нов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Dec 2020 07:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во САД забележан првиот случај на коронавирус од британската варијанта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-zabelezan-prviot-sluchaj-na-koronavirus-od-britanskata-varijanta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-zabelezan-prviot-sluchaj-na-koronavirus-od-britanskata-varijanta/#respond Wed, 30 Dec 2020 07:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=450134

Американските власти синоќа соопштија за првиот забележан случај на зараза од многу попреносливата мутација на новиот коронавирус што се појави во Велика Британија. Случајот е забележан во сојузната држава Колорадо. -Денеска во Колоради го откривме првиот случај на Ковид-19, варијанта Б.1.1.7, истата онааа откриена во Обединетото Кралство, истакна синоќа во порака на Твитер Џаред Полис, гувернер на Колорадо. Додаде дека здравјето и безбедноста на Колораѓани е врвен приоритет, и дека „властите блиску го следат случајот и сите други Ковид-19 индикации“. Мутацијата е забележана кај маж на возраст во своите 20-ти години, кој сега се наоѓа во изолација во округот Елберт. Се дознава дека инфицираниот немал историја на патувања во последно време. Според здравствени експерти, британската варијанта на вирусот најверојатно не е посмртоносна од претходно идентификуваните варијанти. Многу земји ги забранија летовите од Велика Британија, авиопревозници што летат од Лондон во САД, сега ги тестираат патниците а позитивните ги враќаат назад. Според Јавното здравство на Англија, првичните анализи покажале дека оваа варијнта можеби е попренослива, но дека нема докази од поголем ризик за хоспитализација или смрт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-sad-zabelezan-prviot-sluchaj-na-koronavirus-od-britanskata-varijanta/feed/ 0
Вакцината може да биде ефикасна и против новата мутација на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-moze-da-bide-efikasna-i-protiv-novata-mutacija-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-moze-da-bide-efikasna-i-protiv-novata-mutacija-na-koronavirusot/#respond Wed, 23 Dec 2020 12:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=447173

Голема е веројатноста вакцината да биде ефикасна против новата мутација на коронавирусот, изјави Угур Сахин, научник и директор на компанијата „БиоНТек“, чија вакцина е одобрена во ЕУ. Тој за Дојче Веле изјави дека се надева дека на имунизација на населението до следната зима и дека стапката на хоспитализација на стари лица ќе се намали за неколку месеци. Со оглед на тоа дека ЕМА ќе ја објави одлуката за американската вакцина на „Модерна“ на 6 јануари, Сахин вели дека тоа дава надеж дека наскоро ќе можат да се најдат доволно вакцини на пазарот за да се стави пандемијата под контрола до следната зима. Тој посочува дека за тоа треба да се имунизираат 60 до 70 проценти од луѓето. Што се однесува до новиот вид коронавирус што за првпат беше забележан во Велика Британија, директорот на „БиоНТек“ вели дека сè уште не е познато дали е отпорен на вакцината. – Се уште не знаеме, бидејќи не сме направиле тестови, вели Сахин и најавува дека во следните две недели „БиоНТек“ ќе провери каков е одговорот на таа мутација на нивната вакцина. Тој смета дека постои голема веројатност вакцината да биде ефикасна против новиот вид на вирусот, бидејќи, иако оваа варијанта има повеќе мутации, само еден процент од релевантниот протеин е променет. – Ова значи дека 99 проценти е исто, а нашата вакцина предизвикува имунолошки одговор со напад на протеините на вирусот од повеќе страни, додаде научникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-moze-da-bide-efikasna-i-protiv-novata-mutacija-na-koronavirusot/feed/ 0
Клуге: СЗО свикува состанок за новиот вид на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-szo-svikuva-sostanok-za-noviot-vid-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-szo-svikuva-sostanok-za-noviot-vid-na-koronavirus/#respond Tue, 22 Dec 2020 10:10:22 +0000 https://kurir.mk/?p=446593

Светската здравствена организација (СЗО) ќе свика состанок на членките да ги разгледа стратегиите за борба против новиот, позаразен вид на коронавирус што се појави во Велика Британија, изјави денеска шефот на СЗО за Европа,Ханс Клуге, не прецизирајќи го датумот на состанокот. „Ограничувањето на патувањата со цел да се сузбие ширењето на вирусот е мудро се додека немаме повеќе информации. Синџирите за снабдување со основни прозиводи и нужните патувања треба да останат можни“, порача на Твитер регионалниот директор на СЗО и притоа повика на засилени превентивни мерки. Ова тело на ОН со седиште во Женева вчера соопшти дека новиот вид коронавирус, откриен во Велика Британија, за кој се покажа дека се шири побрзо од претходната варијанта, „не е надвор од контрола“. Марија Ван Керхове, технички лидер на СЗО за Ковид-19, кажа дека новиот вид на коронавирус, иако позаразен, не предизвикува потешки форми на болеста или повеќе смртни случаи, повикувајќи се на британски анализи. СЗО, исто така, соопшти дека наскоро очекува повеќе детали за можното влијание на новиот многу позаразен вид на коронавирус, додека голем број земји ги затворија границите за патување од Велика Британија од страв од негово ширење. Новиот вид што ја вознемири Велика Британија е откриен и кај поединци во Австралија, Исланд, Италија и Холандија, а имало и неколку случаи во Данска. Во денешното соопштение СЗО повтори дека се уште нема доволно информации за да се утврди дали новиот вид на коронавирус може да влијае врз ефикасноста на вакцината и додава дека испитувањата се во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kluge-szo-svikuva-sostanok-za-noviot-vid-na-koronavirus/feed/ 0
Директорот на БиоНТек убеден дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-biontek-ubeden-deka-vakcinata-kje-bide-efikasna-i-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-biontek-ubeden-deka-vakcinata-kje-bide-efikasna-i-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/#respond Tue, 22 Dec 2020 08:00:41 +0000 https://kurir.mk/?p=446521

Директорот на германската фирма БиоНТек, Угур Сахин, изрази убедување дека вакцината што фармацевтската компанија ја разви со американски Фајзер ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот што се појави во Велика Британија. Сахин рече дека БиоНТек ќе ја испита мутацијата на вирусот во наредните денови, но дека „трезвено ја набљудува ситуацијата“. Земјите ширум светот продолжија да ги затвораат границите со Велика Британија поради страв од новата варијанта на коронавирусот, кој се шири до 70 отсто побрзо од досегашниот. Откажувањето на летовите доведе до хаос во сообраќајот и ја зголеми можноста за недостиг на храна во Велика Британија. Изјавата на Сахин е во согласност со ставот на Светската здравствена организација дека нема причина за голема загриженост и дека новата варијанта на вирусот е вообичаен дел од еволуцијата на пандемијата. Непосредно пред изјавата на Сахин, Европската унија даде одобрение за употреба на вакцината на Фајзер и Бионтек, чија дистрибуција ќе започне по католички Божик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorot-na-biontek-ubeden-deka-vakcinata-kje-bide-efikasna-i-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/feed/ 0
Москва тврди дека вакцината Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-tvrdi-deka-vakcinata-sputnik-v-e-mnogu-efikasna-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-tvrdi-deka-vakcinata-sputnik-v-e-mnogu-efikasna-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/#respond Mon, 21 Dec 2020 12:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=446213

Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека првата регистрирана вакцина против коронавирусот Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта, пронајдена во Велика Британија. Тој тврди дека вакцината е исто толку ефикасна против новата мутација, како што е и против другите постоечки соеви. – Спутник V во повеќе наврати ја покажа својата ефикасност и покрај претходните мутации на С-протеинот, изјави Дмитриев пред новинарите. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков посочи дека Русија ги следи најновите информации од британските научници за новата варијанта на коронавирусот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/moskva-tvrdi-deka-vakcinata-sputnik-v-e-mnogu-efikasna-protiv-novata-varijanta-na-koronavirusot/feed/ 0
Професорка Венди Баркли: Новиот вид на коронавирусот има 22 мутации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/profesorka-vendi-barkli-noviot-vid-na-koronavirusot-ima-22-mutacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/profesorka-vendi-barkli-noviot-vid-na-koronavirusot-ima-22-mutacii/#respond Mon, 21 Dec 2020 12:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=446201

Новиот вид на коронавирусот, што брзо се шири низ делови на јужна Англија, „има невообичаено голем број мутации, дури 22“, тврди британскиот вирусолог Венди Баркли. Професорката Баркли, раководителка на Одделот за инфективни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, за Би-Би-Си Радио 4 изјави дека „вообичаено ка вирусот се забележуваат една до две промени, но дека новиот вид на Ковид- 19 има дури 22“. -Ова е итен знак за узбуна. Меѓутоа, морам да додадам дека е биолошки можно вирусот да се промени на овој начин заради овие мутации, рече таа. Професорката нагласи дека сега е најважно да се дознае дали вакцините, сепак, се подеднакво ефикасни против новиот тип на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/profesorka-vendi-barkli-noviot-vid-na-koronavirusot-ima-22-mutacii/feed/ 0
Словенија разгледува затворање на границите поради новата варијанта на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-razgleduva-zatvoranje-na-granicite-poradi-novata-varijanta-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-razgleduva-zatvoranje-na-granicite-poradi-novata-varijanta-na-koronavirusot/#respond Mon, 21 Dec 2020 11:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=446186

Словенечките здравствени власти ја следат ситуацијата и ќе предложат соодветни нови мерки, вклучително и затворање на границите, откако во Велика Британија беше потврдена нова, високо заразна варијанта на коронавирус. Владата ќе донесе одлука за нови мерки на предлог на својата медицинска работна група, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи, а премиерот Јанез Јанша синоќа на Твитер напиша дека Словенија „подготвила мерки за затворање на границите, бидејќи има шанса дека мутираниот вирус е присутен во некои други земји на ЕУ, пренесува СТА. Агенцијата наведува дека според повеќе извештаи во медиумите, барем еден случај на мутирана варијанта е потврден во Италија, кај маж кој неодамна пристигнал од Велика Британија и сега е во карантин. Словенија во моментов нема воздушна линија со Велика Британија, а според постојните правила за карантин, по пристигнувањето од Велика Британија се бара негативен тест или лицата мора да бидат во карантин десет дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-razgleduva-zatvoranje-na-granicite-poradi-novata-varijanta-na-koronavirusot/feed/ 0
Новиот вид на коронавирус ја исплаши Европа, Велика Британија под „авио блокада“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-vid-na-koronavirus-ja-isplashi-evropa-velika-britanija-pod-avio-blokada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-vid-na-koronavirus-ja-isplashi-evropa-velika-britanija-pod-avio-blokada/#respond Mon, 21 Dec 2020 06:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=446003

Откривањето на новиот вид на коронавирус во Велика Британија и неговото брзо ширење исплаши многу европски земји, кои веќе презедоа одредени мерки и донесоа одлуки за привремено запирање на воздушниот сообраќај со Островот. Особено загрижувачко беше предупредувањето од британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, кој кажа дека „новиот вид на вирус е надвор од контрола“, и само неколку часа откако премиерот Борис Џонсон кажа дека мора да се одложат божиќните шопинзи и собири во Лондон и на југот на Англија поради појавата на новиот вид на коронавирус, што се шири многу брзо. Забраната за воздушниот сообраќај воведе Франција, која, исто така, го запре и транспортот на сите патиштата во следните 48 часа, како и Германија, Италија, Холандија, Белгија, кои го блокираа авио и железничкиот сообраќај, потоа Австрија, Ирска, Бугарија и Хрватска кои прогласија 48-часовно прекинување на летовите. Во меѓувреме, Чешка воведе стрикнат мерка на карантин за сите патници кои пристигнуваат од Велика Британија и, како Романија, која најави забрана за сите летови од островот, додека шведската влада објави дека ” е воведено ограничувања за патувања во Велика Британија“. Турција и Швајцарија се приклучија на списокот на земји кои забранија летови од Велика Британија поради појава на новиот, многу позаразен, вид на коронавирус. Германија воведе нови мерки за патниците од Велика Британија, а причина најверојатно е откажувањето на авиосообраќајот меѓу двете земји поради ново соединение на вирусот корона. На патниците кои пристигнуваат во Германија со авион пред влегувањето во сила на забраната ќе им биде понуден тест за корона, што е задолжително за странски државјани, а ќе бидат посочени и постојните правила за карантин на провинциите. Новата мерка предизвика хаос на германските аеродроми, бидејќи на патниците не им беше дозволено да го напуштат аеродромот се додека не го добијат резултатот од тестот. Надвор од Европа, забраната за летови од Велика Британија, но и Данска и Јужна Африка, каде исто така е откриен новиот вид коронавирус, воведоа и Израел, Иран и Салвадор, а Мароко најави запирање на воздушниот сообраќај. Британскиот премиер Борис Џонсон за денеска свика состанок на кризното тело на кој ќе се разговара за меѓународниот сообраќај од и од Велика Британија, соопшти вечерва претставник на неговиот кабинет. Европскиот Совет вчера одржа вонредна видео-конференција со 27-те земји-членки на ЕУ, на која се дискутираше за ситуацијата и новите мерки во врска со информациите за новиот вид коронавирус пријавен во Велика Британија. Холандската влада објави дека во текот на следните неколку дена, „ЕУ ќе го истражува опсегот за натамошни ограничувања на ризикот од пренесување на новиот вид на коронавирус од Велика Британија“. Постојат извештаи од Обединетото Кралство дека новиот вид на вирус, кој циркулира во Лондон и југоистокот на Англија, е до 70 отсто попренослив од претходниот. сд/]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/noviot-vid-na-koronavirus-ja-isplashi-evropa-velika-britanija-pod-avio-blokada/feed/ 0
Епл го претстави новиот „Мек-бук-ер“, прв со свој процесор https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/epl-go-pretstavi-noviot-mek-buk-er-prv-so-svoj-procesor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/epl-go-pretstavi-noviot-mek-buk-er-prv-so-svoj-procesor/#respond Wed, 11 Nov 2020 07:52:41 +0000 https://kurir.mk/?p=427726

Американската фирма Епл денеска го претстави својот нов лаптоп „Мек-бук-ер“ (MacBookAir) и неколку други компјутери со нови процесори развиени од самата компанија. Според познавачите, овој потег дополнително технолошки ќе ги поврзе компјутерите и „Ајфон“ мобилните телефони на Епл. Тоа пак, би требало да значи и поголема продажба на компјутерите „Епл“. Продажбата на компјутери „Епл“ носи десетици милијарди долари заработка годишно, но сепак, тоа е помалку во однос на „Ајфоните“. Навестени се и низа апликации што можат да работат и на компјутери и на телефони. Во меѓувреме, Епл забележа голем скок во продажбата на компјутери благодарение на пандемијата на коронавирусот, на рекордни девет милијарди долари во последното, трето тримесечје. Сите претходни компјутери на Епл имаа поддршка на „Интел“ процесори. Претставникот на Епл, Тим Кук рече дека компанијата ќе продолжи да соработува со Интел и „наредниве години“, без да појасни до кога точно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/epl-go-pretstavi-noviot-mek-buk-er-prv-so-svoj-procesor/feed/ 0
Нов и до сега најцрн рекорд на новозаразени со коронавирус во Македонија – Бројката постојано расте, а власта е без одговор! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-i-do-sega-najcrn-rekord-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-makedonija-brojkata-postojano-raste-a-vlasta-e-bez-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-i-do-sega-najcrn-rekord-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-makedonija-brojkata-postojano-raste-a-vlasta-e-bez-odgovor/#respond Wed, 14 Oct 2020 18:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=416458

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-249, Куманово-12, Штип-13, Прилеп-25, Тетово-16, Струга-7, Велес-7, Битола-14, Охрид-12, Кавадарци-3, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-36, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Кочани-6, Пробиштип-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти од: Скопје-77, Куманово-15, Штип-11, Прилеп-7, Тетово-11, Струга-1, Велес-1, Битола-5, Гостивар-12, Гевгелија-2, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-18, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-1. Во болнички услови починати се 9 лица, двајца пациенти од Скопје (72 и 62г), еден од Куманово (66г), двајца од Струга (58 и 65г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (83г), од Пробиштип (60г) и пациент од Свети Николе (65г). Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21636, бројката на оздравени пациенти е 16591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4236. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 8872, активни 1969 • Куманово 1898, активни 168 • Дебар 294, активни 36 • Штип 1381, активни 125 • Прилеп 839, активни 181 • Тетово 1622, активни 226 • Струга 727, активни 65 • Велес 392, активни 69 • Битола 403, активни 111 • Охрид 476, активни 60 • Кавадарци 284, активни 63 • Гостивар 1003, активни 84 • Гевгелија 205, активни 93 (13 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 473, активни 281 • Крива Паланка 161, активни 54 • Радовиш 148, активни 62 • Крушево 20, активни 0 • Кочани 512, активни 201 • Пробиштип 130, активни 18 • Демир Хисар 62, активни 1 • Македонски Брод 95, активни 2 • Пехчево 48, активни 4 • Берово 155, активни 51 • Валандово 64, активни 36 • Виница 141, активни 46 • Делчево 195, активни 103 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 27, активни 3 • Свети Николе 407, активни 59 • Кичево 363, активни 37 • Ресен 171, активни 10 • Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 2441 теста се преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-58, Авицена-495, Биотек-278, МАНУ -292, Жан Митрев (Филип Втори) -375, Систина со PCR метода -218, лабораторија Лаор –99, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-55, Инфективна клиника-7, ГАК-25, Синлаб-71, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот. На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, нема хоспитализирани пациенти суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 3 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 187, позитивни и сомнителни на Ковид-19. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) • Чаир – 84 • Гази Баба – 180 • Аеродром - 400 • Карпош – 344 • Центар – 353 • Кисела Вода – 232 • Ѓорче Петров – 169 • Бутел - 74 • Шуто Оризари – 13 • Студеничани – 3 • Сарај – 17 • Арачиново – 4 • Илинден – 28 • Сопиште – 17 • Чучер Сандево – 6 • Петровец –8 • Зелениково - 5 • Странец – 11 • Нераспределен-21]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-i-do-sega-najcrn-rekord-na-novozarazeni-so-koronavirus-vo-makedonija-brojkata-postojano-raste-a-vlasta-e-bez-odgovor/feed/ 0