно прашање, употребата на нов тест за присуство на антитела на вирусот предизвикувач во крвта на болни или оздравени од респираторната болест Covid-19. Како што се наведува во соопштението на агенцијата, тестот на антителата го развила калифорниската компанија „Quide“ од Сан Диего. Според компанијата, овие тестови овозможуваат за само неколку минути да се утврди присуство на фрагменти од вирусни протеини во брисевите земени од носните шуплини на пациентите. Станува збор за веќе трет тест за откривање антитела на коронаворусот, кој американските здравствени власти го одобруваат за употреба во медицинските установи во земјата. За разлика од тестовите за откривање на самиот коронавирусот, за чиишто резултати е потребни подолг период, скапи материјали и неопходност од тим од компетентни стручњаци кои често работат во приватните лаборатории, новоодобрениот тест е брз и за него не се потребни значителни трошоци. Според виролозите, „класичниот“ тест за откривање антитела се изведува со земање примероци на крвта од пациенти кои се борат со инфекцијата неколку дена или седмици. Тој вид тестови е оптимален за истражувачите, затоа што помага да се разбере колку далеку се раширила болеста, колку широко е распространет вирусот во опкружувањето на пациентот, но воошто не е погоден за итна дијагностика на коронавирусот. Наспроти тоа, новиот тест е лесен за употреба во активната фаза од болеста, и овозможува многу брзо да се утврдат токсичните траги од присуството на вирусот. Според извршниот директор на компанијата, Даглас Брајан, брзото одобрување им „овозможува веднаш да започнеме со синтезата на препаратите неопходни за правење на тестовите“. Во моментов тестот е „во рацете на медицинските работници и ќе помогне со идентификување на инфекцијатата да се скуси времето потребно да се донесе одлуката како и почетокот на лекувањето“, додава Брајан. „Ова е вистински напредок во вирусологијата“, го коментираше развојот на новиот тест Дебора Биркс, координатор на Белата куќа за борбата со пирењето на коронавирусот. „Никогаш нема да има можност да спроведеме 300 милиони тестови во еден ден или, пак, да ги тестираме сите ученици и работници пред да се вратат во училиштата и на работните места. Но сега се појави можност да направиме нешто слично со помош на тестот за антитела на коронавирусот“, додаде Биркс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-odobrija-nov-test-za-antitela-na-koronavirusot/feed/ 0
Развиен нов тест за коронавирус, резултатите готови за околу половина час https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razvien-nov-test-za-koronavirus-rezultatite-gotovi-za-okolu-polovina-chas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razvien-nov-test-za-koronavirus-rezultatite-gotovi-za-okolu-polovina-chas/#respond Mon, 04 May 2020 13:12:37 +0000 https://kurir.mk/?p=341430

Научници во Шкотска и Швајцарија развија нов, брз и прецизен тест на антитела на коронавирусот. Британската компанија „Којшнт“ (Quotient) соопшти дека секоја серолошка скрининг машина има капацитет до 3.000 тестови дневно и дава резултати за 35 минути со 99,8 отсто прецизност. Со тој тест може да се утврди дали лицето е заразено со коронавирус и дали развило антитела на Ковид-19. – Искрено сме горди бидејќи развивме толку брз и точен тест. Ова е извонреден резултат на нашите тимови во Единбург и во Швајцарија. Сега сакаме колку е можно побрзо да им помогнеме да многу луѓе, изјави генералниот директор на британската компанија, Франц Валт. Компанијата потврди дека има на располагање 12 машини кои можат да обработат до 36.000 тестови дневно или 252.000 неделно. Се очекува до крајот на годината да бидат подготвени уште 20 машини. Компанијата во петокот доби европско регулаторно одобрување за „MosaiQ“ серолошки машини за скрининг, за кои тврди дека имаат 100 отсто чувствителност и 99,8 проценти специфичност. Тоа значи дека постои мала веројатност за погрешно читање или „лажно позитивни“ резултати. Портпарол на шкотската Влада изјави дека здравствениот систем на Шкотска, заедно со клучите партнери, ги истражува сите можности околу новите тестови на антитела. – Шкотската Влада блиску соработува со властите во Лондон, со цел на сите да им обезбеди пристап до новите тестови на антитела откако ќе станат достапни. од суштинско значење е новите тестови да бидат сигурни и потребно е време да се изврши ригорозна проценка, истакна портпаролот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razvien-nov-test-za-koronavirus-rezultatite-gotovi-za-okolu-polovina-chas/feed/ 0