новаја газета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Feb 2023 16:44:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новаја газета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Градскиот суд во Москва ја потврди пресудата за затворање на рускиот независен весник „Новаја Газета“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/#respond Tue, 07 Feb 2023 16:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=797412

Градскиот суд во Москва денеска ја потврди пресудата за одземање на лиценцата на независниот весник „Новаја Газета“, што со години наназад го критикуваше Кремљ. „Новаја газета“ беше најпознатиот независен весник во Русија се додека властите минатата година не го наредија неговото затворање како дел од акцијата против дисидентите. Московскиот градски суд денеска ја отфрли жалбата на весникот против одлуката од септември, донесена од страна на Московскиот окружен суд, што му ја одзеде лиценцата. Окружниот суд во септември ја одобри петицијата поднесена од рускиот медиумски регулатор, што го обвини весникот дека навремено не ја доставил својата уредувачка повелба до властите. Главниот уредник на весникот, добитникот на Нобеловата награда за мир, Дмитриј Муратов, денеска ја осуди пресудата, велејќи дека таа „им служи на масите кои сакаат народот да гледа само пропаганда“. Неколку дена по почетокот на војната во Украина, рускиот Парламент одобри закон со кој се забранува наводно омаловажување на руската војска или ширење „лажни информации“ за воената кампања на земјата во Украина. Како резултат на ваквиот закон, десетици независни руски медиуми се забранети, додека некои најавија дека го прекинуваат секое известување за Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gradskiot-sud-vo-moskva-ja-potvrdi-presudata-za-zatvorane-na-ruskiot-nezavisen-vesnik-novaja-gazeta/feed/ 0
Во Русија блокиран новиот проект на весникот „Новаја газета“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-blokiran-noviot-proekt-na-vesnikot-novaja-gazeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-blokiran-noviot-proekt-na-vesnikot-novaja-gazeta/#respond Sun, 24 Jul 2022 17:16:42 +0000 https://kurir.mk/?p=709643

Руските власти денеска ја блокираа интернет страницата на новиот проект на независниот весник „Новаја газета“, кој прекина со работа во март, во време на задушување на критичарите на офанзивата врз Украина. Редакцијата на „Новаја газета“ на 15 јули почна да објавува и во печатена форма и онлајн преку новиот сајт „Новаја Расказ-Газета“. Во првиот број беа објавени анализи за тоталитаризмот и идеологијата на Владимир Путин. Но, една недела подоцна рускиот медиумски регулатор го блокира новиот сајт на барање на Обвинителството. Порталот денеска не беше достапен во Русија. Весникот „Новаја газета“ е познат по своите истраги за корупција на руските елити и за сериозни прекршувања на човековите права, беше принуден на крајот на март да го прекине објавувањето на интернет и во печатена форма. Руските власти му се заканија дека ќе го забранат поради непочитување на контроверзниот закон за странски агенти. По суспензијата, дел од редакцијата емигрира и почна ново издание од Западна Европа. Главниот уредник на „Новаја газета, Дмитриј Муратов, ја доби Нобеловата награда за мир во 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-rusija-blokiran-noviot-proekt-na-vesnikot-novaja-gazeta/feed/ 0