нови конвои – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 15 Mar 2020 13:58:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нови конвои – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-nota-do-slovenechko-i-hrvatsko-mnr-za-novi-konvoi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-nota-do-slovenechko-i-hrvatsko-mnr-za-novi-konvoi/#respond Sun, 15 Mar 2020 13:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=316842

Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека со сите свои ресурси и напори, преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите наши превозници. – Испративме и нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници (лесни возила, комбиња, автобуси и камиони) во следните планирани конвои од словенечка и хрватска страна. Во тој контекст, МНР Никола Димитров од утринските часови е во постојана комуникација со Министерството за надворешни работи на Словенија, кризниот штаб и амбасадорот Јазбец, се наведува во соопштението од МНР. Во врска со застојот на македонските автопревозници на италијанско-словенечката граница, од МНР информираат дека вчера е обезбеден конвој за одреден број македонски превозници, кои беа придружувани од словенечката полиција и транзитираа преку словенечка територија на пат кон крајната дестинација – Република Македонија. Од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенечкиот кризен штаб известуваат дека најмалку 3.000 превозници чекаат на граничните премини на италијанско-словенечката граница и уверуваат дека постојано организираат конвои, внимавајќи на правично учество на превозниците од сите држави во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-isprati-nota-do-slovenechko-i-hrvatsko-mnr-za-novi-konvoi/feed/ 0