нов зеланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Oct 2023 06:35:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов зеланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јужна Африка го освои СП во рагби https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-go-osvoi-sp-vo-ragbi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-go-osvoi-sp-vo-ragbi/#respond Sun, 29 Oct 2023 06:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=894133

Репрезентативците на Јужна Африка ја одбранија светската титула во рагби.„Спрингбокс“ го совладаа Нов Зеланд во финалето на Светското првенство со резултат 12:11 (12:6) на стадионот во предградието на Париз, во Сент Дени. Африканскиот тим стана светски шампион по рекорден четврти пат и прв со две последователни титули. Претходно беа најдобри на светските првенства во 1995, 2007 и 2019 година во Јапонија, каде во финалето ја совладаа Англија. Да потсетиме, во полуфиналето Јужна Африка ја победи Англија, додека Нов Зеланд беше подобар од Аргентина. Во борбата за третото место, Англија вчера ја совлада Аргентина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-go-osvoi-sp-vo-ragbi/feed/ 0
Јужна Африка и Нов Зеланд во финалето на СП во рагби https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-i-nov-zeland-vo-finaleto-na-sp-vo-ragbi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-i-nov-zeland-vo-finaleto-na-sp-vo-ragbi/#respond Sun, 22 Oct 2023 09:13:44 +0000 https://kurir.mk/?p=891842

Бранителот на титулата Јужна Африка е вториот финалист на 10.Светското првенство во рагби во кое на 28 октомври на „Стад де Франс“ во Париз ќе игра против Нов Зеланд. Рагбистите на Јужна Африка во синоќешното второ полуфинале ја совладаа Англија со 16-15 и го забележаа четвртиот триумф во нивниот четврти меѓусебен дуел во нокаут фазата на мундијалските турнири. Јужна Африка четврти пат во историјата ќе игра во мундијалско финале и ќе се обиде да го продолжи максималниот ефект, откако ја освојуваше светската титула во 1995, 2003 и 2019 година. Во првото полуфинале во петокот, Нов Зеланд убедливо ја совлада Аргентина со 44-6 и идниот викенд ќе се бори за својата четврта светска титула, триумфирајќи претходно во финалињата во 1987, 2011 и 2015 година. (МИА) ФОТО: Х]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/juzhna-afrika-i-nov-zeland-vo-finaleto-na-sp-vo-ragbi/feed/ 0
Во Нов Зеланд се работи на овошје од лабораторија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-se-raboti-na-ovoshje-od-laboratorija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-se-raboti-na-ovoshje-od-laboratorija/#respond Mon, 11 Sep 2023 16:30:06 +0000 https://kurir.mk/?p=877018

Научници од Нов Зеланд работат на проект за создавање овошје одгледано во лабораторија. Тие ќе се обидат да создадат овошки без деловите коишто вообичаено се фрлаат, како што се семки или лушпи. Научниците од Истражувачкиот институт за храна и растенија (Plant & Food Research) во Оукленд имаат намера да создадат овошно ткиво од растителни клетки за коешто се надеваат дека ќе има вкус и мирис како вистинско овошје. Се верува дека оваа програма, поддржана од Владата, ќе помогне да се зачува безбедноста на храната во земјата. - Ние, во Нов Зеланд, сме добри во одгледувањето на конвенционални градинарски култури, изјави д-р Бен Шон, предводник на програмата. Бидејќи храната што се одгледува во лабораторија е сосем нов концепт, откако ќе се развие, ќе мора да се докаже и нејзината безбедност пред регулаторните тела, веројатно преку скапи и долги научно-здравствени испитувања. - Храната создадена во лабораторија може да игра клучна улога во одржливото земјоделство, но таа сè уште е во раните фази на развој. Надминувањето на таквите пречки може да трае со години, ако не и десетлетија, појасни д-р Али Рашидинеџад, поискусен научник за храна. Потрошувачите, исто така, ќе мора да ја прифатат новата практика. Повозрасните генерации можеби се двоумат, но истражувањата покажуваат дека помладите се подготвени да пробаат нова храна доколку таа нуди здравствени придобивки, а истовремено го ограничува штетното влијание врз животната средина, сметаат научниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-nov-zeland-se-raboti-na-ovoshje-od-laboratorija/feed/ 0
Нов Зеланд ја победи Норвешка на отворањето на женскиот фудбалски Мундијал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-zeland-ja-pobedi-norveshka-na-otvoraneto-na-zhenskiot-fudbalski-mundijal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-zeland-ja-pobedi-norveshka-na-otvoraneto-na-zhenskiot-fudbalski-mundijal/#respond Thu, 20 Jul 2023 09:18:45 +0000 https://kurir.mk/?p=858372

Репрезентацијата ко-домаќин на женското Светско фудбалско првенство, Нов Зеланд, претпладнево пред околу 42 илјади гледачи ја совлада селекцијата на Норвешка со 1:0. Победничкиот гол којшто донесе голема радост за домашните навивачи на „Еден парк“ во Оукленд го постигна Хана Вилкинсон во 48. минута. Ова беше прв натпревар на Мундијалот во Нов Зеланд и Норвешка и прв од првото коло во А-групата во која се и репрезентациите на Швајцарија и на Филипини. Точно напладне (12 часот) по македонско време ќе стартува дуелот Австралија – Ирска. Овој натпревар ќе се игра во Сиднеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-zeland-ja-pobedi-norveshka-na-otvoraneto-na-zhenskiot-fudbalski-mundijal/feed/ 0
ЕУ и Нов Зеланд потпишаа договор за слободна трговија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-nov-zeland-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-nov-zeland-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/#respond Sun, 09 Jul 2023 14:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=854622

Европска Унија и Нов Зеланд потпишаа договор за слободна трговија што, според Брисел, треба да резултира со зголемување на трговската размена за 30 отсто во следните десет години. Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави „амбициозниот“ и „урамнотежен“ документ. - За нас Нов Зеланд е клучен партнер во Индо-пацифичкиот регион и овој договор уште повеќе ќе нè зближи, истакна Лајен. Новозеландскиот премиер Крис Хипкинс верува дека договорот содржи „огромни придобивки“ за двете страни. Со Договорот годишниот извоз од ЕУ може да се зголеми за 4,5 милијарди евра, а инвестициите на ЕУ во Нов Зеланд потенцијално би можеле да се зголемат до 80 проценти. Почнувајќи од првата година на примена, царините за компаниите од ЕУ може да се намалат за околу 140 милиони евра годишно. Договорот беше склучен во јуни 2022 година, по четири години преговори. ЕУ е трет најголем трговски партнер на Нов Зеланд, а билатералната трговија изминатите години постојано се зголемува за лани да достигне речиси 9,1 милијарди евра. Договорот за слободна трговија ќе ги либерализира и олесни трговијата и инвестициите и ќе промовира поблиски економски односи, што ќе отвори значителни економски можности за бизнисите и потрошувачите од двете страни. Договорот сега треба да биде одобрен од Европскиот парламент и ратификуван од Нов Зеланд. Потоа двете страни меѓусебно ќе се известат за завршувањето на нивните внатрешни процедури и договорот потоа може да стапи во сила. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-nov-zeland-potpishaa-dogovor-za-slobodna-trgovija/feed/ 0
Премиерот на Нов Зеланд во посета на Кина за да ги зајакне економските врски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/premierot-na-nov-zeland-vo-poseta-na-kina-za-da-gi-zajakne-ekonomskite-vrski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/premierot-na-nov-zeland-vo-poseta-na-kina-za-da-gi-zajakne-ekonomskite-vrski/#respond Tue, 27 Jun 2023 18:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=850246

Премиерот на Нов Зеланд, Крис Хипкинс денеска во Пекинг разговараше со кинескиот претседател Си Џинпинг за продлабочување на врските меѓу двете земји. Хипкинс, кој е во петдневна посета на Кина, наведе дека фокусот на средбата со Си бил „да се реафирмираат блиските економски односи, да се поддржат фирмите да ги обноват своите врски со кинеските колеги и да им се помогне да се развијат нови за поддршка на економското закрепнување на Нов Зеланд“. За утре е предвидено Хипкинс да се сретне со кинескиот премиер Ли Кечијанг. Хипкинс пред петдневната посета на Кина односите помеѓу Велингтон и Пекинг ги опиша како „критичен дел од економската обнова“ на Нов Зеланд. Економијата на Нов Зеланд и официјално влезе во рецесија овој месец. Официјални лица изјаија дека Кина е клучен партнер за трите двигатели на Нов Зеланд на постпандемиското економско закрепнување: извозот, туризмот и образованието. Кина е најголемиот извозен пазар на Нов Зеланд, а Велингтон со текот на годините успеа да одржува подобри врски со Пекинг од некои негови западни сојузници како Австралија. Си ја пофали „големата важност“ на врските меѓу Кина и Нов Зеланд, посочувајќи оти посетата на Хипкинс е „многу значајна“. Хипкинс денеска присуствуваше на состанокот на Светскиот економски форум во кинескиот пристаништен град Тијанџин заедно со други странски претставници и присуствуваше на потпишувањето договори од четворица извозници од Нов Зеланд и нивните кинески партнери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/premierot-na-nov-zeland-vo-poseta-na-kina-za-da-gi-zajakne-ekonomskite-vrski/feed/ 0
Нов Зеланд ги олеснува миграциските правила за да привлече нова квалификувана работна сила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-gi-olesnuva-migratsiskite-pravila-za-da-privleche-nova-kvalifikuvana-rabotna-sila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-gi-olesnuva-migratsiskite-pravila-za-da-privleche-nova-kvalifikuvana-rabotna-sila/#respond Wed, 21 Jun 2023 06:01:11 +0000 https://kurir.mk/?p=848046

Нов Зеланд денеска соопшти дека ќе ја зголеми годишната квота на прифат на нови висококвалификувани мигранти и ќе обезбеди побрз пат до обезбедување нивен постојан престој, бидејќи богатите земји се натпреваруваат да ги привлечат најдобрите таленти во светот. Неколку напредни економии го зголемија годишниот број на миграции или ги олеснија визните правила за да им помогнат на клучните компании да ангажираат персонал за да го пополнат недостигот откако пандемијата на Ковид-19 доведе до построги гранични контроли и го спречи доаѓањето на странски работници. -Промените ќе обезбедат да нема ограничувања за квалификуваните мигранти, отстранувајќи ги вештачките ограничувања од стариот систем, изјави министерот за имиграција Мајкл Вудс. Министерот се осврна на критериумот што секоја година го одредува бројот на местата за прифат што ги спречува квалификуваните мигранти да се преселат во Нов Зеланд, дури и ако има јасна потреба за тоа. -Знаеме дека многу индустрии бараат работници и има глобален недостиг на работна сила, додаде Вудс. Новозеланската Влада од октомври, исто така, ќе го поедностави својот бодовен систем што го користи при изборот на квалификувани мигранти, забрзувајќи ја проверката на барањата за визи и давајќи им на работниците мигранти поголема безбедност. Нов Зеланд нема официјално ограничување на годишниот број на квалификувани резидентни визи, но управува со процесот во таканаречениот распон на планирање што го ограничува бројот за постојан престој. Овој потег доаѓа бидејќи пазарот на трудот е блиску до рекордно ниско ниво, додека стапката на вработеност достигна највисоко ниво од 1993 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-zeland-gi-olesnuva-migratsiskite-pravila-za-da-privleche-nova-kvalifikuvana-rabotna-sila/feed/ 0
Нов Зеланд го прекина натпреварот против Катар поради расизам https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-zeland-go-prekina-natprevarot-protiv-katar-poradi-rasizam/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-zeland-go-prekina-natprevarot-protiv-katar-poradi-rasizam/#respond Tue, 20 Jun 2023 09:37:49 +0000 https://kurir.mk/?p=847738

Фудбалската репрезентација на Нов Зеланд го напушти пријателскиот натпревар против Катар по првото полувреме, обвинувајќи дека нивен фудбалер бил цел на расистички напад од противнички играч. „Мајкл Боксал беше жртва на расистички навреди во првото полувреме од катарски играч“, објави Фудбалската федерација на Нов Зеланд на Твитер, објаснувајќи ја причината поради која синоќа го напушти натпреварот во Виена по првото полувреме. Португалскиот стратег на клупата на Катар, Карлос Квеирош, остана изненаден од новозеландската одлука. „На наше изненадување, новозеландскиот капитен дојде во нашата соблекувална на полувремето и ни рече дека неговиот тим нем, а да го ппродолжи натпреварот“, изјави Квеирош. „Наводно двајца играчи размениле зборови на теренот. Кој почнал, кој одговорил? Само тие знаат. Нема сведоци, судијата ништо не слушнал, ниту некој од клупата. Тоа е само кавга меѓу двајца играчи. Сега фудбалски власти нека донесат одлука. Но без сведоци, не знам како ФИФА ќе може да донесе одлука“, додаде катарскиот селектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nov-zeland-go-prekina-natprevarot-protiv-katar-poradi-rasizam/feed/ 0
Поранешната премиерка на Нов Зеланд одликувана за водење на земјата во време на криза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-premierka-na-nov-zeland-odlikuvana-za-vodene-na-zemjata-vo-vreme-na-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-premierka-na-nov-zeland-odlikuvana-za-vodene-na-zemjata-vo-vreme-na-kriza/#respond Mon, 05 Jun 2023 14:53:22 +0000 https://kurir.mk/?p=842342

Поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска беше одликувана со титулата Дама за нејзините напори да ја води земјата низ пандемијата на Ковид-19, терористичките напади на две џамии во Крајстчерч и ерупцијата на вулканот на Белиот остров. Ардерн беше прогласен за Дама, втора највисока чест во Нов Зеланд. Премиерот обично избира на кого ќе му биде доделена честа, која потоа ја одобрува британскиот монарх, шефот на државата. Премиерот Крис Хипкинс рече дека Ардерн добила признание за својата служба за некои од најголемите предизвици на Нов Зеланд во модерното време. „Водечкиот одговор на Нов Зеланд на терористичките напади од 2019 година и пандемијата на Ковид-19 беше период на интензивен предизвик за нашиот 40-ти премиер, и од прва рака видов дека нејзината посветеност на Нов Зеланд остана апсолутна“, рече Хипкинс. Ардерн стана премиерка во 2017 година и поднесе оставка во јануари оваа година во изненадувачка објава дека „повеќе нема сила“ да го води Нов Зеланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshnata-premierka-na-nov-zeland-odlikuvana-za-vodene-na-zemjata-vo-vreme-na-kriza/feed/ 0
Најмалку шест луѓе загинаа во пожар во хостел во Нов Зеланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shest-luge-zaginaa-vo-pozhar-vo-hostel-vo-nov-zeland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shest-luge-zaginaa-vo-pozhar-vo-hostel-vo-nov-zeland/#respond Tue, 16 May 2023 05:45:40 +0000 https://kurir.mk/?p=834555

Најмалку шест луѓе загинаа во пожар во хостел во Велингтон во текот на ноќта - од четирикатницата се спасени 52 лица. Шест од нив се хоспитализирани, а на 15 им била укажана лекарска помош на лице место. Засега е потврдена смртта на шест лица. Се уште има исчезнати лица, јавија локалните медиуми. Причината за трагедијата се уште не е утврдена. Хостелот имал 92 соби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-shest-luge-zaginaa-vo-pozhar-vo-hostel-vo-nov-zeland/feed/ 0