нова верзија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Dec 2020 20:08:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нова верзија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Јужна Африка откриена нова верзија на коронавирусот, што го почнала вториот бран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-afrika-otkriena-nova-verzija-na-koronavirusot-shto-go-pochnala-vtoriot-bran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-afrika-otkriena-nova-verzija-na-koronavirusot-shto-go-pochnala-vtoriot-bran/#respond Fri, 18 Dec 2020 20:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=445408

Во Јужна Африка е идентификувана нова верзија на коронавирусот што предизвикува втор бран на инфекцијата, изјави денеска јужноафриканскиот министер за здравство, Звели Мхизе, и тоа само неколку дена откако Велика Британија соопшти дека пронашла нов подвид на Ковид-19. „Го свикавме овој состанок за да објавиме дека нашите генетичари идентификуваа нова варијанта на вирусот САРС-КОВ-2, што во моментов ја нарекуваме варијанта 501.V2, напиша на Твитер министерот за здравство. Британските медиуми пренесуваат дека, според него, собрани се доволно докази што силно сугерираат дека овој вид го предизвикува вториот бран од пандемијата во неговата земја. Во Јужна Африка досега се пријавени над 900.000 инфекции со Ковид-19 и 24.000 смртни случаи. Во последните неколку дена во земјата има по околу 10.000 нови инфекции дневно, во споредба со околу 1.200 на почетокот на ноември. Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е во постојан контакт со јужноафриканските експерти кои ја идентификуваа оваа нова варијанта на коронавирусот. СЗО додава дека досега нема индиции дека имало промена во однесувањето на новиот вид на вирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-juzna-afrika-otkriena-nova-verzija-na-koronavirusot-shto-go-pochnala-vtoriot-bran/feed/ 0
Студија: Во светот се шири нова подоминантна мутација на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-vo-svetot-se-shiri-nova-podominantna-mutacija-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-vo-svetot-se-shiri-nova-podominantna-mutacija-na-koronavirusot/#respond Fri, 03 Jul 2020 09:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=367998

Според глобална студија на Европа и САД започнува да се шири нова верзија на коронавирусот која е подоминантна. Поради одредена мутација, поголема е веројатноста дека ќе зарази многу повеќе луѓе а не во главно само ранливите категории. -Тоа за сега претставува доминантниот и поотпорниот облик на коронавирусот, јавува Си-Ен-Ен. Научниците сега проверуваат дали може мутацијата да има поголем степен на смртност. За сега смртноста e поголема отколку досегашната верзија на коронавирусот и затоа е се почеста. Поради тоа расте и бројот на новозаразени во светот. Мутацијата доби име „Г614“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-vo-svetot-se-shiri-nova-podominantna-mutacija-na-koronavirusot/feed/ 0