нов закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Mar 2022 20:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов закон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПУТИН ГО ПОТПИША ЗАКОНОТ – следуваат 15 години затвор за сите оние кои што ќе го направат ова, државата е немилосрдна! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-sleduvaat-15-godini-zatvor-za-site-onie-koi-shto-kje-go-napravat-ova-drzavata-e-nemilosrdna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-sleduvaat-15-godini-zatvor-za-site-onie-koi-shto-kje-go-napravat-ova-drzavata-e-nemilosrdna/#respond Fri, 04 Mar 2022 20:06:49 +0000 https://kurir.mk/?p=641188

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој се гонат авторите на „лажни вести“ за војската. Објавувањето на вести, кои руските власти ги сметаат за „лажни“ би можело да биде казнето со вкупно 15 години затвор, објавија западните медиуми. Авторите и дистрибутерите на дезинформации за дејствијата на руските вооружени сили можат да добијат затворска казна до три години. Доколку лажната вест се шири како дел од „организирана група“ или е придружена со фалсификување докази, максималната казна се зголемува на 10 години затвор. Доколку ширењето на лажни информации предизвика сериозни последици, сторителите ќе добијат казна затвор до 15 години, се наведува во новиот закон во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-go-potpisha-zakonot-sleduvaat-15-godini-zatvor-za-site-onie-koi-shto-kje-go-napravat-ova-drzavata-e-nemilosrdna/feed/ 0
Русија: Нов закон за повисоки парични казни за демонстрантите и интернет-страниците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-nov-zakon-za-povisoki-parichni-kazni-za-demonstrantite-i-internet-stranicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-nov-zakon-za-povisoki-parichni-kazni-za-demonstrantite-i-internet-stranicite/#respond Thu, 25 Feb 2021 07:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=473542

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ги потпиша новите закони со кои се зголемуваат паричните казни за порекршоците на демонстрантите и за интернет-страниците означени како „странски агенти“. Според новиот закон, демонстрантите прогласени за виновни за повеќекратно непочитување на законот би можеле да бидат казнет со 20.000 рубљи (230 евра) или со 230 дена затвор. Претходниот закон предвидуваше казна од 5.000 рубљи. Путин потпиша и закон со кој се предвидува парилна казна до 2.500 рубљи за објавување на информации на интернет-страниците означени како „странски агенти“, а кои јасно не го навеле таквиот статус. Во Русија според Закон од 2012 година, организации и поединци и означени како „странски агенти“ мора да се регистрират и јасно да го назначат својот статус во своите публикации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-nov-zakon-za-povisoki-parichni-kazni-za-demonstrantite-i-internet-stranicite/feed/ 0
Во Шведска нов закон за борба против пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-nov-zakon-za-borba-protiv-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-nov-zakon-za-borba-protiv-pandemijata/#respond Mon, 28 Dec 2020 14:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=449470

Шведската Влада денеска претстави закон со кој се даваат нови привремени овластувања за борбата против пандемијата на коронавирус, а планот е неговата примена да почне во јануари. Владата, која досега во голема мера се потпираше на препораки, објасни дека новиот закон ќе и овозможи да донесе ограничувачки мерки и да воведе санкции во случај на непочитување на мерките. Така, ќе може да се затворат продавници, трговски центри или јавен превоз, па и да се ограничи бројот на луѓе што се дозволуваа да се собираат на одредени јавни места, наместо да воведува општи мерки. Владата сака законот да стапи во сила на 10 јануари, но прво ќе треба да биде изгласан од парламентот. Шведска има нетипична и контроверзна стратегија уште од почетокот на пандемијата, бидејќи таа не воведе мерки за изолација како што тоа го сторија другите европски земји. Кога бројот на заразени и мртви се зголеми, Владата го ограничи бројот на луѓе на јавни настани на осум од средината на ноември, а на 18 декември, по првпат, препорача носење маски во јавниот превоз и други ограничувачки мерки. Учењето на далечина во средните училишта е продолжено до 24 јануари. Здравствените власти инсистираа на потребата да се донесат долгорочни мерки, оценувајќи дека борбата против пандемијата е „маратон, а не спринт“. Шведска нема закон што ќе и дозволи на Владата да ја ограничи слободата на движење во мирнодопско време, како што е случајот со воведувањето карантин поради пандемија. Во Шведска, која има 10,3 милиони жители, досега имало 396.048 лица заразени со коронавирус, а 8.279 лица починале како резултат на болеста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-shvedska-nov-zakon-za-borba-protiv-pandemijata/feed/ 0
Пакистан дозволи хемиска кастрација во новиот закон против силувањето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-dozvoli-hemiska-kastracija-vo-noviot-zakon-protiv-siluvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-dozvoli-hemiska-kastracija-vo-noviot-zakon-protiv-siluvanjeto/#respond Tue, 15 Dec 2020 18:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=443682

Пакистан го одобри новиот закон против силување што на судовите им овозможува да наредат извршување хемиска кастрација врз некои од престапниците и да дозволи формирање специјални судови за побрзо судење, јави ДПА. Пакистанскиот претседател Ариф Алви денеска ја потпиша уредбата за нацрт-законот. Законското решение уште минатиот месец беше одобрено од кабинетот на премиерот Имран Кан, се наведува во соопштението. Владата сега има рок од четири месеци да побара задолжително одобрување од парламентот со цел тој и официјално да стане закон и влезе во правна сила. На законот се гледа како на кулминација на негодувањата откако претходно годинава една мајка беше силувана пред нејзините деца на еден од најголемите автопати во земјата, додаде германската агенција. Силувањето и обвинувањето на жртвата од страна на висок полициски офицер предизвика протести и барања за нов закон со кој ќе се обезбеди сторителите навистина да бидат казнати. Во сложениот пакистански систем на кривична правда ретко доаѓа до осудувања за силувања. Според новиот закон, владините агенции треба да водат база на податоци за сторителите на кривични дела, а судовите треба да обезбедат судењата да бидат завршени во рок од четири месеци од датумот на злосторството. Според новиот закон, прекршителите осудени за групно силување и сексуални злосторства врз деца може да се соочат со хемиска кастрација, додаде ДПА. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-dozvoli-hemiska-kastracija-vo-noviot-zakon-protiv-siluvanjeto/feed/ 0
Израел донесе нов закон што и дава можност на Владата да прогласи вонредна состојба и поголеми овластувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-donese-nov-zakon-shto-i-dava-moznost-na-vladata-da-proglasi-vonredna-sostojba-i-pogolemi-ovlastuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-donese-nov-zakon-shto-i-dava-moznost-na-vladata-da-proglasi-vonredna-sostojba-i-pogolemi-ovlastuvanja/#respond Thu, 23 Jul 2020 09:40:40 +0000 https://kurir.mk/?p=380108

Изреалскиот Кнесет усвои „Голем коронавирус закон“ што и овозможува на Владата да прогласи вонредна состојба и да примени вонредни мерки за да се справи со пандемијата, без дозвола од парламентарниот комитет што е задолжен за тоа. Законот е усвоен со 48 гласови „за“ и 35 гласови против. Според новиот закон, што ќе важи до јуни следната година, изреалската Влада ќе може да прогласи вонредна состојба во времетраење од 60 дена, ако има соменение дека постои ризик од ширење на новиот коронавирус и значителна штета на јавното здравје. Доколку ситуацијата се подобри, ќе биде укината вонредната состојба. За разлика од претходниот, привремен закон, полицијата нема да може да влегува во приватни домови без наредба од судот. Бројот на новозаразени со Ковид-19 во Израел во последните 24 часа надмина 2.000 втор ден по ред, соопштија изреалските здравствени власти. Најмалку 2.027 лица се тестирани позитивни на новиот коронавирус, а стапката на инфекција е 8.3 проценти, односно секој дванаесетти тестиран е позитивен за новиот вирус. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izrael-donese-nov-zakon-shto-i-dava-moznost-na-vladata-da-proglasi-vonredna-sostojba-i-pogolemi-ovlastuvanja/feed/ 0
Грчката Влада носи нов закон за јавни собири и протести   https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-nosi-nov-zakon-za-javni-sobiri-i-protesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-nosi-nov-zakon-za-javni-sobiri-i-protesti/#respond Tue, 30 Jun 2020 10:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=365727

Со организатор, кој ќе контактира со полицијата, но ќе биде одговорен за текот на протестот и за евентуалните предизвикани штети, во иднина ќе се организираат протести и јавни собири во Грција, откако претходно ќе бидат најавени кај надлежните органи, кои ќе дадат дозвола, предвидува новиот предлог закон на Министерството за цивилна заштита на Грција, што вчера беше доставен во грчкиот Парламент. Грчки владини извори коментираат дека целта на новиот закон е да се гарантира правото на протести, согласно конкретна институционална рамка без да се загрози општествено – економскиот живот. Според предлог законот, организаторот треба да ги извести надлежните за одржувањето на протестот, по што од полицијата ќе се одреди медијатор кој ќе биде во комуникација со организаторот за да се задржи редот и непречено одржување на собирот. Паралелно, организаторот ќе има обврска да ги извести учесниците дека не може да носат предмети кои би можеле да се искористат за предизвикување насилство, исто така, да одреди група задолжена за чување на редот. Исто така, организаторот ќе биде одговорен и за обесштетување на оние кои претрпеле штета од учесниците на собирот, без разлика дали тоа е физичка или материјална. Само доколку навреме известил и може да докаже дека ги презел сите мерки за да ја спречи штетата, тогаш ќе биде ослободен од одговорноста. Предлог законот на Министерството за цивилна заштита на Грција, според грчките владини извори, предвидува во кои случаи може еден протест да се ограничи, да се растера или да се забрани. Според истите информации, Здружението на трговци од Атина соопшти дека минатиот месец се одржале 80 протести, 53 од почетокот на месецов, а во просек центарот на градот бил затворен околу трипати дневно. Предлог законот на Владата предизвика негативни реакции од грчките опозициски партии. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-nosi-nov-zakon-za-javni-sobiri-i-protesti/feed/ 0
Новиот Законот за судови налага ослободителна пресуда за Груевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakonot-za-sudovi-nalaga-osloboditelna-presuda-za-gruevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakonot-za-sudovi-nalaga-osloboditelna-presuda-za-gruevski/#respond Thu, 17 May 2018 12:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=55252

Адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски, Боро Тасевски ја потсети судијката Кацарска за новите измени и дополнувања на законот за судовите при нејзината одлука во Тенк. -Соочени сме со докази на СЈО со кои се кршат меѓународни стандарди за човекови права на слободи. Материјалите произлезени од незаконското следење на комуникации СЈО ги добивал од политичкиот опонент на обвинетите- СДСМ. Сопственикот на странската подружница Еос Консалтинг која го вршела  вештачењето, а и вештаците се исто така од политичката партија СДСМ. ЦД-еата со разговорите не се во оригинална форма, па одбраната беше оневозможена со свој технички советник да ја провери нивната автентичност. Според Европскиот суд за човекови права доколку нема неутралност на вештачењето, се загрозува правото на еднаквоста на оружјата. Повредено е и правото на одбраната да учествува во вештачењето и да користи свој технички советник. Европскиот суд за човекови права вели дека доказите не се објективни доколку во вештачењето не е присутна одбраната. Во оваа постапка повредени се Уставот на РМ како и многу членови од Европската конвенција за човекови права затоа сметам дека единствена правична одлука на судот е ослободителна одлука, потенцира Тасевски. Тој  го поздравува стапувањето на сила на Законот за измена и дополнување на законот за судовите според кои судот е должен да ги земе во предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди, особено имајќи ги во предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на законот за судови, рече адвокатот Тасевски. Кацарска му се заблагодари на Тасевски за тоа што ја потсетил за измените во законот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-zakonot-za-sudovi-nalaga-osloboditelna-presuda-za-gruevski/feed/ 0
Стапува на сила нов Закон, игнорирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права значи разрешување за судијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-na-sila-nov-zakon-ignoriranjeto-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-znachi-razreshuvanje-za-sudijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-na-sila-nov-zakon-ignoriranjeto-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-znachi-razreshuvanje-za-sudijata/#respond Wed, 16 May 2018 21:19:55 +0000 https://kurir.mk/?p=55014

Стапува на сила Законот за измена и дополнување на законот за судовите според кои судот е должен да ги земе во предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди, особено имајќи ги во предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на законот за судови. (Службен весник бр.83 од 08.05.2018), каде законодавецот во членот 17 предвидел дека еден од основите за разрешување на судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврдени со закон се смета дека е исполнет ако: -Е донесена пресуда од страна на Европскиот суд за човекови права во која е утврдена повреда од членовите 5 и 6 од Европската конвенција за човекови права. А во членот 18 предвидел дека доколку судијата при одлучувањето не ги применува ставовите изразени во конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права, се смета дека прави потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на  одговорност на судија како основ за разрешување. Судијата Добрила Кацарска во предметот Тенк против Груевски е првата која ќе треба да ги примени измените. Во текот на глвната расправа одбраната постојано изнесуваше приговори повикувајќи се на пресуди на Европскиот суд за човекови права, но судот ги игнорираше. Од денес па натаму, игнорирањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права значи разрешување за судијата!  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stapuva-na-sila-nov-zakon-ignoriranjeto-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava-znachi-razreshuvanje-za-sudijata/feed/ 0
УКИМ ќе го менува Статутот за да се усогласи со новиот закон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukim-kje-go-menuva-statutot-za-da-se-usoglasi-so-noviot-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukim-kje-go-menuva-statutot-za-da-se-usoglasi-so-noviot-zakon/#respond Sat, 05 May 2018 10:00:26 +0000 https://kurir.mk/?p=50213

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во рок од три месеци треба да направи промени на Статутот со што ќе се усогласи со Законот за високо образование, што го изгласа Собранието пред три дена како дел од пакетот реформски закони. Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски денеска изјави дека периодот за усогласување е кус и оти секогаш има можност за подбрување на секој закон. - Како Универзитет имаме законска обврска да се усогласиме со новиот Закон. Тоа значи дека во најскоро време треба да направиме промени, во рок од три месеци, што сметам дека е малку време да се усогласиме со новиот Закон односно да направиме промени во Статутот, изјави  Јанкуловски одговарајќи на новинарски прашања при учеството на Денот на високото образование на УКИМ што се одржува во кампусот на техничките факултети. Главни цели на Законот за високо образование, што беше усвоен пред три дена  од Собранието како дел од пакетот на реформски закони, се квалитетот на образованието и автономија на универзитетите. Новини што ги донесува законот се формирање агенција за квалитет на високо образование која ќе ги опфати како два раздвоени органа Одборот за акредитација (кој ги одобрува студиските програми) и Одборот за евалуација (кој го контролира квалитетот на одобрените акредитирани програми). Се намалуваат мандатите на ректорите и деканите – од четири на три години. За деконцентрација на моќта на ректорите се воведува нов модел на нивниот избор – со непосредно гласање на професорите на факултетите и на институтите за предложените кандидати. За ограничување на моќта на министерот за образование и наука, пак, ќе се формира Национален совет за образование, наука и истражување, кој ќе преземе надлежности од министерот во сферата на високото образование. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukim-kje-go-menuva-statutot-za-da-se-usoglasi-so-noviot-zakon/feed/ 0