Нова Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 Mar 2020 10:59:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Нова Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Нова Македонија“: Ново „корона-вето“ во НАТО и ЕУ за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-novo-korona-veto-vo-nato-i-eu-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-novo-korona-veto-vo-nato-i-eu-za-makedonija/#respond Thu, 12 Mar 2020 10:40:18 +0000 https://kurir.mk/?p=315529

Веќе е извесно дека психозата предизвикана од заканата на коронавирусот, воспоставува нови начини на функционирање во секојдневниот живот, секаде низ Европа (и светот), за превенција и спречување на неговото ширење, пишува Нова Македонија. Тоа неизбежно се одразува и врз функционирањето на европските политички институции, што укажува на можноста за ново одложување на одлуките поврзани со евроатлантските интеграции на Македонија. Имено, шпанскиот Сенат ги суспендира сите предвидени активности во наредните денови, поради мерките за заштита од коронавирусот. Првата потпретседателка на Сенатот, Кристина Нарбона, објави дека сите закажани пленарни седници и состаноци на работните тела ќе бидат одложени, без да прецизира кога ќе бидат презакажани. Причина е детектиран вирус кај генералниот секретар на ултрадесничарската партија Вокс, кој инаку е член на Конгресот. Суспендирањето на активностите на шпанскиот Сенат, пак, е во директна корелација со очекувањето на Македонија целосно формално да го заокружи своето членство во НАТО и официјално да стане 30-та членка на Алијансата. Нефункционирањето на шпанскиот Сенат, значи дека ќе биде одолжено донесувањето и на одлуката за ратификување на протоколот за членство на Македонија во НАТО, а Шпанија е последната од 29-те членки што треба да го стори тоа, пред протоколот да биде депониран во Вашингтон, се наведува во текстот на „Нова Македонија.“ Во моментов приоритет број еден секаде во светот и во Европа е справувањето со новиот опасен вирус и сосема извесно е другите прашања, меѓу кои и нашата евроинтеграција, да се стават во втор план Освен тоа, превентивно-заштитните мерки на европските политички институции, ја зголемуваат неизвесноста за одржувањето на Советот на Европа во Брисел, на крајот од март (26 и 27март), каде што повторно се насочени надежите на Македонија за добивање датум за почеток на преговори за членство во Унијата. По речиси петнаесетгодишниот кандидатски статус на земјава, со постојано нови изговори на ЕУ за недонесување одлука за почеток на преговарачкиот процес (и покрај позитивните извештаи на Европската комисија и сите болни промени што ги направи Македонија), сега се јавува стравот дека коронавирусот може да биде „новото вето“ за евроатлантските интеграции на земјава. Целиот, оригинален текст на „Нова Македонија“ можете да го видите на следниот линк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-novo-korona-veto-vo-nato-i-eu-za-makedonija/feed/ 0
Нова Македонија: „Медикаментот доцни, преживејте до утре!?“ – порака на Клиника за онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-medikamentot-docni-prezivejte-do-utre-poraka-na-klinika-za-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-medikamentot-docni-prezivejte-do-utre-poraka-na-klinika-za-onkologija/#respond Tue, 21 Jan 2020 10:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=292616

Група пациенти вчера не ја примиле потребната терапија на Клиниката за онкологија, бидејќи, како што велат, им било кажано од клиниката дека ги нема потребните лекови, пренесе Нова Македонија. Пациентите се револтирани, особено оние од внатрешноста, бидејќи никој не ги информирал за проблемот со недостиг од терапија, со што непотребно биле изложени на трошоци за да стигнат на клиниката. – Има пациенти од други градови што биле вратени назад, иако треба да примат цитостатик. А тоа е лек што се прима веднаш, не е тоа обична таблета. Цитостатикот се прима во секунда, тоа е лек што не може да чека. Клиниката не треба еден пациент да врати, бидејќи за вакви тешки болести не можете да ги враќате луѓето. Знаете ли која сиромаштија владее, а пациентот од друг град да го изложувате на трошок за превоз, кој не е мал. Зошто никој не ги информирал пациентите дека го нема лекот, за да не доаѓаат залудно? Каде е овде принципот на хуманост и човечки однос кон пациентите? – прашува нашиот извор. Се обративме на Клиниката за онкологија, од каде што побаравме одговори за случајот. Директорот Нино Васев призна дека на клиниката има проблем со недостиг од терапија, но не и на цитостатици. – Во текот на вчерашниот ден, тројца пациенти не го примија потребниот лек. Тој лек доцни, треба да пристигне во Македонија утре. Не е во нас проблемот како клиника, туку е до доставувачот. Не се работи за цитостатик, туку за таргет-терапија. Треба пациентите да знаат дека не е проблем ако таа таргет-терапија се одложи односно се задоцни со примање два-три дена. Тоа се скапи лекови што ние како клиника ги набавуваме. Инаку што се однесува до другите лекови, односно цитостатици, ги имаме сите. Баш вчера имавме повеќе од 200 пациенти што примија редовна хемотерапија – вели директорот. Сепак, повеќе од три извори ни потврдија дека вчера не ја примиле потребната терапија, а во исто време тие потврдија дека не знаат да направат разлика што е тоа таргет-терапија, а што е тоа цитостатик, ниту пак дека некој од лекарите се обидел да им објасни дека постои одредена т.н. таргет-терапија со која нивното здравје нема да биде дополнително загрозено, ако со задоцнување од два-три дена сепак терапијата се прими. Пациентите, сепак, ги интересира пред сѐ нивното здравје, а нивните семејства и граѓаните воопшто ги интересира функционирањето на нашето здравство, ефикасноста и организираноста на јавното здравство и односот на здравствените работници, пишува Нова Македонија. Целата сторија погледнете ја на : https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/%d0%bc%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%be%d1%86%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d1%98%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%be-%d1%83%d1%82%d1%80/ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-medikamentot-docni-prezivejte-do-utre-poraka-na-klinika-za-onkologija/feed/ 0
„Нова Македонија“: Каде исчезнаа близу 1.500 првачиња? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-kade-ischeznaa-blizu-1-500-prvachinja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-kade-ischeznaa-blizu-1-500-prvachinja/#respond Mon, 15 Jul 2019 09:26:03 +0000 https://kurir.mk/?p=218544

Од 408 запишани првачиња во 2015 година, минатата година во Кичево се запишале само 340 првачиња, што значи дека само за четири години бројот на првачиња е намален за две-три одделенија, односно има намалување за 68 новозапишани деца. Со слични проблеми се соочува и општината Македонски Брод, каде што бројот на новозапишани првачиња секоја година е сѐ помал. Ако таму во 2017 година имало 57 новозапишани првачиња, лани бројката изнесувала 50 првачиња. На државно ниво во 2018 година како првачиња биле запишани 22.130 деца. Тоа е генерацијата деца што се родени во 2012 година, со оглед на тоа дека во основно училиште се запишуваат деца на шестгодишна возраст. Таа 2012 година, според статистиката, во Македонија биле родени 23.568 деца. Ако се знае дека основното образование е задолжително и дека сите деца треба да бидат запишани на училиште, грубата математика покажува дека од родените деца во 2012 година, 1.483 деца не се запишале како првачиња во 2018 година. Овие алармантни податоци ги објавува „Нова Македонија“ во својата анализа на тема: „Каде исчезнаа близу 1.500 првачиња“. -Тука се отвора дилемата каде се овие деца. Дали не се запишани во училиште или, пак, заедно со рoдителите се иселени од земјава? Дали забрзаното иселување на жителите остава длабоки траги врз намалувањето на првачињата во земјава? Според познавачите на состојбите, оваа бројка покажува дека овие деца заедно со своите родители се иселени од Македонија и денес основното образование го почнале во некоја од земјите на Западна Европа. Ако една паралелка во основното образование содржи најмногу до 30 деца, тогаш бројките покажуваат дека над 30 одделенија со деца се иселиле од државата. Демографите велат дека официјалните статистички бројки во земјава не ги следат оние што се иселиле од државата. Но, според процените, велат дека околу 5.000 деца годишно се раѓаат надвор од границите на земјата од родители што имаат македонско потекло или од другите етнички заедници. Се поставува и прашањето зошто никој во Македонија не се занимава со феноменот на демографските трендови и движења на населението, како и со тоа кои се главните причини за ваквата намалена стапка на наталитет, анализира весникот. „Нова Македонија“: Дали причините за овој тренд се од глобален карактер? Македонија во 2018 година имала најмал наталитет во својата историја. Статистичките податоци се поразителни од година на година. Покрај малиот број новородени деца, расте и бројот на оние што се иселуваат. Експертите предупредуваат дека со ова темпо Македонија за неколку децении ќе стане држава на стари луѓе. Ако во 2010 година имало 24.296 родени деца, минатата година таа бројка паднала на 21.333, што е намалување за 2.963 деца. Социолозите предупредуваат дека на основа на актуелните параметри на демографската карта во Македонија, при проекциите е потребно да се развиваат мерки и активности со долгорочни цели за развој на населението преку поврзување на популациската политика со политиките за работна сила. Во тој случај, според нив, бенефицијата е со двоен ефект: прво се намалува стапката на емиграциско салдо, а второ се регулира стапката на баланс во трендот на природното движење на населението. Последното истражување на јавното мислење на тема „Иселување на младите и квалитет на живот“, спроведено од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), во периодот од 10 до 13 јуни годинава, на 1.119 полнолетни испитаници на ниво на целата земја, покажа дека иселувањето надвор од државата е опција дури за 70 отсто од студентите. Мнозинството граѓани имаат некој близок што веќе се преселил во странство (66 отсто). Една третина од анкетираните размислувале да се иселат од државата (29,1 отсто), и тоа како причина за таков чекор ги наведуваат вработувањето, животниот стандард и подобрата иднина. Демографите велат дека причините за иселување се комплексни, но како доминантни се издвојуваат вработувањето, вработувањето за добра плата и лошиот систем базиран на непотизам, корупција и неможност за покажување лични афинитети. Велат дека во странските држави веќе одамна постојат институции, во ранг на министерства, што се занимаваат со миграциската состојба, како и со популациската политика во конкретната земја, нешто што за нашата земја не е случај. Број на првачиња 2018/2019 22.130 2017/2018 21.656 2016/2017 23.266 2015/2016 21.747 2014/2015 21.872 Извор: Државен завод за статистика]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-makedonija-kade-ischeznaa-blizu-1-500-prvachinja/feed/ 0
Стразбур дециден: Македонците во Бугарија ќе можат да формираат свое здружение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strazbur-deciden-makedoncite-vo-bugarija-kje-mozat-da-formiraat-svoe-zdruzenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strazbur-deciden-makedoncite-vo-bugarija-kje-mozat-da-formiraat-svoe-zdruzenie/#respond Mon, 20 May 2019 09:19:37 +0000 https://kurir.mk/?p=199903

Дали една индивидуална пресуда го дерогира билатералниот договор меѓу Македонија и Бугарија Случајот наречен „Радонов против Бугарија“ се одвива пред Судот за човекови права во Стразбур. Трае шест години и има голема веројатност да заврши годинава, во октомври. Нашиот соговорник, адвокатот Тони Менкиноски, вели дека Македонците во Бугарија се пред историска победа пред Судот за човекови права во Стразбур од каде што се најавува пресуда во корист на барањето за регистрација на „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“. Долготрајна битка со позитивен изглед за исход Адвокатот Менкиноски нагласува дека позитивната пресуда за Македонците не само што ја задоволува правдата, туку има и силни политички референци, односно дека Македонците во Бугарија може да ги потврдат својата посебност и својот етнички идентитет. Пресудата на Судот во Стразбур ќе треба да утврди кршење на членот 11 од Европската конвенција за човекови права, а тоа ќе значи дека Бугарија го признава македонското малцинство и дозволува да се регистрира македонско здружение. Адвокатот Менкиноски вели дека тоа би била очекувана правна разврска на овој долгогодишен случај, притоа потсетувајќи на случаите со ОМО „Илинден“, ОМО „Илинден-ПИРИН“, и на други случаи поврзани со правата на Македонците во соседните држави. – Според мене, ние одиме кон конечна многу позитивна пресуда. Јас овој случај го водам про боно, без никаков финансиски надомест, затоа што сметам дека овој случај ќе покаже дека секогаш треба да се искористат правните средства и механизми. Од друга страна, ова е начин и за битка против двојните стандарди и критериуми од кои страдал Македонецот во Европа. Можеби со оваа пресуда Судот во Стразбур нема да ја фрли Бугарија на колена, но таа ќе се соочи со пресуда од која повеќе нема каде да бега и тоа во период кога треба да се примени спогодбата за добрососедство. Бугарија е во постмониторинг-процес во одредени области, и таа како правна и демократска држава се тестира токму на членот 11 од ЕКЧП, односно правото на слобода на здружување – вели Менкиноски. Конечно излез од европските правни лавиринти Судот писмено се обрати до бугарската влада во која ја известува дека својот одговор околу забелешките на тужителот, треба да ги испрати до 17 септември 2019 година. Сепак, судот остава простор за Владата во Софија за „пријателска разврска“, односно да изнесе предлози во однос на тужбата. Писмото од Судот во Стразбур до адвокатската канцеларија на Менкиноски по електронски пат стигна пред неколку дена, но во изминатите години кореспонденцијата не одела толку лесно и брзо. На пример, на 18 октомври 2018 година судот испраќа писмо до Менкиноски во кое наведува оти уште не добиле одговор на писмото од 9 мај 2018 година. Значи цели пет месеци. Но такво писмо не стигнало во адвокатската канцеларија на Менкиноски во Скопје. Затоа тој добил рок до ноември да одговори, во спротивно ќе се смета дека тужителот се повлекува од тужбата!? Но, во интерес на двете страни кореспонденцијата била подобрена. Инаку, претходно имало испраќани дописи од Судот во Стразбур на француски јазик, или на бугарски јазик, за што требало многу повеќе време за преведување, иако комуникацијата требало да се води на еден од официјалните јазици на судот – англискиот. Интересен е и случајот со писмото од 26 април 2018 г. во кое се наведува дека треба да му одговорат на судот до 26 април, односно уште истиот ден. Според фактите, кои ги утврдил и Судот за човекови права, на 3 април 2012 година деветмина Македонци имаат состанок на кој носат одлука да формираат здружение. Потоа тие избираат борд, а за претседател е избран Ангел Радонов, бугарски државјанин, етнички Македонец, роден во 1954 година во Благоевград. Радонов, во согласност со одлуките на здружението требало него да го регистрира – на 13 јуни 2012 г. ги поднел документите за регистрација во Регионалниот суд во Благоевград. Судот на 7 февруари 2013 година донел одлука со која го одбил барањето за регистрација на „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ (кој во случајот според Стразбур се води како прв апликант). Потоа Радонов поднесува жалба на таквата одлука, повикувајќи се на членот 44 од Уставот на Република Бугарија, кој овозможува слободно здружување на луѓето без разлика на нивната етничка припадност. Но Апелацискиот суд на 11 април 2013 година ја потврдува судската одлука. Според толкувањето, судот не можел да донесе позитивна одлука затоа што здружението „во својата програма навело дека ќе се залага за заштита на човековите и етнички права на Македонците и другите етнички малцинства во Бугарија и оти тоа го предлага преку организирање предавања, разговори и конференции за минатото на македонскиот народ и неговата револуционерна борба, како македонски национални собири и комеморации на историски датуми и настани, преку собирање, издавање и зачувување на сеќавањата, документи и други материјали за судбината на Македонците во Бугарија, преку давање правна и друга помош за репресираните Македонци и нивните наследници во Бугарија, преку организирање собири…“ Практично сите овие активности се според членот 11 на Европската конвенција за човекови како и според загарантираните права за националните малцинства. Но, за судовите, кои се повикуваат на уставните одредби, ова значи политичка активност, а такво нешто е резервирано само за политички партии. Аргумент што не може да помине во Стразбур! Иако Уставот има широко објаснување во таа насока и тој ја заштитува целовитоста на државата од политички дејства, кои би значеле, на пример, поделба на земјата или отцепување на еден нејзин дел. Но здружението, кое се бори со судските толкувања, заедно со Менкиноски се држи цело време за клучниот аргумент – дека државата, односно судската власт го крши членот 11 од ЕКЧП од правно неразбирливи, но (политички) сосема јасни причини. Исти процеси и судски толкувања поминаа и ОМО „Илинден“ и ОМО „Илинден-ПИРИН“, која беше дури регистрирана како партија, а кога Бугарија влезе во ЕУ со судска одлука ја избриша. Удар врз договорот за добрососедство со Бугарија Во врска со очекуваната пресуда на Судот во Стразбур, која е извршна, односно Софија ќе мора целосно да ја спроведе, а тоа значи да дозволи да се регистрира македонското здружение, адвокатот Тони Менкиноски е мошне цврст на својот став дека таа ќе биде „индивидуална пресуда, која ќе го урне билатералниот договор за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Македонија и Бугарија“. – Битката за Македонија и Македонците ниту има почеток, а ниту ќе има крај. Битно е сега како ќе постапиме ние. Од тоа зависи како идните генерации Македонци ќе нѐ обележат и ќе нѐ запишат во историјата – дали како нивни и чувари на заветот на македонските предци, или како македонски душмани – истакнува Менкиноски. Извор: Нова Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strazbur-deciden-makedoncite-vo-bugarija-kje-mozat-da-formiraat-svoe-zdruzenie/feed/ 0
Анѓушев: Зa мене Северна, Горна и Нова Македонија е прифатливо- името треба да се реши https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-za-mene-severna-gorna-i-nova-makedonija-e-prifatlivo-imeto-treba-da-se-reshi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-za-mene-severna-gorna-i-nova-makedonija-e-prifatlivo-imeto-treba-da-se-reshi/#respond Mon, 25 Dec 2017 12:12:42 +0000 http://kurir.mk/?p=2095

Прашањето со името треба да се реши. Северна, Горна или Нова Македонија, за тоа народот треба да си каже. За мене Северна, Горна и Нова е прифатливо, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77. -Решавањето на името е на надворешната политика на Република Македонија но и внатрешно прашање. Тоа се поврзува и со економијата, бидејќи ако сакате економски просперитет вие морате прво и основно покрај економски мерки да имате и владеење на правото и да имате стабилна политичка состојба, а за стабилна политичка состојба. Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Сите предуслови за да тоа можете да го направете е да најдете решение и компромис  за името. Јас сакам и сум свесен дека тоа мора да се реши. Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на оваа тема, гледаме дека има позитивни сигнали  и меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна. Она што сакам да го кажам е дека црвената линија која што не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот и т.н и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатливо. Значи јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна и Горна и Нова е прифатливо, рече Анѓушев. Во врска со зголемувањето на даноците Анѓушев образложи дека во сегашната Влада никој не дискутира за покачување на ДДВ, на данокот на добивка,на данокот на имот. Се зборува само за покачување на персоналниот данок и тоа само покачување кај богатите категории на граѓани. Мора да се направи една подобра социјална рамнотежа во државата. -Таквото имплементирање на закон, како што гледате Владата не го брза, значи сака да направи соодветна анализа. Станува збор само за лични приходи над неколку илјади евра, даночната стапка да порасне на 18% додека за сите останати да се намали на 9%. Јас ценам дека таа идеја треба да се разгледа и дека можеби  треба само  да се размисли колку високо да се постави летвичката, до која плата и над која плата да биде таквото оданочување, образложи Анѓушев. Според него состојбата во администрацијата каде од една страна има превработеност, а од друга страна недостиг на соодветни стручни кадри ќе се решава со т.н меки механизми. -Во администрацијата има многу луѓе кои се здомени, вие практично не можете многу да ги искористете а од друга страна имате дефицитарни кадри кои што едноставно ги немате и сега тоа е расчекорот меѓу зборувањето и однесувањето. Тие луѓе  веќе се вработени, да ги отпуштите сите на улица  тоа би било лошо или од нивен аспект, некој реваншизам. Рековме дека нема да правиме реваншизам но постепено и полека според она што се нуди во една од мерките во новата економска програма,се нуди можност  секој кој што ќе преземе вработен од администрација ќе му биде вратена 20% од нето платата. На пример, ако  имате ваша фабрика и Вие сакате да преземете некого од администрација, во тој случај платата што ќе му ја дадете на вработениот, 20% државата ќе ви ја враќа назад. Ова е еден  т.н  мек механизам, се’ со цел  некој да не оставиме на улица. Овој вишок во еден период од една или две години ќе го решиме, тврди Анѓушев. За новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, вицепремиерот вели дека му бил колега од машинскиот факултет, добро се познавале и соработувале. -Јас ја охрабрувам целата опозиција да биде силна, бидејќи држава без силна опозиција може да забега во води како што ги имавме овие претходни 11 години. Јас посакувам ВМРО-ДПМНЕ да излезе од оваа проблематична ситуација и да биде еден сериозен коректив на работење на Владата. Мислам дека тоа ќе биде добро за целата заедница и за целото општество, рече вицепремиерот Анѓушев во саботното издание на емисијата „Стадион“ на Канал 77.
Анѓушев: За мене и Северна и Горна и Нова Македонија се прифатливи за решение за името

Posted by Press24.mk on Monday, December 25, 2017
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angjushev-za-mene-severna-gorna-i-nova-makedonija-e-prifatlivo-imeto-treba-da-se-reshi/feed/ 0