нова цена на парното – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 12:19:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нова цена на парното – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новата цена на парното ќе ја дознаеме во септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-tsena-na-parnoto-ke-ja-doznaeme-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-tsena-na-parnoto-ke-ja-doznaeme-vo-septemvri/#respond Tue, 22 Aug 2023 12:19:54 +0000 https://kurir.mk/?p=869567

Директорот на ЕСМ, Васко Стефанов, очекува во почетокот или средината на септември да се знае цената на парното греење. Според него, АД ЕСМ е целосно подготвена за новата грејна сезона. Ремонтните активности се во тек и се очекува да завршат некаде на крајот на септември – почетокот на октомври со што сите производни капацитети ќе бидат ставени во функција. Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novata-tsena-na-parnoto-ke-ja-doznaeme-vo-septemvri/feed/ 0
Изработени се сметките за парно за октомври, во тек е нивна достава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izraboteni-se-smetkite-za-parno-za-oktomvri-vo-tek-e-nivna-dostava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izraboteni-se-smetkite-za-parno-za-oktomvri-vo-tek-e-nivna-dostava/#respond Wed, 30 Nov 2022 13:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=768874

Фактурите за топлинска енергија за месец октомври се изработени и во тек е нивна достава. Од ЕСМ известуваат дека износот на фактурите за топлинска енергија на потрошувачите кои плаќаат на 12 рати ќе бидe ист со оние за август и септември. -Во периодот октомври-април кога се испорачува топлинска енергија, цената на ангажираната моќност и испорачаната топлинска енергија за домаќинствата е финансиски подржана од Буџетот на Р.Северна Македонија преку АД ЕСМ со одлука на Владата, со цел обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија во услови на постоење на кризна состојба. Износот на финансиската поддршка за секој потрошувач одделно е прикажана во фактурата како поединечна финансиска поддршка за фиксните и варијабилните трошоци. Потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следните денови на ист начин на достава како и претходно, односно оние кои ја користеле услугата „е-фактура“ фактурата ќе ја добијат во електронска форма, додека останатите потрошувачи ќе ја добијат фактурaта во хартиена форма, се вели во соопштението. Во врска со начините на плаќање, потрошувачите ќе можат без провизија да ги плаќаат фактурите на наплатните пунктови на ЕСМ Снабдување. Потрошувачите кои имаат склучено договор за наплата на фактурите за топлинска енергија преку траен налог, од матичната банка ќе добијат инструкции за постапување или ќе бидат известени за насочување на уплатата кон новиот снабдувач. Оние потрошувачи кои плаќаат со налог за плаќање, шалтерски во банка или преку електронско банкарство, во зачуваните шаблони односно ПП налози за плаќање ќе биде потребно да ја проверат и да ја внесат жиро-сметката на ЕСМ Снабдување наведена на фактурите. Од ЕСМ додаваат и дека интензивно се подготвуваат потрошувачите да ги имаат сите можности за плаќање како и претходно, како услугата “Брзо плаќање” и “EPAY” услугата за што дополнително ќе известат.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izraboteni-se-smetkite-za-parno-za-oktomvri-vo-tek-e-nivna-dostava/feed/ 0
ОД УТРЕ ПОСКАПУВА И ПАРНОТО – граѓаните ќе плаќаат 14,05 отсто поскапи сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-poskapuva-i-parnoto-gragjanite-kje-plakjaat-14-05-otsto-poskapi-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-poskapuva-i-parnoto-gragjanite-kje-plakjaat-14-05-otsto-poskapi-smetki/#respond Fri, 31 Dec 2021 11:25:36 +0000 https://kurir.mk/?p=615169

Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари ќе се зголеми за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство  му е понудена цена од 1480 долари. -Доколку ја вкалкулиравме ваквата цена на природниот гас во крајната цена за парното ќе требаше да има зголемување од околу 190 отсто, но тоа не е опција. Затоа се одлучивме да побараме помош од Владата, Град Скопје и скопските општини да помогнат да се надмине разликата во цената, рече Бислимовски. Посочи дека вообичаено БЕГ давал по два милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да де 13,8 милиони евра. Разликата во цена, како што кажа, ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје. Нагласи дека е набавен гас за ЕСМ Енергетика и за топланата Скопје Север, како и за првите 15 дена од работењето на БЕГ. Како опција, која не ја препорачува од еколошки аспекти, сите топлани можат да се префрлат на работа на мазут за само неколку дена, а БЕГ како најголем снабдувач е должен да има резерви од мазут за 15-дневно работење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-poskapuva-i-parnoto-gragjanite-kje-plakjaat-14-05-otsto-poskapi-smetki/feed/ 0