новартис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Dec 2020 11:57:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новартис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новартис: Не е ефикасен испитуваниот лек против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-ne-e-efikasen-ispituvaniot-lek-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-ne-e-efikasen-ispituvaniot-lek-protiv-kovid-19/#respond Mon, 14 Dec 2020 11:57:21 +0000 https://kurir.mk/?p=443069

Швајцарската фармацевстка компанија Новартис денеска објави дека клиничките испитувања на лекот руксолитиниба не покажаа подобрување кај тешките случаи со Ковид-19. – Истражувањето во третата фаза не го даде очекуваниот резултат односно намалување на бројот на хоспитализирани пациенти инфицирани со Ковид-19 со тешки компликации, се наведува во соопштението на Новартис. Компанијата наведува дека ќе продолжи да ги анализира резултатите и ќе работи на инхибиторите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-ne-e-efikasen-ispituvaniot-lek-protiv-kovid-19/feed/ 0
Новартис ќе затвори 2.200 работни места во Швајцарија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-kje-zatvori-2-200-rabotni-mesta-vo-shvajcarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-kje-zatvori-2-200-rabotni-mesta-vo-shvajcarija/#respond Tue, 25 Sep 2018 11:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=105754

Швајцарскиот производител на лекови „Новартис“ денеска најави дека во следните четири години ќе укине околу 2.200 работни места во Швајцарија, со цел, преку консолидација на производството и преселба на работни места, да ја зголеми профитабилноста. - Во производните погони во Базел, Штајн, Локарно и Швајерхал ќе бидат укинати околу 1.500 работни места, изјави на прес-конференција извршниот директор на „Новартис“, Вас Нарасимхан. Дополнителни 700 работни места ќе бидат укинати во сегментот на деловни услуги и тие ќе бидат префрлени во други земји. Паралелно со тоа „Новартис“ најави и отворање нови 450 работни места во сегментот на клеточно производство и генетска терапија, што значи дека во Швајцарија ќе бидат укинати околу 1.750 работни места. „Новартис“ во Швајцарија има 13.000 работници. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-kje-zatvori-2-200-rabotni-mesta-vo-shvajcarija/feed/ 0
Новартис ја купува американската компанија Авексис за 8,7 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-ja-kupuva-amerikanskata-kompanija-aveksis-za-8-7-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-ja-kupuva-amerikanskata-kompanija-aveksis-za-8-7-milijardi-dolari/#respond Tue, 10 Apr 2018 11:25:43 +0000 https://kurir.mk/?p=38543

Швајцарскиот фармацевтски гигант Новартис соопшти дека за 8,7 милијарди долари ќе ја купи американската компанија Авексис,  со цел да стане лидер во лекување на невродегенеративни болести, неизлечиви болести на нервниот систем. Двете компании соопштија дека нивните управни одбори едногласно го потврдиле договорот, а износот ќе биде платен во готовина и со краткорочни заеми. Новартис ќе плати 218 долари по акција, а трансакцијата треба да биде завршена до средината на 2018 година. Генетската терапија на Авексис ја третира спиналната мускулна атрофија (СMA), тип 1, ретка болест која Новартис ја смета како водечка генетска причина за смрт на мали деца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novartis-ja-kupuva-amerikanskata-kompanija-aveksis-za-8-7-milijardi-dolari/feed/ 0
На десет грчки политичари ќе им бидат отворени сметките поради скандалот „Новартис“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-deset-grchki-politichari-kje-im-bidat-otvoreni-smetkite-poradi-skandalot-novartis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-deset-grchki-politichari-kje-im-bidat-otvoreni-smetkite-poradi-skandalot-novartis/#respond Wed, 04 Apr 2018 08:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=36122

На десет политичари во Грција ќе им бидат отворени банкарските сметки затоа што постои сомневање дека земале поткуп од швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“, за да ги зголемат продажбите на нејзини лекови и да ја зголемат нивната цена во земјата. Ова го пишуваат весниците „Димократија“  и „Та Неа“, додавајќи дека наредбата за отворање на сметките ја издала обвинителката за корупција Елени Тулупаки. Списокот на лицата вмешани во тој скандал е долг и вклучува не само политичари, туку и приватни лица, лекари и државни службеници, кои биле поткупувани со суми од 1.000 до 5.000 евра. Тоа се случувало во периодот од јануари 2016 до јануари 2017 година. Тврдењата се засноваат на изкази на заштитени сведоци. Штетите, кои шајцарската команија и ги нанела на грчката држава, се проценуваат на повеќе од три милијарди евра, пишува „Вима“. По бурни дебати, во грчкиот Парламент на почетокот на март беше отфрлен предлогот на опозициската Нова демократија за формирање комисија за утврдување евентуална одговорност на тројца министри од Кабинетот на премиерот Алексис Ципрас за учество во корупциски скандал со швајцарската фирма „Новартис“. Формирање истражна комисија беше побарана за министрите Панајотис Курумблис, Андреас Ксантос и неговиот заменик Павлос Полакис кои наводно учествувале во формирање цени на лекарства на фармацевтскиот гигант „Новартис“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-deset-grchki-politichari-kje-im-bidat-otvoreni-smetkite-poradi-skandalot-novartis/feed/ 0
Во Македонија дефокус од прашањето за името се врши преку процесите на СЈО, а во Грција преку Новартис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-defokus-od-prashanjeto-za-imeto-se-vrshi-preku-procesite-na-sjo-a-vo-grcija-preku-novartis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-defokus-od-prashanjeto-za-imeto-se-vrshi-preku-procesite-na-sjo-a-vo-grcija-preku-novartis/#respond Thu, 15 Feb 2018 17:43:50 +0000 http://kurir.mk/?p=21926

Случајот „Новартис“ очигледно е отворен да фрли сенка за случувањата во наредните недели, во контекст на спорот со името, а може да се случат и предвремени избори во Грција. Аналитичарите се категорични дека случајот „Новартис“ е отворен за да го пренасочи вниманието на јавноста од спорот за името. Обвинувањата на заштитените сведоци се тешки: швајцарскиот фармацевтски концерн „Новартис“ наводно му давал поткуп на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас и други грчки политичари, како и на лекари за да се зголемат цените на неговите лекови и со брзо добивање дозволи да се завладее грчкиот пазар на медикаменти. Тоа, како што се вели од владини извори во Грција, во изминатите 15 години ја чинело државата 23 милијарди евра. Во аферата наводно, покрај Самарас, се вмешани и поранешниот вицепремиер и министер за финасии Евангелос Венизелос од ПАСОК, како и актуелниот еврокомесар за бегалци и поранешен министер за здравство Димитрис Аврамопулос и актуелниот претседател на Централната банка, Јанис Стурнарас. Политичарите чии имиња се спомнуваат во врска со скандалот тврдат дека сето тоа се „клевети“ и обид на владата на Ципрас да ја подгрее политичката клима за да го сврти вниманието од тешката финансиска криза во земјата и преговорите за името. Грчкиот премиер Алексис Ципрас, пак, од своја страна тврди дека се прават „обиди за заплашување на сведоците и правосудството“. Сепак, со оглед на тоа што водечките владини претставници ја опишаа аферата како "колосален скандал", премиерот Алексис Ципрас немаше друг избор освен да побара парламентарна комисија да ги испита наодите. Понатаму, во оние кои се именувани во аферата е и поранешниот конзервативен премиер Андонис Самарас. Според ова се верува дека Ципрас може да повика на предремени избори. Освен тоа, и покрај оптимизмот во врска со спорот за името, знаците не се добри. Се чини дека разговорите се одвиваат во ќор-сокак бидејќи Скопје ги направи барањата што Атина не може да ги прифати – како што е препознавањето на "македонскиот" јазик и идентитет. Ова може да доведе до колапс на разговорите. Но, дури и во случај да постои договор, Сириза можеби да остане изолирана кога станува збор за гласање во парламентот. Од друга страна пак поранешниот грчки премиер Самарас, поднесе тужба против актуелниот грчки премиер Ципрас, поради вмешаноста на неговото име во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“, јави МИА. Самарас го обвини Ципрас дека тој е одговорен за „наместениот ужасен заговор, толку лошо наместен, што се распаѓа самиот“. – Оддалеку се гледа дека обвинувањата се само клевети. И тоа го сторија набрзина, еден ден по огромниот протест за Македонија. Во моменти кога Грција е соочена со големи предизвици и закани, се обидуваат со лаги да ги замолчат нивните противници, делејќи го грчкиот народ. Единствениот начин да ги избегнеме игрите на сите оние што клеветат е да ги седнеме на обвинителната клупа и ние да го докажеме нивниот заговор, рече Самарас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-defokus-od-prashanjeto-za-imeto-se-vrshi-preku-procesite-na-sjo-a-vo-grcija-preku-novartis/feed/ 0