нова влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Jun 2023 05:51:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нова влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новата грчка Влада денеска ќе положи свечена заклетва https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-grchka-vlada-deneska-ke-polozhi-svechena-zakletva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-grchka-vlada-deneska-ke-polozhi-svechena-zakletva/#respond Tue, 27 Jun 2023 06:02:30 +0000 https://kurir.mk/?p=849917

Во присуство на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, новата грчка Влада денеска ќе положи свечена заклетва во Претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина. Веднаш по заклетвата, новите министри ќе заминат за Министерствата за примопредавање на функциите од нивните претходници од службената Влада. Владиниот состав вчера го соопшти новиот портпарол на Владата, Павлос Маринакис, откако претходно Кирјакос Мицотакис положи свечена заклетва како нов премиер на Грција. Министер за надворешни работи ќе биде до неодамна државниот министер Јоргос Гераптертитис, а на заменичките места поставени се Александра Пападопулу, искусна дипломатка, која меѓу другото, во минатото беше и амбасадорка на Грција во Скопје, Јоргос Коцирас, како и Костас Франкојанис кој ја задржува досегашната позиција Претходниот шеф на дипломатијата Никос Дендиас заминува во Министерството за одбрана каде што ќе има двајца заменици. Во Министерството за финансии и национална економија доаѓа Костис Хаѕидакис, кој претходно беше министер за труд, а претходниот министер за финансии Христос Стајкурас оди во Министерството за животна средина и енергетика. Досегашниот алтернативен шеф на дипломатија надлежен за европски прашања Милтиадис Варвициотис ќе биде министер за поморство, а во Министерството за миграција и азил доаѓа професорот Димитрис Керидис. Претходниот министер за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис оди во образование на местото на Ники Керамеос која е новата министерка за внатрешни работи. На местото на Василис Кикиљас во министерството за туризам, кој ќе биде министер за климатски кризи, доаѓа Олга Кефалојани. Паралелно се формира ново Министерство за социјална кохезија и семејство во кое и министерката и заменичката се жени, а единственото министерство во кое нема промени на министерската позиција е она за култура. Во сите други Министерства има ротации на челните позиции и нови личности, а во Владата има и тројца државни министри. По денешната свечена заклетва и официјалното преземање на функциите, утре ќе се одржи прва владина седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-grchka-vlada-deneska-ke-polozhi-svechena-zakletva/feed/ 0
Избрана новата влада на Република Српска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izbrana-novata-vlada-na-republika-srpska-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izbrana-novata-vlada-na-republika-srpska-2/#respond Thu, 22 Dec 2022 06:43:52 +0000 https://kurir.mk/?p=778883

Народното собрание на Република Српска синоќа го потврди изборот на новата влада на РС на чело со Радован Вишковиќ од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД). По целодневна расправа, 51 пратеник гласаа за избор на новата ентитетска влада, а 23 беа против. Вишковиќ, кому претседателот на РС, Милорад Додик, му го даде мандатот за состав на новата влада, во експозето истакна дека неговиот кабинет ќе ја продолжи политиката на развој во сите области, наведувајќи дека претходната влада постигнала добри резултати со оглед на околностите во кои беа РС и БиХ. Тој особено укажа на кризата поради пандемијата на коронавирусот и енергетската криза поради војната во Украина. Вишковиќ нагласи дека новата влада ќе биде за реформи во даночниот и здравствениот систем, како и за јавната администрација, особено за проширување на дигитализацијата, а најави и „демографско обновување на РС“. Владата на РС има 16 министерства, од кои десет и припаднаа на СНСД, Социјалистичката партија (СП) доби два ресора, додека ДЕМОС, Народната партија на Српска (НПС), Обединета Српска (ОС) и „БХ Зелени“ добија по едно министерство. При изборот на нови министри се применуваше критериумот според закон, Владата на РС да се состои од најмалку осум министри од српска, пет од бошњачка и три од хрватска националност. Опозициските партии во Парламентот на РС не го поддржаа изборот на новата влада на РС, бидејќи, како што наведоа, Радован Вишковиќ нема легитимитет да биде мандатар.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izbrana-novata-vlada-na-republika-srpska-2/feed/ 0
Интензивни разговори за формирање на новата влада на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/intenzivni-razgovori-za-formiranje-na-novata-vlada-na-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/intenzivni-razgovori-za-formiranje-na-novata-vlada-na-crna-gora/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=775856

Во Црна Гора се очекува претседателот Мило Ѓукановиќ да го потпише изменетиот Закон за претседател, а по објавувањето во Службен весник ќе го именува мандатарот за состав на новата влада, кандидатот на старо-новото парламентарно мнозинство, Миодраг Лекиќ. Лекиќ, кој е претседател на Демос и пратеник, најави дека во парламентарното мнозинство се водат интензивни разговори за новата влада. „Бараме претседателот да ги повтори консултациите и да го одреди мандатарот, а очекувам дека Ѓукановиќ ќе го стори тоа. Ова би била прва влада по демократските промени со целосен легитимитет“, изјави Лекиќ за подгоричката телевизија Нова М. Тој нагласи дека по две години постигнале доверба меѓу партиите од победничкото мнозинство. „Не очекувам никакви проблеми околу формирањето на владата и поделбата на ресорите, бидејќи по две години талкање парламентарното мнозинство ги научи лекциите. Владата треба да се формира врз основа на изборните резултати и тоа сите ќе го почитуваат“, рече Лекиќ. Тој смета дека меѓународната заедница ќе ја почитува волјата на граѓаните како врвен критериум, исто како што тоа се случува во нивните земји – мнозинството што ќе ја добие поддршката од граѓаните да формира влада. Лекиќ рече и дека очекува актуелната влада во овој момент да донесе одлука за влез на Црна Гора на Отворен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/intenzivni-razgovori-za-formiranje-na-novata-vlada-na-crna-gora/feed/ 0
Црна Гора доби нова Влада, Дритан Абазовиќ премиер https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-dobi-nova-vlada-dritan-abazovikj-premier/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-dobi-nova-vlada-dritan-abazovikj-premier/#respond Thu, 28 Apr 2022 19:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=669439

Црногорскиот парламент со мнозинство гласови ја избра 43-та влада, предводена од премиерот Дритан Абазовиќ, прва малцинска влада во историјата на земјата. Новата влада има четворица потпретседатели и вкупно 18 министерства, а покрај Обединетата реформска акција на Абазовиќ, во неа се и претставници на помали партии што ги претставуваат Хрватите и Бошњаците, Социјалдемократската партија и просрпската Социјалистичка народна партија. Демократската партија на социјалистите на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, ја поддржа владата на Абазовиќ, но нејзини претставници не се застапени во неа. Абазовиќ во своето излагање посочи дека новата влада ќе се заснова на два главни столба – владеење на правото и економски развој, кои имаат пет приоритетни области: борба против корупцијата, поодржливи инвестиции, интеграција во ЕУ, одржлив развој и заштита на животната средина како и афирмација на децата и младите. – Сите членови на владата се должни да се занимаваат со иднината на Црна Гора, а не со нејзиното натамошно заробување во минатото, рече тој. – Затоа сум горд што за прв пат ќе соработуваат субјекти кои досега директно не соработувале, рече Абазовиќ. – Верувам дека Црна Гора може да побара забрзан пристап и дека наскоро може да стане полноправна членка на ЕУ со итни, но мудри одлуки. Ова е нашата најважна цел, рече Абазовиќ. На почетокот на февруари, црногорскиот парламент и изгласа недоверба на владата на Здравко Кривокапиќ по судирот меѓу Кривокапиќ и неговиот тогаш единствен потпретседател Дритан Абазовиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/crna-gora-dobi-nova-vlada-dritan-abazovikj-premier/feed/ 0
Во Црна Гора денеска се избира нова влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-deneska-se-izbira-nova-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-deneska-se-izbira-nova-vlada/#respond Thu, 28 Apr 2022 07:50:17 +0000 https://kurir.mk/?p=669015

Во Цетиње денеска ќе се одржи седница на Парламентот на Црна Гора, на која треба да се избере нова малцинска влада, предложена од мандатарот Дритан Абазовиќ. Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица потпретседатели и двајца министри без ресор. Пратениците на Демократскиот фронт нема да присуствуваат на денешната седница, бидејќи ја сметаат предложената влада за нелегитимна, изјави пратеникот на оваа алијанса, Славен Радуновиќ. Тој рече дека пратениците на ДФ нема да присуствуваат на денешната седница поради неодамнешното каменување на автобусот во кој беа децата од Никшиќ, само затоа што пееле и одиграле круг пред Цетинскиот манастир. Лидерот на Демократска Црна Гора и поранешен претседател на Собранието Алекса Бечиќ изјави дека очекува многу брзо во Црна Гора да бидат распишани предвремени парламентарни избори. -Кој не е уценет ќе ги избере изборите. Дритан Абазовиќ вели дека тоа е губење време, а всушност се плашат од судот на граѓаните. Повеќето граѓани сметаат дека новите избори се најдоброто решение. Ќе видите како ќе изгледа таа илегална власт под аминот на ДПС (Мило Ѓукановиќ). Ќе биде компликација - изјави Бечиќ во интервју за Радио-телевизија Херцег Нови. Претседателот на Социјалдемократите, Дамир Шеховиќ изјави дека оваа партија нема да гласа за 43-та влада на Црна Гора, мандатарот Абазовиќ и го наведе како главна причина учеството на Социјалистичката народна партија (СНП) во новата извршна власт во констатација со српскиот претседател Александар Вучиќ. Шеховиќ тврди дека формален предлагач на новата влада е Дритан Абазовиќ, а во суштина Владимир Јоковиќ (СНП), „во консултација со Александар Вучиќ“. Црногорскиот парламент ја избира новата влада три месеци по гласањето недоверба на премиерот во заминување Здравко Кривокапиќ на почетокот на февруари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-deneska-se-izbira-nova-vlada/feed/ 0
Абазовиќ: Наскоро ќе имаме влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-naskoro-kje-imame-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-naskoro-kje-imame-vlada/#respond Fri, 18 Feb 2022 09:36:19 +0000 https://kurir.mk/?p=633042

Црногорскиот вицепремиер и лидер на ГП УРА Дритан Абазовиќ синоќа изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана нова влада, а доколку тоа не се случи, не гледа проблем во одржување на нови избори. На новинарско прашање зошто се доцни со предлагањето мандатар за состав на нова влада, Абазовиќ рече дека во ниту една земја не е лесен процесот на избор на мандатар и ги повика колегите да дадат идеи за решавање на политичка криза, јави РТЦГ. – Лошо е што немаме влада, се надевам дека наскоро ќе имаме. А ако наскоро немаме, мандатот ќе им се врати на граѓаните, нема никаков проблем во тоа, рече Абазовиќ. Тој оцени дека сегашните протести се мирни, додавајќи оти не гледа дека се премасовни и порача: „ако се, тогаш тоа е наш тренинг за демократија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/abazovikj-naskoro-kje-imame-vlada/feed/ 0
Ковачевски доби пет заемници, тројца од нив се Албанци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-dobi-pet-zaemnici-trojca-od-niv-se-albanci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-dobi-pet-zaemnici-trojca-od-niv-se-albanci/#respond Mon, 17 Jan 2022 18:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=620461

Владата на Република Македонија денеска ја одржа својата прва, конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. Претседателот Ковачевски им го честиташе изборот на министрите за членови на Владата и им посака добро здравје и многу успех во работата во период во кој е потребна добра соработка и вложување на сето знаење, посветеност и умешност како предуслов за добра и успешна работа на Владата во целина во реализирањето на Програмата за работа која е креирана врз основа на приоритетите на граѓаните. На оваа конститутивна седница се определени заменици на претседателот на Владата на Република Македонија, и тоа: - д-р Артан Груби, министер за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Македонија; - м-р Славица Грковска, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за политики на добро владеење; - Фатмир Битиќи, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, за координација со економските ресори и инвестиции; - м-р Бојан Маричиќ, министер без ресор, за заменик на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања; - д-р Џемаил Чупи е именуван за министер без ресор, задолжен за дијаспора. Владата денеска именуваше и претседатели и членовите на основните комисии на Владата на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-dobi-pet-zaemnici-trojca-od-niv-se-albanci/feed/ 0
Влада во која магарињата летаат https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vlada-vo-koja-magarinjata-letaat/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vlada-vo-koja-magarinjata-letaat/#respond Mon, 17 Jan 2022 09:58:51 +0000 https://kurir.mk/?p=620207

Го откривме рецептот по кој е стокмена оваа „нова“ влада. Ок, нова ко ланскиот снег, но цврсто конципирана на едно многу битно прашање. Гласи: „Лета ли магарето?“ Од одговорот  на ова „суптилно“ и толку тешко прашање за новите министри и премиер, зависела и нивната функционерска судбина. Резултатите ги знаеме, а РЕЗИЛ-татите ќе следуваат... Процесот на иницијација за „новата“ влада бил мноогу едноставен. Се одвивал на екс Бихаќка. Таму, празна канцеларија, црпнатото диктаторче, најубавото магаре од Еразмо проектот на Димова и еден детектор за лага. Испитаниците и можеби идни министри влегувале еден по еден и го добивале судбоносното прашање: ЛЕТА ЛИ МАГАРЕТО? ДА, значело дека сте нов министер. НЕ и летате од влада. Раца и Димитров „закукулено и замумулено“ пробале и да го излажат испитувачот, ама затоа тука бил детекторот за лага, кој запиштел, а црвеното светло блештело при нивното ДА. А Заев, тој не сакал да го лажат. Оти, влогот бил голем. Слобода се викал. Сите останати минале на тестот. Таче, Славјанка и Бисера „прошле“ со десетка. Пустите навистина биле цврсто убедени дека магарето лета. Да, ЗЗ така им кажал. За Љупче, Бојанчо и Оли немало тест. Тие во стотина наврати на дело докажале дека слепо веруваат оти магарето лета, па и лупинзи дека прави. Биле послушен кадар со тапија. Зоки оком, тие скоком. Со години... Албанскиот дел од паралелната влада го тестирал Артан Нежни. Таму, пак, иницијацијата не била со магариња, туку се оценувала преку уметноста на „летање орлиња“... И така, изгласани со бедни и минимални 62-ца ајвани, од кои најербап испаднаа сателитите од ДС, ДОМ, ЛДП и Народна кои излажаа дека демек ја условувале владата, старо-новата направија стартуваше со нов северџански елан за нови национални порази. Мислите дека случајно на вториот ден од нејзината креација во Скопје доаѓа Петков? Радев му го провери пулсот пред 10-на дена, редно е и тој да ги тестира Заевите послушници. Веројатно, не му верува на ЗЗ дека Тачевци се толку послушни и дека ќе „учинат“ се што муртинскиот господар ќе им нареди. Што е сигурно, сигурно е... А, искрено, кој нормален и би му верувал на Зокија и на СДССС? Ах, да, им веруваат северџаните. И сега? Епа сега, Зоче демек ќе се пензионира на некоја грчка плажа, Раца ќе си биде комшика со Шики во Маврово, Димитров ќе продолжи да кука од време на време, а шклопоцијата на Таче ќе продолжи таму каде што Заевци застанаа. Под будното око на креаторот, со ура и јуриш во нови национални зезалици и порази. Го обравме бостанот, пак. Туку, со есцајгот и златните чинивчиња за Таче Антоанета, шу прајме? ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vlada-vo-koja-magarinjata-letaat/feed/ 0
„Владата на Ковачевски се изгласа со 62 пратеника, ништо од најавуваното зголемено мнозинство“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-kovachevski-se-izglasa-so-62-pratenika-nishto-od-najavuvanoto-zgolemeno-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-kovachevski-se-izglasa-so-62-pratenika-nishto-od-najavuvanoto-zgolemeno-mnozinstvo/#respond Mon, 17 Jan 2022 08:07:16 +0000 https://kurir.mk/?p=620131

Вчера пропадна долгонајавуваното зголемено мнозинство на СДСМ. Владата на пиунот на Заев Ковачевски се избра со 62 пратеника, кои и досега ги имаа. Неспособноста на оваа Влада започна уште од вчера. Владата на пиунот Ковачевски ќе има краток рок на траење, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните се уморни од неспособноста на СДСМ и ДУИ во Влада, а по однос на легитимитетот, Ковачевски како политичар и мандатар нема изборен легитимитет. Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции. Оваа украдена шанса скапо ќе ги чини Ковачевски и Заев на следните избори, кај и да е ќе стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема. ДС, ДОМ и ЛДП докажаа дека се привезоци на власта. Дека се заштитник на криминалот на СДСМ и ДУИ, додаваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-kovachevski-se-izglasa-so-62-pratenika-nishto-od-najavuvanoto-zgolemeno-mnozinstvo/feed/ 0
Во Собранието продолжува расправата за избор на новата влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzuva-raspravata-za-izbor-na-novata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzuva-raspravata-za-izbor-na-novata-vlada/#respond Sun, 16 Jan 2022 08:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=619812

Пратениците денеска напладне ќе ја продолжат 60-та седница со единствената точка на дневен ред – избор на новата влада. Мандатарот Димитар Ковачевски пред пратениците вчера ја презентираше програмата за работа на новата влада, која ќе брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Фокусот на новата влада, како што најави Ковачевски, е создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години. Тој во вчерашното експозе во Собранието најави удвојување на економскиот раст, и раст на БДП до 5 отсто. Главен предизвик во економијата, како што рече, и натаму останува соочувањето со негативните ефекти од пандемијата и енергетската криза. Најави дека минималната плата ќе продолжи да расте што ќе придонесе за раст и на просечната плата. Зголемување на пензиите ќе биде исто така една од првите одлуки на новата влада. Новата влада, како што посочи мандаторот, има план за соочување со економската и енергетската криза. – Владата ќе спроведе стратегија која на краток, среден и долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдувањето на енергенси и одржливост на енергетскиот систем. Фокусот на обновливите извори на енергија и ефикасното искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата претставуваат основа на македонската енергетска револуција, рече Ковачевски. Мандаторот Ковачевски во експозето порача и дека разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат, но никој не смее и нема да преговара за идентитетот на македонскиот народ. На вчерашната седница од страна на пратениците од опозициските и владејачките партии можеа да се чујат потполно спротивставени ставови во врска со составот, програмата и политиките на новата влада. Од опозицијата сметаат дека поединечните предлог-имиња во новата влада се само доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува и даде шанса. Според нив, новата влада ќе биде продолжување на претходната и нејзиниот неуспех. Заеднички став на поголемиот дел од пратениците од опозицијата е дека оваа влада ќе биде влада со краток рок, која брзо ќе се соочи со своите аномалии и оти многу брзо ќе се оди на предвремени парламентарни избори. – Поединечните предлог-имиња се само доказ дека СДСМ нема избор и иднина на која треба да и се верува и даде шанса. ДУИ, пак, и покрај зелената агенда, докажува дека не е подготовена за никакви промени. Убедена сум дека и самата ДУИ знае дека и тоа како треба да се менува, но и да ги менува ликовите со сомнителни документи за завршено образование, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска. Опозицијата исто така побара одговорност за случајот со Ласкарци, за пожарите кои се случија летото, за судството, за обвинителството, за економија, за цените, платата, за Клиничката болница, за образованието, за незавршен пат Скопје – Охрид, за воздухот, за сите лаги, за јазикот, историја, и за се што е преговарано со соседите за нацијата. За разлика од опозицијата, пратениците од власта сметаат дека новата влада ќе го задржи позитивниот курс на претходната Влада. За легитимитетот, нагласија, одлучија граѓаните на парламентарните избори во 2020 година, а дополнителен плус е зголемувањето на парламентарното мнозинство. Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ во своето обраќање во Собранието посочи дека се што досега ветиле, тоа и реализирале, и како што рече, кадрите на ДУИ имаат реализирано конкретни резултати кои не можат да се спорат. Тој додаде дека во екот на пандемијата се сочуваа над 60 илјади работни места, се намали невработеноста, се зголеми извозот, а, како што рече, кадрите на ДУИ се достоинствени претставници кои имаат идеја и визија како државата да оди напред и како да се менаџира со кризите, како што е мигрантската криза, ковид пандемијата на најдобар начин. Пратеникот Дарко Каевски од СДСМ смета дека граѓаните на предвремените парламентарни избори во 2020 година недвосмислено дале поддршка за владејачката коалиција да ја води државата. -На тие избори СДСМ доби силна поддршка и мандат од легитимитетот граѓаните во наредните четири години да ги спроведе сите оние принципи и мерки за коишто се залагаше во предизборната кампања, а потоа беа преточени во владината програма – економски раст и развој, силно вложување во човечкиот фактор, силно вложување во човечкиот ресурс, зголемување на платите и пензиите, подобрување на условите и стандардот на граѓаните…, рече Каевски. Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците во своето излагање напомена дека граѓаните чекаат подобрувања од Владата, чекаат видливи резултати. Но, според него, овој владин состав многу тешко ќе може да донесе резултати, бидејќи не размислуваат за резултатите. Новиот владин кабинет ќе има еден член повеќе од претходниот – министер без ресор за дијаспора, место што и припадна на Алтернатива. Од Владата си заминуваат осум досегашни членови, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев. Никола Димитров веќе нема да биде вицепремиер за европски прашања, Радмила Шекеринска заминува од Министерството за одбрана.Членови на Владата нема да бидат ни досегашниот министер за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерката за култура Ирена Стефоска. На нивните места треба да дојдат досегашниот министер за правда Бојан Маричиќ (СДСМ) како вицепремиер за европски прашања, Славјанка Петровска (СДСМ) во Министерството за одбрана, Беким Сали од Алтернатива ќе раководи со Министерството за здравство, досегашниот министер за информатичко општество и администарција Јетон Шаќири (ДУИ) ќе го преземе Министерството за образование и наука, Јована Тренчевска (СДСМ) ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика, а Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) го презема ресорот култура. Адмирим Алити од Алтернатива ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи од оваа партија е предложен за министер без ресор задолжен за дијаспората. Во новата влада на Ковачевски останува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи (СДСМ), а ново име е Славица Грковска (СДСМ) која треба да биде вицепремиер за борба против коруција и криминал. Со ресорот правда треба да раководи универзитетскиот професор Никола Тупанчевски (СДСМ). Во Министерството за внатрешни работи останува досегашниот министер Оливер Спасовски (СДСМ). Функциите ги задржуваат и министрите за надворешни работи, за транспорт и врски, за финансии и за економија, Бујар Османи (ДУИ), Благој Бочварски (СДСМ), Фатмир Бесими (ДУИ) и Крешник Бектеши (ДУИ). Во Министерството за локална самоуправа останува и понатаму Горан Милевски (ЛДП/коалиција на СДСМ), а нема промени и во Министерството за животна средина и просторно планирање каде останува досегашниот министер Насер Нуредини (ДУИ). Со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и понатаму ќе раководи Артан Груби (ДУИ). Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се враќа Љупчо Николовски (СДСМ). Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-prodolzuva-raspravata-za-izbor-na-novata-vlada/feed/ 0