Нова фламанска алиајнса (НВА) – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 29 Jul 2023 11:09:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нова фламанска алиајнса (НВА) – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отфрлена пријавата за вознемирување против белгиската европратеничка Канко https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrlena-prijavata-za-voznemiruvane-protiv-belgiskata-evropratenichka-kanko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrlena-prijavata-za-voznemiruvane-protiv-belgiskata-evropratenichka-kanko/#respond Sat, 29 Jul 2023 11:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=861421

Европретничката од редовите на белгиската националистичка Нова фламанска алиајнса (НВА), Асита Канко, објави дека Европскиот парламент ја отфрлил пријавата поднесена против неа со која беше обвинета за вознемирување на вработените во нејзиниот кабинет. - Надлежната комисија, врз основа на сите аргументи, факти и резултати од истрагата, одлучи дека обвинувањата против мене за несоодветно однесување се неосновани. Претседателката на Европскиот парламент го прифати мислењето на оваа Комисија и ја отфрли пријавата, наведе Канко во писмената изјава, додавајќи дека сака „ова искуство да го остави зад себе“. Канко, која е една од шесте потпретседатели на десничарската пратеничка група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) и која е особено активна за прашањата поврзани со миграциската политика на ЕУ, во мај беше обвинета за воведување „култура на страв“ во нејзиниот кабинет, бидејќи на вработените им „издавала наредби кои биле невозможни да се исполнат“ и поставувала „несоодветни лични барања“. Од друга страна, поднесителот на пријавата изјави дека ја прифаќа одлуката на Комисијата, иако не се согласува со нејзините заклучоци. Прес-службата на Европскиот парламент официјално одби да ги коментира ваквите информации,  нагласувајќи  дека „овие истраги се доверливи“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otfrlena-prijavata-za-voznemiruvane-protiv-belgiskata-evropratenichka-kanko/feed/ 0