нови министерства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Oct 2020 11:11:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png нови министерства – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Новата српска влада со три нови министерства- ресори за селото, човековите права и семејството https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-srpska-vlada-so-tri-novi-ministerstva-resori-za-seloto-chovekovite-prava-i-semejstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-srpska-vlada-so-tri-novi-ministerstva-resori-za-seloto-chovekovite-prava-i-semejstvoto/#respond Fri, 23 Oct 2020 11:11:42 +0000 https://kurir.mk/?p=419729

Во српскиот парламент стигнат е Предлог-закон за министерства, кој предвидува Владата на Србија да добие уште три нови ресори – Министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог, Министерство за семејна грижа и демографија, како и Министерството за грижа на селата. Покрај новите, Владата на Србија ќе ги има веќе познати министерства: финансии, економија, земјоделство, шумарство и водостопанство, заштита на животната средина, градежништво, транспорт и инфраструктура, рударство и енергетика, трговија, туризам и телекомуникации. Во Владата ќе бидат и Министерството за правда, државната администрација и локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, за надворешни работи, Министерството за европски интеграции, како и министерствата за образование, здравство, млади и спорт, култура и информирање, за труд, вработување и социјални работи. Предлог-законот го потпишаа 167 пратеници од пратеничката група „Александар Вучиќ за нашите деца“ на Српска напредна партија (СНС). Собранието за нацрт-законот ќе расправа по итна постапка во сабота, на 24 октомври, за да може да се избере новата Влада, што е најавено за среда, на 28 октомври 2020 година. Составот на новата Влада на Србија, треба да биде познат по седница на претседателството СНС, која како што е најавено ќе се одржи во недела на 25 октомври. Манадатар за составот на новата влада е досегашната премиерка Ана Брнабиќ, а вчера, досегашнито шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ беше изгласан за претседател на највисокиот законодавен дом на Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novata-srpska-vlada-so-tri-novi-ministerstva-resori-za-seloto-chovekovite-prava-i-semejstvoto/feed/ 0