Нова демократија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 25 Jun 2023 19:49:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нова демократија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицотакис: Ќе бидам премиер на сите Грци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-ke-bidam-premier-na-site-grtsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-ke-bidam-premier-na-site-grtsi/#respond Sun, 25 Jun 2023 20:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=849532

Со собир пред централните канцеларии на Нова демократија, со огномет и развиорени партиски и грчки знамиња, како и со поздравен говор на лидерот Кирјакос Мицотакис, симпатизерите, поддржувачите и членовите на партијата вечерва ја слават победата на парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Откако Нова демократија убедливо ја победи СИРИЗА со 22,7 отсто разлика, Мицотакис во изјава за медиумите им се заблагодари на граѓаните за довербата, посочи дека добиле безбедно мнозинство, планираните реформите ќе ги спроведат со брз ритам, и истакна дека „ќе биде премиер на сите Грци“. -Денешниот изборен резултат Грција отвора ново историско поглавје на својот пат. Граѓаните по втор пат за неколку недели не испратија само порака за континуитет на патот што го зацртавме пред четири години, туку ни дадоа силен мандат да чекориме побрзо по патот на големите промени кои ѝ се потребни на нашата земја, порача лидерот на Нова демократија и следен премиер на Грција. Посочи дека кога пред 20 год ги направил првите чекори во политиката никогаш не замислувал дека сега ќе ја има „оваа голема одговорност, избран по втор пат да формира еднопартиска влада и тоа со силен мандат“. -Денеска уште малку ќе ѝ се радуваме на нашата победа. Но, од утре наутро повторно ќе ги засукаме ракавите и ги започнуваме напорите заедно да изградиме силна Грција, татковина со повеќе просперитет, со повеќе правда за сите, порача Мицотакис и додаде дека „утре осамнува уште подобар ден“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-ke-bidam-premier-na-site-grtsi/feed/ 0
Нова демократија победник на изборите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-pobednik-na-izborite-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-pobednik-na-izborite-vo-grtsija/#respond Sun, 25 Jun 2023 19:47:49 +0000 https://kurir.mk/?p=849529

Нова демократија со потребното парламентарно мнозинство за формирање еднопартиска влада, Парламент со осум партии, 13 отсто од гласовите и 35 пратенички места отидоа кај радикално десничарски партии, а место во Парламентот обезбеди и досега непознатата Спартанци, поддржана од осуден поранешен член на Златна зора, покажуваат резултатите од парламентарните избори во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Со пребројани 91 отсто од гласовите Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, 22,68 проценти повеќе од опозициската СИРИЗА. Партијата победник доби 158 пратенички места со што Кирјакос Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада. Во однос на распоредот на силите во грчкиот Парламент, СИРИЗА е втора со 17,84 проценти и 47 пратенички места, ПАСОК е на третата позиција со 11,95 отсто и 32 пратенички места, Комунистичка партија добива 7,62 отсто и 20 пратеници. Потоа следат десничарските партии: Спартанци со 4,70 отсто и 13 пратенички места, Грчко решение 4,48 отсто и 12 пратенички места и Победа со 3,72 проценти и десет пратеници. На последното место е Курс на слободата на поранешната претседателка на Парламентот од редовите на СИРИЗА Зои Константопулу со 3,16 отсто и осум пратенички места. Од десничарските партии, Грчко решение беше дел и од претходниот пратенички состав, додека пак солунската Победа и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис прв пат ќе влезат во Парламентот. Излезноста е официјални информации е 52,41 отсто. На претходните избори на 21 мај годинава, Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-pobednik-na-izborite-vo-grtsija/feed/ 0
Мицотакис го врати мандатот за формирање Влада, утре ќе го добие Ципрас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-go-vrati-mandatot-za-formirane-vlada-utre-ke-go-dobie-tsipras/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-go-vrati-mandatot-za-formirane-vlada-utre-ke-go-dobie-tsipras/#respond Mon, 22 May 2023 16:25:25 +0000 https://kurir.mk/?p=837546

Претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис ѝ го вратил мандатот за формирање Влада на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која утре ќе го додели на лидерот на втората партија, односно на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Мицотакис стапил во контакт со Сакеларопулу и ја информирал дека го враќа мандат. Па така утре претпладне, претседателката ќе го прими лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, за да му го додели вториот мандат, согласно одредбите од грчкиот Уставот. Мицотакис кога го прими мандатот од Сакеларопулу рече дека „во суштина не постои никаков услов за формирање влада од конкретниот Парламент“ и истакна дека на земјата ѝ е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“, а паралелно оствари и телефонски разговори со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и ги информирал за намерата на Владата да се забрзаат процедурите за новите избори да бидат на 25 јуни. Нова демократија победи на вчерашните парламентарни избори, но поради пропорционалниот изборен модел што не предвидува бонус пратеници за првата партија, не е во можност да формира еднопартиска Влада, па затоа земјата ќе оди на втори избори.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-go-vrati-mandatot-za-formirane-vlada-utre-ke-go-dobie-tsipras/feed/ 0
Нова демократија убедлив победник на парламентарните избори во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-ubedliv-pobednik-na-parlamentarnite-izbori-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-ubedliv-pobednik-na-parlamentarnite-izbori-vo-grtsija/#respond Mon, 22 May 2023 06:42:50 +0000 https://kurir.mk/?p=837228

Со освоени над 40 отсто од гласовите, двојно повеќе од СИРИЗА, Нова демократија убедливо победи на парламентарните избори во Грција, но поради пропорционалниот модел не може да формира еднопартиска Влада, па земјата ќе оди на втори избори, јави дописничката на МИА од Атина. Нова демократија обезбеди 146 пратеници, пет помалку од потребниот минимум од 151 пратеник за мнозинство во Парламентот, кој овој пат го сочинуваат пет партии, откако МЕРА25 не успеа да освои три отсто од гласовите и да го премине изборниот праг за место во Парламентот. Според официјалните податоци од Министерство за внатрешни работи на Грција на второто место СИРИЗА, трета е ПАСОК-Движење на промена, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение. Картата на Грција, по вчерашните резултати од изборите ја отсликува апсолутната доминација на Нова демократија, обоена е во сино, односно бојата на партија, со исклучок на изборната единица Родопи во североисточниот дел на земјата каде што победник беше СИРИЗА. Мицотакис синоќа истакна дека со изборниот резултат, кој го карактеризираше како „политички земјотрес“, „надежта го победи песимизмот, а единството ја победи поделбата“ и порача дека Нова демократија доби одобрување од граѓаните, кои побараа еднопартиска и силна Влада. -Динамиката на резултатот е повеќе од јасна: граѓаните сакаат силна влада, со хоризонт од четири години, со похрабри промени за да можеме брзо да го покриеме изгубеното што сè уште не дели од Европа. Јас сум првиот што знае колку работа сега имаме пред нас. Потребна ни е Влада која навистина верува во реформите, но и способна да ги спроведе, истакна Мицотакис. Синоќешната изјава ја заврши со предизборниот слоган на Нова демократија дека продолжуваат „стабилно, храбро и само наред“. Од друга страна, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас изјави дека изборниот резултат „е особено негативен за СИРИЗА“ и додаде „битките имаат и победи и порази“. Ципрас истакна дека партиските органи ќе ги разгледаат и оценат изборните резултати со цел да се направат неопходните промени. -Сепак, изборниот циклус се уште не е завршен, бидејќи најверојатно ќе има втори избори. Затоа, немаме многу време, мора веднаш да направиме многу промени кои се потребни за да најдобро што е можно да ја водиме следната клучна и последна изборна битка, рече Ципрас. Лидерите на опозициските СИРИЗА и ПАСОК- Движење на промена доцна синоќа телефонски разговарале со актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис и му ја честитале победата. Доколку се направи споредба со претходните парламентарни избори во јули 2019 година СИРИЗА загуби над десет отсто, додека пак останатите партии, Нова демократија, ПАСОК – Движење на промена, Комунистичката партија и Грчко решение го подобрија својот рејтингот освојувајќи повеќе проценти од гласовите. Вторите избори во Грција се очекува да бидат или на крајот на јуни или на почетокот на јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-ubedliv-pobednik-na-parlamentarnite-izbori-vo-grtsija/feed/ 0
Анкета: Нова демократија со рејтинг за 6,6 отсто повисок од СИРИЗА https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-so-rejting-za-6-6-otsto-povisok-od-siriza-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-so-rejting-za-6-6-otsto-povisok-od-siriza-2/#respond Tue, 16 May 2023 10:18:06 +0000 https://kurir.mk/?p=834743

Предност од 6,6 отсто има владејачката Нова демократија пред опозициската СИРИЗА на новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action 24“, јави дописничката на МИА од Атина. Нова демократија добива 30,8 проценти, СИРИЗА 24,2 отсто, ПАСОК е на третото место со 9,8 проценти, а потоа следат Комунистичката партија и МЕРА25, додека пак еден од десет анкетирани (9,9 отсто) сè уште нема одлучено за кого ќе гласа. На прашањето кој е посоодветен за премиер, Кирјакос Мицотакис со 49,1 отсто е пред Алексис Ципрас кој добива речиси двојно помалку, односно 25 проценти. Поделено е мислењето на граѓаните во однос на тоа каква постизборна позиција би требало да заземе ПАСОК, дали да влезе во коалиција со некоја од партиите или да изгласа доверба на коалициска Влада. Истражувањето на јавното мислење било спроведено заклучно со 11 мај, еден ден по ТВ дебатата на лидерите на политичките партии со 1.001 анкетиран граѓанин со право на глас. Парламентарните избори во Грција ќе се одржат в недела на 21 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-so-rejting-za-6-6-otsto-povisok-od-siriza-2/feed/ 0
Анкета: Нова демократија со рејтинг за 6,6 отсто повисок од СИРИЗА https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-so-rejting-za-6-6-otsto-povisok-od-siriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-so-rejting-za-6-6-otsto-povisok-od-siriza/#respond Tue, 16 May 2023 08:18:19 +0000 https://kurir.mk/?p=834662

Предност од 6,6 отсто има владејачката Нова демократија пред опозициската СИРИЗА на новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action 24“, јави дописничката на МИА од Атина. Нова демократија добива 30,8 проценти, СИРИЗА 24,2 отсто, ПАСОК е на третото место со 9,8 проценти, а потоа следат Комунистичката партија и МЕРА25, додека пак еден од десет анкетирани (9,9 отсто) сè уште нема одлучено за кого ќе гласа. На прашањето кој е посоодветен за премиер, Кирјакос Мицотакис со 49,1 отсто е пред Алексис Ципрас кој добива речиси двојно помалку, односно 25 проценти. Поделено е мислењето на граѓаните во однос на тоа каква постизборна позиција би требало да заземе ПАСОК, дали да влезе во коалиција со некоја од партиите или да изгласа доверба на коалициска Влада. Истражувањето на јавното мислење било спроведено заклучно со 11 мај, еден ден по ТВ дебатата на лидерите на политичките партии со 1.001 анкетиран граѓанин со право на глас. Парламентарните избори во Грција ќе се одржат в недела на 21 мај.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-so-rejting-za-6-6-otsto-povisok-od-siriza/feed/ 0
ЕРТ: Нова демократија во просек има за 6,5 отсто повисок рејтинг од СИРИЗА https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ert-nova-demokratija-vo-prosek-ima-za-6-5-otsto-povisok-rejting-od-siriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ert-nova-demokratija-vo-prosek-ima-za-6-5-otsto-povisok-rejting-od-siriza/#respond Wed, 22 Feb 2023 09:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=803533

Грчката владејачка партија Нова Демократија во просек има предност од 6,5 отсто пред опозициската СИРИЗА, согласно анализата на последните анкети во земјата, направена и објавена од грчката државна телевизија ЕРТ.

ЕРТ ги анализира резултатите од осум истражувања на јавното мислење спроведени од почетокот на годинава, а според кои Нова демократија, од анкетираните, добива, во просек, 30,9 отсто, СИРИЗА 24,4 проценти, а ПАСОК е на третата позиција со 10,4 отсто.

Целта на истражувањето, според раководителот Панајотис Кустенис, била да се долови сликата од анкетите спроведени на почетокот на 2023 година и строго во однос на тоа за кого би гласале анкетираните на следните избори.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ert-nova-demokratija-vo-prosek-ima-za-6-5-otsto-povisok-rejting-od-siriza/feed/ 0
Анкета: Нова демократија во предност од 6,9 отсто пред СИРИЗА https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-vo-prednost-od-6-9-otsto-pred-siriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-vo-prednost-od-6-9-otsto-pred-siriza/#respond Wed, 18 Jan 2023 09:57:29 +0000 https://kurir.mk/?p=788830

Грчката владејачка партија Нова демократија со 6,9 отсто е во предност пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, објавија медиумите во Грција. Поконкрето, НД добива 31 процент, СИРИЗА 24,1 отсто, а потоа следат ПАСОК-Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25. На прашањето кој е основниот критериум врз кој ќе одберат за која партијаќе гласаат, 28 отсто од анкетираните рекле дека е економијата.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-nova-demokratija-vo-prednost-od-6-9-otsto-pred-siriza/feed/ 0
Нова демократија го суспендираше партиското членство на Спираки, нема да биде кандидатка за пратеничка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-go-suspendirashe-partiskoto-chlenstvo-na-spiraki-nema-da-bide-kandidatka-za-pratenichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-go-suspendirashe-partiskoto-chlenstvo-na-spiraki-nema-da-bide-kandidatka-za-pratenichka/#respond Fri, 16 Dec 2022 09:13:49 +0000 https://kurir.mk/?p=776460

Европратеничката Мариа Спираки нема да биде кандидатка за пратеник на Нова демократија на следните парламентарни избори во Грција, а паралелно ѝ е суспендирано и партиското членство со одлука на претседателот на владејачката партија Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката доаѓа откако европската обвинителка побара одземање на пратеничкиот имунитет и на Спираки по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти. -Со одлука на претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, суспендиран е статусот член на Нова демократија на европратеничката Мариа Спиракис до завршување на истрагата за случајот. Се додека трае горенаведената одлука за суспензија, Марија Спираки нема да биде кандидат за пратеник на Нова Демократија во изборната единица еден во Солун на следните национални избори, соопштија од Нова демократија. Спираки е поранешна новинарка, а во 2014 година, по 22 години го напушти новинарството и беше кандидатка за европратеник на Нова демократија, кога доби мнозинство од гласовите и беше прва на листата. На евроизборите во 2019 година одново ја доби довербата на граѓаните и по втор пат беше избрана за европратеничка. Кон крајот на ноември Спираки се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис кога беше соопштено дека на следните парламентарни избори во 2023 година, ќе биде кандидатка за пратеничка на Нова демократија во изборната единица во Солун. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nova-demokratija-go-suspendirashe-partiskoto-chlenstvo-na-spiraki-nema-da-bide-kandidatka-za-pratenichka/feed/ 0
Европската обвинителка бара одземање на пратеничкиот имунитет и на европратеничка од Нова демократија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-obvinitelka-bara-odzemanje-na-pratenichkiot-imunitet-i-na-evropratenichka-od-nova-demokratija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-obvinitelka-bara-odzemanje-na-pratenichkiot-imunitet-i-na-evropratenichka-od-nova-demokratija/#respond Fri, 16 Dec 2022 08:32:27 +0000 https://kurir.mk/?p=776437

Европратеничката од Нова демократија, Мариа Спираки, изјави дека нема никаква поврзаност со аферата „Qatargate“, ниту има некаква поврзаност со било кој друг случај,  откако европската обвинителка побарала одземање на пратеничкиот имунитет не само на сменетата потпретседателка на ЕП, Ева Каили, туку и нејзиниот, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите, барањето на обвинителката е по извештајот од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), дека постојат сомневања за сторена измама на штета на буџетот на ЕУ, во врска со пратеничкиот додаток за асистенти. Европратеничката од Нова демократија објасни дека прашањето е поврзано со нејзин поранешен соработник, кој имал сериозен личен проблем и отсуствал од седниците на Европскиот парламент, но и додаде дека прифаќа да и биде одземен пратеничкиот имунитет за да се расчисти целиот случај. Паралелно, говорејќи утрово за грчките медиуми, Спираки истакна дека ќе побара суспензија на нејзиниот пратенички статус. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на пратеничко прашање на прес конференцијата во Брисел доцна синоќа рече дека нема целосна слика за случајот, но „станува збор за сериозен случај“, кој ќе го разгледа штом се врати во Атина.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-obvinitelka-bara-odzemanje-na-pratenichkiot-imunitet-i-na-evropratenichka-od-nova-demokratija/feed/ 0