новативен третман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Jun 2022 11:46:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png новативен третман – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пациентските организации бараат воведување иновативен третман за болните од рак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientskite-organizacii-baraat-voveduvanje-inovativen-tretman-za-bolnite-od-rak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientskite-organizacii-baraat-voveduvanje-inovativen-tretman-za-bolnite-od-rak/#respond Mon, 06 Jun 2022 11:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=687267

Потребно е да се воведе иновативна терапија и да има одржлив развој на здравствениот систем со цел да се овозможи навремена дијагноза и иновативен третман за болните од рак кои се подобни за терапија. Ова е заклучокот од Вториот регионален состанок на пациентски организации, што во организација на Здружението „Борка – за секој нов ден“ се одржа викендот во Скопје, а на кој учествуваа претставници од пациентски организации од државава, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Косово, Албанијаи Бугарија. Целта на состанокот насловен „Заеднички активности во обезбедување еднаков пристап до превенцијата, лекувањето и третманот на рак“ беше да се разменат мислења и да се споделат добри практики иновитети од регионот и да се поттикне соработка и вмрежување со цел подобрување на дијагнозата, третманот и превенцијата од рак, информираат од Здружението „Борка“. Во рамките на тридневниот состанок, како што посочуваат, се одржаа повеќе предавања од домашни и странски експерти на повеќе теми поврзани со третманите, превенцијата и лекувањето на ракот. – На состанокот заклучивме дека речиси сите се соочуваме со истите предизвици и проблеми и затоа сме силно мотивирани да се обединиме и да преземеме регионална иницијатива со која ќе влијаеме на промените. Крајната цел е благосостојба на пациентите болни од рак, но и силна превентива за намалување на бројот на новозаболени. Европските и светски практикии стандарди се нашата цел, истакна Биба Додева, претседателка на „Борка“. За време на состанокот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу учесниците со цели и конкретни планови на кои ќе работи оваа регионална коалиција. На состанокот присуствуваше и заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски кој на прес – конференцијата што се одржа на оваа тема заедно со уште неколку здруженија и лекари, истакна дека промени и стратегија мора да има, а се со цел навремено откривање на ракот, како и воведување современа терапија. – И како лекар и како министер свесен сум за предизвиците и ќе направам се што е во надлежност на Министерството да се промени моменталната состојба на доцнење на тендерите, немање на терапија, како и законот за здравствена заштита со посебен акцент на промена на позитивната листа. Пациентските здруженија се важен партнер во креирањето решенија во здравствената политика и затоа во периодот што следи ќе организираме состанок на кој ќе се обидеме заеднички да изнајдеме решенија, потенцираше д-р Рендевски. Од Здружението „Борка“ потенцираат дека еден од најголемите предизвици со кој се соочуваат пациентите во последно време е недостигот на иновативна биолошка терапија за пациентите со рак на јајници, цервикс, колоректален карцином, метастатски меланом, рак на бубрези и рак на дојка. – Затоа пациентските организации бараат да отпочне процесот за обновување на позитивната листа на лекови со цел нашите пациенти да имаат континуиран и одржлив пристап до иновативна терапија, информираат од Здружението „Борка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pacientskite-organizacii-baraat-voveduvanje-inovativen-tretman-za-bolnite-od-rak/feed/ 0